Решение за „СК 2014“: згради на надувување

19.07.2010 12:02
Решение за „СК 2014“: згради на надувување

Највпечатливи знаци на сеприсутната рецесија во многу градови од светот, па така и во Њујорк, претставуваат напуштените градилишта на многу згради кои, поради недостатокот финансиски средства, нагло престанаа да се градат.

Правливите оградени градилишта сведочат за исклучително непријатната ситуација на градежниот и развојниот сектор, како и за сеопштата економска криза, а им предизвикуваат големи проблеми на инвеститорите и изведувачите поради огромните даноци кои, без оглед на престанувањето на работите, мораат да се плаќаат.

Архитектонската фирма Woods Bagot за сопствениците на вакви зони во Њујорк (но и другите градови) можеби има решение. Архитектите предлагаат реализација на проектот на привремени згради „на надувување“ кои на сопствениците на споменатите градилишта ќе им овозможат заработка во периодот додека очекуваат подобрување на финансиската ситуација.

Голем предизвик за архитектите претставуваше проектирање на структура која лесно и брзо ќе се изгради и подеднакво лесно ќе се урне кога повеќе нема да биде потребна. Архитектите исто така мислеа на естетиката на овие привремени објекти. Периодот на траење на овие структури е релативно недефиниран, но тие со својата присутност ја надополнуваат сликата на градот, па и обликот на „зградите на надувување“ стана исклучително важен.

На сите овие наведени проблеми, како што истакнува Џеф Холмс, партнер во њујоршкиот оддел на фирмата Woods Bagot, со својот проект Iceberg архитектите ќе им стават крај.

Нивниот предлог е составен од модуларни единици кои се обликуваат според големината на градилиштето. Основната структура на објектот е изградена од челични елементи и „обвиена“ во хај-тек пластична ткаенина ЕFТЕ (материјал користен на фасадите на Allianz арената и пекиншката Water Cube сала).

Покривните плочи на челичните структури се воздушни џебови од ЕFТЕ материјалот, кои со надувување се претвораат во геометриски определени пирамидни „балони“, или воздушни покриви на зградите, преобразувајќи ги обичните привремени елементи во драматични зданија на современата архитектура.

Сите делови на овој проект, според авторите, можат да се расклопат за една недела, а проценката на заработката која можат да ја донесат за неколку години двојно ги намалува трошоците за поставување, а во зависност од подобрата локација на Менхетен, може да стигне и до повеќемилионски износи.

Слични содржини

Јавни простори / Историја
Јавни простори
Општество / Јавни простори
Општество / Јавни простори
Јавни простори
Технологија

ОкоБоли главаВицФото