Паркур - нешто помеѓу

21.09.2010 13:45
Паркурист

Денес постојат безброј начини во урбаното градско опкружување ефикасно и брзо да се префрлиме од едно место на друго. Идејата за користење само на силата од сопствените мускули и психичката издржливост за движење од точката А до точката Б, би можела да ни се чини бесмислена, па дури и непотребна.

За време на историјата луѓето добар дел од своето постоење го посветиле во пронаоѓање на што е можно поедноставен пат низ опкружувањето и околностите поради полесно совладување на пречките околу себе. Паркуристите сметаат дека на тој начин се губи суштината на основните средства – само телото и умот, и огромната можност низ нивната синергија, секоја, па дури и најголемата пречка, може да биде совладана. Идејата, целта и смислата на паркурот (parkour) е занимавање со оваа суштина.

Паркур претставува вештина на ефикасно движење низ опкружувањето користејќи ги само сопствениот ум и тело. Поради тоа успешното занимавање со оваа дисциплина подразбира подеднакво зајакнување – како на телото преку физички тренинзи и тестирање на издржливоста, така и на умот преку поставувањето цели пред себе и испитување на сопствените можности во рамки на самата дисциплина.


Често не сме ни свесни за сопствените вистински можности, па сме склони да ги преценуваме или потценуваме. Затоа, задачата на паркурот е да воспостави што е можно подобра рамнотежа: со тренингот подобро да се запознаеме себе си, и на тој начин поуспешно да ги совладаме физичките пречки кои ни ги наметнува непосредната околина. Потребно е да се постави цел во просторот, а потоа, користејќи ги своите вештини и сила, како и пречките (огради, скалила, ѕидови и сл.), успешно да се дојде до неа. На тој начин и изјавата на паркуристот кој вели дека паркурот најдобро се вежба преку паркур, станува пологична.

„Да бидеш силен за да бидеш корисен“ (Être fort pour être utile), се зборови на зачетникот на овој правец, 36-годишниот Дејвид Беле. Израснувајќи во семејство на војници и пожарникари, Беле рано сфатил дека во човечката природа е да се прилагоди кон непосредната околина и дека вештините стекнати во спортот можат и мораат да се користат во секојдневниот живот.


Зачнато кон крајот на 1980-те и почетокот на 1990-те години во Франција, ова движење брзо се шири низ Европа, за денес да стане феномен и носител на обележјата на урбаната култура во целиот свет.

Наспроти тенденциите на масовните медиуми низ филмовите, музичките спотови и рекламите да го прикажат паркурот на посензационалистички начин, паркуристите остануваат истрајни – паркурот не е само акробатика и слободно искачување. Паркурот не се сцени на вратоломно бегање од полицијата кои можеме да ги видиме во холивудските филмови. Паркур претставува замисла, филозофија, истрајност, во центарот и на периферијата на градот, на дожд, снег, ветар или врелината на асфалтот, сега, но и во времето кое доаѓа.

Погледнете еден краток документарец кој се обидува да ни ја доближи оваа вештина.

 Извор: liceulicu

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото