Алфред Нобел - тргoвец со смртта и филантроп

04.10.2010 14:18
Алфред Нобел

Две случајности – еден мал оглас и погрешен некролог, го поттикнале Алфред Нобел, пронаоѓачот на динамитот, да ја основа познатата награда која го носи неговото име.

Малиот оглас кој Нобел го објавил во 1876 г. во неговиот живот ја доведува жената која ќе стане првата жена-добитничка на Нобеловата награда за мир и личноста која ќе изврши пресудно влијание на неговото антивоено расположение – австриската пацифистка Берта фон Сутнер.

„Многу богат постар господин, култивиран, кој жиивее во Париз, сака да најде жена, исто така во зрели години, надарена за јазици, да му биде скеретарка и домаќинка“, гласел огласот објавен речиси 20 години пред Нобел да ја напише конечната верзија на својот тестамент во кој ја востановува познатата награда.

Наспроти она што го пишувало во огласот, овој милионер и ерген не бил толку стар – имал 43 години и живеел во Париз од богатството стекнато од своите пронајдоци. Меѓутоа, Тој бил многу несреќен поради својот изглед и можната употреба на неговите изуми за убивање.

Берта, осиромашената австријска грофица, десет години помлада од Алфред Нобел, останала во негова служба само една недела пред итно да се врати во Австрија за да се омажи за баронот фон Сутнер. Но нивното пријателство траело сè до смртта на шведскиот филантроп.

Американскиот новинар и стручњак за Нобеловата награда за мир, Скот Лондон, вели дека многумина се прашувале дали Алфред се заљубил во австриската грофица и дали таа љубов го инспирирала да ја создаде Нобеловата награда за мир, бидејќи во секој случај интересна е врската на еден тајкун за оружје и жената-борец за мир.

„Иако е претерано да се каже дека тој ја создал наградата поради неа, Берта секако имала решавачко влијание и му помогнала на Нобел да го сфати настанувањето на мировното движење во Европа“, вели Лондон.

Во едно писмо до Берта, Нобел вели: „Информирајте ме, убедете ме, ќе направам нешто големо за тоа движење“. Тој го поздравува пишувањето на „амазонката која храбро води војна против војната“ и го потпишува писмото со „Ваш засекогаш и подолго од тоа“.

Берта, која во 1889 г. се прославила со книгата „Долу оружјето“, во која ги изложува своите пацифистички убедувања, исто така покажувала дека го разбира Алфред Нобел со сите негови противречности.

Во 1895 г. таа го опишува како „мислител, поет, човек полн со горчина и добрина, несреќен и весел, склон кон исклучителни полети на духот и болни сомнежи... Човек кој разбира сè и не се надева на ништо“.

Втора случајност од 1888 г. длабоко го погодила Нобел. Во еден француски весник по грешка бил објавен некролог за него по смртта на брат му Лудвиг, под наслов „Трговецот со смрт е мртов“.

„Доктор Алфред Нобел, кој се збогати со наоѓањето начини да се убијат што е можно повеќе луѓе за штое можно пократко време, почина вчера “, пишувало во некрологот.

Нобел бил ужаснат од текстот, и оттогаш бил опседнат со тоа што ќе остане по него, па затоа го променил и својот тестамент.

Починал осум години по тој инцидент, и во својот познат тестамент поголемиот дел од богатството го оставил за основање награда која би го зачувала сеќавањето за него.

Берта, која станала првата жена-добитник на Нобелова награда за мир во 1905 г., умрела во 1914, три месеци пред почетокот на Првата светска војна.

Нобеловата награда годинава ќе биде доделена во петок, на 8 октомври. Името на добитникот се објавува секоја година во октомври, а наградата свечено му се врачува на 10 декември, денот на смртта на Алфред Нобел.

Извор: B92

Читајте други текстови за Нобеловата награда на Окно:

Интернетот - кандидат за Нобелова награда за мир

Twitter треба да добие Нобелова награда

Нобеловата награда за книжевност

Бисери и анегдоти на добитниците на Нобел

Јас никаде не припаѓам

Десет куриозитети поврзани со Нобеловата награда

Упатство за Нобел

Слични содржини

Графички Дизајн / Историја
Графички Дизајн / Историја
Фотографија / Историја
Графички Дизајн / Историја
Мода / Историја
Живот / Историја
Уживање / Историја

ОкоБоли главаВицФото