Зборно место #2 - со Јасна Котеска

05.10.2010 15:30
GEM---zborno-mesto-2-web.jpg

!НОВО! Видео запис од дебатата погледнете овде

Секој четврток во 19 часот во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија се случуваат јавни разговори. Целта на разговорите во ГЕМ клубот е да се развива и шири демократската култура на дијалог, т.е. да се унапредуваат основните граѓански вредности: отвореноста, критичноста, ангажираноста, вештината да се артикулира, демократскиот дух...

Tема: Санитарна енигма (или Нашата лустрација 2)
Водител: Никола Гелевски
Гостин: Јасна Котеска

ЧЕТВРТОК | 07.10.2010, 19.00 часот | ГЕМ КЛУБ, СТАРА СКОПСКА ЧАРШИЈА

!НОВО! Видео запис од дебатата погледнете овде

ЈАСНА КОТЕСКА
Работи во повеќе дисциплини: теориска психоанализа (Фројд, Лакан, Кристева, Клајн, Жижек), литературна теорија, родови студии и широк спектар на теми (постмодернизам, феминизам, комунизам, идентитети, абјектност). Објавила преку 100 текстови во научни и стручни списанија кај нас и во странство.

ОкоБоли главаВицФото