Подигањето споменик (1)

10.10.2010 23:59
podiganjeto-spomenik-1.jpg

од книгата на Кит Браун, Минатото под прашање; Модерна Македонија и неизвесностите на нацијата, во три продолженија го пренесуваме делот што зборува за подигањето на споменикот Македониум (Илинден) во Крушево

Програмата за Илинденската споменица со која се признавал придонесот на постарите учесници во борбите од 1903 година замрела во 1950-тите, како што старееле или умирале нејзините корисници. Националното минато ста­на­ло предмет што го истражувала нова плејада професи­о­нални историчари, па во ова поглавје се испитува улогата на нивните научни напори да го направат илинденското нас­лед­ство потрајно. Фокусот е ставен врз проектирањето и подигањето на споменикот „Илинден“ кој денес стои во Крушево. Во овој процес кој траел од 1968 година, кога бил распишан конкурсот за идејно решение на споменикот, па се’ до 1974 година, кога меморијалниот комплекс најпос­­ле бил отворен, заедно работеле разни припадници на маке­донската интелигенција - историчари, уметници, биро­крати и политичари - со цел да се подигне споменик достоен на македонската историја.

 
 
ДРЖАВНИТЕ РАБОТИ, 1953-1974
 
Во текот на 1950-тите и почетокот на 1960-тите, пос­тепено се подобриле односите на Југославија со Грција и Бугарија, па станало јасно дека границите утврдени на кра­јот на војната ќе останат непроменети. Таа стабилност се разли­кувала од маневрирањата во врска со Македонското прашање за време на Грчката граѓанска војна и непосредно по судирот меѓу Тито и Сталин. И покрај тоа, научници од сите три земји и понатаму тврдоглаво произведувале прика­зи на минатото кои почивале врз различни претпоставки за идентитетите и целите на историските актери. Иако за време на краткиот период на југословенско-бугарската соработка Институтот за македонски студии во Бугарија бил затворен и неговите архиви биле пренесени во Скопје, историчарите од Софија набрзо почнале повторно да го нагласуваат бу­гарскиот идентитет на актерите од илинденскиот период. Во Грција, повеќе институции со седиште во Солун објавиле дела во кои се нагласувал грчкиот карактер на движењето од периодот меѓу 1904 и 1908 година, кое било познато како Македоникон агон, или Македонска борба, и истовре­мено ја нагласувале грчката историја на некои југословенски гра­дови, како Битола и Крушево.
 
Во југословенска Македонија, историската професија била се’ уште во формирање. Во меѓувоениот период, ви­со­ко­то образование во Скопје се одвивало под покрови­тел­ство на Универзитетот во Белград, а бројот на Македонци со високо образование бил ограничен. Со основањето универзитет во Скопје и создавањето на Институтот за на­ционална историја во 1948 година, научниците почнале да пишуваат на јазик кој дотогаш не се употребувал, како и да пишуваат верзија на настаните од минатото кои не биле запишани (Shoup 1968:172). Некои од создадените де­ла очигледно имале идеолошка намена - истражувањата за Егејска Македонија, на пример, претставувале една од поважните компоненти во истражувачките активности на Институтот, честопати спроведувани од политички бегалци од Грција - но новите историски кадри воспоставиле и критериуми за сведоштва и професионални стандарди во пишувањето на историјата на револуционерните организа­ции во Македонија на почетокот на дваесеттиот век.
Грчките, бугарските и македонските историчари немале многу директни контакти: истражувачите од една земја во посета на друга биле третирани, во најдобар случај, со го­лема доза на сомнителност. Отсуството на соработка меѓу трите професионални тела не ги спречувало да реагираат едни на други. Иако само мал број научници од трите групи институти редовно пишувале за списанија надвор од нив­на­та научна дисциплина или земја, повеќето од нив биле свес­ни за политичките импликации од нивната работа. Така, во новиот предговор од 1962 година кон преиздадениот запис на Николаос Балас за настаните од 1903 во Крушево (или, како што тој го нарекува Крусово) напишан во 1905 година, уредникот вели дека современите обиди да и’ се сервираат лаги на јавноста ја наметнале потребата за повторно из­давање на книгата. Чудно е што записите на кои се мисли биле главно на македонски: се водела, значи, виртуелна расправа меѓу професионалци чии дела биле наменети за различна публика. Расправата меѓу Грција и Југославија била сосредоточена на регионот што во османскиот период бил познат како Монастирски вилает, кој се протегал од двете страни на границата создадена по 1919 година меѓу Грција и идната Југославија. Во него се наоѓале денешни Битола (Монастир) и Флорина (Лерин). Тука била послаба подоцнежната грчка имиграција од Мала Азија, а на грчката страна од границата се’ уште живее голема концентраци­ја македонско говорно население (Каракасидоу 1993; Верени 1998; Cowan 2000). И обратно, во Битола се’ уште има луѓе кои себеси и своите деца се сметаат за Грци.
 
Со воениот удар на полковниците во Грција во април 1967 година, повторно дошло до мало заладување на односите меѓу Грција и Југославија. Владите размениле дипломатски ноти во врска со грчката употреба на терминот „македонски“, а новиот закон за малограничен промет, кој му овозможувал на локалното население релативно лесно да ја пре­ми­ну­ва границата, бил поништен. Во истиот период ескали­ра­ле и бугарско-југословенските тензии. Долгогодишниот спор во врска со статусот на македонскиот јазик, што Бугарија не го признавала,на 7 декември 1966 година стигнал до Њујорк тајмс, кога била објавена детаљна статија за тоа ка­ко југословенската делегација го напуштила состанокот со бугарските писатели во Софија во знак на протест поради тоа што коминикето било напишано на српскохрватски и на бугарски, а не на македонски јазик.
 
По распаѓањето на Југославија во 1990-тите, насловот на статијата во Тајмс од 1966 година „На Балканот избиваат етнички расправии“ се чини хиперболичен, но инцидентот укажува на континуираната поврзаност на културата и по­литиката во историјата на Македонија. Од југословенска страна следеле нови иницијативи. Во 1967 година била при­знаена автокефалноста на македонската црква од страна на југословенската влада. Иако датумот одбележувал 200 години од укинувањето на Охридската епископија во 1767 година, тоа се совпаднало и со провокациите од новата грчка влада. Во 1968 година бил објавен конкурс за идејно решение на нов споменик на Илинденското воста­ние од 1903, а една скопска издавачка куќа издала копии од Крушевскиот манифест на македонски и англиски јазик. Шеесет и петтата годишнина од Востанието била голем настан, одбележан со публикации и културни настани ис­пла­нирани од комитет составен од четириесет политички личности, интелектуалци, работници и пензионери (Арсов и др. 1968). Со тоа, југословенска Македонија ја објавила сво­јата намера еднаш засекогаш да си го обезбеди наслед­ство­то на Илинден, кое Бугарија се’ уште го присвојувала, а Грција го негирала. Како да сакал да ја обележи новата (контра)офанзива, во август 1969 година Тито за првпат го посетил Крушево.
 
Ваквата владина мерка и политичка мотивација во презентирањето на материјалите од минатото не сториле ниш­то против централниот аргумент што грчките и бугар­ски­те претставници и историчари го изнесувале тогаш, како и сега - дека македонскиот народ и неговата револу­ци­онерна историја се „измислени“ од Тито за политички цели. Ваквиот став го прави Тито врвен националист поради промовирањето национално единство, формулација која не може лесно да се вклопи во обемниот материјал на Ремет (Рамет 1984) каде се гледа дека Тито цврсто ја држел уздата на националните движења во Хрватска и Србија. Па така, дури по новото отворање што настапи по распадот на Југославија во 1991 година, многумина од Македонците разбраа до кој степен движењето за поголема македонска автономија што се појавило непосредно по Втората светска војна било задушено од страна на Титовите партизани.7
 
Сепак, и покрај тоа што Титовиот државен апарат пос­то­ја­но ги демнел обидите на републиките да се здобијат со поголема контрола или да покажат поголем континуитет со своето ексклузивно предјугословенско минато, Македо­ни­ја заземала посебно место во создавањето на Федера­тивна Југославија. Точно е тоа дека југословенската воена и идеолошка поддршка го овозможила формирањето на ма­кедон­ската република. Но, пешадијата на оваа иници­јатива биле Македонците, кои честопати биле задоени со идеалот за Македонија во нејугословенска смисла. И логично, југо­сло­венската држава зависела од теоретската идеја дека и пред 1944 година постоел македонски колектив. Централна премиса на федеративниот систем било дека југословен­ското единство е создадено така што согласните колективи доброволно се откажале од некои аспекти на државноста за да се здружат. Грците ја нападнале оваа позиција со аргу­ментот дека создавањето на Македонија било исто­­вре­мено со создавањето на Југославија. Значи, грчкиот напад врз македонската историја ја загрозил пошироката ви­зија на Југославија како „доброволен“ колектив.
 
Поради нејзината специфична загрозеност, предју­го­сло­венската историја на македонската нација претставувала за властите поголема грижа отколку историите на другите во федерацијата. Во доцните 1960-ти како да се случил ре­шителен пресврт во југословенскиот став спрема ма­ке­донската историографија, бидејќи оттогаш не само што станало можно, туку било и нужно научното внимание да се фокусира врз предјугословенската македонска историја и таа да се слави. Настанала таква промена што од прика­зи­те и прославите фокусирани на социјалистичката, југо­сло­венска и понова историја се преминало на верзии кои биле повеќе македонски. Може да се каже дека тоа се слу­чило како реакција на новата и отворено националистичка грчка влада, која, во крајна линија, ја зајакнала Титовата власт. Неговата посета на Македонија и Крушево за вре­ме на илинденските прослави во август 1969 година била дел од поширокиот процес на ваквото потврдување на македонскиот идентитет.
 
 
РИВАЛСКИ СОПСТВЕНИЦИ НА ИСТОРИЈАТА
 
Кон крајот од 1960-тите Крушево се’ уште било за­ос­танато. Се наоѓало на крајот на тесен планински пат што водел од Прилеп нагоре: опишан во старите извори како деветчасовно јавање на маска, овој кривулест пат се’ уште се гледа од некои места на новиот асфалтен пат изграден во почетокот на 1970-тите. Градот немал комодитет и ресурси. Проблем со определена политичка важност во тој период било нерешеното водоснабдување на градот, што претста­ву­ва­ло пречка за неговиот натамошен развој како турис­тич­ко место. Градот бил центар на општината, но регионот имал малку природни ресурси и бил слабо населен. Крушево и околината биле особено силно пого­­де­ни од конфиска­цијата од периодот непосредно по војната и подоцнежната програма за колективизација. Уништува­­­њето на ресурсите за сточарство и за трговија и неуспеш­ниот обид за рационализација на земјоделството - сето тоа при­­до­нело за неразвиеноста. Голем број од населението поба­ра­ло свој опстанок во Скопје, особено по тамошниот зем­јо­трес во 1963 година, кој привлекол југословенски и меѓу­народен ка­питал во градот заради негова обнова.
 
Бројот на крушевското население престанало да се на­малува дури по изградбата на асфалтниот пат од Прилеп во почетокот на 1970-тите. Според локалните записи, во Крушево во 1970-тите имало повеќе новоизградени куќ­и отколку во кој и да е друг период по 1944 година. Ло­кал­ната митологија вели дека, иако можеби непотребен за Македонија, патот бил изграден заради Тито. Неговата по­сета во 1969 година била на 3 август - ден по илинденската прослава, што тој ја поминал во Скопје. По неговата посета на Крушево започнал засилен развој на туристичките и индустриските капацитети. Се зборува дека кога си за­минувал, луѓето го испратиле со вообичаениот македонски поздрав: „Дојди ни пак, Тито!“ Тито, исклацкан по дупките и веројатно изнамачен од серпентините, божем им возвра­­тил: „Кога ќе изградите подобар пат“. 11
Освен што испратила сигнал до соседите на Југо­сла­вија дека режимот е решен да го брани македонскиот иден­­титет и наследство, Титовата посета на најјужната република всушност дошла во време кога спомените за Илин­ден пос­тепено исчезнувале. Во една дискусија од 1983 го­ди­на, водечкиот македонски историчар Љубен Лапе, како од­го­вор на дело­то на еден историчар во врска со Илинден­ското востание, коментирал дека треба да се обрне посебно внимание на мето­дологијата, бидејќи потомците на учес­ниците не мора нуж­но да имаат точни и прецизни сеќавања (1983:357). Ста­тијата на којашто тој реагирал била резул­тат на два­есетгодишно истражување од доменот на усната историја во крушевскиот регион (Трајановски 1983). Одго­во­рот на Лапе во некоја смисла бил типичен традиционален историографски приговор, израз на уверувањето дека не можеме да се потпираме на усни извори од втора или трета рака.
 
Во доцните 1960-ти години, одумирањето на генераци­ја­та која директно учествувала во Востанието ја означило критичната точка кога насобраните сеќавања требало да се претворат во колективна претстава. Кореспонденцијата во Илинденското досие во врска со исплатата на пензиите на илинденците укажува на тоа дека кон крајот на 1960-тите нивниот број бил значително опаднат, а меѓу че­тириесеттемина членови на комитетот за прослава на годишнината во 1968 година имало само тројца преживе­а­ни учесници. Во таа смисла, подигањето нов споменик било во служба на домашна, но и на меѓународна агенда, во пренесувањето на значењето на минатото на новата генерација граѓани.
 
Првото прашање што требало да се реши било на­о­ѓа­­ње­­то најсоодветна локација за таков споменик. Денешните жи­тели на Крушево паметат дека требало да се натпре­ва­руваат со Битола за тоа кој ќе го добие правото да биде до­ма­ќин на проектот. Според сеќавањата за оваа распра­ва, имало разни реакции: една од нив била - „Додека Крушево гореше, во Битола танцуваа со конзулите“. Иако денес Би­­тола е донекаде заостанат град, бидејќи главната желез­ница и патиштата директно ги поврзуваат Скопје и Солун, неоспор­но е дека во 1903 година таа била космополитски град. Како главен град на една османска провинција, била гла­вен трговски центар и домаќин на мисиите на голе­ми­те сили. Во 1960-тите, нејзините жители веројатно силно ло­би­рале за признавање на поранешното значење на Би­тола како центар на регионалното востание, а во споменикот ви­деле начин да се врати дел од загубениот статус на градот.
 
Од записите не е јасно како Крушево успеало да победи во расправата. Можно е клучното влијание при решавање­то да го извршил Томо Кутурец, долгогодишен кру­шевски комунист кој бил секретар на илинденската пензи­­ска про­грама и член на комитетот за илинденската прос­лава 1968 година. Во круговите на моќта истакнати биле и ветера­ни­те од Прилеп, па можно е дека клучно влијание врз одлука­та имала и историската антипатија меѓу Прилеп и Би­тола. Се­пак, се чини дека најзначајниот поединечен фак­тор бил моќниот маченички имиџ на Крушево. За време на Вос­танието Битола не била сцена каде што се одвивале борби или планирања. Некои села околу градот се крена­ле и биле запалени, а од конзуларни извори се знае дека пред Востанието жителите заминале да им се придружат на четите; но во самиот град, силниот турски гарнизон ги оневозможил активностите. Наспроти тоа, и како што не­говите најмлади жители бргу научуваат и им кажуваат на посетителите, Крушево горело, а многу од неговите нају­ба­­ви куќи биле ограбени.
 
 
КОНКУРЕНЦИЈА, КРИТЕРИУМИ И ПРОЦЕС
 
Во 1968 година биле повикани архитекти и скулптори да ги достават своите предлог-решенија за споменикот што требало да се изгради во Крушево. Прво била објавена кратка листа од осум предлози, која потоа била сведена на три. На крајот се решавало меѓу „Ватра“ од Фега Косир, ин­женер-архитект од Љубљана, Словенија; проектот кој бил наведен само под шифрата10123 од Тихомир Арсовски, Боро Митриќевски и Кире Рецески од Скопје; и „Македо­ниум“ од сопружничкиот тим Јордан Грабул, скулптор, и Искра Грабул, архитект, и двајцата од Прилеп. Прво се со­оп­штило дека првата награда не е доделена, а пред­ло­гот под шифра 10123 ја добил третата награда. Потоа, на 6 мај 1970 го­дина, во Собранието на Република Македонија била донесена одлука да се оди со „Македониумот“, кој на­брзо бил преименуван во „Илинден“. Проектот се состоел од централна купола од бел бетон поставена, според збо­ро­вите на нејзините креатори, во „меморијал­ни­от простор“ составен од повеќе делови и скулптури.
 
Како што може и да се очекува, победничкиот проект добил поголемо уметничко признание од другите. Јордан Гра­бул, кој понекогаш се наведува и како Грабулоски, исто така имал и беспрекорни политички квалификации. Ро­ден во Прилеп во 1927 година, како малолетник учествувал во Народноослободителната војна (1941-44). Тој и Искра се Македонци. Иако конкурсот за споменикот бил отворен за натпреварувачи од цела Југославија, ќе било изненаду­ва­­­ње ако македонскиот национален споменик бил проектиран и подигнат од Словенец. Грабул веќе го имал докажано сво­јот статус на уметник со други споменици, конкретно со еден во Гевгелија, пограничен град на главната патна и желез­­нич­ка линија Скопје-Солун, наречен „Слобода“. На тој начин, Јордан Грабул во една личност ги обединувал соодвет­но­то политичко минато, уметничката репутација и локалните корени.
Овие три елементи биле во основата и на изборот на деветчлениот комитет кој требало да го надгледува ра­ботниот процес. Сите биле машки, Македонци или Власи; двете најголеми муслимански малцинства во Македони­ја, Албанците и Турците, не биле застапени. Имињата и службените функции во комитетот биле следниве:
 
Име
                  Занимање/Титула
 
 
Бошко Станковски
професионален политичар13
 
Антоние Николовски
историчар на уметноста
 
Вангел Мандиловски
претседател на
Крушевската општина
 
Димче Тодоровски
скулптор
 
Драги Тозија
професионален политичар14
 
Никола Митевски (Жужи)
член на Сојузот на борците
 
Љубен Лапе
историчар
 
Славко Брезовски
архитект
 
Спасе Куновски
сликар





 
                                                     
Составот на комитетот претставувал пресек на прет­ставниците на заинтересираните страни. Тој содржел еден член на политичките органи на Републиката (Станковски), еден од Собранието (Тозија), двајца од Извршниот совет кој ги проценувал пријавите (Брезовски и Тодоровски), еден од Македонската академија на науките и уметностите, или МАНУ (Лапе), двајца од Институтот за ликовни уметнос­ти (Николовски и Киновски) и двајца од Крушевската општина (Мандиловски и Митевски). Со оваа комбинација - професионални уметници, професионални политичари и „професионални граѓани“ - било тешко да се задоволат сите девет члена, особено кога доаѓало до судири на по­гледи и личности како што е забележано во записниците од состаноците на комитетот зачувани во архивите. Дел од проблемот потекнувал и од сложената надлежност на комитетот, кој требало да утврди дали проектот по­седува и уметничка вредност и општествено значење.
 
 
ПРЕТСТАВУВАЊЕТО ПОД ПРАШАЊЕ
 
Градењето траело од 1970 до 1974 година и во ме­ѓу­време проектот претрпел повеќе измени. Тие најчесто биле резултат на финансиските ограничувања, особено от­ка­ко проектот го надминал буџетот и доцнел во однос на предвиденото отворање. Најпрвин планирано за 70- -годиш­нината на Илинден во 1973 година, отворањето било одложено за 1974 година; а обликот на споменикот, според едно интервју на Искра Грабул во Скопје во мај 1993 годи­на, се разликувал од оној што го замислиле проектантите. Највпечатливиот елемент на финалниот производ била ку­по­лата, масивна структура од бел бетон, во која се нао­ѓа­ат апстрактни релјефи и вечниот пламен. Светлината навле­гу­ва низ четирите прозорци од обоено стакло. Посетите­ли­те влегуваат од кружниот двор опкружен со светло-обоени мозаици и се качуваат по влезниот мост до двојна врата повисока од четири метри.
 
Записниците од состаноците сочувани во Грабуловата архива откриваат колку доцна во процесот на градење се постигнало согласност за овој облик. Се чини дека Грабу­ловци го убедиле комитетот повеќе со силата на описите отколку со детаљни нацрти, а до 1972 година немало на­правено дури ни макета. Така, спроти денот кога требало да се постави камен-темелникот на куполата, што било планирано за 13 јули таа година, имало жолчен состанок. Бошко Станковски, претседателот на комитетот, ја изра­зил својата загриженост со зборовите: „Сакам да истакнам дека луѓето со кои контактирав се вчудовидени и пра­шуваат како е можно да се пристапи кон положувањето на камен-темелникот, кога немаме претстава како ќе из­гле­да споменикот“. Владимир Харалампиев, посетител при­су­тен на состанокот, додал масло на огнот против Гра­бул, тврдејќ­и:
 
Грабул потроши скоро две години во решавање на овие проблеми и се’ уште ги нема решено. Ние овде сме беспомошни. Грабул ниту сега не се изјасни јасно и отворено дали споменикот ќе биде завршен на 2 август 1973 година. Клучот за се’ го држи Грабул.
На тој начин комитетот ја искажал својата загриженост поради бавното одвивање на подготовките. Од друга стра­на, се чини дека на Грабуловци им здодеало од постојаните кавги во врска со висината на нивниот хонорар за проек­тот, што изгледа било постојана точка на дневниот ред на состаноците. Набргу по започнувањето на нивната работа, комитетот инсистирал Искра Грабул да биде деградирана од позицијата кодиректор на проектот на соработник. Искра верувала дека е тоа признавање на фактот дека Јордан бил непрактичен во однос на парите, додека таа цврсто инсистирала тој да ја добие својата заслужена награда. Таа продолжила да го придружува на состаноците на ко­митетот и да игра голема улога во преговорите, како и во завршувањето на делови од проектот.
 
Расправијата меѓу уметниците и комитетот отишла по­далеку од прашањата поврзани со парите и грижата за завршувањето на проектот. Таа уште повеќе се заострила кога уметниците ја откриле својата визија за проектот. Под прашање било претставувањето кое создало тензија во македонските интелектуални кругови во тоа време и по­доцна. Грабуловци, како социјалисти и левоориентирани во космополитска смисла, чие сфаќање на социјалистичкиот хуманизам опфаќало универзални идеи и било свртено кон иднината, биле соочени со група луѓе со локално и очиглед­но пореакционерно гледиште, кои од овој проект очекувале да го претставува конкретното и неповторливо минато на македонскиот народ.
Од ретроспектива, Искра Грабул во расправиите гле­да­­ла знак за тоа колку членовите на комитетот биле неу­па­те­ни во поглед на принципите на уметноста. Таа и Јордан, според нејзините сеќавања на тој период, сметале дека спомени­кот претставува поглед кон иднината. За нив тој требало да претставува прекин со - или бегство од - стегите на мина­тото. Затоа, рече таа, тие се оддалечиле од конкретното, фигуративното означување на минатото. Таа со хумор си спомнува како Бошко Станковски, претседателот, ќе за­прашал: „Што значи ова парче? А оној дел, што е тоа?“ Таа ќе му напишала две-три страници одговор, а неговата реакција на тоа била: „Тоа е се’? Тоа ли е целото значење што го има?“
 
Еден од тие нејзини пишани одговори од тој период, кој преживеал во архивата на Јордан Грабул, е краток пре­глед на нејзините и Јордановите приговори против вклучува­њето комеморативен вечен пламен во главната градба на меморијалниот комплекс. Тие тврделе дека да се вклучи пла­мен значи да се обелодени дека не постои некој автох­тон или современ симбол што е попригоден за таа намена. Тоа, според нив, ќе претставувало „признание на уметнич­ки­от неуспех“. Нивниот став е изложен на две страници на кои се користи комплицирана и техничка терминологија од светот на уметноста. Во поглед на тоа биле поразени: кога споменикот бил најпосле отворен во 1974 година, дел од него претставувал и вечниот пламен.
 
Несогласувањата понекогаш биле лични и директни. На почетокот на пролетта 1973 година комитетот се’ уште се занимавал со парите, а особено во врска со трошоците за апстрактните релјефи на самиот споменик. На Грабул тие му биле проект-милениче: временскиот распоред на градежниот проект покажува дека тој ним им го посветил најголемиот дел од своето време меѓу февруари и септем­ври 1972 година. Тука повторно дошло до расчекор меѓу барањата на комитетот за јасност и Грабуловата соп­стве­на потрага по универзално претставување на секоја од четирите теми: Преродба, Илинденското востание, НОБ и, на крајот, Слобода. Иако релјефите требало да се читаат по овој редослед, раскажувајќи на тој начин за развојот кон крајната цел, според зборовите на Искра Грабул, тие се­пак се, „бесформни, променливи, апстрактни“. Без никаква фигуративна содржина, тие, всушност, се обидуваат да ги опфатат универзалните вредности што ги претставува ис­куството на македонскиот народ.
 
На 8 март 1973 година, откако Грабул беше потрошил значително време на релјефите, комитетот ги видел, очи­гледно, за првпат. Особено незадоволен бил Драги Тозија и следниот дијалог е забележан во записникот од соста-­­нокот на тој ден:
Тозија: Авторот ни рече дека релјефите ќе бидат фи­гуративни: овие што сега ни се прикажани се апстрактни. Јас лично нема да го повлечам барањето релјефите да бидат обработени фигуративно и јасно. Не е моја работа да кажам како треба тие да се изработат: тоа е работа на уметникот.
Грабул: Ти се мешаш во мојата уметничка работа.
Тозија: Грабул, со ова ти сакаш да му се подбиваш на Комитетот.
Ваква вжештена дебата во врска со градењето и прифа­­ќ­а­њето на националните споменици не е карактеристична само за Македонија.
На пример, Споменикот на виетнамските ветерани на Маја Лин во Вашингтон предизвика екс­трем­ни реакции: некои го нарекоа „јама на срамот“. Делумно и поради притисокот на таквите гледишта, во меморијалниот комплекс биле додадени уште три фигури. Многу посетите­ли забележале дека овој додаток отскокнува од целосниот ефект, делумно затоа што остава чувство на незаврше­на претстава, што не е случај и со ѕидот. Ова претставува и преседан: за трите фигури набргу се сметаше дека недо­волно ги претставуваат сите оние кои играле некоја улога, па така е додадена нова група фигури кои претставувале медицин­ски сестри како негуваат ранети (Wagner-Pacifici & Barry Schwarty 1991; Berdhal 1994). Идејата дека фигу­ративното прикажување има поголемо значење од ап­стракцијата ја прифатил и скулпторот Натан Рапопорт, кој е автор на еден споменик посветен на востанието во варшавското гето, откриен во градот во 1948 година. Тој го поставил следново реторичко прашање: „Можев ли да соз­дадам камен со дупка и да речам ‘Воилà, ова е славата на еврејскиот народ?’“ Уверен дека не можел да го стори тоа, врз дел од споменикот направил фриз на кој биле прикажа­ни индивидуални ликови (Yuyng 1989:82).
 
Други споменици во Македонија, особено оние во спомен на Народноослободителната борба од 1940-тите, содржат слични фризови. Но во споменикот „Илинден“, уметници­те директно им се противставиле на таквите предрасуди за огра­ниченоста на апстракцијата: метафорично кажано, тие, всушност, направиле камен со неколку дупки во него и рекле „Воилà!“ Нивното расудување делумно било дека тие не создаваат споменик за исклучителната големина на маке­донскиот народ, туку за идеалот за кој се сметало дека тој народ го споделува и го изразува. Вистините кои тие се оби­­де­ле да ги доловат и претстават се универзални, а не конкретни.
 
Во тој поглед, Грабуловци се стремеле кон духот на архитектите на Бразилија (Холстон 1989; види и Scoot 1998) и на оние од периодот по земјотресот во Скопје во 1963 година, чии програми биле во сферата на човештвото, а не на некој негов дел. Како и тие проекти, и нивните напори на подолг рок се покажале неприфатливи со нивниот футури­зам и идеализам. Во Холстоновиот опис на Бразилија и во оние на жителите во новите делови на Скопје, јасно е дека луѓето ги доживуваат новитетите во дизајнот како спротивни на нивните желби. Денес Македонците често ја доживуваат крушевската купола како бомбастичен, не­пот­ребен симболизам што Републиката не може да си го дозволи. Каква и да и’ била нејзината вистинитосна вред­­­ност порано, таа во голем дел еродирала; нејзиниот интегритет е компромитиран со внатрешното преуредување. Затоа може да се рече дека како спомен-место таа е неуспешна.
 
(продолжува)
 
од книгата: Кит Браун, Минатото под прашање; Модерна Македонија и неизвесностите на нацијата. издавачи: Евро-Балкан прес и Македонско етнолошко друштво; превод: Зора Бакалинова Анастасова

За вториот дел кликнете овде, а за третиот - овде.

 Текстов е убав и

 Текстов е убав и интересен...Но, крајно симптоматично е што после во букавна смисла стотици текстови кој доста негативно го преставуваа процесот на изградба на спомеци овој е сосема спротивен.
Прашања се поставуваат зошто немало различни мислења?
Зошто сите мислења се насочени во еден правец?
Зошто токму на овој период (1960-70) се оденесува текстов?

Тешко разбирливо е што дури и

Тешко разбирливо е што дури и за време на најтешкото „комуњарство“ демократијата (во процесот на градењето споменик; а богами не само таму)) била неспоредливо поголема отколку во времево на изродбениот груевизам. И интегритетот на уметникот бил на неспоредливо повисоко рамниште од денешните налози да се работи „барокно“.

Иако, да не се лажеме, голем дел од „комуњарите“ беа а) тешки националисти, б) тешки авторитарци (впрочем, моја теза е дека токму од тие поразени националистички кругови меѓу македонските „комуњари“ произлезе на само ВМРО - преку филтрите на „службите“ - туку и целава сега здивеана националистичка идолатрија на Александар, Хунзите итн.).

Но, и покрај тоа, велам, се’ изгледало многу поцивилизирано од сегашното декретско градење на „новиот“ македонски идентитет (онака ко што му се сонило на пастирот).

Занимљиво: expomuseum.com/197

Занимљиво:
expomuseum.com/1970/
 

Кит Браун релативно

Кит Браун релативно аргументирано зборува за „неуспешноста“ на споменикот Илинден, лоцирајќи ја во „апстрактното“ наместо во „фигуративното“. Кит Браун е етнолог и во неговите реченици се чувствува дека не е баш упатен во уметничките прашања. Се чувствува дека и самиот не ја претпочита „апстракцијата“, дури е навредлив кон неа (иако неговиот сонародник, Хенри Мур, е прогласен за најголем скулптор на 20 век, во голема мера благодарение на неговите модернистички „апстракции“).

Нејсе, секој има право на естетски став. Но, дури и ваквиот „неуспешен“ Македониум делува многу многу посериозно (и како процес и како финален продукт) од кичерајскиве будалаштини на груевизмот, недостојни за најзабеганите европски провинции од 19 век! Во уметничка (но и во политичка и општествена) смисла безвредни се спомениците на груевизмот (донесени во опскурни вмровски кујни, донесени од шарлатани и дилетанти, далеку од каква било демократска процедура, и криени како најголема тајна се’ до пред 9 месеци). Малиот споменик на свирачите пред онаа бугарска банка во центарот има поголемо уметничко значење од сите кичераи на организацијата. Уметничката безвредност се обидуваат да ја надоместат со грандоманијата. А тоа е сосема апсурдно, се разбира.

 Кољо дали целиов муабет е на

 Кољо дали целиов муабет е на ниво на и е корисен во инструментиализација на дневно-политичкиот конфлик како резулат на борбата за моментална власт? 

ППП,мајку му, како моеш да

ППП,мајку му, како моеш да поставуваш толку глупи прашања?! („Зошто токму на овој период (1960-70) се оденесува текстов?“ и „инструментиализација на дневно-политичкиот конфлик“)

Каква бе дневна политика! Белград го дигнаа на нозе пред пола година само ради тоа што требаше да се сечат десетина дрва на една од главните сообраќајници... Во Загреб веќе неколку години многу жестоко се бори цела една масовна групација (главно НВО) против узурпацијата (од приватен капитал) на само десетина метри јавен простор... Да не зборам за Европа... Овде Златни Црни Грујо, во манир на Ким Ил Сунг, не јебе жива сила ни какво било мислење, сам си скицира у соништа (со помош на кошмарните фигури од типот на Паско) етно парк сред главниот плоштад на главниот град, и прогласуе дека цел народ од сеа па надаље ќе се крсти во новата дизниленд менажерија кој тој и организацијата ја прогласија за канонска. Притоа - башка тоталното сјебување на јавниот простор, башка тоталитарното носење одлуки - се пљачка навелико! Албанците го дигнаа Скендер Бег за помалку од сто иљади евра. Овде нема споменик под милионче. Само Александар ќе чини над десет милиони евра. Само Филип 3 милиона. Само Музејот на ВМРО ќе биде далеку над десет милиона, а трошоците за одржување на тој музеј (на кои никој сеа не мисли) ќе бидат баснословни (Мадам Тисо музејот е еден од најскапите музеи за одржување - ради тоа цена на карти треба да биде 10 евра и да имаш мал миљон посетители годишно).

Абе ова што ви го праи Златни Црни Грујо со изродбата - ни во Африка го нема више! Го нема дури ни во средноазиските деспотии! Можеби во Северна Кореја, ама и таму се насетуе фајронт... Притоа, половина од луѓето во земјата живеат под африканското ниво на сиромаштија (два долара дневно)...

За што збоиме, бе, ППП?! И Турско и Српско и Бугарско беа бољи од изродбава! За социјализмот да не зборам... (ете, збори Кит Браун)

  Кољо се тоа што наброја е

  Кољо се тоа што наброја е дневна политика.
Ако не тоа тоа...Тогаш што за тебе е дневна политика? И која е нејзината цел т.е. суштина на постоењето?

Не е дневна политика грижата

Не е дневна политика грижата за градот кајшто живеам... Не е дневна политика чувството за идентитет... Не е дневна политика кога даночните пари на два милиони најсиромашни луѓе во Европа одат јабана, за хирови на некакви полуидиоти кои умислиле дека имаат историска мисија... Не е дневна политика животот да ти е сјебан до коска, ко сеа што им е сјебан на бар две третини Македонци (освен на изродбениците)... Не е дневна политика да се покажат бар рудименти на кичма и интегритет, кога два милиона народ е принуден да клечи пред боксерчето-статистче и пред неговите прислужници... Не е дневна политика кога длабокиот кукавички страв од денесување важна политичка одлука во полза на сопствениот народ го камуфлираш и одговорноста ја префрлаш на истиот народ... Не е дневна политика кога алчни и диви полуидиоти ве тераат да се конфронтирате и да ги мразите сите соседи, плус ЕУ и Америка, само зашто така фамилијата може најкомотно да се разгаќи и да ги ужива плодовите на големата пљачка и лага...

Суштината на постоењето, ППП, е баш тоа: да покаеш дека си колку-толку човек, дека имаш достоинство и интелигенција, дека ти се важни и другите човечки суштества, и целиот живот, и да се бориш за рамноправноста, слободата, почитувањето на другите (како самиот себе:)... Суштината на постоењето е дури, според мене, и да се умре во одбрана на вредностите на постоењето...

 Ајде од трета мајка Кољо,

 Ајде од трета мајка Кољо, Што е тогаш Дневна Политика? 

 Коља кој ве финансира?

 Коља кој ве финансира?

 Читај најдоле лево на

 Читај најдоле лево на сајот....
 

ППП, ти си тотален идиот. Ако

ППП, ти си тотален идиот. Ако ова сеа е хорор општество, не сакам ни да мислам на што ќе наликува општествово за 20-30 години,  коа сегашниви малоумни копиљаци ќе загазат уште подлабоко во управувањето (мада и сеа се распашани до немајкаде)... Но, тоа е. Кој не успее да кидне од овде, може и ќе збори...

Дневна политика, ППП, е досадата во која веќе упаѓаат дури и хардкор балканските држави ко што се Бугарија, Србија, Хрватска, Романија... Кога ти е совршено сеедно дал земјата ја води Косор или Милановиќ, оти земјата суштински е стабилна и големите политички прашања (како се викаме, дал ќе не’ поделат и слично) се ад акта. Ние сеа го живееме бурното националистичко лудило во кое во деведесеттите живееја Србија, Хрватска итн. Тие сеа дојдоа, више-мање, до дневните курчевити политики, кајшто вообичаено се краде, се лаже итн. - но никој веќе не те дрибла на афрички или севернокорејски начин, ко нас овде што не’ дриблаат, со споменици, идентитети и вечни непокори (дур фамилијата се дуе од ждрање)...

Значи поради тоа тебе ти

Значи поради тоа тебе ти `станало` и си почнал да се бавиш со дневна политика? Зошто сега е ептен многу битна?

Грците не’ финансираат,

Грците не’ финансираат, Ѕвонко идиоте! Ко што твојот пастир го финансираат, да и’ го набие фалусот-Аце до балчака на македонската нација, ко Карпош што го набиле сред камени мост! Да ве напраи пастирчето второкласни антички грчиња-македончиња, ко што егзархијата се обиде да напраи кон крајот на 19 век. Целото ваше јебано ВМРО е инсталација на соседните и внатрешните служби! Размислете, идиоти: кој ќарува од ова мајмунско лупање у славни македонски груди сред скопскиот плоштад?! Кој е мирен и конструктивен во ЕУ, откоа го пуштија од шише кловновскиот „национален идентитет“ на пастирчето?! Дури и најидиотските Грци и Бугари сеа изгледаат ко бајчиња! Во однос на шарлатани кои нацијата ја претвараат во комбинација од луна парк и етно парк! Ебате идиотите! Сто пеес години, речиси, истото ви го праат и пак памет не ви доаѓа... Не’ финансира Окта, Телеком, и НПМ (национална платежна картичка) а по некој денар ни џитка и Аналитико АИ...

 Значи Коља надвор крај света

 Значи Коља надвор крај света било? Војна 2001? Бомбардирање? Ембарго? Изолација? Некој мрачни фаци јаваат на коњ? у Ј.Б.Г. шо не кажуате вакви работи?

дај бе приберисе каков е тој

дај бе приберисе каков е тој јазик и земи ако веќе читаш историја прочитај од релевантни извори немој да драпаш.
неписмена, приучена банда што глуми интелигенција, бедни души а отворите уста нагон за повраќање добивам, градот сигурно не е само твој или желбите, визиите на салонските активисти не смее да биде поматена.
не се секирај немораш да навредуваш ќе најдеш и ти некој да ти се заканува па ќе урлаш по телевизии, ќе праќаш писма. и уште една грижа полека ти се симнува од рамења ќе направите перцепција на диктатор додуша не тука по дома ама ќе си најдете подржувачи некаде однадвор кои што ќе исценираат "портокалова револуција" и конечно ќе ве симнат од фалусот на аце на кој што ве наби лошиот диктатор и тогаш ќе можете да се посветите на својте креативни потенцијали кои што веќе со години ги жртвувате само за доброто на слепците.
 

Многу фина дружина сте во

Многу фина дружина сте во вемерото, и главните идеолози (В. Ѓорчев, А. Николовски, М. Протуѓер итн.) и спектакуларните опиион мејкери (Јадибурек, Миленко, Латас итн.) и предводникот, разбира се, пред се и над се, велелепниот Мали Златен Црни Грујо. Па какви тек средени портпароли имате, мед и млеко од уста тече, уста блажена да им целиваш! Абе саде хармонија, братство и меѓучовечка љубов ширите, особено сеа откоа гзовите во станаа ко поштенски торби, од четригодишното неуморно цицање. Со псовки, закани, сеење страв во коски, тепање и малтретирање дојдовте на власт, четири години со истите методи (тешко малтретирање на секој што не и’ припаѓа на криминалната организација) се чипчите за секоја фотеља во земјава, без да забележите дека во меѓувреме стратосферата пукнала и избацуе народ&предмети низ дупката (ама, вие, нагоени, и закуцани за наслоњачите, кур не ви чуе за фучењето и свемирскиот одлив). Абе јаки сте, стварно! Сталожени! Мирни. Све по пропису и закону, нема лабаво! Права нова елита. Лицнати-пицнати, светнати мафијашките фризури, со афрички колути троа истегнати кратките радијатор вратови - спремни сте да владеете уше сто години! Кој е ко вас! Ова уличарскава багра што ви џавка, Коља-Моља, некакви си соросоиди и педерана, тоа се урушуе само од себе, немаат они интелигенција (ко број на кондури) за да се стигне (микроскопското) ниво на партијата. Абе остајте ги да лајат! Важно вие фалусот да си го изградите, у гз да си го бутнете и да летнете во македонскиот космос, ко ракета! Кој е ко вас, еј! Тато, види ме на панорамава!

Ова што се случува и како се

Ова што се случува и како се „дискутира“ на форумов претставува совршена парадигма на она во што се претвори дијалогот во јавната сфера кај нас. - Уредниците на сајтов ни предочуваат еден текст, со едно видување на нештата, кое за мене е релативно ново и кое открива досега недоволно дикутирани прашања и проблеми околу битни процеси во однос на културната политика за времето на социјализмот. И тоа е одлично! Меѓутоа, она што се случува потоа, може да се оквалификува како класичен случај на виртуелизација на дискусијата. Наместо да се расправаме за темите кои текстот ги провоцира, ние влегуваме во сфера на дневно-политички (наместо политички) дискредитации и дисквалификации, со што насилничкиот карактер на „дискусијата“ станува побитен од текстот кој неа ја иницираше. Таквата „дискусија“, драги анонимни и дежурни „сајберкритичари“, нам за жал ни стан(ув)а побитна и повистинска од вистинската дискусија која текстот, во една нормална средина, треба да ја иницира. Доколку ова продолжи на ист начин, на крајот никој нема да го знае ни предметот на анализа на авторот на текстот, а камоли неговото име. Да не должам, со вакви дискусии ние не се губиме во преводот. Не! Ваквите „дискусии“ докажуваат дека за нас губењето во преводот е вистинското нешто. Македонецот во јавната сфера влегува со лажна свест дека треба да брани нечии бои (нечие медијаторство) не успевајќи на поинаков начин (директно и непосредувано, впрочем анонимноста тоа најубаво го овозможува) да го каже она што навистина го мисли и чувствува. Симулирам, значи постојам. „Наздравје“ со таквиот светоглед!
Поздрав
Вангел Ноневски

 Многу точно но, чичко

 Многу точно но, чичко Коља(Никола Гелевски-претпоставувам дека е еден од уредниците на ова нештово) е опседнат со дневна политика гледана исклучиво од призмата на една сегашна политичка опција.
Жално....

Вангел е прав. Искрено, јас

Вангел е прав. Искрено, јас од портокаловците не сум видел коментар на тема четири години. Не само на Окно. Се’ што прават ради пропаганден ефект прават - така ги научил водачот. Она (оној/онаа) што насетуваат дека не им се свиѓа (а немаат доволно знаење ниту интелигенција да склопат кохерентно мислење или суд) почнуваат да го млатат, што по глава што по цеваници. И така се’ до судскиот процес, додека на инкриминираниот слободномислител/ка не му/и’ дое памет. Впрочем, токму Гелевски минатиот пат пишуваше за особините на идеолошкиот говор. Сеа ќе ги сецнам и ќе ги поставам тука.

1. Идеолошкиот јазик во

1. Идеолошкиот јазик во основата секогаш има едноставна приказна. Оваа приказна не се занимава со фактите, иако подоцна фактите ќе бидат наштелувани согласно приказната (со помош на ретуширање на историјата, и поновата и постарата).
2. Главна цел на идеолошкиот јазик е да ја утврди вината. Вината се утврдува месарски, со сатар, и по правило се фрла надвор од палатата на власта.
3. Идеолошкиот јазик мора да се повторува. Актерите што го создаваат овој јазик во одреден момент почнуваат да го третираат како конечна вистина која само треба да се шири, штити и наметнува.
4. Идеолошкиот јазик не реагира на логика и на аргументи. Потребно е само да се мантраат усвоените идеолошки премиси и да се игнорира аргументацијата на опонентите.
5. Идеолошкиот јазик најчесто користи ад хоминем аргументи. Се напаѓа човекот, а не неговата аргументација. Со цел систем на разработени етикети се компромитираат сите луѓе кои мислат спротивно од идеолошката догма.
6. Идеолошкиот јазик го гледа светот како црно-бел, низ шемата ние-тие. „Кој не е со нас, тој е против нас.“
7. Идеолошкиот јазик е морализаторски. Сите што се на спротивната страна се неморални. Морален квалитет е да бидеш на вистинската страна.
8. На идеолошкиот јазик не му требаат умни и одговорни поединци. Папагалите на идеолошкиот јазик најчесто не се баш интелигентни и креативни, туку во прв ред се лојални и послушни.
9. Идеолошкиот јазик не тежнее кон индивидуализам и слобода туку кон врзување, кон развивање на чувството на припаѓање.
10. Идеолошкиот јазик не се стреми да стане религиозен оти тој е само сурогат за религијата; стварноста се состои од голата сила.
 

 Сите пропаганди и

 Сите пропаганди и Идеолозирани јазици се истo мизерни и овие Кољовски и оние кој се негова анти-теза и опсесија...
 

А што да каже, Вангел, на

А што да каже, Вангел, на тема споменици, урбанизам, уметност, нација, идентитет... некое кутро изманипулирано дете кому некои батки со радиатор вратови му рекле да седи на интернетов и да пази на активностите на непријателите и предавниците?! Тоа дете нацијата стварно ја сфаќа ко етно-луна парк! Така ги сфаќа и архитектурата, урбанизмот, уметноста... Башка, децава се дури и добри кога човек ќе види кој решава за архитектурата, уметноста, урбанизмот: Груевски, К. Трајановски, Тодоровиќ, Елизабета Камчевска, Паско Кузман... Штавише, децава делуваат троа помалку ретардирано од водачите... Ако е некоја утеха...

ППП, гревче, од почеток во

ППП, гревче, од почеток во коментариве се обидувам да ти помогнам, три или четири пати веќе внимателно ти одговарам... Глеј, ППП, твојата писменост (како и твојата способност да анализираш, што е комплементарно со способноста за мислење, тоа Витгенштајн го докажувал) е на ниво на амеба (што шлака со пипалата навака-натака, ко мува што се дави во мастило), Од вкупно десетте збора што си ги употребил - осум ти се погрешни (правилно си ги напишал само зборовите „сите“ и „оние“: „Сите пропаганди и Идеолозирани јазици се истo мизерни и овие Кољовски и оние кој се негова анти-теза и опсесија...“ Треба: пропагандНи, идеологизирани (со мало и), треба кои (наместо кој), ти треба запирка после мизерни, оти вака сосем се губи смислата, итн.
ППП, батка, прими совет ко од постар, иди бе кај блогот Јадибурек или на Вечер сајтот, раат да ти дое душата, топлина да те облее во брлогчињата на груевизмот...
Инаку, спообноста на груевизмот да гради споменици, уметност, идентитети е рамна на твојата писменост, ППП...

 5. Идеолошкиот јазик

 5. Идеолошкиот јазик најчесто користи ад хоминем аргументи. Се напаѓа човекот, а не неговата аргументација. Со цел систем на разработени етикети се компромитираат сите луѓе кои мислат спротивно од идеолошката догма.

Ад хоминем ли е на неписмен

Ад хоминем ли е на неписмен да му каеш дека е неписмен?! На диктатор дека е диктатор?! На една криминална тајфа која целата земја ја носи во бездна непристојно ли е да им се каже дека се опасна багра?! Има ли човек право да се бори барем за сопствениот спас?! (дур груевистичките пингвини тупкаат со ноџињата по сантата, од радост, гледајќи го водопадот што доаѓа во пресрет)
Башка, ППП, глеаш како моите тези функционираат универзално?! Дури и некој со пилешки мозок може да ги користи:)

 Што е тогаш ад хомонем ако

 Што е тогаш ад хомонем ако не е ова?  Дај пример.

 Ад хоминем е да ти каже дека

 Ад хоминем е да ти каже дека си грд и дебел и дека тоа има врска со твојата неписменост. А нема. А за неписмен, неписмен си, и правописно и образовно. 

 A шо има везе спел чек со

 A шо има везе спел чек со дневна политика.

 Како нема, џабе фрлија пари

 Како нема, џабе фрлија пари на „бесплатни компјутери“ - багра не се описменува со фрлање корка, очевидно. 

 Кога успеаа да

 Кога успеаа да исполитизираат до коска барок, ренесанса и рокококо нема да ме чуди да го презентираат виндоус, ексел и ворд како питање најесенцијално за постоењето на човештвото и универзумот и резултат на вечната борба на доброто и злото на мрачните сили и силите на светлината.

 Овај ППП је неуништлив.

 Овај ППП је неуништлив.

 А што уништува провинцијален

 А што уништува провинцијален сноб со паланечка свест? Што ќе уништи? Не допира ништо до него. А како би допрело, кога сите гносеолошки сфери на битието се пломбирани. Како ќе му кажеш него дека е дебел и грд и глуп кога него друг го програмирал. 
И пак, на крај, не оти не му чини програмата, туку едноставно капацитетот е нишката што го омеѓува од вистинските катарзични области во светот на објективниот реалитет. Некои програми, едноставно бараат посилен процесор. :)

Also sprach Koljo. 5.

Also sprach Koljo.
5. Идеолошкиот јазик најчесто користи ад хоминем аргументи. Се напаѓа човекот, а не неговата аргументација. Со цел систем на разработени етикети се компромитираат сите луѓе кои мислат спротивно од идеолошката догма.
 

 Добро бе, кажете што се

 Добро бе, кажете што се направи во времето на СДС, каде одеа даноците (ако вооопшто се собираа), што се изгради, во што се инвестираше.. колку што паметам, платите не беа поголеми, стандардот не беше повисок, а и цените не беа не знам колку пониски.. Немаше корупција? 
Знам дека ова е клише муабет и ми е жал што го ставам овде, ама ме нервира што мора да се критикува се' што НЕ е направено од "своите"

Не викам дека е идеален целиот проект 2012, ама дај бре свестете се.. кога последно имало слична количина инвестирање како сега. ако ништо друго има поголем број туристи, да не правиме муабет дека се афирмира македонската историја со музејот и скулптурите.. не можеме (сеуште) да гледаме космополитски, кога останатите полити (околу нас) па и МЕЃУ нас, силно не' негираат..

Слични содржини

Јавни простори / Историја
Јавни простори / Историја
Јавни простори / Историја
Општество / Балкан / Теорија / Историја
Јавни простори / Уметност / Историја

ОкоБоли главаВицФото