Краткиот и долгиот список

22.10.2010 11:01
Helvajn-1.jpg

Политичките манипулации со националната историја не се патент на ВМРО ДПМНЕ. Можно е дури и антиквизацијата да настанала во комунистичките лаборатории, низ внатрепартиските политички борби, а лошиот дух сега само неконтролирано излегол од шишето. Таа хипотеза, се разбира, не е оправдување за сегашното антиквизациско лудило, но можеби може подобро да го објасни.

Националистичките струи во комунистичките партии насекаде биле многу силни. Впрочем, НОБ не е само народна и антифашистичка борба, туку во голема мера е и борба за национална еманципација. Заради тоа национализмот во поствоена Југославија беше неразделно врзан за комунистичката идеологија; едното без другото не можеше; национализмот и комунизмот како меѓусебно да си го даваа легитимитетот. Иако претерувањата во едната или во другата насока (шовинизмот или претераниот космополитизам, па дури и југословенството!) строго беа санкционирани. Социјалистичка Македонија не беше исклучок; напротив, овде опседнатоста со националните прашања беше дополнително изразена, со оглед на задоцнетото национално освестување, во однос на соседните народи, и во однос на доцното културно-политичко верификување на нацијата.

Кога велам дека антиквизацијата веројатно започнала пред ДПМНЕ не мислам само на знамето од Вергина кое за време на Глигоров, во почетокот на деведесеттите, непромислено беше прогласено за државно знаме на земјата. Мислам на цела низа културно-политички борби во рамките на Комунистичката партија на Македонија, од педесеттите па сè до крајот на осумдесеттите години.
Во некогашното ВМРО, особено во дваесеттите години на 20-иот век, силно биле спротиставени десната (со поглед кон Бугарија) и левата струја, регионалистичка и (кон)федералистичка (иако мошне упатениот антрополог Кит Браун смета дека и едните и другите се служеле со теророт како со главно средство за добивање поддршка, надвор и внатре). На сличен начин, се чини, и во рамките на КПМ постоел судир, би рекол, не меѓу националисти и „југословени“, туку меѓу два типа македонски националисти: едните свртени навнатре, а другите кон регионалните политички процеси, каде што се обидувале што постабилно да ја ситуираат новонастанатата република. Првите, „парохијалците“, главно губеле од „модерните Македонци“ во повеќето клучни внатрепартиски битки. Иако и „парохијалците“ тук-таму добивале понекоја кадровска пресметка, главно со поддршка на „службите“ и културните кругови под контрола на „службите“. Ми се чини дека најголемите пизми меѓу Македонците се случувале (и сеуште се случуваат) токму на тој идеолошки фронт: дали да се одбере патот на модерната нација (која се обидува да се вклопи во поширокиот контекст) или на „античката“ нација (која жестоко се бори со соседите околу истите конститутивни симболи: Александар Македонски, Кирил и Методиј, Климент Охридски итн.). Велам, „модерните“ во текот на неколку децении главно победувале, но многу често благодарение на „непринципиелните коалиции“ со националистите.

Еве еден детаљ од тие македонски борби, за кој зборува Кит Браун во својата одлична книга „Минатото под прашање; Модерна Македонија и неизвесностите на нацијата“. Кога се градел споменикот Илинден во Крушево постоеле две листи на значајни Македонци чии имиња требало да бидат врежани во криптите пред главниот споменик. Едниот список опфаќал многу подолг континуитет на „заслужните“; вториот список ги опфатил значајните Македонци од 1880 до 1920 година - и тој пократок список на крајот бил прифатен. Еве што вели Браун за тогашната дилема: „Надворешната политичка состојба во времето на градењето на споменикот можеби придонела за ваквиот фокус. Четирите постари личности предложени во првата верзија - Климент, Самуил и браќата Миладиновци - во современа Бугарија се сметаат за Бугари. Истиот императив да се застапува долг историски континуитет владее и во Грција, каде за Климент се тврди дека е предвесник на нацијата. Ако Македонија, истакнувајќи го името на Цар Самуил, се повикала на пораната историја, ќе положела право на едно минато што македонските историчари едвај и да го имале обработено; тоа, исто така, ќе предизвикало и подбив поради еден вид националистичка бомбастичност каква што Републиката успевала да избегне уште од 1944 година.“

Денес пак го имаме истиот судир, со тоа што, се чини, битката ја губат „модерните“, оние кои ја гледаат Македонија како добар сосед и во ЕУ. Денес победуваат „груевистите“, парохијалците-патријархалци, кои ја затвораат земјата и ја третираат како фасада за испишување бомбастични национални пораки. Иако причините за затвореност имаат и свои лукративни страни: на секоја власт и’ е најлагодно да работи во не-систем, во пљачкашки импровизориум од држава претворена во партиски феуд. Тоа е силно мотивациско средство за која било власт безгрижно да го цица својот народ, до изнемоштеност (а крај нема; крајот можеби ќе биде кога ќе нè ловат по подруми да ни ги корнат златните заби од вилиците, со цел да ги вградат во монументалните златни кипови на македонството).

Накусо речено, ми се чини дека во културно-симболичка смисла таканаречената преродба е одмазда на лошите ученици, на кодошите и нереализираните, на поразените националистички кругови меѓу македонските комунисти. За жал, нивната задоцнета победа е тежок пораз за целата македонска нација.

„Глобус“, 19.10.10.

слики: Готфрид Хелвајн

 По задушувањето на

 По задушувањето на Македонската лига, Македонската емиграција во Бугарија почнала да создава благотрвотни друштва, едно од кои е “Александар Македонски’’ во Русе кон крајот на 1884 година.
(Дойно Дойнов, Комитетите “Единство’’, Ролята и приносът им за Съединението 1885, София, 1985, стр. 296
 

Registered as:
The Macedonian-American Society
ALEXANDER THE GREAT
Columbus, Ohio
Organized March 9th, 1938
 
PREAMBLE

"We the Macedonians from Macedonia, part of the former Turkish empire, immigrants in Columbus, 
Franklin County, Ohio, associate ourselves together in a fraternal, non-political and non-ecclesiastical 
organization to be called the “Macedonian American Society Alexander the Great” of Columbus, Ohio."

„Я ни сумъ ни бугаринъ, ни гркъ, ни цинцаринъ; я сумъ чисто макидонецъ, какви су били Вилипъ и Аликсандри Македонски и Аризтотелъ вилозовъ”. 
Иван Шумков Солун 1869
 
 

Во книгата на Кит Браун се

Во книгата на Кит Браун се наведува тврдењето на влијателниот Кофос (доста цитиран во западните книги) дека пред 100 години Грците се бореле со Бугарите околу присвојувањето на Александар Македонски. Темата е вечна: дали кон крајот на 19-иот век можела да се направи јасна и цврста разлика во етничкиот идентитет помеѓу Макеонците и Бугарите...
Втора забелешка: постојат сведоштва дека тому грчката егзархија со помош на митот за Александар се обидувала да го хеленизира словенското (македонското) население во Грција во истиот период: втора половина на 19 век и почеток на 20.
Трета забелешка: дури и да се историските факти на страна на современите етнички Македонци (а не се), пак останува фактот: Грците во својот национален имагинариум го ползуваат античкото наследство речиси 200 години, од времето на западниот романтизам. Океј, тоа наследство е фалсификувано, митологизирано итн. - но луѓето си веруваат. Обидот друга држава да „им го земе“ (како што тие си мислат) античкото наследство, Грците го сметаат за агресивен и нефер. Исто како што ние го сметаме за екстремно агресивно и нефер недозволувањето да се викаме како што се викаме.
Битно е да се влезе во погледот на Другиот, посебно на Балканов и во Европа.

 Ако си паметен можеш и да ја

 Ако си паметен можеш и да ја скокнеш и таа инфантилниот развој.
Едноставно зборувај си само за самиот себе не давај коментари за другиот никој го нема тоа право.

коља, со каква леснотија си

коља, со каква леснотија си го истипкал она "- но луѓето си веруваат.", просто да не може човек да се изначуди. не поеба елементарното чувство за добрососедство( не во балкански рамки, не во РМ во однос мнозинство вс малцинства, туку токму помеѓу македонците во етничка смисла на зборот; лоши соседи - лоши луѓе). без оглед на тоа дали сме верници или не, животот ни е пекол, не по грешка на оној горе или оној доле, ниту оној на запад, ниту оној на исток, no mercy; грешката е во оној карши нас, и пред се во нас самите (да не речам осамените).
победа за македонија! :)

Не битно, туку хипер битно е

Не битно, туку хипер битно е да се влезе во погледот на Другиот, и не само на Другиот, туку и на Третиот (од трите најдолгиот).
 
Да можеа луѓето да го сторат тоа, којзнае од колку проблеми ќе беше поштедено човештвото. На пример Евреите да сватеа дека се христоубијци и зли тролови, никогаш немаше да замераат за Холокаусот. Јеби га, се налутиле германците, си имале право, и ајт сите сапун. Да се немало разбирање за идентитетот на германците, чиј дел е  сиот тој антисемитизам од стариот век преку Лутер па наваму. Нетолерантни христоубици.

интересни коментари по повод

интересни коментари по повод вчерашното гостување на грчката амбасадорка во ГЕМ клубот (можеби овде е посоодветно да продолжи муабетот од таму?):

http://www.okno.mk/node/7798#comment-7238

Машин, не ги куцкам со

Машин, не ги куцкам со леснотија зборовите. Многу внимавам и баш од леснотија и од судови фрлени од ракав најмногу се плашам (и кај себе и кај другите). Дури, ми се чини, дека во тие зборови (што ти ги наведуваш) повеќе ја бранам сопствената позиција да бидам и да се нарекувам како што сакам, отколку што зборувам за грчкото право (кое никој не им го оспорил, особено не никој од Република Македонија) да си се нарекуваат како што ќе им падне на ум. Сакам да кажам: имам право да се нарекувам Македонец (или Марсовец) без разлика дали книгите, историјата итн. ми одат во прилог или не. Станува збор за слобода на идентитетот - најелементарна можна слобода. Но, кога го барам правото за себе, морам и на друг да му го овозможам.

Инаку, сосема сум блиску до твојот став дека нам Грците ни се најголем душман, и денес и наназад 150 години. Само што јас мислам дека борбата со тој душман никако не смее да биде онаква каква што ја водат груевистите, кои повеќе ја уништуваат Македонија отколку што и’ се спротиставуваат на Грција. Груевски и шарлатаните околу него практично одработуваат за Грција.

Aбе Коља, некој што се

Aбе Коља, некој што се нарекува Хелен, а сите го викаат Грк, нормално е да има комплекси по прашање на идентитет и да ги пренесува на друг. :)
Мада колку прошетав, баш и не им чуе на повеќето таму. Или пак јас секогаш налетувам на фини луѓе. :)
Но, како и тука, најгласни се будалите, и тие што не можат да ги трпат.
Мене не ми се иде ни у Европа ни у Нато. Трул систем е тоа и на раб на распаѓање. Никој не се оправил од влегување во нив.

 Не дека не се трули у ЕУ и

 Не дека не се трули у ЕУ и НАТО. Ама ние моментално се мериме со кавкаските земји, или со оние од блиски исток по скоро сите параметри. Така да, кога бирам, ги бирам првиве.

Помалце да си ги меревме а

Помалце да си ги меревме а повеќе да работевме, не ќе беше лошо. :)
И да влезеш, нема магично да се поистоветиш. Баш обратно, ќе штрчиш.
Башка што таа Европа која ја замислуваат тука е митолошка творевина,  како Американа на американците, некоја ветена земја, неверленд, Зион до кој треба да се стигне и кој ќе не спаси од сите наши маки.. Едноставно не постои. 

Ако Европа е трула, што сме

Ако Европа е трула, што сме тогаш ние? Риелити чек(!)

Зависи од гледната точка, на

Зависи од гледната точка, на кои ние и на која реалност мислиш. :)
 
Идентитетот е релативна работа. Чисто вака географски, во Македонија сум Кумановец, по Балканов Македонец, по Европа Балканец, надвор Европеец, веројатно ако прошетам до Нептун, Земјанин, Алфа Кентаури, Соларец, Андромеда, Галаксиец. Во другите димензии, Самсарјанец.
 
Биолошки: човек, мајмун, цицач, животно, органски живот, ѕвездена прашина.
 
Но секогаш се трудам да бидам битие, со почит спрема другите. Затоа што за мене ултимативно, не постои концептот „тие“.

Уште еден „риалити

Уште еден „риалити чек“. :)
http://www.on.net.mk/default-mk.asp?ItemID=5A14CD1869BBEB4DAE3D6E82E2493AC1

Во смисол, на ниедна листа

Во смисол, на ниедна листа (економска, социјална сигурност, листа на слободи и права ), Македонија не е пред Шведска, Франција или Германија. Останува следниот избор - или да се придружиш или да си подобар од нив (како Норвешка). Мислам има и трет избор, тоа е овој што ние сега го заговараме, ама тешко дека може да се нарече избор. Попрво 'рѓосување и гниење. Не ти треба малку простор, да се рашириш како човек? Во една полу-држава каде луѓето секојдневно го губат личното достоинство преку 1001 економска политика, зборувањето за идентитет е лук и вода. Но не можам да кажам дека кај мене преовладува оптимизам и дека се надевам на брзо решавање на оваа смешна идентитетско-номенклатурна агонија. Длабоко сме зарибале. In the cockoo's nest.
И да, за жал така оди тоа со митовите, кој прв грабнал, негови се. Александар самиот тврдел дека има потекло од Ахил, па и од Зевс. Грците долго го негуваат митот на Александар и можеби сакаат да докажат дека и тие се потомци на Зевс. А сега и ние сакаме преку Александар да покажеме дека сме прастари Олимпијци, ама никако не сакаме да им докажеме дека сме силни, мудри и напредни, ни во економска ни во политичка смисла.

А со придружување демек ќе

А со придружување демек ќе станеш ко нив? :D
 
Oстајте листи и компарации луѓе, заебете политика, политичарите нека си ја тераат, ионака нејќат да чујат ниедна критична мисла, остајте ги просјачките капи и фатете се за работа. Не бива држава преку ноќ и од небо. Бива од земја, засукани ракави и истрениран ум.
 
Се гордеете со „независност“, а чекате цел живот некој друг да ви ги реши проблемите. 
 
Го имам сиот простор и сето време, не ми треба повеќе. :) 

дупликат

дупликат

 Следејќи ги запенетите

 Следејќи ги запенетите полемики околу основачите на ВМРО и нивната национална самосвест, наидов на написот од Антонио Милошоски објавен на 18.12.2004 во Утрински Весник насловен „Животот не трпи никакви ограничувања“. Авторскиот текст е посветен на (тогаш,  2004-та) 135 годишнината од раѓањето на др Христо Татарчев.
 
Меѓу другото, Милошоски од биографијата на Др Христо Татарчев го издвоил и следново, цитат:
„ Заедно со својот братучед Божидар, Христо се запишува во гимназијата во Пловдив, а неколку години подоцна (1887) заминуваат во Цирих, каде што се запишуваат на Медицинскиот факултет. По тригодишни студии во Цирих, заминуваат во Берлин каде што студираат уште две години и ги бранат своите докторски испити. Студирањето надвор од тогашната Османлиска Империја, на Христо не му ги отвора само хоризонтите на медицината, туку му ја полни главата и со идеите за национална слобода, за социјалната справедливост и за европската демократија. Голобрадото учениче што излезе од Ресен пред 10 години, летото 1892 се враќа во родниот град, но сега како д-р Татарчев, маж со слободен дух, за кого османлискиот режим станува претесен и неиздржлив начин на живот. Решен е нешто да смени. “
 
Каква иронија на судбината, во сегашново ВМРО, кое во текстот на еден свој министер, ги слави е ’идеите за национална слобода,   за социјална справедливост и за европската демократија’ кои го вдахновиле нивниот историски основач, за кого ’османлискиот режим станува претесен и неодржлив начин на живот’, всушност денес ги презираат европските идеи како манипулација на ’старата блудница’, а во пракса (нео)османлиската деспотија, султанизмот и зулумот им станаа омилените методи и цели!
 
 
 
 

Папаааа добро е промена малку

Папаааа добро е промена малку доста аналогии, Хитлер, Стаљин и Пол Пот или Милошевиќ така малку ширење дијапазон треба...До далеку ќе не однесете верувајте.

А сепак „лошата“

А сепак „лошата“ империја им створила услови за материјална можност на Татарчев (од село Ресенско) и многу други да идат на запад (Ееееј дури до Цирих у тоа време, ко у Индија да си) да се едуцираат, да стануваат доктури, и да се враќаат тука со нивните признаени дипломи. Нешто што денес, цел век потоа е многу тешко изводливо.
Зулумџии тешки... :)

Вистина е дека во

Вистина е дека во комунистичкиот табор помногубројни биле национал-социјалистите од оние кои воопшто и разбирале нешто од комунизмот.Плиткиот,неначитан ум,воопшто и не можел да го разбере!Токму затоа беше повторуван,како по дифолт,оној цитат дека „религијата е опиум за народот“и тоа беше сосем доволно,покрај оној „како што рече другарот...“ некој да се стекне со одредени привилегии,било во партиската структура,училиштето/факултетот,или на работното место.За жал точно е и тоа дека самата „најпатриотска“ организација е формирана од Бугарската егзархија и од бугарскиот државен и воен врв!Тоа го осознаваме и од изјавите на Х.Татарчев и Д. Груев: „ни минуваше на ум дека една автономна Македонија би можела полесно да се соедини со Бугарија...“!Постојат и пишувани податоци за Теророт што го вршеле двете крила на оваа организација во аналите што ги издавало секоја година Бугарското Царство!Ужасот владеел на просторот на Македонија и Бугарија во ’20-тите години на минатиот век.Токму крвавиот пир на оваа организација и состојбата во неа,која излегла од контрола,станале причина во март 1923 година,Стамболиски да ја забрани!Всушност,главната причина е потпишаниот договор на Стамболиски со Кралот Александар и нивната заложба за Балканска Федерација!Во јуни истата година,настанува пуч во Бугарија,а власта ја освојува А.Цанков,кој го враќа Царот Борис III на престолот.По двата неуспешни обиди за атентат врз бугарскиот цар настанала  ѕверска репресија (Бял терор) чии главни Крвави актери се владата на Цанков,Царската војска и ВМРО!Жртвите се аграрците на Стамболиски,комунистите и огромен број цивили,дивјачки ликвидирани,претежно жени и деца чиј број изнесува преку 5000!Прашање е колку таа организација успеала да се одлепи од својата „матица“,по нејзиното преобразување во партија.