Деновиве, на два македонски блога, Котле и АктивЕјт, осамнаа издржани критики на новонаметнатиот тренд на “вртење кон традицијата и традиционалните вредности”. Инспириран од тие два текста, и надоврзувајќи се на “Голите вести” од минатата недела, во следните неколку параграфи ќе се обидам да го деконструирам конзервативизмот како метод на носење одлуки, и како начин на спознавање на општеството. Додека во претходниот текст се фокусирав на функционалноста и потенцијалот за инструментализирање на национално-конзервативниот мит, овде би се задржал на нормативната дискусија за конзервативизмот.
Конзервативизам наспроти Консеквенцијализам
Низ призма на етиката, моралниот конзервативизам слободно може да биде третиран како заблуда. Велам заблуда, затоа што во конзервативистичката реторика како прифатливо однесување се признава само она кое е базирано на однапред утврдени вредности и вредносни судови. Во таа смисла, морален конзервативизам е секое ортодоксно нефлексибилно бранење на одреден светоглед или структура без преиспитување на можните последици и алтернативи. Како еден пластичен пример, филозофот Каи Нилсен ја поставува познатата етичка дилема за невиниот дебел маж.
Случајот е следниот: група туристи се шетаат во пештера крај морето. Дел од групата е и споменатиот дебел маж, кој никому ништо не згрешил. Сепак, во даден момент тој пробува да излезе од пештерата но поради својата корпулентност се заглавува на излезот. Во меѓувреме, во пештерата нивото на водата брзо се качува, поради надоаѓачката плима. Единствениот начин луѓето да се спасат е да го разнесат дебелиот маж со динамит. Дилемата е, дали е тоа исправно?
Убиството на невин човек во секоја комбинаторика се смета за исконско зло. Особено, моралниот конзервативец, имајќи ја предвид неговата силна определба да го штити правото на живот, претпоставуваме дека би одбрал попрво да се удави отколку да го убие дебелиот човек. Дури можеби и би се осмелил попрво да крене рака на некој кој би се обидел да се реши од дебелиот човек, зашто неговото длабоко убедување е дека животот мора да се штити по секоја цена. Но тој веројатно никогаш нема да се реши да го разнесе дебелиот маж за да се спаси себе си и останатите. Тоа се коси со неговиот свет принцип на заштита на правото на живот.
Проблемот на моралниот конзервативизам е што се потпира на замислени авторитети (господ, карма, судбина). Голема пречка за дебелиот маж да биде разнесен, можеби поголема и поискрена од хуманиот порив или гадоста од чинот на убивање, е стравот од соочувањето со последиците од чинот на убиство на невин човек. Се разбира, тоа е сосем разбирливо, зашто се работи за една екстремна и многу неблагодарна ситуација во која се нарушува балансот на постоењето (едно битие исчезнува за другото да опстои) и ниту едно суштество не е имуно на реакција.
Сепак, Нилсен, заклучувајќи го овој пример, вели дека треба да издишеме, зашто убиството на дебелиот човек е сосем морално исправно решение во дадената ситуација. Пристапот преку кој Нилсен доаѓа до ваквото решение е моралниот консеквенцијализам. Накусо, тоа е пристап во кој се проценуваат околностите и последиците, и според кој морално исправно решение е она кое носи помало зло на подолг период. Консеквенцијалистичкото оправдување на убиството на дебелиот маж во пештерата е, на пример, дека на подолг рок, неколку животи ќе бидат спасени, а само еден изгубен, наспроти конзервативистичката позиција која во име на правото на живот би ги жртвувала сите животи во пештерата. Звучи сурово, но етичарите се занимаваат исклучиво со дилемите на животот или смртта.
Да заклучиме овде: конзервативистичкиот модел на одлучување функционира по дадена матрица базирана на арбитрарните претпоставки што е добро, а што е лошо. Таквото одлучување може да биде морално исправно само во рамките на сопствента матрица, но во секоја друга има веројатност да биде погрешно. Од друга страна, консеквенцијализмот, начинот на одлучување кој се базира пред се' на сензибилитетот кон дадената ситуација, често пати резултира со морално исправно однесување, и покрај тоа што во дадениот момент на одлуката тоа може да биде предмет на контроверза.
Конзервативизам наспроти Слободарство
Низ призма на политичката теорија, политичкиот конзервативизам може да се третира како закана за општествената стабилност. Наспроти основниот постулат дека конзервативците се залагаат за зачувување на поредокот и традиционалните вредности, вистинската агенда на конзервативната политика е перпетуирање на одредени појави во општеството на сметка на истребувањето на други.
Политичкиот, исто како и моралниот конзервативизам претставува една стрикно обележана матрица во која се јасно издиференцирани доброто и лошото. Притоа, методот со кој појавите се класифицираат како инхеретно добри или лоши е арбитрарен и селективен. Така на пример, генерално прифатени начела на политичкиот конзервативизам се побожноста, пуританството, семејните вредности, хетеросексуалноста и сл. Но ниту еден конзервативец не знае да објасни зошто баш тие се светите вредности, а не некои други. Главно, како и во моралниот конзервативизам, и овде одлучувачки фактор е илузорниот авторитет, како на пример господ, духот на предците, националниот интерес и слично.
Тие карактеристики и не би ги нарекувал нужно опасни, да не се придружени со моментот на себе-глорифицирање, односно поставување на сопствената матрица над било која друга идеја во општеството. Тоа е така зашто конзервативците нужно го третираат човековото битие како лошо, кое треба да биде воспитано и превоспитано, а притоа себе си се амнестираат од било каква можна грешка во проценките.
Поставувајќи се себе си во улога на доброто, а сите останати во улога на лошото, конзервативците во исто време ја започнуваат својата цивилизациска мисија на ширење на сопствените вредности и идеали. Кога конзервативците доаѓаат на власт, тие нивната политика ја оплеменуваат со еден просветителски шмек кој најмалку од се' резултира со конзервирање. Напротив, општеството генерално е шаренолико, спонтано и хаотично, додека целта на конзервативците е формирање на едно хомогено, досадно општество врз база на нивната матрица, каде што општествените текови би се одвивале како по алгоритам. Целта на конзервативците е да ја убијат таа спонтаност во општеството – им пречат сексуалната слобода, различностите, битката на вредностите, предизвикувањето на нивната парадигма. Хана Арент тоа ништење на спонтаноста го обележува како пат кон тоталитаризам.
Дека релацијата помеѓу конзервативизмот и тоталитаризмот не е само нафрлена претпоставка, може да се согледа според фокусот на политичкото управување на конзервативците. Тие забрануваат продажба на алкохол, регулираат абортус, регулираат користење на дрога, употреба на кирилично или латинично писмо, пропагираат семејни политики – главно, се занимаваат со проблеми кои припаѓаат на индивидуите, т.е. се сместени во приватната сфера. Со самото нивно политизирање, тие стануваат дел од јавната сфера и веќе не се предмет на индивидуалност и приватност. Напротив, алкохолот, дрогата, абортусот, писмото и слично, стануваат политички поими и политички акти. Индивидуалниот став веќе не е пресуден, а со тоа индивидуалецот станува непотребен (понекогаш дури и штетен), што повторно нè води до Арент и премисата дека целта на тоталитаризмот е да го лиши човекот од човечкото значење. Ако човек не може на раат да пие, да се дрогира, да има секс или да си го планира семејстовото, тогаш неговата индивидуалност е длабоко загрозена.
Затоа, политичкиот конзервативизам е закана. Малата елита конзервативци кога би можела сите поединци во општеството би ги направила клонови на нивниот прототип на богоугоден, работлив и скромен, непорочен и понизен објект кому тие катадневно ќе му ги повторуваат ограничувањата на неговата слобода.
Соодветен одговор на ваквата реторика даваат слободарските идеи. Слободарството тргнува од премисата дека сите луѓе се генерално добри, но треба да им се даде шанса. Општественото функционирање во слободарскиот контекст не се врамува во дадена матрица, туку напротив, се ослободува од матриците. Тргнувајќи од предлогот дека слободата на поединецот завршува онаму каде што започнува слободата на другиот, слободарските идеи промовираат еден свет во кој има подеднакво место и за конзервативците. Токму тука е главната разлика. Додека конзервативецот не може да поднесе присуство на некој различен од него, слободарот пружа еднаква шанса секому. Додека конзервативецот ровари по туѓата приватност во обид да ја ограничи, слободарот ги стимулира индивидуалните простори како основни простори на општеството. Додека кознервативецот се труди да ги промени сограѓаните за да му се вклопат во матрицата, слободарот ја менува матрицата за да можат различностите да комуницираат едни со други.
Илустрации: Артур Е. Гирон
Исто така дебелиот човек,
Испратено на 16 август 2009 од АнонименИсто така дебелиот човек, затоа што ќе биде разнесен, ќе неможе веќе да јаде толку, да троши прекумерно, и ќе спаси неколку животи АКА гладни деца =)
Неможам да ја извадам од глава сликата на Монти пајтон кај што типот се прејадува, и на крај се разнесува низ цел ресторан додека овие послушно го служат.
„Низ призма на
Испратено на 16 август 2009 од Петар„Низ призма на политичката теорија, политичкиот конзервативизам може да се третира како закана за општествената стабилност“ - а слободарството не може да се третирара на истиот начин? Ако не може, тогаш што ќе ни е таквото слободарствто кое не е закана за општествената стабилост?
„Слободарството тргнува од премисата дека сите луѓе се генерално добри“ - зарем не е ова твдрдење дека и слободарството е морален априоризам?
Нејзиниот централен
Испратено на 27 октомври 2010 од danleyvillaНејзиниот централен карактеристики вклучуваат акцент на разновидност и различност на вредности и практики на една заедница со debt solutions и приговор на било кој безличен или универзални гледна точка, кои места морални пресуди над локалниот контекст.
Верувам дека моралните тврди
Испратено на 27 октомври 2010 од rodhildredВерувам дека моралните тврди само може да се процени од рамките на историска традиција, во која тие се вградени за да научат да how to make money online и се спротивставува на универзална примена на прописи. Таа негира дека дихотомијата на разумот и емоциите и ја истакнува формирање на доблест.
Морални конзервативизмот е
Испратено на 27 октомври 2010 од jameskeatonМорални конзервативизмот е поврзан со доблест етиката, моралот particularism, и communitarianism според rocket spanish review. Сепак, и покрај тоа што се обидува да се дистанцира од етички релативизам и се залага за практиката на критичко размислување, таа се уште се соочува со големи тешкотии на објаснувајќи како е можно да се критикува ако една култура на етичко животот на заедницата е примарно.
Таа нагласува интегритетот
Испратено на 27 октомври 2010 од hermanclarkТаа нагласува интегритетот на заедниците кој знае how to fight и нивните обичаи, едно плуралистичко почитување на различноста на човечките групи, сиромаштијата на утопизам и марксизмот и неизбежноста на морални и политички судир.
Проблемите се третираат во
Испратено на 27 октомври 2010 од macchizmarПроблемите се третираат во проширена форма на морална конзервативизмот кој го дефинира бројот на преписки со internet marketing strategies и прогресивни сфаќања на човештвото.
Некои конзервативците се
Испратено на 27 октомври 2010 од tommymorganНекои конзервативците се обидуваат да научат how to punch и да се зачува работите какви што се, нагласувајќи стабилност и континуитет, додека други се противат на модернизмот и да побараат враќање на "начинот на кој работите се".
Конзервативизам не е толку
Испратено на 27 октомври 2010 од AltonbellКонзервативизам не е толку многу филозофија како став, постојана сила, вршење на безвременски puppy potty training функција во развојот на едно слободно општество, и одговара на една длабока и трајна обврска на самата човечка природа.