Идеологија

24.11.2010 12:47
Идеологија

Не е важно кој си, од каде си,колку пари имаш во џебот, колку деца те чекаат дома. Не е важно колку си стигнал да прочиташ помеѓу две смени на работа, не е важно дали има комшијата повеќе од тебе. А што е важно тогаш?

Важно е само, пријателе, што сакаш. А уште поважно е што ти треба. Мислиш дека ти треба очајно да победи твојата партија на изборите, дека ти треба да победи Лацио вечерва, дека мора твоите деца да се најдобри на училиште, дека важно е да остане таа илјадарка на место и да не отиде нешто за нешто друго дека вечерва треба да се частат другарите во кафана? Дали било што од тоа вистински ти треба? Не, ќе речеш, тоа е животот, сите тие ситни работи го прават. Сите прават така!

Моралните поуки за тоа како е правилно да се живее еден живот ќе ги оставиме на страна. Морав да почнам така за да ја подвлечам мојата поента, поентата дека не чекориме будни низ ходниците на животот, дека ја продаваме нашата душа за евтин заборав.
Можеби требаше да почнам со прашањето: Што ти смета? Хммм...овој на овие другиве краде пари треба да го смениме, платата е мала, нема ни за јадење, не останува време за одмор, коскиве веќе почнуваат да ме болат... не знам, не можам да претпоставам сè точно што се мота низ просечната македонска глава. Ако би го поставила понатаму прашањето за тоа што превземаш за тоа, сигурно ќе добијам долга листа на пцости и еден куп ограничувања кои се надвор од твоите можности, луѓе и имиња кои имаат директна врска со тебе и кои се навидум главниот фактор за твојата стагнација. Не ме интересира таа листа. Носи си ја на градите како оправдување пред самиот себе во моментот кога работите ќе притиснат премногу, кога ќе нема каде да се бега од вистината.

Македонија

Македонија... не е којзнае колку различна од која било друга држава во светот. Во неа живеат луѓе, растат деца, се образуваат, наоѓаат работа и се жалат на реума. Така е секаде. Во нашава држава, бидејќи не знаеме за подобро, се делиме на сиромашни и богати. „Види го оној колкава куќа изградил на Водно, каква викендица си купил, види има млада жена, вози џип...”, или пак „Ставре за греота немаат пари за огрев оваа година му измрзнаа децата, жена му после работа чисти по куќи...“ .За жал, морам да напоменам дека мојава приказна нема да биде еднострана, но ќе има мал недостаток што не ја знам приказната, не знам како си зборуваат меѓу себе „оние другите“, да си кажеме народски, богатите. Веројатно и тие затоа што не знаат подобро, го зборуваат истото само со повисоки критериуми.

Политика

Сите во оваа држава имаат големи очекувања само од политиката. Како да сме пронашле некој нов вид на спасители, а тоа се лицата од билбордите (неверојатно скапи) кои го рекламираат своето лице, кои се нудат себеси, за парче моќ, за власт. За името да им биде запишано некаде. Повеќето од нив (со чесни исклучоци) се луѓе без визија, без доволно образование за да им се даде кормилото на бродот кој вози човечки животи, едноставно затоа што не би можеле да разберат која страна е лева а која десна. А зошто тогаш упорно гледаме на другата страна и им се поклонуваме пред билбордите како пред икони? За вашата партија да ви донесе унапредување, за да можете да извлечете малку повеќе пари и да донесете месо за ручек во недела попладне? Да, ќе речете. И имате право. Морате, затоа што тоа е така веќе со години, секое умствено издигање е задушено во политички вирчиња, секој вистински труд е залудно фрлен на ѓубриштето на вредни работници кои немаат книшка. Зашто да се вброиш во таа група?

Точно, никој не го сака тоа. Инстинктот, оној вродениот ве тера напред, ве тера да се борите за себе. И кога ќе победи твојата партија, ќе го добиеш тоа долгоочекувано (се надевам заслужено) унапредување, ќе изгубиш неколку пријатели кои ќе бидат отпуштени затоа што се од другата страна и ќе продолжиш понатака, затворен во себе, во својата кутија каде има простор само за тебе и твоите желби, која твојата партија ја држи цврсто затворена затоа што си потпишал доживотен договор дека си во нивно сопствеништво. Тесно е а? Тесно е, ама двете деца се на факултет, ако не можам јас ништо подобро нека видат тие живот, за нив живеам, морам да им дадам шанса...А покрај таа реченица им истураш безброј бесмислености за животот, секој ден во нивната чинија да ги јадат за доручек, ручек, вечера, терајќи ги да се покорат пред силата, да се обврзат и тие, да го стават истиот ланец на врат, затоа што нема друго. Нема друго...

Вака напишано, ова изгледа како да е неможно, како да е содржина на некоја мрачна клише приказна за тоа како угнетениот се чувствува. Страшно е тоа колку не се познаваме самите себе.

Надворешни спасители

Жал ми е што имаме погрешна слика дека некаде таму, е подобро, дека некаде таму постои некоја земја каде течат мед и млеко, каде што се куќите од мармалад.

Веројатно тоа да го бараме рајот на друго место, а да не пробуваме да го створиме од својата околина е некоја состојба која ни ја олеснува работата, го олеснува притисокот. Чекаме, ние нели, како мала земја, сиромашна, некој да дојде од тие ветени земји, да нè погали со раката која сè што ќе допре претвора во злато. Чекаме да дојдат представници од земјите кои ги гледаме на телевизија и каде наутро целото семејство доручкува заедно, каде мајката има време и нерви секое сабајле да им прави палачинки на децата.

Чекаме да дојдат представници од земјите кои го измислија маркетингот и глумата, кои се продукт на насилство и кои се составени од отпадокот на стариот свет, кои никогаш не осетиле чекори на римски центруони на своја почва. Чекаме, со раширени раце, пиејќи го со очи секој збор што ќе излезе од таа голема уста, која додека нè парализира се гости со нашата слабост. Чекаме нивна „инвестиција“ чекаме да ни ги купат болниците, водоводот, да ни го купат образованието само да направат да ни е убаво како на рекламите. Чекаме ние... и некако неприметливо, платата е премала за да се платат сметките. Нормално! Па, тоа е затоа што тие све работи не ги контролира иста администрација! Сметките ги кројат од надвор, а платата ја даваат од внатре!

Младината само навидум поддржана

Децата не се иднината, иднината не постои. Така или нешто слично вели еден голем писател. Точно е, иднината не постои, затоа ни е толку сеедно што ќе се случува таму, затоа најчесто донесуваме одлуки за кои подоцна ни е криво. Важно ни е само да ни е топло, да не сме гладни, да не сме жедни, сега, во овој момент.

Вистина е дека никој не е иднина, и секој ја има во иста количина, никој ја нема помалку или повеќе. Но исто така, вистина е и дека секоја генерација, сакала или нејќела целосно живее потчинета на времето во кое е сместена, целосно формирана од секојдневните вести на телевизија, од моменталните раскопини на патот, од тоа које претседател на Америка во моментов. По природен пат, како што се движи тоа недофатливо време, доаѓа моментот кога новата генерација на идеи треба да се пробие, кога треба да се отстапи место за нови уредувања, кога треба да се послуша, колку и да му изггледа тоа тешко на еден директор кој седи во својата кожна фотелја и кој поминал 20 години во борба со се околу него. Староста е блажена, тоа е време на мир. Време кога ниедна битка веќе не е важна, кога сите се извојувани и кога може да уживаме што сме победиле. Тогаш, зошто во Македонија никој не ги остава младите, уште не унакажани од беспомошност луѓе да направат нешто, да придонесат? Не зборувам за мојата младост, зборувам за сечија, за многу загубени младости пред мене. Зборувам за очајното држење за некои вредности кои повеќе не постојат. Скапото образование, неквалитетните програми на факултетите, нивната отсеченост од светот... Тоа е најголемиот криминал во Македонија. Најголемата терористичка акција на секоја нова генерација младинци желни за подобро, желни да научат. Штета, ако се сетиме само на цивилизациите од антиката, кои биле целосно изградени на темелите на образованието, како главна дејност.

Едиствените почитувани биле филозофите и математичарите, оние кои трагале по вистината, поетите и уметниците кои им ги отварале очите на помалку надарените, споделувајќи го со нив поинаквиот, поубавиот поглед на светот. Во нашава мала држава, мајка на многу таленти, пари се одобруваат од државната каса само за заплашување, некои бесполезни маркетиншки кампањи, за писатели од 100 години кои иновативноста ја загубиле заедно со потентноста, за приватизирање паркинзи и ручеци со грчки и американски представници.

Лута сум, и лута сум затоа што нашава држава ја има вистинската големина да ужива, доволно мала, доволно паметна.

Слики: Сара Харви

Bravo Tamara!:)

Bravo Tamara!:)

bravo prijatele :)

bravo prijatele :)

Ochigledno e deka imash

Ochigledno e deka imash premnogu slobodno vreme za da pishuvash vakvi depresivni tekstovi i si nezadovlna od sebe"Не е важно кој си, од каде си,колку пари имаш во џебот, колку деца те чекаат дома. Не е важно колку си стигнал да прочиташ помеѓу две смени на работа, не е важно дали има комшијата повеќе од тебе". Toj shto nema dovolno za svoite deca da im dade, nema vreme da se zamara so filozofija na zhivotot , a toj shto ima premnogu isto taka nema vreme da se zamara bidejki ima premnogu obvrski. Sredinata e onaa koja shto zhivee i taa nema vreme za vakvi destruktivni muabeti. Prashanjeto e kade si ti ?

Devojko,bravo! I ne se

Devojko,bravo! I ne se slozuvam so postot pogore ova voopsto ne se destruktivni muabeti!Ova e samo slika na naseto opstestvo denes.I da vistinata boli....

ОкоБоли главаВицФото