Кој ја злоупотреби полицијата за упад во А1?

26.11.2010 13:06
blokada.jpg

Вечерва бев во ГЕМ, имавме дебата со Фуере. Таму дознав дека има полициска опсада на А1. После дебатата, заедно со неколку познати отидовме да видиме што навистина се случува. На свои очи најубаво верувам.

Еве што видов.

- Десетици полициски возила околу А1

- Кордон од полицајци на влезот

- Десетици новинари на А1 пред влезот кои бараат да влезат покажувајќи легитимации

- Полицајците не им дозволуваат да влезат

- Еден од новинарите ме препознава и ме кани да бидам гостин на отворената програма

- Прифаќам, и заедно со него се обидуваме да влеземе

- Им соопштувам на полицајците дека сум поканет како гостин и сакам да влезам во телевизијата

- Полицајците ме спречуваат

- Во моментот кога полицајците се вмешуваат во моето право да гостувам на ТВ, барам од нив да ми образложат зошто не ме пуштаат

- Никој ништо не кажува

- Тогаш се повикувам на етичкиот кодекс на полицијата и барам да ми кажат која е основата на нивната полициска интервенција, зошто ме спречуваат да гостувам на А1

- Никој ништо не одговара

- Барам од полицајците да кажат дали имаат сомнение дека е ивршено некакво кривично дело (никој ништо не кажува)

- Барам да кажат дали имаат судска наредба за блокадата на А1 и да покажат судската наредба, но никој од нив ништо не кажува

- Барам од полицајците да се легитимираат (имам законско право да побарам такви нешто, кога полицајците вршат полициска интервенција во која сум засегнат)

- Полицајците не се легитимираат

- Залудни се сите повикувања на уставот, законите и човековите права

- Го препознавам покрај мене Коле Чашуле, главниот уредник на „Време“, кој е исто така спречен да влезе во својата редакција, како и неколку други новинари

- По 10-15 минути убедување и натегање една новинарка со микрофон и камера доаѓа од внатрешноста на телевизијата и почнува да ме влече за рака, викајќи дека сум поканет како гостин во отворената емисија

- Дури тогаш ме пропуштаат, откако некој издаде наредба да ме пропуштат

Ете така влегов. Во телевизијата имаше политичари од речиси сите опозициони партии, новинари од разни редакции, пратеници, активисти од повеќе здруженија. Сите беа дојдени да изразат солидарност затоа што беа загрозени основните човекови права. Сите прво ги малтретираа на влезот, а дури после многу натегања само некои ги пропуштаа.

Кој го направи „театарот“? Тој што издал наредба со полициски кордон да се блокираат новинарите и нивните гости.

Тој што издал наредба специјални полициски сили да постават блокада кај железничкиот премин во Маџари.

Вакви прекршувања на човекови права се карактеристични за диктаторски режими.

Жаре, облечете си ги

Жаре, облечете си ги пиџамите...револуцијата заврши братко!

Kakvo pokazuvanje na

Kakvo pokazuvanje na solidarnost bese toa vcera, voopsto nemozam da svatam. Koga od 10tina vraboteni na smena se sobraa site mozni novinari i rabotnici vo A1 za sto? Za da i poprecuvaat na UJP vo nivnata rabota? A vie novinarite ste cveke za mirisanje. Kopumpirani, ispolitizirani i neobjektivni. Vie se bunite li? Za vas e samo Pinoche! A na Velija treba da mu se stavi kraj dosta beshe perenje pari. Ja zalam i policijata vo MKD shto ne funkcionira kako vo Rusija. Da beshe takva se prasuvav dali ke skokavte kako kokoshki so kaseti koi ne se potrebni i na koi nema nishti. SRAMOTA!

 Е па, добро е некој ги дели

 Е па, добро е некој ги дели со мене истите ставови, бидејки се измешаа некако слободата на говор и слободата на перверзно криминално делување. Народов е неверојатно склон на манипулации и тоа видени 1000000000000000 пати а новинарите и господата интелектуалци не знам бе за кого веќе рмбаат и се понижуваат вака, ми ја вреѓаат интелигенцијата коа сакаат да ме убедат као мало дете за некои работи

И самиот бев со Жарко. Ги

И самиот бев со Жарко. Ги потврдувам неговите констатации. За хаосот што го приреди полицијата ни јавија додека имавме дебата со Фуере, во ГЕМ клубот.

Да прашам: каква е таа револуција на СДСМ, без ГЕМ да знае?! Без да се упатени во неа „главните пропагандисти“ на СДСМ, јас, Жарко, Биљана Секуловска итн.?! Факт е дека новинарите на А1 биле затечени од идиотската постапка на полицијата, која ја блокирала зградата околу 18 часот. Значи, НЕ Е РЕВОЛУЦИЈА ТУКУ Е АЗДИСАНОСТ НА ВЛАСТА! Изгубеност! Терор кој цело време се клацка меѓу шарлатанство и реално насилство...

И глеате, преродбеници, токму зашто вака безочно ги лажете и навредувате луѓето (дека новинарите подготвуваат револуции, дека ГЕМ се предавници, платеници, шиткачи на името итн.) - сето тоа ќе ви се врати! Борбата за помирна и потолерантна Македонија е борба за вашето нешиканирање утре! (но вие тоа не го сфаќате, оти а) или сте сеуште сосема заслепени или корумпирани од груевизмот, или б) чувствувате дека отидовте предалеку во уништувањето на земјата за да има некаква амнестија).

Важно е што пастирот од првата секунда на владеењето константно и дисциплинирано работи на длабока поделба на македонскиот народ... Тоа вчера беше уште еден прилог кон неумитниот невесел расплет...

Ве молам доста ни продавате

Ве молам доста ни продавате демократија. "Сакам" Бранко да се врати на власт и да ни процвета државата. Со него на чело Шведска ќе ни завидува на начинот на кој ја применуваме демократијата. ГЕМ зошто мислите дека сте најинтелигентни и најкометентни во Македонија кога ќе се спомне зборот ДЕМОКРАТИЈА. Ко некои муви се лепите на возот кој го вози вашиот идеолог Б.Ц. Ефтини и проѕирни сте. 

Се согласувам со Коља дека од

Се согласувам со Коља дека од првата секунда на власт Груевски работи на разбивање на македонскиот народ. Од првиот момент неговата клучна политичка енергија се - поделбите. И не се смирува. Четири години освојуваше се’, од ден на ден, дел по дел. Поделикатните работи (Уставниот суд, на пример) ги оставаше настрана, но јасно даваше на знаење дека тоа е привремено, дека се’ ќе дојде под мрачниот  плашт на груевизмот, кога-тогаш.
 

Полицискиот упад во А1 ТВ е

Полицискиот упад во А1 ТВ е сосема очекуван оти е на истата лудачки доследна политика на груевизмот: подели па владеј. Изолирај и прогласи за непријател се’ што не мисли како тебе. Ако купот наспроти е голем - тоа не е обесхрабрување за груевизмот. Тоа само значи дека предавниците се намножиле и дека дотолку е поголема потребата да се интервенира. Груевизмот се обидува да биде превентивен и санитарен и зашто игра на картата на стравот и на сеирот на народот. Се’ ќе оди добро за груевизмот (бескрајното произведување непријатели) додека мнозинството чмае, се плаши, гледа сеир.
 

 Интересна беше сапуницата

 Интересна беше сапуницата сношти, во режија на Маестро Велија по сценарио на СДСМ а перфектно лошо одглумено од  соросо-гниди, боранија новинарчиња и „интелектуалци“.
Велам лошо затоа што не излезе исходот кој беше предвиден во сценариото, државен удар,промена на властта,употреба на прекумерна сила од полицијата секако фатена на камери...итн...но, да не ви ја расипувам серијата, следуваат и други епизоди...само слабо со гледаноста, станува досадна и видена, народот го менува каналот...бла бла „сејм стори овер & овер“ .
Сижето , главниот јунак има 10-20 фирми кои ги крие во истата зграда со национален медиум,параван за перење пари, избегнува данок, 3-4 премиери се менуваат, успева да ги купи и потсети случајно да не писнат дека има медиуми редум и ќе ги растрга на парчиња седум
...ама доаѓа денот и инспекцијата тропа на неговата врата (онаа истата од каде се влегува во тие 10-20 фирми)...
Следува кулминацијата, новинарчињата почнуваа да плачат дека некој ги блокира да одат во вц и си ги испразнат цревата ( а во вц-то се влегува преку собата каде што се финансиските документи, нели оние кои ги прегледува инспекцијата) па се ствара гужва сите сакаат во вц и решаваат да ги празнат во етер, пред народ, во друштво на плејада докажани „фекални манипулатори и повремени конзуматори“

Времето на револуции по

Времето на револуции по рецептот на сорос помина.
Последната  беше во Грузија а пред тоа во Украина.
 
После тие славни револуции народите на тие држави живееа уште полошо.
 
Тоа и на нас ни го посакувате .
 
Благодарам не

Според мене, Велија Рамковски

Според мене, Велија Рамковски е сомнителен бизнисмен за кој се врзани поприлично афери, но тоа никако не може да оправда ваква полициска акција. Па дали може некој да ми објасни како е можно ниту еден полицаец (а видовме 20-30 во крупен план) да не покаже макар едно пусулче со одобрување за асистенција на финанската контола или ливче со судски налог, па зарем сите тие полицајци не можеа макар со еден збор да им одговорат, на 100-тиците прашања од вработените луѓе на Перо Наков бб, зошто се таму!
Да беше така уште на првите снимки на А1 телевизија во 19:00 часот, немаше да се случи она што се случи.

 Како му беше дозволено на Ж.

 Како му беше дозволено на Ж. Трајановски да влезе во студиото нели беше блокиран влезот ????? зашто немаше модриники на неговото лице од наводното недолично однесуванње на полицијата, коклу повредени се пријавени во г. болница,  ... хмммм ...

Вчера имало Револуција? Шо не

Вчера имало Револуција? Шо не ме информиравте за вакви работи?
Tи бе Окно ако не читаш нема да знаеш дека се сменила власта. 

Чекајте, бе, анонимуси,

Чекајте, бе, анонимуси, застанете бар за секунда! Размислете! Кој ви ги лиферува информациите?! Бичиклиски и Латас?! Кој ви кажува кој во земјава е криминалец и предавник?! И зошто без да мислите безрезервно застанувате зад мислењето на фамилијата?! (која има јасен интерес да ги затскрива своите криминали и корупции, кои се речиси неограничени, со оглед на природата на практикувањето власт во РМ).

Океј, еве ќе се согласам (реторички) дека Велија е „криминалец“. А Ѕинго, Латас, Стојменов, Бојо Андревски не се криминалци?! А дури и да е Велија криминалец - така ли постапува цивилизирана полиција?!

Ве молам, затоа, преродбеници, сопрете само за секунда! Размислете! Кој има полза од ваквото жестоко (и во перспектива крваво) делење меѓу Македонците?! Ако денес е криминалец Велија, утре истото ќе им се случува и на вашите налогодавци... Тоа воопшто не ја унапредува демократијата кај нас... Тоа ќе не’ задржи во средниот век што ни го воведе груевизмот...

`Ако двајца мислат исто,

`Ако двајца мислат исто, едниот од нив мора да не мисли.`
Никола Гелевски
Декември 2010 

 http://mim.org.mk/index.php?

 Треба Латас да ми каже кој е

 Треба Латас да ми каже кој е Велија? Каква глупост. Всушност, каде е Велија???? Чукнете си ги главите, мора ли некој се да ви кажува?

 Значи, 1. Во квалитетите на

 Значи, 1. Во квалитетите на Велија како пиљар не се сомневаме, има 500000 дуканчиња као што би рекол тој самиот
2. Бичиклиски и Латас не можат да ни набијат во мозок дека Велија е криминалец, но дозволете институциите да испитаат и да се докаже спротивното, кога веќе сте му адвокат
3.Управата за јавни приходи не врши УПАД, ако е така, по вашите аршини, сите правни лица во државава после ова, можат да го спречат УПАДОТ на УЈП и да се надеваат дека ке дојде камера од А1 и цела опозиција и ојле дојле да ги подржат во нивното право да си работат што сакаат и како сакаат, тоа според вас би било слобода на делување и работење
4. Тоа што на камери се виде е следново- групи разјарени новинари и кој знае веќе кои пратеници, омладини на партии шо демек знаат шо се дешава, кои вршат УПАД во објект под полициски надзор поради уредна постапка спроведена од инспектори на УЈП. Кога на полицаец му се пикаш под мишка и пробуваш да го собориш, во времето на било која власт и во било која ситуација, најмалце шо би добил е престој во станица, ама тоа нели важи за обичните граѓани што не смеат ни да писнат нигде, ама кога тоа на новинари им се случува, тоа е директен напад на демократија. Некогаш ако дојдам во конфликт со полицаец, да знам да се повикам на настанов и секако да ја поканам А1 да им објасни дека моето право е слободно да се движам и да зборам што сакам кај сакам, иако во мн ситуации таа слобода е ограничена. Ама јас сум нели обичен граѓанин, магистер по титула и праведник по вокација.
5. Ме разочара мојата држава, моите сограѓани, мојата власт и мојата опозиција. Ме разочараа новинарите, кои ако вакви ситуации не разбираат, тогаш не знам како да верувам понатака на вестите што ми ги пласираат. Можеби пак нешо не разбрале, или некој им шепнал да кажат нешто криво. Власта и опозицијата се ионака шит, ни 40 години да се влечат по пустини нема да сфатат како се игра држава. Научија само како се манипулира сиромашен исплашен народ, аналогно на тоа народ кој со било какви средства се труди да си заработи парче леб. Сограѓани среќно, мислете со своја глава, затоа што и да ве вработиле господата хот шот политишнс и ве држат во рака, слободата на мислата е неограничена. Слободата на говор е само реален продолжеток на предходната

Медиумите се врвен приоритет

Медиумите се врвен приоритет за преродбата оти пропагандата е суштина на целото тоталитарно преродбеничко движење. (Го нарекувам тоталитарно не само заради етикетата и историските асоцијации  - иако работите мораат прецизно да се именуваат и да сместат во своите контексти - туку заради стремежот на преродбата се’ да контролира и општеството да го опфати токму „во тотал“.) Да не зборуваме за историски срамната улога на Сител и на Канал 5. Погледнете го „јавниот сервис“. МРТВ преку ноќ стана најбезочна и најбрутална пропагандна машинерија, нешто што не била не само изминативе 20 години, туку никогаш; дури ни во оловните времиња на комунизмот МРТВ не била до тој степен сведена на политички сервис и на ништо друго.
 

 Полиција постапува ко со Аце

 Полиција постапува ко со Аце Русевски уредно му испраќа на домашна адреса покана да се пријави во најблиската полициска станица и да го донесе оружјето со кое го извршил убиството со себе. A не ова...

Па не знаете за револуцијата

Па не знаете за револуцијата бе Коља, затоа што вие сте инструментот. Како можете да знаете, вие не сте режисерите, вие сте протагонистите! А не успеа, оти немаат сила, губат здив братко..во очај се. А дека и овие се шарлатани-тоа е факт! Јас само викам дека и вас методите ви се погрешни ќор-фишеци, и дека не сте искрени во вашата „борба за помирна и потолерантна Македонија.“ Искрената борба е љубов! Се навлековте на методите на Б.Ц., што во суштина се исти с оние на Грујо, а во моментов тој е мајстор на занаетот! Затоа ќе се мачите уште долго. Обидете се искрено, за промена, со љубов...кротко, со идеја...До тогаш полнете се гнев...шо да ти кажам Коља!

Еволуција на духот, пред

Еволуција на духот, пред револуција на улица! Меѓудругото, заради тоа и преродбата ја чувствуваме како силување. Меѓудругото и заради тоа тебе Коља ти велам - сменете ја методологијата братко. Уморни сме веќе и од нив и од вас. За нив знаеме дека се аматери, шарлатани и политиканти, вас ве доживуваме како олицетворение на Б.Ц. критизери и пиончиња и ништо повеќе. Со еден збор - има ли некој мадиња во државава бе Коља! Има ли мисла!

Добро, еве, ако ние како ГЕМ,

Добро, еве, ако ние како ГЕМ, без да сме свесни, сме злоупотребени во некакви поголеми конспирации против груевизмот (еве и вчера, значи, сме паднале на мрачна финта), заем тогаш и полициското блокирање на зградата на А1 исто така не е дел од конспирацијата?! Ќе испадне дека и Јанкуловска и Мијалков се дел (и они веројатно несвесен) од мрачните сили на антигруевизмот?!

Ама јас не сакам да ве видам

Ама јас не сакам да ве видам како полтрони на Б.Ц. разбирате! Водете си своја војна! Будете ја граѓансакта свест, не го враќајте Б.Ц. на власт! Во суштина тоа ми е муабетот! А дека вчера се загуби Грујо, тоа е факт, нема потреба тоа да ми го објаснувате! Малиот е во облаци! Но Вие му помагате, тоа го велам! Како не разбирате!

Не понудат поасална

Не понудат поасална алтернатива од само некоја некритична критика. Само се полтрони на Бранко Црвенковски. Типот има само можност да невкусно да навредува и претерано да критикува а ништо друго да понуди исто како Кољо.

Груевизам...Диктатура...Фашиз

Груевизам...Диктатура...Фашизам...Пастирот...Бла бла бла бла.

Ништо чудно за некоја година

Ништо чудно за некоја година дури и Јанкуловска и Мијалков да станат предавници! (ко што Љубе и Љубчо денес се предавници) Тоа е динамиката на тоталитарните машини... Впрочем, сето тоа ни е толку добро познато од сталинизмот... Само пастирот е безгрешен, другото више-мање, пуштај низ вода...
Баш Жижек збори за „милосрдието“ на пастирот... Кога помладите членови на Сталиновиот ЦК, страсно докажувајќи го својот револуционерен жар, барале итна смртна казна за Бухарин, Сталин секогаш интервенирал и говорел: „Трпение! Неговата вина се’ уште не е докажана!“ Се разбира дека тоа е чисто лицемерие. Сталин е оној што го создал деструктивниот пламен во кој настрадаа толку многу негови соработници. Но, без оглед на тоа, хагиографиите по правило инсистираат на милосрдната слика на водачот и по правило те прават слеп при здрави очи (т.е. единственото нешто што не го земаат предвид се – очите).

 Седи имаш Петка од

 Седи имаш Петка од Марксизам. 

Токму тоа иритира-обидот на

Токму тоа иритира-обидот на ГАМ, МЕМ, СОРОС, МОРОС и кој уште не...да го „демистифицираат“ Грујо, као демек он не е тоа што е, он е волк во овчја кожа, он е диктатор, фирер, па одма тука паралела со Сталин, Хитлер...дрн-дрн..Една клучна разлика има која иритира..Имено Сталинизмот е резултат на револуција (изведена од неговиот претходник), со насилно земање на власта од демократските сили (знаете дека во меѓувремето од абдицирањето на царот Николај, до доаѓањето на комунистите има легална, ЛИБЕРАЛНА влада); Власта Грујо ја доби на легитимни, демократски избори во плурален, демократски систем, така што....Ако пак тој се етикетира како тоталитарист врз основа на методите на владеење, тогаш пак сте грешка. имено, да се каже „ова е тоталитарен режим“ и да се остане жив е елементарна противречност (во логиката тоа се вика contradictio in adjecto- противречност на самиот себе). Во тоталитарен режим НЕМАШ ПРИЛИКА да кажеш дека е тоталитарен...или барем имаш прилика...само еднаш!
Е токму тоа иритира кај ГЕМ-овистите-демек го „демистифицираме“ Грујо како тоталитарец, а всушност и на народот му е јасно дека тоа е само нова „мистификација“! Затоа што тие го изгласаа на избори јеботе!

Debatata grupna li beshe?

Debatata grupna li beshe?

Zzare, Koljo, Fuere.. i koj

Zzare, Koljo, Fuere.. i koj drug beshe vo Gej(m) klubot?

 Море да можев, со јајца и

 Море да можев, со јајца и патлиџани ќе мавав на А1! Во најдемократски дух, исто ко стечајците што маваа јајца на лавовите, е исто така! И откако Жаре и Коља и целокупната дружина таму ќе добиеја по некое јајце на коса или патлиџан по рамо, ќе мораа милно да се насмевнат оти конечно - посведочиле демократија на дело!
 
Идниот пат, жими све, ќе добиете јајца у фаца, мили ГЕМаши и Опозиционери! Ah, I smell democracy already! :D

Воопшто не ми се свиѓаше

Воопшто не ми се свиѓаше власта на СДСМ и ДУИ 2002/06. Дури мислам дека тогаш (по 2001) речиси се зацементираа ужасните коруптивни механизми по сите министерства - своевидната поделба на пленот (која под груевизмот ескалира до невидени размери). Но, кога човек ќе стави прст на чело, брзо ќе сфати: дури и под таквото лошо СДСМ-ДУИ водство, денес МК ќе бепе во НАТО и на чекор од ЕУ! (И притоа работата нема врска со името! Ќе одевме како ФИРОМ, како и во периодот 95-2005) Тоа застрашувачко историско назадување тешко било кој може да им го прости на преродбениците... Башка другите нивни лудила и хронично авторитарните тенденции...
И право да ви кажам, денес воопшто не мислам (и покрај многубројните слабости на СДСМ) дека ни во најлудиот кошмар таа партија наликува на ДПМНЕ. Фаталноста и безизлезноста на „митскиот“ судир ВМРО-СДСМ повеќе е продукт на пословично мрзливата и поданичка култура (сеирот и стравот) на Македонецот, отколку реална слика на нештата. Најмалку напор, во секоја смисла, бара лесната дијагноза: абе све ти е тоа исто ВМРО-СДСМ...
Дури и да е исто, кои се тие неизвалкани а способни сили кои можат да ја извадат МК од сегашново блато?! Сили кои имаат и јавна слика, а не кои само бамборат пред гранапи и фејсбук?! Лажните кукавички опортунисти (најмногу меѓу академскиот свет) кои као не се ни за ВМРО ни за СДСМ, а кои всушност се најсилниот цемент на фаталното ВМРО-СДСМ?! Тие се силата?! Или „младите“?! Кои бе мочани млади?! Слободен индекс исто (како ГЕМ, како Плоштад слобода) е прогласена за предавничка организација, а вкупно се десет души. Единствените кои се бунат. И вие, „неутралните“ сте као уморни од СДСМ-ВМРО, и као многу бесни и истоштени?!

Слушнав се и сешто фамили

Слушнав се и сешто фамили груевизам и сл...
Но во Англија да нападнете службенолице не ве амнестира ни кралицата мајка.
Вчера бевме сведоци на инсинуација дека полицијата ја спречува А1 во емитирањето програма , која види сензација оди во живоникој не им гаси струја, Патетични излитени политичарчиња кој битисуваа во сите системи зборат за демократија по нивна мерка.
Страшно главен уредник повикува на бунат а не прашувате кој но полни мозок,
Луге ние сме неутралните сведоци а тоа што го приредија вчера некој големи новинари се вика злоупотреба.
Некој праша ашто со овие оние Законот важи са сите а правдата посакувам да ги достатса  сите.

Чуму сега ова? Пломби на

Чуму сега ова?

Пломби на вратите на весниците Време и Коха е Ре http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=130791

Има и фотографија!

Токму тоа иритира-обидот на

Токму тоа иритира-обидот на ГАМ, МЕМ, СОРОС, МОРОС и кој уште не...да го „демистифицираат“ Грујо, као демек он не е тоа што е, он е волк во овчја кожа, он е диктатор, фирер, па одма тука паралела со Сталин, Хитлер...дрн-дрн..Една клучна разлика има која иритира..Имено Сталинизмот е резултат на револуција (изведена од неговиот претходник), со насилно земање на власта од демократските сили (знаете дека во меѓувремето од абдицирањето на царот Николај, до доаѓањето на комунистите има легална, ЛИБЕРАЛНА влада); Власта Грујо ја доби на легитимни, демократски избори во плурален, демократски систем, така што....Ако пак тој се етикетира како тоталитарист врз основа на методите на владеење, тогаш пак сте грешка. имено, да се каже „ова е тоталитарен режим“ и да се остане жив е елементарна противречност (во логиката тоа се вика contradictio in adjecto- противречност на самиот себе). Во тоталитарен режим НЕМАШ ПРИЛИКА да кажеш дека е тоталитарен...или барем имаш прилика...само еднаш!
Е токму тоа иритира кај ГЕМ-овистите-демек го „демистифицираме“ Грујо како тоталитарец, а всушност и на народот му е јасно дека тоа е само нова „мистификација“! Затоа што тие го изгласаа на избори јеботе!

И Хитлер беше избран на

И Хитлер беше избран на слободни избори, каков аргумент е тоа?! Па миљон диктатори или авторитарци се избрани демократски, оти на народот му скурчил курташакот, помислил во еден момент дека само цврстата рака може да ги одржи работите на куп... Нема врска тоа со револуционерниот легитимитет...
Башка, деца, тоталитаризмот (во смисла да се контролира се’, во тотал) не е фиксирана категорија. На пример, во земја кајшто целиот капитал е контролиран, слободен печат не може да постои. Демократија е, има институции итн., ама, на пример, капиталот или владата го контролираат целиот огласувачки пазар. Зарем тоа не е нова суптилна форма на тоталитаризам?! (не мора да има конц логори и убиства; некои современи тоталитаризми токму се поефикасни зашто не се отворено насилнички, туку работите главно се контролираат преку финансиите...)
Деца, морате да бидете пошироки за историските аналогии... Во современите општества треба да научите да препознавате феномни од историјата, кои не се пресликани, добога! Каква воопшто смисла има историјата ако тоа не го правиме...

Коља: Деца, морате да бидете

Коља: Деца, морате да бидете пошироки за историските аналогии... Во современите општества треба да научите да препознавате феномни од историјата, кои не се пресликани, добога! Каква воопшто смисла има историјата ако тоа не го правиме...

затворен цитат

Еве, јас на пример препознавам феномен на специјална војна против легално избрана власт, упад во финансискиот систем (неплаќање даноци/царини/разни малверзации), гебелсовска пропаганда, елитизам, месијанство...

Поздрав

 Види Гелевски, колку и да ме

 Види Гелевски, колку и да ме презираш или мразиш (по дифолт онака дека контра ни се ставовите ко шро милуваш ти), мене перцепцијата ми е дека СЕГА ви е моментот да одлепите од СДСМ и слично. Мислам дека многу се укашкаа. Дај бидете понезависни ако можете, дај дистанцирајте се и од едните и од другите, и застанете сами како интелектуала. Оградете се од циркузов вчера, излезете сами, и држете си се пак за европската агенда, најмал проблем е тоа. Али нов почеток е нов почеток! Нов почеток ни треба на сите, народот сака нови луѓе и нови ставови! Дај вадете се од СДСМ додека можете оти трајно ќе се укашкате. У крајна линија на никој не му е толку гајле кој ќе биде на власт, ама на секој му е гајле да чуе разумни ставови, културни ставови, што ќе направат квалитативна разлика од реторикиве до сега. Сега му е мајката да се консолидира интелектуалата! Само расчистете со опашкиве и боиве ве молам. Нема да ве молам ако не ми е битна сегашноста и иднината на земјава. И како сакате сфатете ме.
 
Поздрав!

тоа му го кажујем цело време!

тоа му го кажујем цело време!

 На што ќе застанат? Немаат

 На што ќе застанат? Немаат на што? Ти се шупли и празни. Ти се само лампиони на елка. Кољо нема став Гелевски има само Анти-став. 

Ур-фашизмот сеуште е покрај

Ур-фашизмот сеуште е покрај нас, понекогаш и во цивилка. Би ни било полесно кога на светската сцена би се појавил некој кој би рекол: „Сакам одново да го отвориме Аушвиц, сакам црнокошулашите одново да парадираат низ италијанските плоштади“. Но животот не е толку едноставен. Ур-фашизмот може да се врати под најневини маски. Наша должност е да го разобличуваме и да го вперуваме прстот во секое од неговите нови отелотворенија - секој ден, во секој дел од светот.
Умберто Еко

 Аман бе не го валкајте името

 Аман бе не го валкајте името на Умберто Еко...

 Јас на А1 вчера ја гледав

 Јас на А1 вчера ја гледав најдобрата драма од неанглиско подрачје заслужна за оскар. Ја видов и најдобрата актерка- новинарката која намерно се буткаше во полицаецот на кој рацете му беа позади, ја видов и случајно собраната опозиција заслужна за оскар за најдобра споредна улога. Не видов само новинари, се беше глумци.

Гелевски сакаме да видиме

Гелевски сакаме да видиме докази бе брат. Ако имало ќотек - сакаме да видиме модринки, крв. Сакаме да видиме снимка на која се ГЛЕДА ќотекот! Ако биле попречени да внесат снимки, тогаш како може тие снимки да се на неотпакувани ленти? Ако биле под толкава опсада, тогаш како може цела ТВ да си емитува во живо и да се менуваат гостите во неа (по 5 одеднаш) на секои 10 минути? И ако полицаецот тебе не мора да ти се легитимира ако е во униформа и ако е очигледно полицаец. Ако е во цивилно облечен - да, треба да ти се легитимира (мене ми се легитимирале така и без да ги замолам). И може си имале наредби полицајците да не даваат изјави додека не им се одобри. Сосема легитимна ствар. А во меѓувреме додека Борјан и А1 паѓаа во несвест, веќе одеа официјални изјави зошто е полицијата таму, но А1 се правеа недоветни! Дури и Котевски го исклучија, ептен најдемократски, и му влегоа у збор 7-8 пати најбезобразно. А пред тоа 2 часа кукаа дека не им крева и дека го бараат. Па мајку му не сме толку глупи знаеме да поврземе 2+2. И тоа што фирмите се во истата зграда со А1 телевизија не значи дека полицијата не смее да влегува таму. Баш смее! И си влезе. И си вршеше работа во тие други простории на другите фирми. Ама нели, мора некој да глуми жртва и да произведува вештачки негативен публицитет. Гледам од што сте истепани сите денеска по болници сте, сите до еден. Мижи Асан да ти баам! 

 Од целата драма во режија на

 Од целата драма во режија на Велија и СДСМ, најсмешна беше сцената каде Фрчковски изјави дека и обидот ПИНК телевизија да ја купи АЛФА било дело на Грујо?!

Pa toa e vistina vsusnost

Pa toa e vistina vsusnost Mijalkov stoi pozadi Pink

 Е ова е просветлувањето на

 Е ова е просветлувањето на векот :)))) LOL

Билобил, јас сум цело време

Билобил, јас сум цело време на дистанца од СДСМ! Тоа само во пропагандните кујни на Латас и Бичиклиски ние сме заедно! Затоа е бесрамно и агресивно твоето прозивање! Што мајка ќе барав да го формираме ГЕМ да ми беше СДСМ во умот?! Ќе отидев директ во СДСМ! Би си изглеал себе ко највечи кретен, јеботе, да трошам сила и спинови за да одам од ск за куманово, преку белград, на пример! Да не верував во граѓански сектор, во независни иницијативи, во моќта на поединецот, во правото на секој граѓанин да дејствува политички (а надвор од партиите; или внатре, кој како сака, по кејф) - немаше да бидам ниту во ГЕМ ниту со години да се бафтам со независна култура и со пишување за политика...
Ти викам, Билобил, тактиката беше (и сеуште е) да се оцрни се’ што е против груевизмот. Сеа више и џабе ми е било какво дистанцирање од СДСМ (а ти као, наивен, еве сеа конечно го побара тоа), оти јас не само што во перцепцијата сум СДСМ туку сум и платеник и предавник. Како бе, значи, сеа да се произнесувам против СДСМ?! Или можеби груевизмот се спрема за нов револуционерен чекор, да ја забрани СДСМ, а да ги афирмира невладините организации?! Па дискретно ме советуваш, Билобил, на време да се престројам?!

 Да бе, вие од ГЕМ сте сите

 Да бе, вие од ГЕМ сте сите тешки индивидуалци што мислат со своја глава, и затоа масовно излегувате на митинзи на СДСМ. А тоа со формирањето паралелни партии, организации и здруженија е старо-нова финта за тепање 2 зајака со 1 куршум : од една страна непријателот добива уште еден отворен фронт за борба, а од друга страна се освојува и шармира јавноста со новата опција, а која всушност е само нова форма на истата матрица... 
Да, драги мои (што би рекол Фрчко), Divide et impera има повеќе значења, ама една цел...