Криенка

02.12.2010 11:44
Криенка

Непробојни ѕидови има оваа држава. Секој еден кој сака да се стреми нагоре, бидува стрелан одозгора со критика и шамар за послушност. Секој кој клечи во калта и сака да ја исправи својата става, бидува срамнет со земја од ветриштата кои дуваат од двете страни.

Непробојни ѕидови има оваа држава. Секој еден кој сака да се стреми нагоре, бидува стрелан одозгора со критика и шамар за послушност. Секој кој клечи во калта и сака да ја исправи својата става, бидува срамнет со земја од ветриштата кои дуваат од двете страни. Толку се силни, нивните турбини се бројни закони кои непрестајно те држат доле. Секој кој сака да ископа тунел и да побегне од другата страна на границата, во еден момент ќе наиде на некој поткажувач. Има такви. Стратешки наместени.

Денешното Mакедонче не сонува за орелски крилја за да се врати назад во својата татковина, сонува за оловни крилја кои ќе го однесат далеку од неа. Во денешно време, мајките не ги чекаат синовите и ќерките секоја недела кога печалбарите се враќаат во село да видат дали се вратило и нивното чедо, туку мадро седат, се молат да не го видат веќе никогаш.

Пред извесно време, можеби половина година, имаше меѓународен натпревар за оние кои се родени во годината 1989 - деца на транзицијата, кои најубаво на своја кожа ги осетиле тие последици, да ја раскажат својата приказна. Услов, меѓутоа, беше да напишат позитивен крај. Не ми беше тешко да ја раскажам својата приказна, приказната на мојата генерација, и транзицијата во Македонија. Тешко ми падна крајот. Што да кажам?

Мораше ли тоа да биде така? Јас не знам, какво мислење и да дадам, ќе биде прочитано од книга, слушнато на вести, извлечено од некоја пцовка за беспарица, најдено во сеќавањето на некој истрошен работник. Мојата генерација не учествуваше во создавањето на сегашната состојба. Ние едноставно го наследивме овој очај. И наша е одговорноста да продолжиме напред или назад.

А сепак, гледам многу однапред скршени млади луѓе. Влегуваат во животот здраво за готово, следејќи ги слепо начелата кои им се зададени, мирно и послушно врвејќи по патот кои им е веќе послан. Студентите, вистинската енергија на секоја држава, молчат, спијат, исплашени. Вака, на нашата транзиција не и’ се гледа крајот.

Не ми е мене виновна ниедна влада. Сите имаат иста политика, различна агенда. Криво ми е што моите врсници слепо ги следат верувањата на нивните родители и упорно ги прават нивните грешки. Никој нема да ни донесе промени. Никој нема наеднаш нашите празни џебови да ги наполни со пари. Никој нема да ни подаде рака кога првпат ќе паднеме во животот за да се исправиме. И што сега? Нож?

Јас велам не. Ако секој млад човек барем за момент подзастане и го погледне од трета страна својот живот, ако се запраша каде сака да биде во иднина, и каде е сега, наместо да чекори мижејќи ниско по калливите патишта, можеби промената ќе дојде. Ако наместо, како што постојано правиме, со прстот да стоиме покажувајќи накај нашите родители, еднаш барем покажеме накај себе.

Колажи: Сара Хог

Слични статии

Став
Став
Став
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото