Скопје радос ти ќе бидеш

30.12.2010 15:13
Matej-1.jpg

„Еден ден желбите ќе ја напуштат куќата и ќе излезат на улица...Ќе го укинат царувањето на досадата и бедата со којашто управува бирократијата.“ Ова беше лајтмотивот на група уметници коишто се обединиле во граѓанска иницијатива со цел да ја спречат планираната изградба на објекти во најсиромашната градска четврт Св.Паули во Хамбург. Уметниците Margit Czenki и Christoph Schäfer сакале наместо планираното, градот да изгради колективно обликуван парк. И покрај притисокот на локалните власти, и покрај „деновите на барикада“, што се случиле зимата 1997, тие успеале да ја реализираат својата идеја. Св.Паули сега го има својот Park Fiction. (Во 2003 уметниците обединети околу идејата Park Fiction својата активност ќе ја насочат кон формирање на Институт за независен урбанизам: една верзија на архивот на нивни проекти тие ќе ја изложат во Касел како инсталација оригинално создадена за Документа 11).

Скопје го нема Св. Паули, но го има Скопје 2014. Во Скопје, пролетта 2009, протестираа студенти организирани како Прва Архи Бригада (неформална група на студенти по архитектура и млади архитекти) против урбанистичкиот план за центарот на Скопје. Тие не успеаја да ги предомислат надлежните институции и се сè заврши со нивно тепање и судски покани. Но, Скопје не е Хамбург, а центарот на Скопје не е Св. Паули. Нема споредба, дури нема споредба и во опсегот и начинот на примена на насилството кон оние кои не се согласувале со бирократските урбанистички проекции. Во Хамбург после 14 дена барикади и после „бесмислената полициска бруталност“, владата отстапила од својата намера. Во Скопје, после примитивните брутални напади врз студентите од страната на група граѓани кои ја подржуваа иницијативата на владата (кај нас полицијата не тепаше, туку само гледаше), владата не отстапи од својот обид да му даде нов изгледот на центарот на Скопје. Додека градските власти на Хамбург ќе извлечат поука од настаните, нашата власт, државна и локална, ќе остане непоколеблива во своите одлуки и намери. „Скопје 2014“ интензивно се гради. Хамбург го доби својот парк, а Скопје своето централно градилиште. Не успеавме да го одбраниме своето право на урбаност. Зошто? Можеби поради „вишокот на демократија“ што се конзумира во нашата држава? Кој знае?

Шантал Муф својот текст Уметничкиот активизам и агонистичките простори го започнува со прашањето: „Можат ли уметничките пракси сè уште да ја имаат критичката улога во општество во коешто разликите меѓу уметноста и рекламите станале нејасни и во кое уметниците и културните работници станале важен дел на капиталистичкото производство?“ Ако се прифати фактот дека капитализмот ги има сите потребни механизми да ја неутрализира секоја форма на критика, ако уметноста и културата се впрегнати во процесот на подигањето на вредноста на капиталот, а уметничката критика станала важен елемент во капиталистичката продуктивност, тогаш според Муф разбирливо е што многумина теоретичари денеска сметаат дека уметноста ја има изгубено својата критичка моќ. Но, за неа песимизмот, капитулацијата не е решение. И покрај тоа што уметниците денеска веќе не можат да претендираат да претставуваат авангарда која нуди радикална критика, сепак според неа, тоа не е причина нивната политичка улога да се прогласи за завршена. “Тие сè уште можат да имаат важна улога во хегемониската борба поткопувајќи ја доминантната хегемонија и допринесувајќи во изградбата на новите субјективитети. Всушност, ова отсекогаш била и нивна улога и само модернистичката илузија за привилегираната позиција на уметникот не натерала да мислиме поинаку. Кога еднаш ќе ја отфрлиме оваа илузија, заедно со револуционерната концепција на политика којашто ја прати, ќе видиме дека критичките уметнички практики претставуваат важна димензија на демократската политика.“

Гледано од позицијата на теоретските анализи на Шантал Муф споредбата меѓу Скопје и Хамбург на ниво на критички отпор кон бирократската и хегемониска моќ на одлучување и владеење, добива одредена релевантност. Имено, ако отпорот на уметниците околу Park Fiction можеме да го класифицираме како радикален, отпорот на скопските студенти, потоа проширен и континуирано практикуван од страната на неформални и граѓански здруженија, теоретичари и уметници, можеме да го одредиме, и покрај неговата реална нефункционалност, како практика со којашто сепак „се поткопува доминантната хегемонија со што се допринесува во изградбата на новите субјективитети.“

Како најартикулирани во својот отпор кон бирократските механизми и моќта на власта, во контекстот на македонската уметност и култура се издвојуваат Распеани Скопјени и Матеј Богдановски.

Распеани Скопјени е неформална група на млади луѓе со различни професии кои своето мислење за сè она што се случува во нашето општество го искажуваат низ песна. Нивните настапи, што започнаа од септември 2009, се одржуваа на различни локации во Скопје и беа снимени и објавени на YouTube каналот како музички спотови. Последниот настап го имаа на 27 декември 2010, но овој пат наместо на отворен простор , пееја во подрум. Музичкиот спот е придружен со следниов текст: „По обвинувањата од Владата за злосторничко здружување, платените огласи против угледот на нивните членови, и општите притисоци против медиумите, а и секој кој размислува поинаку, распеаните својот глас го дигнаа на единственото безбедно место денеска-подрумот. Од мрачната скривница на цел глас ја изведоа Under Pressure од The Queen и David Bowie“.

Матеј Богдановски својот уметнички отпор кон „тродимензионалната реализација на идеолошката платформа на власта“ го започна на својот профил на web страницата на Facebook, во почетокот на 2010. Сукцесивно сè до ноември 2010 се појавуваа на страницата неговите духовити и иронични ликовни коментари на Скопје 2014 и тоа воглавно како интервенции на репродукции на познати дела од познати автори од светската ликовна уметност, но и како колажи, плакати во кои се претставени познати музички или филмски ликови, а сето тоа во контекстот на новите градби на владиниот „проектот Скопје 2014“. Во албумот насловен како Скопје, радос ти ќе бидеш се појавија вкупно 35 фотографиии. Сите овие фотографии потоа беа отпечатени во вид на картички. А, секоја испратена картичка е/ќе биде во функција на ширењето на отпорот кон доминантната хегемонија, но воедно и доказ дека „критичките уметнички практики претставуваат важна димензија на демократската политика.“

Илустрации: Матеј Богдановски, од циклусот „Скопје радос ти ќе бидеш“

Ne uspeavte da go odbranite

Ne uspeavte da go odbranite svoeto pravo na inatenje. Ne uspeavte da go nametnete svoeto malcinsko mislenje vrz mnozinstvoto. Aj so srekja drug pat.

A vasevo tupenje za edno te

A vasevo tupenje za edno te issto ne e "Under Pressure"? Vo svoj dvor mozete da gradite i da rusite sto sakate, ne tamu kade sto ima urbanisticki planovi.

Pa normalno e tie sto

Pa normalno e tie sto zagovaraat kapitulacija pred Grcija da se protiv Triumfalna Kapija.

Да имаше у план статуи на

Да имаше у план статуи на Маркс, Ленин и Сталин, збор немаше да зуцнат.

Ma na Drzavnikot mu se

Ma na Drzavnikot mu se stemnilo koga cul i se izel od muka sto na nego prv ne mu teknalo, pa gi nasskal Prva Partizanska Brigada i ostala komunjterna.

70% од народот, според

70% од народот, според анкетите, не го сака проектот Скопје 2014. (тоа го покажале низа анкети во 2010; меѓу кои и таа на „Плоштад слобода“, анкета на граѓаните од општина Центар, пред една година)
Триумфалната капија, верувам, дека не ја сакаат 95% од луѓето.
Триумфалната капија ја сака само пастирот, ко потсетување за страшните порази во кои пет години ги бута граѓаните на земјава. Освен неговите платеници, се разбира, на кои баш и не им е лошо. Штавише, се чувствуваат победнички, баш триумфално.

Изродбеници, приметивте како

Изродбеници, приметивте како се променија бројките на актуелната анкета на Окно? Убедливо најгрд настан за читателите на Окно до вчера беше Скопје 2014. Одеднаш, преку ноќ, се освести македонскиот народ и цап!, аферата Надеж е најнегативниот настан во 2010.
Е, така владее вмро. Така ја промовира волјата на народот. Кој е камуфлиран во штапски пацови кои хараат низ интернет и ги стискаат копчињата за пастирот.
Афера тешка над 300 милиони евра (ск 014, а само е една од многуте на пастирот) е помал блам од афера тешка 300.000 евра (Надеж). Е, такви се оптиките на изродбата.
Само, смешно е тоа што го правите, вмроовска стоко. И на последниот забутан селанец од Мариово или Шар планина јасно му е колку вие го претставувате народот. И какви се вашите анкети.

The only poll that matters

The only poll that matters are the elections.

Any questions?

Низа анкети покажаа исто така

Низа анкети покажаа исто така дека народот не го сака сдсм а уште помалку Бранко и компанија, со рејтинг од 9,99 %. Народот е поделен околу планот Скопје 2014, но не на база дали им се допаѓа или не, бидејќи на мнозинството му се допаѓа планот, но поделеноста е во правец на дали во оваие тешки времиња, владата треба да троши пари на споменици. Томку затоа преовладува и ноншалантниот однос на јавноста околу овој план, токму затоа и поддршката на таканаречената архи бригада е незначителна.
Опозицијата жестоко го напаѓа планот бидејќи гледаат дека планот забрзано се реализира и дека до следните избори голем дел од објектите ќе бидат изградени а со самото тоа и власта во очите на народот ќе биде подобра, нешто што нив како опозиција не им одговара. Лично за мене, планот генерално ми се допаѓа, единствено нели триумфалната порта, но да почекаме еве да ја изградат па да судиме.

Свети Грујо ќе нахрани еден

Свети Грујо ќе нахрани еден милион (африкански) гладни Македонци со мермер, бронза и антички столбови. Во земја во која социјалната помош за цело семејство изнесува 30 евра, Златниот-Црниот троши 300 милиони евра (за да ни го „разубави“ животот).
Него, Соња, нели пастирот стално го прашуваше народот за мислење?! Чудно како во преродбата не го најави својот фараонски проект?! Чудно како ни подоцна не го праша народот?! Чудно како плановите за СК 014 не ги знае никој жив (на пример, неговиот спроведувач, Тодоровиќ - кој исто ќе иде у апс, ко потписник и изведувач на криминалите на Фамилијата - цела година ја помината збунет и не знаејќи).
Него, Соња, излишна станува и расправата со вас, изродбениците. Четири години не само што одбегнувавте каква било расправа, туку се обидувавте да ги уништитите оние што мислат спротивно. Доаѓа крајот, навистина, на обидите за расправа. Со СК 014 (како и со многу други криминали на Фамилијата) ќе се бави УЈП и разноразни испектори.

Ефтино продавање лажен морал.

Ефтино продавање лажен морал.

Да те дополнам, Анкетар, и

Да те дополнам, Анкетар, и тие 30 евра социјална месечна помош по семејство - не доаѓаат. Нема пари. Освен за Фамилијата и спомениците.

Да имаше у план статуи на

Да имаше у план статуи на Маркс, Ленин и Сталин, збор немаше да зуцнам.

A crvenata banda se ubi od

A crvenata banda se ubi od davanje socijalna pomos... Ne, taa ne gi stvori stecajcite. Ne, Grujo nasledi nula nevraboteni pa gi napravi 300.000. Toa mi e najsmesno (iako e najtazno) sto stecajcite mu se bunat na nego. Dovolna bese edna poseta na Bane the Octopod Hunter kaj onie vo Kumanovo sto strajkuvaa so glad za tie da se prevrtat. Fenomenalen covek, nema sto. So golema kupovna mokj.

Grujo moze da bide vinoven edinstveno za stecajci od Nacionalna Platezna Karticka, ako ima takvi.

Грујо зад себе не остава

Грујо зад себе не остава стечајци него богаташи. Грујо е чоек од Фамилија. Грујо позлатуе што ќе допре. Златен наш, Златниот-Црниот.

Nema problem, neka go

Nema problem, neka go zatvorat i Grujo koga ke dojde vreme ako zasluzuva, AMA PRVO DA GI VIDIME DA LEZAT ILI VISAT SITE PRETHODNO STO ISPOKRADOA, OLIGARSI, TAJKUNI, OKTOPODI I STO LI NE.

Po hronoloski redosled, inaku ne e pravedno.

A, ne, komunjarive ne sakaat

A, ne, komunjarive ne sakaat nivnite da lezat, samo drugite. Nivnite partiski vojnici da ostanat na rabota, a drugite da gi brkaat.

Ne se bunat oni protiv kriminalite od pravdoljubivost, tuku muda ke si griznat sto ne mozat i oni da cepnat malku.

Слични содржини

Јавни простори / Уметност
Општество / Јавни простори
Општество / Јавни простори
Општество / Активизам / Јавни простори
Јавни простори / Книжевност

ОкоБоли главаВицФото