Овој пат нема да поминете!

17.02.2011 16:17
gem-ovoj-pat-nema-da-pominete_4.jpg

 

 

 

 

 
Соопштение на ГЕМ

Власта нѐ води во пропаст. Не дека тоа е нешто ново, но деновиве работите добиваат застрашувачко забрзување. Тепачката меѓу младите Албанци и Македонци на Кале е само уште еден грозен доказ за природата на актуелната власт. Таканаречениот „музеј-црква“ е уште еден од многубројните подметнати пожари од страна на оние кои се подготвени на сѐ за да останат на власт барем ден повеќе. Потпалувај за да можеш да гасиш - така гласи директивата на денот кој Груевски и Ахмети ни го направија потемен од ноќта.

Ние, „Граѓаните за европска Македонија“, нема да го гледаме со скрстени раце „палењето на Рајхстагот“. Нема да фаќаме засолништа и да си гледаме сеир при новите обиди да ја запалат Македонија. Ќе се противставиме. Пред сѐ, со збор, така како што се боревме против груевизмот изминативе три години. На разумот, храброста и патриотизмот во нашата земја не им преостанува ништо друго освен да му се противстават на груевизмот. Жестоко да ѝ се противстават на власта која во последната фаза на своето дивеење сака да ја повлече со себе целата земја. Ќе мора да и’ застанеме на патот на врхушката која со пожари сака да ја угасне светлината во балканската крчма. За да не се знае кој е тепачот, а кој тепаниот, кој е пијаниот, а кој е збунетиот.

Познат ни е начинот на кој Груевски досега ги „решаваше проблемите“: малите проблеми ги надминуваше создавајќи поголеми. Истата стратегија „пастирот“ ја употреби и по историскиот пораз на Република Македонија во Букурешт, пред три години. За поразот (прогласен за патриотски дострел од неговите извртувачи-пропагандисти) Груевски беше награден од народот со речиси апсолутна власт. Сега груевизмот се готви за истата маневра. По сите понижувачки порази што земјава ги претрпе последниве пет години, ни следи уште еден. Со него треба, како со волшебна гумичка, да биде избришано петгодишното дивеење и пустошење на забеганата власт. Уште еднаш ќе треба да се испотепаме, за да ги заборават нашите окрвавени глави вчерашните лажни ветувања за побогата, поправедна и европска Македонија.

Наместо јасни визии за иднината на земјата, по поразот во Букурешт груевистите ни понудија национално да се „преродиме“ во „Скопје 2014“. На граѓаните им понудија мегаломански идеи за некакво национално величие, а за себе ги приграбија провизиите од договорите вредни стотици милиони евра. Патриотизмот ни се објави како последно прибежиште на дузина никаквеци.

Случајот со ТВ А1 и трите опозициски весници покажа дека власта се обидува да ги уништи сите што не мислат како неа. Денес во Македонија јавната кауза е поништена од теророт на власта. Наместо јавниот, владее бандитскиот интерес. Профитите на тајфите го мелат општествените интереси. Центрифугата на семоќната партиска држава голта сѐ; независноста и автономијата не се дозволени веќе никаде. Дури ни во културата, а не пак во образованието, економијата или во медиумите!

 

Почитувани граѓани на Република Македонија, сакаме уште еднаш да ви порачаме: самите си ја кроиме сопствената судбина. Ако уште еднаш дозволиме да нѐ изиграат најмрачните политички сили - тогаш тоа и сме го заслужиле. Наместо да се гнетеме по етничките и верските трла, време е најпосле јасно и гласно да им порачаме на груевистите и на другите потпалувачи: Овој пат нема да поминете!

Во името на Граѓани за европска Македонија:

Роберто Беличанец, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски

17.12.02.

Роберто Беличанец, Мерсел

Роберто Беличанец, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски

Мала мала мала група п.....

__________________________________________________________

До сега не сум видел некој да се исплаши од таква група :D

Стварно се педери гемашиве.

Стварно се педери гемашиве. Педери се и Бајден, Хилари и ЕУ. Сакале, јеботе, ни више ни мање, демократија во мк!? Е па неќе моќи ове ноќи. Се знае кој пали и кој гаси коа за демократија се збори. Се знае кој суди. Се знае кој пушта телевизија, реклами и споменици. Нема лабаво! А педериве може само да гледаат Сител, Канал 5 и МТВ и плус да гледаат, на трибина на градски (плоштад) како расте идентитет! Грујо, мајсторе, уз тебе сме! Изгради ни уште поубав и постар идентитет! Педериве нек идат у Америка, таму да им даат демократија!

Анти-педераш хуморов ти е на

Анти-педераш хуморов ти е на ниво на Јофе, Милчин и Коља. Што не се пријавиш со пингвините од А1 да водиш вести пред влада?

БЦликс, батка, ти не си само

БЦликс, батка, ти не си само опседнат со лицето БЦ (и тоа до тој степен што се именуваш според него!) туку и со милиот Јофе! Јак е, нели? И духовит, и шармантен, и чесен, и храбар, и креативен - сето она е што, ти, јадна пропагандистичка несреќо од подрумите на изродбата, никогаш нема да бидеш.

Ме фати! Му завидувам на

Ме фати! Му завидувам на Јофе. На неговата милна фаца, сигурно ги има сите женски у маало! А ти радиодифузеру врати се под каменот од кај што си исползел и каде им е местото на соросоидите.

срам да ти е за никнејмот

срам да ти е за никнејмот "анти-педераш", ваков човек одма треба да се избрише! Се знае дека хомосексуланоста е најприродна појава и секој ОКНАр или ГЕМаш ќе го потврди тоа. чак што више и ќе застане позади секој хомосексуалец! Што се однесува до Бајден и Хилари не шпекулирај, тие го викнаа Груевски за убаво да го искараат може и го потчукнале малку, исто така разбрав дека Бајден бил многу лут затоа што не спиел 3 дена откако на А1 му ја блокирале сметката, Хилари пак имала отворен линк нон стоп со Биљана Секуловска ја пратела ситуацијата од Македонија во real time. Сега не сакам ова пред време да го кажам ама... се јавил и Обама на мобилен додека бил Груевски со Бајден и му рекол као Груевски спакувај се бранко да се врати. Тој беше разумниот, тој бре не градеше ништо се со единствена цел да не се вознемири некој. Парите пак грижливо ги чуваше во Народна Банка а и вложуваше во Швајцарија се за доброто на Македонија.

P.S. Американците инсистирале Груевски да му го покачи рејтингот на Бранко над 9%, а неговиот личен рејтинг да падне под 20% пошто вака немало смисла, немало демократија!

Вмровците се познати по

Вмровците се познати по јаката смисла за хумор. Тоа е една од причините зашто не ги поднесуваат Јофе или К15. И зашто ги обожаваат Еднооки. Затоа што имаат јака смисла за хумор. Што, впрочем, еве, може да го видиме, зарем не?:) Повелете, изродбеници, подиумот е ваш!

Aaaa druze greska si nie gi

Aaaa druze greska si nie gi obozavame K15 posebno onoj poznatiot skec Brankoooooo izlezi Brankooooooo
Kade si Brankoooooooo :))))

кој курац со истата

кој курац со истата иконографија се користите? ало?!? Кому всушност се обраќате?

NO PASARAN!

NO PASARAN!

Има ли еден чесен ВМРО-вец

Има ли еден чесен ВМРО-вец што ќе каже дека начинот на градењето не црквата на Кале е катасрофална грешка на оваа власт? И јас гласав за ВМРО, ама сеге преминувам во опозиција(на БЦ не сум простил, ама Манасиевски има шанси)

Ако својот став за кого

Ако својот став за кого гласаш го градиш врз основа на една постапка, шта речи а не заплакати!?

Mojot komentar bese vo vrska

Mojot komentar bese vo vrska so poslednive nastani i reakcijata na Gem. Zaklucokot za glasanjto mi e troa postar. Nemam potreba da gi nabrojuvam site sranja na VMRO (a bogami i na SDSM) za da gi opravduvam moite zaklucoci. Kaleto bese eden od najstrasnite nastani sto se slucil vo poslednive godini so direktna odgovornost na ovaa vlada.

И после кој ја прави

И после кој ја прави тензичната атмосфера ?!?!?!

"Почитувани граѓани на Република Македонија, сакаме уште еднаш да ви порачаме: самите си ја кроиме сопствената судбина. Ако уште еднаш дозволиме да нѐ изиграат најмрачните политички сили - тогаш тоа и сме го заслужиле. Наместо да се гнетеме по етничките и верските трла, време е најпосле јасно и гласно да им порачаме на груевистите и на другите потпалувачи: Овој пат нема да поминете!"

Тоа е тој сорос кој работи против доброто на Македонија.

На што повикуваат овие? На

На што повикуваат овие? На нови тепачки? И после ви е крива власта а?
Абеееее ако нешто не ви е исправно дајте решение, а не само демагогии.Не читам дека нудите вие решение туку само ширете уште повеќе омраза.

Секое добро

За почеток, Паско да биде

За почеток, Паско да биде сменет (не да нуди некакви оставки) а Грујо да се извини за тоа што поставил таков човек на функција. Па потоа истото да се направи и со милион други несреќни кадри (шупелката за образование посебно). Тоа само како почетно решение,

И да ти даде 50 евра, тоа е

И да ти даде 50 евра, тоа е крајно решение?

Примерот со Рајстагот ви е

Примерот со Рајстагот ви е одличен!
Нацистите (во случајов вие), го запалија Рајстагот и ги обвинија комунистите(во случајов ВМРО) дека го запалиле, што беше искористено да дојде Хитлер на власт.
Престанете пиромани!!!

Ајде доста со курчење.

Ајде доста со курчење. Гледајте си ги женичките (и мажињата) и убавина. Ќе дојдат избори, ќе гласате, ќе видиме што ќе стане. Дај бре малце некои идеи за сопствен бизнис, за паричка, за културно продуховување. Доста курчење од сите страни. Само да се курчело, а на крај пак сите остануваат папаци.

Нај јакиот коментар евр ми е

Нај јакиот коментар евр ми е „А ВИЕ НЕ НУДИТЕ РЕШЕНИЕ ПЕДЕРИ СОРОСОИДСКИ ШТО СЕ БУНИТЕ ТОГАШ“ lol @ неписмена нација. :)

А што всушност ти е смешно

А што всушност ти е смешно вака како писмен изрод од неписмената нација?

Тоа што се оправдува

Тоа што се оправдува градењето се и сешто со тотални глупи изговори од типот на: „Абе барем сега се гради бе а у времето на СДСМ ништо не се градеше“ - значи колку и да е апсурдно тоа што се прави МОРА да е оправдано! Пошто БИТНО СЕ ГРАДИ!

ОК, не се градело у времето на СДСМ тоа не значи дека треба ебена пирамида да еректираме на плоштад. Нека се гради тоа што треба да се гради а тоа е инфраструктурата. Сите бегаат од дискусја соочени со овие факти, пруги неаме, автопатите ни се крш, се возиме во возови и автобуси од втора светска војна и 60тите години и сме запнале дека најбитно нешто ни се споменици.

Како тие споменици го подобруваат животот на луѓето, реално? Каде е разумот тука?

Ne e problemot sto ne se

Ne e problemot sto ne se gradese vo vremeto na SDSM problemot e kade se parite od toa sto nisto ne se grades e????

се знае кој стои зад нередите

се знае кој стои зад нередите на Kале - не може Гуревски да си наштетува сам на себе, a што имате против Скопје 2014, а немате против Струмица 2010/2011?