Еден ден, архиепископот Михаил и владиката Стефан решиле да одржат мал теолошки симпозиум со четворицата нови владици-младици во синодот на МПЦ: Климент, Наум, Јован и Методиј. Разговорот го започнал архиепископот Михаил:
Еден ден на мовчето (под кое имало мов, патеписецот Вулкански се наведнувал да види:) се судриле, неочекувано, еден многуженец и еден многубожец!
Станковски во тој момент доживеал шок! Коренот на пра-Македонецот стоел пред него!
Јас му велам дека не можам да проценам кај сум: однадвор, однатре, одназад, однапред, одоздола, одозгора, одоколу?!
На подземната ливада по име Еу-рупа во едно од дувлата си живееле Мафион и Амфион. Во соседното дувло живееле Зелка и Зајак. Дел од ходниците на двете дувла, длабоко под земја, сигурно се допирале со ѕидовите, а можеби дури некои ходници биле заеднички?
Петар Панк, од СКОПЈЕ, специјално за The Onion
Од овој необичен град минатиот пат се јавив со револуционерната космолошка вест: според истражувањата на двајца овдешни некроманти/физичари, Али Би и Али Ба (кои работат во тајната Алибабина пештера сместена под темелите на блиската и древна Јустинијана Прима), токму во Скопје (кое мештаниве колоквијално го нарекуваат „папок на космосот“) е регистрирано зрачењето на сјајот на топлиот ран космос (или бебето-космос), она зрачење кое доаѓа пред Големиот праскот.
Касата на ТМОРО се наоѓала во еден кастел сместен над една од најзафрлените касаби на империјата. “Кастелов налик на каструм, т.е. тврдина, е посигурен од касарна, кога станува збор за касови прашања”, рекол Гоце Делчев и му ја предал касата на локалниот касап.
Така, според традицијата на ТМОРО, чувар на касата, некаков вид касиер, не бил кастеланот на замокот туку неговиот касап, задолжен да ја касапи раката на секој оној што неовластено брцал прсти во касата, вклучувајќи го тука и кастеланот.
За да види како живее народот во бантустаните, еден ден Барак Обама се симнал од престолот и се преселил на периферијата на славното мочуриште Вардарска бановина. Среде една од барите, Барак се вселил во една барака на гуми, останата од далечниот земјотрес. Не барал многу; „барем барабан, за ширење политички пораки, а и за да не станам бараба или варварин, во вакви услови“.
Обајцата, за кои овде станува збор, биле жртви на своите жени кои, интересно, секогаш носеле обетка со крст, обете.
Се случило така, во една пригода, обете жени едновремено биле обземени од чудни сили, та ги фатиле своите мажи на спиење и обајцата ги - обезјајчиле!
Да се направи некој период нечитлив значи многу повеќе отколку едноставно да се осуди. Една од последиците на нечитливоста е што во тој период е неможно да се пронајдат принципи со кои би можеле да се оправдаат неговите слепи улици.
Филмските награди Оскар се доделуваат секоја година уште од 1927, од страна на Академијата за филм, уметност и наука во Лос Анџелес. Погледнете листа од десет филмови кои беа големи фаворити, но никогаш не освоија Оскар за најдобра режија.
Верувам дека само преку почитување на секојдневното, на секојдневните просторни ситуации, можеме да дојдеме и до вистинскиот однос кон посебните архитектонски вредности.
Ви претставуваме дел од светскиот тренд во архитектурата и во урбанизмот, во кој посебен акцент се поставува на користењето еколошки, обновливи материјали и на односот кон природата.