Виц

Застанува полицаец автобус во кој се наоѓаат четириесет Јеховини сведоци. Влегува внатре и го прашува возачот:

- Па добро, што е ова?

А возачот му дава список со имиња на патниците и му вели дека тоа се Јеховини сведоци.

Полицаецот погледнува во списокот и вели:

- Па добро, што направил тој Јехов, па што му требаат толку сведоци?

17.05 09:22

Застанува полицаец автобус во кој се наоѓаат четириесет Јеховини сведоци. Влегува внатре и го прашува возачот:
- Па добро, што е ова?

А возачот му дава список со имиња на патниците и му вели дека тоа се Јеховини сведоци.
Полицаецот погледнува во списокот и вели:
- Па добро, што направил тој Јехов, па што му требаат толку сведоци?

17.05 09:18

Предизборен молк е единствениот ден во годината кога политичарите не лажат.

16.05 09:16

Која е разликата меѓу политичар и крадец?

- Политичарот сме го избрале ние, додека крадецот нè бира нас.

15.05 08:44

Тројца Црногорци одат на погреб кај нивни другар и разговараат меѓу себе. Едниот вели:
- Кога ќе умрам, за мене сакам да велат дека сум бил добар човек, пријател и татко!
- Јас би сакал да кажат дека сум бил верен и дека вечно ќе ме помнат!
- Јас сакам, кога ќе ме закопуваат, да речат „леле, мртовецот мрдна!“

14.05 09:33

Важно соопштение: Заради рецесија се гаси светлото на крајот од тунелот. Потпис: Бог.

12.05 13:18

Индијанците дошле кај поглаварот и го прашуваат дали ги чека студена зима. Бидејќи поглаварот никогаш не ја научил тајната на умешноста на своите претходници, им наредил на поданиците да соберат дрва за оган и да се јават во метеоролошката служба за да се распрашаат за студот. „Ќе биде многу ладно“, му одговорил метеорологот. Поглаварот се вратил кај поданиците и им наредил да соберат уште дрва. Една недела подоцна се јавува кај метеорологот и прашува: „Дали сте сигурни дека зимата ќе биде толку многу студена?“ „Да, пред нас е најстудената зима во историјата“, потврдил метеорологот. „А, како знаете?“ – прашал поглаварот. „Па, ги гледаме Индијанцине како ко луди собираат купишта дрва“, одговара метеорологот.

11.05 09:44

Полицијата после брза потера успева да го застане Влад. „Веќе долго време не сум се забавувал вака добро“, рекол полицаецот и додал: „Ќе ве пуштиме само ако имате добар изговор.“ На тоа Влад му одговорил: „Жена ми ме остави пред три недели заради полицаец. Кога го здогледав вашиот автомобил се преплашив дека ќе ми ја вратите пак назад.“

09.05 09:58

Фата бере печурки, доаѓа шумарот и вели:
-Немој да ги береш овие печурки, не се за јадење, отровни се!
-Знам, - одговара Фата, - не ми се за јадење, туку за продавање!

08.05 09:52

Што е тоа: Арнолд Шварценегер има долго, Мадона го нема, а Папата никогаш не го користи? - Презиме.

07.05 09:10

Еден вмровец отишол во дивина за да лови фазани. Здогледал фазан и пукнал, но птицата паднала на имотот на некој локален селанец кој не сакал да му го даде пленот.

„Тоа е моја птица“, рекол ловецот-вмровец.

Селанецот предложил да се тепаат, како што е вообичаено на село: „Птицата ќе ја добие оној кој помалку ќе вика од болка“.

Ловецот-вмровец се согласил, примил еден удар во стомакот, паднал на земја и останал да лежи 20 минути.

Потоа станал и рекол: „Ок, сега јас сум на ред.“

„Ма, не бре, земи си го фазанот и гитла накај Скопје!“ – му одговорил селанецот.

05.05 15:50

Тргнала министерката за внатрешни работи на одмор во Грција, и некаде на пола пат ја запира сообраќаен полицаец.

- Добар ден, госпоѓо, возачка и сообраќајна... О, па тоа сте вие, министерке. Извинете, можете да продолжите.

- Немојте така, - рекла министерката, - третирајте ме како обичен граѓанин.

- Во ред, госпоѓо. Ставете сто евра во возачката и можете да продолжите.

04.05 08:26

Скопје е единствениот град во светот каде што водата во реката е побистра од градоначалникот.

03.05 09:53

Си биле тројца вмровски директори кои направиле „грешки“ во работењето, па ги пратиле на судење. Првиот имал најмалку грешки и го казниле да стои во гомна до глуждови. Вториот имал малку поголеми грешки, па го ставиле да стои  во гомна до појас. Третиот, со најмногу и најголеми грешки, го ставиле да стои во гомна до брада. И така, првиот почнал да скока од радост бидејќи добил најмала казна, па овој третиот со „пола уста“ му рекол: „Еј, не бранувај, не бранувај“.

02.05 06:14

Препорачуваме

Автошовинист

Се плашам дека станувам автошовинист. Јазикот ми се изобличува, човеку, и не ми дозволува да кажам: мамицу ви ебам!

Блиски Исток на Вардар
Хрватски новинари направија репортажа во Црешево и Арачиново.
Бројот на пријатели е поважен од бројот на тенкови

До претстојниот самит во Чикаго останаа само неколку дена. Период кој е прекраток за да се постапи дипломатски и да се отвори вратата на нашата држава за влез во Алијансата.

Како сапуниците го променија светот

ТВ сапуниците ретко кога се споменуваат во позитивен контекст. Главно се критикуваат поради плиткоста и создавањето зависност.

ОкоБоли главаВицФото