1013 hPa
22 %
35 °C
Скопје - Сре, 19.08.2026 17:02
Кога само претседателката би можела да ни посочи барем еден пример дека некој е ставен на раководно место во државен сектор само затоа што е стручен, а нема партиска книшка. Еден, макар и еден директор на јавно претпријатие, на болница, на поликлиника, на школо, на градинка, на театар, на музеј, на опера, на балет, на спортска сала, на базен, на играорно друштво… И пеење на концерти и организирање прослави не може да помине без партиски ангажман. Да имаше еден, макар еден пример кога некој бил стручен, го бивало, ама немал врска со партијата на власт.
Горан Михајловски, СДК, 07.08.26.
Судии што седат во Судскиот совет ладнокрвно си го кршат законот за судови и заобиколуваат императивна норма, па уште си изјавуваат дека нема го почитуваат членот од Законот што ги обврзува на тоа, или уште пострашно само стискаат копче за да гласаат без образложение.
Во пристојна држава денес 20 судии ќе покренеа постапка за членовите на Советот за одговорност затоа што направија салата од Законот за судски совет. Ова е еднакво проблематично како и разрешувањето на претходната претседателка.
Среќа е што уште има граѓански организации што го мониторираат советот, а несреќа на советот е што медиумите одамна кренаа раце и не ги следат седниците.
Десет оценски мисии на ЕУ не ја чистат правосудната Авгиева штала.
Васко Маглешов, Фејсбук, 31.07.26.
Секој ден си велам ова е дното, не може полошо, ама оптмистот ми вели може. И во право е. Ова нема врска со власта, ама има со сите власти. И нема врска со мојата струка.
Денес на вести ЈП Комуналец Гостивар изјавува: „Швајцарскиот грант од седум милиони евра е блокиран зашто ЈП Патишта (централна власт) уште не ни издало, а минаа 2 години, одобрение за поставување цевка во должина од 600 метри.“
ЈП Патишта одговара: „Во фебруари 2024 поднесено е барањето, точно е, изготвен е одговор, но истиот не е доставен до ЈП Комуналец, бидејќи тие веќе две години не ја платиле фактурата за оваа услуга во износ од 16.500 денари.“
Крај. Во овој период се сменила и централната и локалната власт. Заклучувам: За 250 евра закочен е проектот од 7 милиони евра,а епидемијата ќе беше избегната, Гостивар ќе имаше чиста вода под притисок. За 250 бирократски евра страда цел град, илјадници судбини, а трошоците се многу поголеми од 7 милиони евра.
Неверојатно, но вистинито. Кој не верува, нека гледа вести, на Телма и МРТ гледав, а веројатно и на другите телевизии.
Никола Пановски, 27.07.26.
Не ни пречи дека ни е загадена почвата. Не ни пречи дека ни е загаден воздухот. Сега веќе не ни пречи и дека ни е загадена водата. Дека не ни се сигурни дискотеките, автобусите, болниците, жичниците, градилиштата, фабричките мензи… Дури и парите што сме ги тргале за старост во задолжителниот приватен пензиски фонд не ни се сигурни.
Сведени сме на голо преживување од ден за ден, оти партиите од државата ни направија катастрофа со која очигледно не можеме да се справиме.
Горан Михајловски, СДК, 24.07.26.
Среќната околност при хаотичните движења на ветровите е што тие удираат во случајни тесни подрачја и ќе закачат случајни покриви кои не се правилно закачени за конструкцијата.
Закачувањето е една толку едноставна и стара операција што ја правеа дунџери и ѕидари од пред повеќе од еден век, а камоли во поново време. Кога ние одевме по градилишта, да го учиме занаетот како млади архитекти, гледавме дека со текот на времето почна да се одбегнува закачувањето на покривите на конструкцијата, со сосема неодговорна и плиткоумна мисла дека самата негова тежина го држи покривот.
Кога зборуваме за вакви силни ветрови од 130 км на час, секој нормално и школски закачен покрив на бетонската конструкција може да издржи било какво невреме. Како што се менуваат климатските промени така, уште од проектната фаза, треба да се освежуваат и апдејтираат стандардите за силината на ветрот на која треба да се смета.
Мирослав Грчев, „Локално“, 22.07.26.
22 дена ги труеле.
Има овде една важна поука, особено после сите трагедии кои ни се случија.
Значи, ние не смееме да се зезаме повеќе со ништо одговорно, пошто досегашната корупција, криминал и партиска приватизација ни ги уништија сите ресурси. Заради тоа, но и климатските промени, мораме да ја заштитиме водата и планините.
Не смее повеќе хидроцентали на кладионичари или диви сечи кои не ги приметуваме.
Не смее рудници и каменоломи, пошто со првите ќе се отруеме и ќе го отруеме цел Балкан, а со вториве веќе си ги труеме изворите.
Не смее веќе диви депонии кои ни ја загадуваат водата, почвата и воздухот.
Нема веќе бизниси ко Усје кои трујат народ дур горат ѓубре.
Значи ние веќе имаме уште којзнае колку жаришта, а за јавна употреба губиме вода, воздух и почва.
Или тука ќе се средиме одма или џабе живуркаме.
Дека ќе дојде некому памет од актуелниве, воопшто не верувам.
Ивор Мицковски, Фејсбук, 21.07.26.
Никогаш досега не сме гледале вакво финале на Светското првенство, а тешко дека некогаш повторно ќе видиме нешто слично. Никогаш досега не се случило една екипа целосно да го неутрализира својот противник, не дозволувајќи му буквално ништо – ниту една вистинска шанса, ниту барем донекаде опасна ситуација, па дури ни еден единствен удар кон голот. Токму тоа Шпанија вечерва ѝ го направи на Аргентина, и тоа не само во текот на 90, туку и во 115 минути од натпреварот.
Александар Холига, Телеграм.хр, 20.07.26.
Прво тој жутиот од белите им го бапна у углич. После судијата не свиреше енц, ама им даде фаун на овие другиве. Кога ги мереше кораците овој со мрсната коса му вика ’Бабати така оди на пазар’, а овој го извади жутиот и му го покажа. После дечкото што се шеба највише пуцаше корна и му ја набаци на овој што влезе после, а овој им ја рокна у рашља. После шизикот со мрсната коса пуцаше у статива а ја фати овој што се шеба највише и му ја набаци на глаа и овој им го бапна вториот. Голманчево од другиве едно време се џиткаше, ама после патарушка. Така свршија, а на крај овие беливе плачеа ко пички, а овие плавите им викаа, се позна илето. Иначе тој буљашот од белите со шпаклата ко Сирано еднаш не пуцна на гол.
Реџо Балиќ, Фејсбук, 16.07.26.
Социјалдемократите и демохристијаните заедно сметаат дека правото на сопственост и на градење на Водно е поважно од правото на граѓаните да бидат безбедни од тоа Водно да не им се сруши на глава.
Двете најголеми партии (без поединци) си го изгласаа Нацрт-ДУПот за Барутана со кој на подрачје на Водно кое е означено како подрачје под влијание на ерозија се планира изградба на уште 25 големи објекти од кои 24 се приватни куќи - хациенди.
Советниците на Шанса за Центар, Левица и ЗНАМ и уште двајца поединци од големите партии беа против ваквото искористување на падините и шумите на Водно.
Ако Галите во стрипот „Астерикс и Обеликс“ се плашеа „небото да не им падне на глава“, скопјани и особено центарци, треба веќе да се плашат Водно да не им падне на глава.
Не може да се задоволи огромниот апетит за разјадување на шумата на планината која треба да го штити градот од поројни поплави и лизгање на земјиште.
„Шанса за Центар“, Совет на Град Скопје, 15.07.26.
Институционалната „левица“, од социјалдемократски и синдикален тип, полесно наоѓа заеднички јазик со либерално-реформистичките или центристичките позиции отколку со помладата активистичка генерација која ја отфрла политиката на „помало зло“ или инсистира на итна радикална трансформација на општеството.
Анкица Чакардиќ, Х-алтер, 11.07.26.
Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, упорно, на секоја поднесена жалба, известува дека за да ја прифатат и да постапуваат треба да се завери со електронски потпис.
Значи, секој граѓанин ако сака да поднесе жалба мора да има електронски потпис, или треба да плаќа поштарина и да ја прати по пошта. По меил не прифаќаат, затоа што така им наложил управниот инспекторат.
Дали граѓаните треба да се изложуваат на трошок и да обезбедуваат електронски потпис за да комуницираат со Агенцијата, која функционира со пари на граѓаните?Дополнително што Законот за општа управна постапка, се однесува на акти т.е. исправи, а не на поднесоци.
Особено што според Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, во делот верификација на печатена форма на електронски документ, пишува дека електронскиот документ репродуциран на кој било печатен медиум ја има истата правна и доказна сила како оригиналниот електронски документ.
Каков правен волунтаризам.
Васко Маглешов, Фејсбук, 07.07.26.
Дури ни ВМРО-ДПМНЕ не си дозволува толку тешки зборови во редовните утрински соопштенија против опозицијата, како што истури раководството на СДСМ против своите сопартијци што се собрале нешто да дебатираат без да знае лидерот Венко Филипче.
И не се караат само со своите сопартијци. Правеа и прават сѐ да ги замолчат граѓаните. Најголем душман и на власта и на опозицијата излегоа независните граѓански иницијативи. И само тој страв од независен граѓански глас ги обединува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Горан Михајловски, СДК, 04.06.26.
Ја гледав снимката безброј пати и уште не разбирам како некој можеше да пресуди офсајд. Ако поништите гол што може да ја одлучи судбината на еден тим на Светското првенство, мора да бидете стопроцентно сигурни, а не да нагаѓате зад монитор. Милиони Иранци славеа историски момент, а потоа група службени лица им одзедоа сè за неколку секунди. Не само што поништивте гол - го украдовте сонот на една нација.
Не можете да се криете зад технологијата кога се користи на погрешен начин. Ова не е правда, ова е некомпетентност. Светското првенство се игра еднаш на секои четири години. Играчите жртвуваат сè за да стигнат до тука, навивачите доаѓаат од целиот свет, а потоа една шокантна одлука уништува месеци работа. Тоа е неоправдано.
Златан Ибрахимовиќ, 26.06.26.
Вишиот управен суд со НИКАКВО ШТУРО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ донел одлука во мај да ја поништи одлуката за поништување на спојување на концесиите. Во пресудата се упатува на повторно разгледување во Владата. Арно ама...
Владата се прави како да не прочитала во одлуката дека треба повторно да решава и за неа ова било конечно решение. Не се бунела да вложи приговор, чекала да помине рокот и сега да се почитувале законите...
А очи им извади 10 години поминати рокови, заложена македонска земја како колатерал кај странците, 75% попуст на рудата, целосната несоодветност на студиите, зимањето на струмичката вода од Турија, појавувањето на 22 литра во секунда силна киселина што ќе тече во наредните 500 години итн.
Затоа ли спремавте измените на Законот за минерални суровини за надминување на експропријација за добивање дозвола? Затоа ли ова хорско пеење на рудничка пропаганда секој ден? Се сеќавате ли што зборувавте, зошто протестиравте и што ветувавте во 2023/2024?
Ќе ве потсетиме: ЛИЦЕМЕРИЕ, ЗАСЛЕПЕНОСТ, СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА...
НО НЕМА ДА КОПАТЕ, А ОТВОРИВТЕ ВОЈНА СО НАРОДОТ.
Здрава Котлина, 23.06.26.
Неуспешна претстава..., Рака и Ламба, Arcana, Безразборна лабораторија.
Португалецот кој со својата сестра живее во Британија е еден од најинтересните современи маргинални уметници.
Загадочна е неангажираноста, фалсификувачкиот стремеж кон некаква замислена неутралност.