Боли глава

Само стравот од независен граѓански глас ги обединува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дури ни ВМРО-ДПМНЕ не си дозволува толку тешки зборови во редовните утрински соопштенија против опозицијата, како што истури раководството на СДСМ против своите сопартијци што се собрале нешто да дебатираат без да знае лидерот Венко Филипче.

И не се караат само со своите сопартијци. Правеа и прават сѐ да ги замолчат граѓаните. Најголем душман и на власта и на опозицијата излегоа независните граѓански иницијативи. И само тој страв од независен граѓански глас ги обединува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Горан Михајловски, СДК, 04.06.26.

нема
06.07 12:09
Го украдовте сонот на една нација

Ја гледав снимката безброј пати и уште не разбирам како некој можеше да пресуди офсајд. Ако поништите гол што може да ја одлучи судбината на еден тим на Светското првенство, мора да бидете стопроцентно сигурни, а не да нагаѓате зад монитор. Милиони Иранци славеа историски момент, а потоа група службени лица им одзедоа сè за неколку секунди. Не само што поништивте гол - го украдовте сонот на една нација.

Не можете да се криете зад технологијата кога се користи на погрешен начин. Ова не е правда, ова е некомпетентност. Светското првенство се игра еднаш на секои четири години. Играчите жртвуваат сè за да стигнат до тука, навивачите доаѓаат од целиот свет, а потоа една шокантна одлука уништува месеци работа. Тоа е неоправдано.

Златан Ибрахимовиќ, 26.06.26.

нема
29.06 10:42
Баравте војна - си добивте војна

Вишиот управен суд со НИКАКВО ШТУРО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ донел одлука во мај да ја поништи одлуката за поништување на спојување на концесиите. Во пресудата се упатува на повторно разгледување во Владата. Арно ама...

Владата се прави како да не прочитала во одлуката дека треба повторно да решава и за неа ова било конечно решение. Не се бунела да вложи приговор, чекала да помине рокот и сега да се почитувале законите...

А очи им извади 10 години поминати рокови, заложена македонска земја како колатерал кај странците, 75% попуст на рудата, целосната несоодветност на студиите, зимањето на струмичката вода од Турија, појавувањето на 22 литра во секунда силна киселина што ќе тече во наредните 500 години итн.

Затоа ли спремавте измените на Законот за минерални суровини за надминување на експропријација за добивање дозвола? Затоа ли ова хорско пеење на рудничка пропаганда секој ден? Се сеќавате ли што зборувавте, зошто протестиравте и што ветувавте во 2023/2024?

Ќе ве потсетиме: ЛИЦЕМЕРИЕ, ЗАСЛЕПЕНОСТ, СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА...

НО НЕМА ДА КОПАТЕ, А ОТВОРИВТЕ ВОЈНА СО НАРОДОТ.

Здрава Котлина, 23.06.26.

нема
27.06 12:50
Јебало вас Пампорово

Гледаш дека Бугарија те напаѓа од сите страни, со служби, со опозиција, со разузнавачи, со дипломатија, сам кажуваш ни водат хибридна војна, сами си палат дипломатски возила пред извештај, додека во Европа нè негираат и блокираат... - и ти, како прв човек на државата, праќаш жена и дете у Пампорово!?

У змајевом гнезду, додека дома на народот му препорачуваш домашни езера, реки, брда и долини.

Е па кој е тука луд бе…

Ивор Мицковски, Фејсбук, 25.06.26.

нема
25.06 14:18
Ако ова е нормално, како изгледа ненормално?

Министерот Панче Тошковски неодамна рече дека „му се повраќало од тоа што го видел“. Само јавноста не сфати до крај дали зборува за криминалот, или за нешто друго. Но, веднаш потоа нè увери дека МВР ги дава најдобрите резултати во последните 20 години и дека конечно имаме „нормален министер“. И така отвори едно филозофско прашање: ако ова е нормално, како изгледа ненормално?

Жана П. Божиновска, Слободен печат, 22.06.26.

нема
24.06 10:19
Најголемиот „миротворец“ водеше 81 отсто од сите 248 воени судири на планетава од 1945 навака

Најголемиот „миротворец“ на планетата, и неспорниот морален Олимп што пресудува за тоа кој е добар а кој лош во светот, кој е корумпиран а кој не е, кој е опасен за мирот во светот и за сигурноста и безбедноста на земјите (на Глобалниот запад), според академска студија, предизвика, започна и водеше дури 201 воен конфликт од 1945 до 2001, или дури 81 отсто од сите 248 воени судири на планетата.

Мирослав Грчев, 11.06.26.

нема
17.06 19:59
Нашиот јавен сервис е меѓу ретките во светот што не ги пренесува натпреварите од Светското фудбалско првенство

Сè започна пред 52 години. Тогашната Телевизија Скопје во рамките на ЈРТ започна да ги коментира натпреварите на светските фудбалски првенства на македонски јазик. Од Минхен 1974 до Катар 2022. Некои на лице место, некои во студиото во Скопје.

Беше 13 јуни 1974 година, кога заедно со колегата Иван Мировски се јавивме од олимпискиот стадион во Минхен од натпреварот Бразил-Југославија. Се сеќавам и на специјалната пратка од генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Македонија, Симеон Балвански до селекторот на југословенската фудбалска репрезентација Миљан Миљаниќ — 30 одбрани македонски лути пиперки.

Ќе биде запаметено дека нашиот јавен сервис е меѓу ретките во светот што не ги пренесува натпреварите од Светското фудбалско првенство во САД, Мексико и Канада. Тоа се случи во времето на најдолговечниот генерален директор на МРТВ, Марјан Цветковски, кој сега се сели во нова удобна фотелја, прв државен човек на проектот „Скопје 2028 — културна престолнина на Европа“.

Атанас Костовски, Слободен печат, 10.06.26.

нема
16.06 18:24
Потпросечни политички медиокритети

Го слушам премиерот Мицкоски како раскажува дека Радев потрошил цела година да ги убеди европските лидери оти треба да се стават Бугарите во македонскиот Устав. А што правеше Мицкоски во тоа време како опозиција? Додека Радев работел на случајот како да ја блокира Македонија во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ работеше како да го блокира владеењето на СДСМ. Ај што блокираа, туку сееја и омраза со „северџани“, „вакви-такви“, „не отварам врата на пописот“ и слични гадотии. И што прави сега кога е на власт? Исто. Пак секој ден се кара со СДСМ и сее омраза со „глодари“, „талог на општеството“, „мекотели“ и најново – „потпросечни политички медиокритети“.

Горан Михајловски, СДК, 05.06.26.

нема
11.06 11:18
Околу 20-30 луѓе во период од 6-7 години не се појавиле на работа во ИЈЗ, а земале редовно плата

Околу 20-30 луѓе во период од 6-7 години не се имаат појавено на работа во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), а земале редовно плата. Сите биле уредно регистрирани во системот за евиденција на работа, за што им плаќале на одредени колеги по 200 евра. Вработени во Институтот, освен редовната плата, земале и пари преку договор за дело, за извршување на работи како полевање на двор. 

Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ; СДК, 03.06.26.

нема
08.06 10:16
Вицкастиот номинален шеф на НАТО

Русија денес е толку успешна што Путин можеше да организира парада за 9 мај само затоа што му дозволивте да трае два часа.

Марк Руте, генерален секретар на НАТО, при средба со Зеленски, претседателот на Украина; Либертас, 04.06.26.

нема
04.06 15:27
Ти си глодар од талогот на општеството што не може да се израдува на успесите на Владата

Што има да прашуваш за пари, ако Владата ти вика дека ќе организира светска забава. Ти си сељак што не знае кои се Дејвид Гета и Хозе Карерас. Глодар од талогот на општеството што не може да се израдува на успесите на Владата дека сме трети и петти по раст во Европа и на патот кон ЕУ ги престигнуваме и фронтранерите Црна Гора и Албанија. Предавник што не сака да се израдува на 35-годишнината од прогласувањето независна држава.

Горан Михајловски, СДК, 29.05.26.

нема
01.06 09:54
Олабавете нѐ малку со меѓусебните црни кампањи

Секој ден ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДСМ за предавство на националните интереси, за коленичење и подлизурковство, за криминали и што ли уште не. СДСМ секој ден ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за сѐ и сешто. Значи, за СДСМ, што и да направи Владата не чини. И нека биде така. Ама, освен меѓусебното плукање за сѐ и сешто, има една тема околу која на граѓаните очајно им треба обединување. А тоа е членството во ЕУ.

Ај, олабавете нѐ малку со меѓусебните црни кампањи. Зборете за себе дека сте криминалци, кршете си ги главите ако сакате. Ама не може едната партија да ја обвинува другата дека е поголем непријател на државата отколку силеџијата што не те признава дека постоиш. Државен интерес е да се влезе во ЕУ. Не е партиски.

Горан Михајловски, СДК, 08.05.26.

нема
18.05 16:01
Премиер врти кај државен обвинител да праша за предмет само во држава без систем

Кога на граѓани и фирми им се отфрлаат пријави, никој не му се јавува на обвинителот за да му каже дека е „шокиран“. Премиер врти кај државен обвинител да праша за предмет само во држава без систем.

И зошто воопшто му се јавува на државниот обвинител, а не на шефот на обвинтиелството што го водеше предметот за мазутот кое ја запре постапката? Какви се овие нарачки ЕСМ да се жали на одлуката, кога луѓе од самата компанија пред обвинител кажале дека не е оштетена?

Самиот одговор на државниот обвинител звучеше повеќе како правдање отколку како демонстрација на самостојност: „не зборувавме за детали“, „првпат се слушаме“...

Поразително е што државна институција ни прераскажува во детали како течел разговорот меѓу премиерот и обвинителот и кој на кого што му рекол.

Обвинителот напишал дека обвинителите се самостојни во донесувањето одлуки, но очекував да му каже на премиерот никогаш повеќе да не му се јавува да прашува за предмети.
А ако сака да разговараат - тоа да биде само за пари и за условите во Обвинителството.

Реакцијата на министерот за правда не вреди ни да се коментира.

Васко Маглешов, Фејсбук, 14.05.26.

нема
14.05 18:22
Зошто некој би шетал со 50.000 евра по подруми?

Уште не е откриено како се нашле 50.000 евра кај поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка Илија Стоилев, обвинет дека ги зел како поткуп, кого полицијата го фатила во гаража во скопски Аеродром сосе парите. Не се знае дали бил курир, или краен корисник.

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска го праша министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дали манипулира со истрагата, оти во зградата каде што е гаражата кај што беше фатен Стоилев, живее и министерот за земјоделие Цветан Трипуновски. А министерот Тошковски ѝ одговори дека во таа зграда живеат и други, поранешни функционери.

Што барал Стоилев во гаража под зграда каде што не живее? Може ги носел кај некој бивш функционер. Може Стоилев од ВМРО-ДПМНЕ му бил должен на некој од СДСМ, па одел да се раздолжи.

А може и сакал да купува паркинг место. Проблем е паркирањето во Скопје.

Нема друго. Само тоа е логично објаснување. Инаку, зошто некој би шетал со 50.000 евра по подруми. Освен ако и тој не барал креативни решенија за излез од гаражата. Од овој подрум со поглед кон ЕУ.

Горан Михајловски, СДК, 08.05.26.

нема
12.05 10:29

Препорачуваме

Изложба: Осумнаесет величествени маргинални уметници

Маргиналната уметност е главна тема на книжевниот фестивал Друга приказна #11.

Програма на книжевниот фестивал „Друга приказна“

Во „Центар Јадро“ во Скопје од 4 до 6 септември 2026 г.

„Овде воопшто не може да се разговара!“

Роберт Перишиќ е лауреат на фестивалот „Друга приказна“ кој ќе се одржи од 4 до 6 септември во „Јадро“.

Ирина Тошева: „Made in Idrizovo“ е приказна за трудот и авторството на затвореничките

Осуденички во затворска шивална учат нови вештини. Извезените производи ги нудат под етикетата „Made in Idrizovo“.

ОкоБоли главаВицФото