Боли глава

Војната мора да се донесе во Русија

Ако Украина не успее, ќе биде страшно. Милиони Украинци ќе ги напуштат своите домови и ќе ја загрозат кохезијата на Европа. Тоа исто така ќе покаже дека Западот не е во состојба да спречи диктатор како Путин, кој бесмислено жртвува стотици илјади свои војници во ужасно крвопролевање. Токму затоа на Русија мора да и се покаже дека не може повеќе да продолжи на овој начин. Русија мора да го признае правото на постоење на своите соседи. Војната мора да се донесе во Русија. Руските воени локации и командни штабови да бидат уништени.

Родерих Кизеветер, германски пратеник (ЦДУ), Дојче веле, 19.02.24.

нема
19.02 10:06
Мајко мила, каков ли дел од експеримент сме...

Поминаа пет години и дочекавме во сред дебатна емисија на Топ Тема министерот во живо да потпишува правилници за да не нѐ фати полноќ и да може да се патува со налепници.

Мајко мила, каков ли дел од експеримент сме, што ли сме...

Мери Јордановска, Фејсбук, 13.02.24.

нема
14.02 10:19
Вакво лудило не е видено!

Па вакво лудило не е видено! Јавно им се извинувам на сите што сум ги хејтал оти извадиле некаков друг пасош, за „не дај боже“. Во Маќедоња, секој ден е „дај боже“.

МВР: „Ги замолуваме граѓаните со стари патни исправи воопшто да не се обидуваат да излезат од нашата држава затоа што тоа нема да биде возможно. Граѓаните со двојно државјанство ќе можат непречено да ги користат патните исправи од другата држава.“

Герман Филков, Фејсбук, 11.02.24.

нема
12.02 15:53
Морам да го откажам патувањето и да тужам

Вака. Ни пасош земав, ни л.к. земав, а после целата голгота сфативме (неколку од нас) дека колите уредно паркирани на платен паркинг на Град Скопје, ни ги земал пајак на ПОЦ. Пасошот е готов, ама не е тука, не е ни по пат (од каде што ги прават до шалтеров за издавање). Каде е? Не знае никој. Личната ми била пратена и да ја барам од подрачната на МВР во Газа Баба. Откако си ја земав колата од пајак и се олеснив неколку илјади денари, одам во полициската во Гази Баба каде ми рекоа дека нема таква л.к. Уште и навредени дека мислам дека лажат оти сум рекол „ама од МТВ ми рекоа дека е тука“. Викаат дека на 80.000 жители во Гази Баба досега им стигнале само 400 л.к. 400! Е па стварно нема шанси мојата да е меѓу 0,5%. Чаре? Нема. Морам да го откажам патувањето и да тужам. За паркингот? Приговор можел да се достави само во полициска Пролеќе. Ќе одам и таму. Ме фати инат.

Герман Филков, Фејсбук, 06.02.24.

нема
06.02 13:45
Таму каде што ќе видам такво нешто, во старт имате една оцена пониско

Сите вие што сте родени од 1991 година наваму во индексот кај држава на раѓање треба да ставате исклучително само Македонија и ништо друго. Никакво РСМ, Р.С.М., РС Македонија и слично не сакам да видам. Таму не ви пишува држава на живеење, а дури и тоа да ви пишува, не мора да бидете толку политички коректни. Ви укажувам на прва страница на индекс таму каде што ќе видам такво нешто, во старт имате една оцена пониско. Или можеби грешам ние имаме пет годишни деца на студии, откога некои политиканти на сила и со манипулации го прифатија пежоративното име. Берете ум во глава!

Владимир Трајковски, професор на УКИМ, Фејсбук, 01.02.24.

нема
05.02 09:25
Сосем природно е СДСМ да го бара сојузникот кај вистински левичари

Партијата Ветвендосје, по официјални патишта или просто по органски пат на нејзината популарност во албанофонската сфера, има влијание меѓу Албанците во Македонија. И тоа е релевантно, и нешто со што социјал-демократите треба да се запознаат, да го разберат како процес, да ја разберат природата на таа популарност. Ветвендосје е партија на лев популизам, партија која Гардијан пред некоја година ја прогласи за најпрогресивната партија во Европа.

Доколку почитувачите на оваа партија во Македонија добијат гласност и видливост, креираат сопствена партија или ги преточат овие вредности во некоја друга партија, тоа е добро за целото македонско општество, независно од етничките разлики. Сосем природно е СДСМ да го бара сојузникот кај вистински левичари, наместо кај десно ориентирани, антиевропски, традиционалистички партии.

Катарина Колозова, Цивил Медиа, 22.01.24.

нема
02.02 15:31
Се надевам дека нашите стратешки партнери ќе го сменат својот наратив

Се надевам дека нашите стратешки партнери ќе го сменат својот наратив. Сѐ што може да се напише на хартија може одново да се напише.

Иванка Василевска, пратеничка и членка на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ; Слободен печат, 24.01.24.

нема
31.01 14:28
Руската амбасада ќе издаде соопштение, и тие доминираат со просторот тој ден

Ќе направам една паралела бидејќи, покрај политичките теми, доминираат и темите од областа на безбедноста кога станува збор за дезинформации. Меѓутоа, доминираат и темите на стратешкиот пат на државата. Еве на социјалните медиуми, имаме извонредна комуникација со странските, меѓународните организации и фактори. САД, ЕУ, бројните амбасади со седиште во Скопје, со кои работиме многу заеднички проекти. И кога некои амбасадори ќе го користат, на пример, македонскиот јазик, за да го честитаат празникот на државата, тоа поминува незабележано. Од друга страна, Руската амбасада ќе издаде едно соопштение, и тие доминираат со просторот тој ден, а можеби и многу подолго од еден ден.

Никола Дујовски, Civil media, 25.01.24.

нема
29.01 10:12
Морам да ви раскажам колку си се смеев вчера на сопствената несмасност, појавност, горопадност

Се спремаме семејно за во кафана, да се дотераме, нели. Си го вадам шарениот фустан што го купив пред нова година, да го облечам, да бидам Сека Сабљиќ у кафана. Го вадам од закачалка и гледам под едната мишка отпарано малце. Викам, е добро де, ништо страшно, ќе го закрпам. Го прегледувам фустанот и гледам дека и под другата мишка дупка, онолкаа! Си викам: ова е невозможно. Но, изгледа премногу ги имам кревано рацете и се направиле дупки и под двете мишки од притисокот на цицкиве.

А фустанот ми е безмерно точен насекаде, освен очигледно кај што пукнал. И си седев така со конците и иглата во рака и си реков: не, ова не може сега да се поправи.

Одбрав еден друг и излеговме.

Во кафана си се мислев колку сум голема и смешна и се прифатив и си каснав јагнешко.

Ана Голејшка Џикова, Фејсбук, 22.01.24.

нема
25.01 19:39
Маскенбал

Стоиме пред фактички доказ дека нашата самонаречена „Левица“ е маскирана „Десница“, а „десницата“ ВМРО-ДПМНЕ, пак, е фарисејски, антихуманистички популизам маскиран под назив – десница. Маскенбал! Едвај чекам коалиција меѓу нив, можеби коалицијата меѓу преправантуси доведува до софт-анихилација по природни закони.

Емилија Целакоска, Racin.mk, 19.01.24.

нема
22.01 09:57
Најчистата и најнечистата република

Фактот дека Словенија е денес најчистата држава во светот објаснува колку неизбежен бил распадот на СФРЈ.

Најчиста и најнечиста република во иста држава - не бива!

Бесим Небиу, Фејсбук, 18.01.24.

нема
19.01 12:21
Граѓаните масовно му покажуваат палец свртен надолу. Уа!

Ако се услови да дојдеш пред пункт во ноќ за да фатиш ред пред да се раздени, да стоиш десет часа на нога, на отворено, на студ и убиствено загаден воздух, во куп ѓубре и пред две-три смрдливи кабини полни со измет, со стрес, со нервози и очај од понижувањето, без ред во толпа во која се туркаат и стари и изнемоштени и мајки со деца и болни и оперирани, тогаш и Спасовски е успешен министер, за каков што се фали деновиве по Вашингтон. Министерот колку што сака може себеси да се смета за успешен, ама граѓаните веќе масовно му покажуваат палец свртен надолу. Уа!

Соња Христовска Угриновска, Слободен печат / Окно, 17.01.24.

нема
17.01 12:13
Антикризните мерки го чинеа буџетот 2,7 милијарди евра

Пакетите на антикризни мерки вкупно го чинеа буџетот околу 2,7 милијарди евра, дизајнирани во девет пакети. Сетот мерки за одговор кон пандемијата вкупно чинеше околу 1,2 милијарди евра, со главна насока да се спасат животите и заштити здравјето на граѓаните, да се зачуваат работните места и да се одржи во живот економијата која хибернира. Втората група на мерки, односно сетот на мерки како одговор на енергетската и потоа ценовната криза го чинеше околу 760 милиони евра во главно за апсорбирање на ударот на кризата врз социјално ранливите категории на граѓаните и стопанството. Последниот пакет на мерки достигна 662 милиони евра, главно, е одговор на продолжениот ефект на ценовната криза која се состои со мерки за заштита на стандардот на граѓаните, помош за најранливите категории на граѓани, но и поддршка на стопанството.

Фатмир Бесими, министер за финансии; Плус инфо, 08.01.24.

нема
11.01 17:10
„Вработените што го поддржаа Тасевски се замаени”

Директорот на М-НАВ: „Вработените што го поддржаа Тасевски се замаени”. Замаени. Цитат.

Господине, тоа што ви се дозволи од позиција на директор да држите пресови за да ја цените психичката состојба на вашите вработени, е туѓа вина.

Ви се случи скандал невиден во светот - значи, невиден -, врвно сериозен безбедносен инцидент: бараби од партијата што ве поставила ви нападнаа луѓе (еден и ви истепаа) додека тие беа на своето работно место.

Елементарно што должите пред граѓаните кои ве плаќаат е одговорност за тој инцидент, потврден од полиција и во фаза на расветлување.

Краен безобразлук е да се расфрлате со квалификации за Синдикатот. Темата е: стручност и компетенции.

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 05.01.24.

нема
05.01 18:17

Препорачуваме

23 начини на кои феминизмот ги подобри животите на мажите

Феминизмот сè уште често се смета за грд збор, а ретко се спомнуваат неговите позитивни учиноци, во корист и на мажите.

Деликатниот ромор на исраните овчи брбушки

Историскиот миг во кој се наоѓаме е повторување на малоумната атмосфера во изборната година 2006.

Петнаесет години Окно

Насловна на Окно од 13 март 2009.

ОкоБоли главаВицФото