Боли глава

Време е за нормално ДПМНЕ, без ВМРО, без амнестија, кое ќе се покае, ќе се извини, ќе си плати за грешките

Ако водам – следете ме, ако се двоумам – поттурнете ме, ако ве предадам – убијте ме.
Нит водиш, нит се двоумиш, твродглав си и глуп, и сега вмровци ти викаат дека си ги предал.
Не ти ја бараат главата, барем не онаа на рамењата.
Си ветувал гаранција со имотот на партијата, ништо од тоа! Си ветувал закон за амнестија, и од тоа ништо.
Е Христијане, видиш, неколку паталци таму, кои се кајат и бараат повторно право да бидат примени меѓу својот народ, од аспект на разум веќе ти ја презедоа таа лудница од партија.
Време е за нормално ДПМНЕ, без ВМРО, без амнестија, кое ќе се покае, ќе се извини, ќе си плати за грешките, и ќе се врати да биде политичка партија, а не националистичко чудовиште или партиски Левијатан.
Од морален и идеолошки аспект, ВМРО на Груевски и Мицкоски е закопано, надминато, угасено, останува тоа да се санкционира и политички и нотарски.

Ивор Мицковски, Фејсбук, 22.10.18.

нема
24.10 09:48
Првиот историски бордел со сексуални работнички и работници во носии

Да се паметни сега да легализираат проституција па Етно селото да го направат прв историски бордел во светот со сексуални работнички и работници во носии. Па имаш предигри со востанија и буни; па имаш Турци, па бегот ја граба Цвета...

Абе све ја ли треба да мислам!?

Александар Цукарски, Фејсбук, 19.10.18.

нема
21.10 19:34
Песната што ќе ја рокам на свадба

Ми вели вчера еден разочаран граѓанин на РСМ:

"Ах дете, па си го прочитал ли договорот, нема да можеш македонска песна да пуштиш утре на свадба."

Е оваа ќе ја рокам на свадба, бе, патриоти!

Зоран Шекеров, Фејсбук, 20.10.18.

нема
20.10 15:36
Во целава каша единствено транспарентни се вашите лични интереси

За колку судбини ќе се одлучува денес или на некои наредни избори? Колку емоционално несозреани парламентарци, политичари, интелектуалци ќе одлучуваат за судбината на една земја? Знаат ли дека секое нивно да или не менува патеки на цели животи и семејства?

Или тоа можеби воопшто не ги интересира? Каква е таа апстрактна љубов кон името, неповрзана со ниедна жива состојка, најмалку во облик на човек?

Да можевте да се видите себеси од страна, да ја видите вашата децениски товена алчност и деструктивност, денес олицетворена во физичката мизерија и мисловна хибернација на еден народ...

Како мислите да нè сочувате? Како мислите да ги сочувате традицијата, јазикот, културата? Со пцовки и клетви или со длабоко замрзнување? Со купени дипломи и тендери? Со пароли? Или со натрупани знаења, цитати и информации, со објавена војна на нато и еу, а без трунка животно искуство -  ќе нè водите во светла иднина?!

Во сета оваа каша, единствено транспарентни се вашите лични интереси. Кога само би можеле да се видите со очи на еден пораснат, созреан и самосвесен човек...

Синоличка Трпкова, Фејсбук, 18.10.18.

нема
19.10 13:46
Дајте да им дадеме амнестија, бидете практични, доста се мачеа луѓето

Дајте да им дадеме амнестија, бидете практични, доста се мачеа луѓето. Задниот збор е пари. Сè е економија и пари. Бидете практични, дајте им право да гласаат и стојте зад нив, и гарантирајте им иднина. Ако им дадете амнестија, така ќе биде и поевтино. И секој вмровец кој ќе гласа за договорот државата да стои зад него, ама прво да гласа и да се амнестираат сите грешници.

Бранко Манојлоски, пратеник од ДУИ, на собраниска седница; Плус инфо, 18.10.18.

нема
18.10 12:48
Еден е Телма

На новинари од Телма им било со месеци забрането да пишуваат на Фејсбук.

Освен на еден од нив, кој секој ден пишува по 20 статуси, за да надомести за сите други.

А неговите статуси се официјални ставови на телевизијата.

Никола Наумоски, Фејсбук, 17.10.18.

нема
17.10 12:04
Ве тепаа како свињи во кочина и сега сакате да им простите?

Ве тепаа како свињи во кочина и сега сакате да им простите? Зашто не умеевте да ги ставите зад решетки, каде што им е местото? Зашто не сакавте да поставите на раководни позиции луѓе кои знаат и можат? Зашто нè пуштивте да се бламираме и да гласаме при непрочистен избирачки список и без направен попис и без соодветна дипломатска покриеност на дијаспората, за некоја будала сега да тврди дека 1200000 Македонци биле против договорот со Грција. Па на цел свет бе нема повеќе од 2000000 Македонци (до четврто колено броење).

Мирјана Најчевска, Фејсбук / Окно, 15.10.18.

нема
15.10 21:09
Кокодакање

Синоќа на иранскиот филм „Без датум и потпис“ на Вахид Џалилванд, во „Фросина“ одекна нечиј телефон. Ова не би го ни спомнала од што е често и од што е безнадежно дека некогаш ќе престане да се случува во Скопје на настани, доколку рингтонот не беше кокодакање. Како вистинска кокошка заедно со нас да го гледаше филмот во кој се појавуваат и мртви кокошки; а една од нив можеби беше и причината за неколку други смртти. Како вистинската кокошка да се избезуми од филмот и се развика во салата. Не можеше да се воздржи. Се избезумив и јас. Цела секунда не знаев дали станува збор за софистициран маркетинг на фестивалот „КинеНова“, за шега на моите блиски пријатели со кои го гледав филмот или... за нешто што го слушнавме или го измисливме само неколкумина, најдлабоко навлезени во вториот, филм и пол на Џалилванд. Стварноста отсекогаш наоѓа начини да ѝ се одмазди на уметноста за сета дополнително нанесена болка врз неа.

Оливера Ќорвезироска, Фејсбук, 09.10.18.

нема
12.10 10:23
Вук не мења ДУП!

Вук длаку мења али не мења ДУП!

Никола Писарев, Фејсбук, 10.10.18.

нема
10.10 14:22
Стефан Влахов-Мицов и Јанко Бачев

Да се скине човек од смеење од онаа епохална денунцијантска преписка помеѓу руските бабушки Стефан Влахов-Мицов и Јанко Бачев! Двајцата се – според меѓусебните, убедливи и детални обвинувања – полициски жбирови и обикновени провокатори, веројатно управувани од една иста канцеларија, од исти луѓе од претпладневна и од попладневна смена. Ви гарантирам дека и објавените писма со меѓусебните плукања се напишани во истата таа канцеларија! Бидејќи, невозможно е да се најдат такво лонче и капаче, како овие двајца политички кловнови, во природни животни услови. Мора да е некој штапски експеримент со бубашваби и новичок, можеби излезен од контрола?

Сашо Орданоски, Цивил медиа, 09.10.18.

нема
09.10 12:21
8 1 0 2 0 1 8

 ДЕНЕШНИОТ ДАТУМ СЕ ЧИТА ИСТО ОД ОБЕТЕ СТРАНИ!

нема
08.10 13:14
„Семантичко заситување“

Веќе 27 години секој протест, митинг, избори, кампања, програма... се за „европска Македонија“. И веќе 27 години, барем два пати годишно, „македонската европска иднина и интеграции се загрозени, а меѓународната заедница загрижена“.

Има еден латински израз, се вика „ad nauseam“ и значи повторување до повраќање, додека да ти се згади.

А психологијата познава феномен кој се нарекува „семантичко заситување“, кога поради репетиција некој збор ја губи смислата и се доживува како безначајни звуци.

Така некако.

Инес Ефремова, Фејсбук / Окно, 02.10.18.

нема
06.10 13:47
Ах бре Македонче бре улаво

Ах бре Македонче. Пола Африка и пола Азија пливаше преку Средоземно море и пола се удавија, или пак одеше пешки по пруги пола ги изгазија, за да дојдат сиротите до ЕУ и НАТО животот.

Нас Меркел и Пенс нè молеа за таму, ние им покажавме среден прст.

Ах бре Македонче бре улаво.

Саше Ивановски, Фејсбук, 02.10.18.

нема
04.10 11:23
Кога ги толерирате насилниците - станувате соучесници

Новинар вработен во државна институција повика кон силување на новинарка. Четири машки ученици фрлиле девојче низ прозор во училиште. Да, треба да има институционална одговорност – Чилиманов да се отпушти и казни за говор на омраза, да одговараат и надлежните во училиштето.

Ама треба да се запрашаме зошто постојано ги толерираме шовинистите и насилниците околу нас. Тоа посебно сум го забележала во машките „братства“ од детство или младост, каде вакви шовинисти и насилници се прифатени зашто тие би направиле сè еден за друг, би си помогнале кога им е најтешко, итн. Кога не реагирате на нивниот шовинизам и ги толерирате – наместо да ги изолирате – тие што преку хумор нормализираат силеџиство, тие што си ја удриле девојката или сопругата, станувате соучесници.

Румена Бужаровска, Фејсбук, 02.10.18.

нема
03.10 20:33

Препорачуваме

Балада за Когобил

Имало некој пргав тип, пргав тип, со опасен чип. Кој и да му дошол под бесните шаки веднаш станувал корисник на штаки.

Северна Македонија – именка и придавка

Провокацијата на Борисов, кој Пендаровски го нарече северномакедонски претседател, не помине незабележано.

Вован и Лексус - шрафови на темниот агитпроп на Москва

Како да се одговори на ваквото однесување на Москва? Пентагон предлага подадена рака за интересите што зближуваат.

Не знам во кој момент се променија вредностите

Во кој момент стана престиж да бидеш глуп, неук, примитивен, насилен?

ОкоБоли главаВицФото