Боли глава

Кичево да се премести до Охрид

Сеуште стојам на кажаното дека поевтино е да се премести Кичево до Охрид, отколку да се гради автопат.

Александар Дојранлиев, Фејсбук, 03.11.18.

нема
03.11 21:24
Изгубен контакт со реалноста

Си се собрале од власта, што градоначалници, што министри, што новинари, и си давале комични отчети, се шегувале со проблемите за кои обичниот граѓанин секојдневно полудува и јаде нервози.

Вие мислите дека сте интересни, ама всушност сте прости и ограничени, и не ја гледате маката на народот.

Ќе праите комика, и ќе се бавите со сатира кога нешто ќе решите и надминете, а не таа да ви служи за демек да се правите интересни и да ја потопувате вистинската сатира и хумор на ваша сметка.

Демек, леле колку сме отворени, сами се подјебаваме.

Вие сте изгубиле тотален контакт со реалноста и катастрофата која не ја оправате.

Сатирата е прерогатив на народот, како и пцовката, да можеме да ви се насереме на вакви ко вас без осет, ама вие толку сте лигави, што и тоа сакате да го присвоите.

Ивор Мицковски, Фејсбук, 01.11.18.

нема
02.11 14:17
„Скотови се перат во валкани пари”

Да се разбереме: оној што украл пет милијарди евра има висок помирувачки потенцијал, а оној со кого треба да се помирува или не украл ништо или му е мака што не украл повеќе. Помирувањето е шанса тие разлики да се изнивелираат. Во некоја филмска верзија операцијата може да се вика „Скотови се перат во валкани пари”.

Бранко Тричковски, Фејсбук, 30.10.18.

нема
31.10 18:13
Хајди

Џоле Фикусот во отворено писмо ќе ја раскаже „Хајди“.

Александар Дојранлиев, Фејсбук, 29.10.18.

нема
30.10 18:20
Ќе преземе ли некој нешто?

Одејќи по Партизанска, за половина час 8 брзи мотори поминаа возејќи со повеќе од 100 километри на час, а дозволени се само 50. Ќе преземе ли некој нешто?

Питер Ван Хојт, Фејсбук, 28.10.18.

нема
29.10 11:32
Предавници

Досега нас нè викаа предавници, сега почнаа своите пратеници и своето поранешно и актуелно раководство да ги викаат предавници (па и криминалци - дури сега им текна дека имале криминал во партијата).

Вака ако продолжат уште малце и самите себеси ќе почнат да се нарекуваат предавници.

Владимир Петрески, Фејсбук, 22.10.18.

нема
26.10 16:12
Време е за нормално ДПМНЕ, без ВМРО, без амнестија, кое ќе се покае, ќе се извини, ќе си плати за грешките

Ако водам – следете ме, ако се двоумам – поттурнете ме, ако ве предадам – убијте ме.
Нит водиш, нит се двоумиш, твродглав си и глуп, и сега вмровци ти викаат дека си ги предал.
Не ти ја бараат главата, барем не онаа на рамењата.
Си ветувал гаранција со имотот на партијата, ништо од тоа! Си ветувал закон за амнестија, и од тоа ништо.
Е Христијане, видиш, неколку паталци таму, кои се кајат и бараат повторно право да бидат примени меѓу својот народ, од аспект на разум веќе ти ја презедоа таа лудница од партија.
Време е за нормално ДПМНЕ, без ВМРО, без амнестија, кое ќе се покае, ќе се извини, ќе си плати за грешките, и ќе се врати да биде политичка партија, а не националистичко чудовиште или партиски Левијатан.
Од морален и идеолошки аспект, ВМРО на Груевски и Мицкоски е закопано, надминато, угасено, останува тоа да се санкционира и политички и нотарски.

Ивор Мицковски, Фејсбук, 22.10.18.

нема
24.10 09:48
Првиот историски бордел со сексуални работнички и работници во носии

Да се паметни сега да легализираат проституција па Етно селото да го направат прв историски бордел во светот со сексуални работнички и работници во носии. Па имаш предигри со востанија и буни; па имаш Турци, па бегот ја граба Цвета...

Абе све ја ли треба да мислам!?

Александар Цукарски, Фејсбук, 19.10.18.

нема
21.10 19:34
Песната што ќе ја рокам на свадба

Ми вели вчера еден разочаран граѓанин на РСМ:

"Ах дете, па си го прочитал ли договорот, нема да можеш македонска песна да пуштиш утре на свадба."

Е оваа ќе ја рокам на свадба, бе, патриоти!

Зоран Шекеров, Фејсбук, 20.10.18.

нема
20.10 15:36
Во целава каша единствено транспарентни се вашите лични интереси

За колку судбини ќе се одлучува денес или на некои наредни избори? Колку емоционално несозреани парламентарци, политичари, интелектуалци ќе одлучуваат за судбината на една земја? Знаат ли дека секое нивно да или не менува патеки на цели животи и семејства?

Или тоа можеби воопшто не ги интересира? Каква е таа апстрактна љубов кон името, неповрзана со ниедна жива состојка, најмалку во облик на човек?

Да можевте да се видите себеси од страна, да ја видите вашата децениски товена алчност и деструктивност, денес олицетворена во физичката мизерија и мисловна хибернација на еден народ...

Како мислите да нè сочувате? Како мислите да ги сочувате традицијата, јазикот, културата? Со пцовки и клетви или со длабоко замрзнување? Со купени дипломи и тендери? Со пароли? Или со натрупани знаења, цитати и информации, со објавена војна на нато и еу, а без трунка животно искуство -  ќе нè водите во светла иднина?!

Во сета оваа каша, единствено транспарентни се вашите лични интереси. Кога само би можеле да се видите со очи на еден пораснат, созреан и самосвесен човек...

Синоличка Трпкова, Фејсбук, 18.10.18.

нема
19.10 13:46
Дајте да им дадеме амнестија, бидете практични, доста се мачеа луѓето

Дајте да им дадеме амнестија, бидете практични, доста се мачеа луѓето. Задниот збор е пари. Сè е економија и пари. Бидете практични, дајте им право да гласаат и стојте зад нив, и гарантирајте им иднина. Ако им дадете амнестија, така ќе биде и поевтино. И секој вмровец кој ќе гласа за договорот државата да стои зад него, ама прво да гласа и да се амнестираат сите грешници.

Бранко Манојлоски, пратеник од ДУИ, на собраниска седница; Плус инфо, 18.10.18.

нема
18.10 12:48
Еден е Телма

На новинари од Телма им било со месеци забрането да пишуваат на Фејсбук.

Освен на еден од нив, кој секој ден пишува по 20 статуси, за да надомести за сите други.

А неговите статуси се официјални ставови на телевизијата.

Никола Наумоски, Фејсбук, 17.10.18.

нема
17.10 12:04
Ве тепаа како свињи во кочина и сега сакате да им простите?

Ве тепаа како свињи во кочина и сега сакате да им простите? Зашто не умеевте да ги ставите зад решетки, каде што им е местото? Зашто не сакавте да поставите на раководни позиции луѓе кои знаат и можат? Зашто нè пуштивте да се бламираме и да гласаме при непрочистен избирачки список и без направен попис и без соодветна дипломатска покриеност на дијаспората, за некоја будала сега да тврди дека 1200000 Македонци биле против договорот со Грција. Па на цел свет бе нема повеќе од 2000000 Македонци (до четврто колено броење).

Мирјана Најчевска, Фејсбук / Окно, 15.10.18.

нема
15.10 21:09
Кокодакање

Синоќа на иранскиот филм „Без датум и потпис“ на Вахид Џалилванд, во „Фросина“ одекна нечиј телефон. Ова не би го ни спомнала од што е често и од што е безнадежно дека некогаш ќе престане да се случува во Скопје на настани, доколку рингтонот не беше кокодакање. Како вистинска кокошка заедно со нас да го гледаше филмот во кој се појавуваат и мртви кокошки; а една од нив можеби беше и причината за неколку други смртти. Како вистинската кокошка да се избезуми од филмот и се развика во салата. Не можеше да се воздржи. Се избезумив и јас. Цела секунда не знаев дали станува збор за софистициран маркетинг на фестивалот „КинеНова“, за шега на моите блиски пријатели со кои го гледав филмот или... за нешто што го слушнавме или го измисливме само неколкумина, најдлабоко навлезени во вториот, филм и пол на Џалилванд. Стварноста отсекогаш наоѓа начини да ѝ се одмазди на уметноста за сета дополнително нанесена болка врз неа.

Оливера Ќорвезироска, Фејсбук, 09.10.18.

нема
12.10 10:23

Препорачуваме

Душан Чежек – Гифови

За пикселната уметност на уметникот што потекнува од Србија а живее во Прага.

Amazon.com: анатомија на една доминација

Смешно е што Трамп е најгласниот критичар на Амазон.

Кризата во Италија ќе има последици и за ЕУ

Шефот на деснорадикалната Лега, Матео Салвини, планира да ја собори владата во која и тој коалицира. Ако победи на изборите, претстојат непријатни времиња за Брисел, зашто Салвини за сѐ ја обвинува ЕУ.

Снегови

Авторката е гостинка на претстојниот книжевен фестивал Друга приказна (5-8 септември, МКЦ).

ОкоБоли главаВицФото