Боли глава

Македонско државно здравство: те гледа ко да си му дошол од курќејф

Македонско државно здравство: те гледа ко да си му дошол од курќејф, да фрлаш упути ко конфети, да чекаш редови место да идеш у парк да прошеташ, да им јадеш од апоите чисто онака од мерак. Никако не му текнуе дека си дошол со проблем, мака и болка.

Јана Јакимовска, Фејсбук, 12.11.22.

нема
14.11 2022
Тоа е континуитет којшто ВМРО-ДПМНЕ го има преземено

Не мора да се сложуваме со тоа што го правеле претходниците, во историска смисла на зборот, кога раководеле со претходниците, па и денеска со современото ВМРО-ДПМНЕ. Ќе поминат децении од денеска, па можеби некој и од нас ќе се оградува. Не значи дека ние се сложуваме со тие (на Ванчо Михајлов) политики. Но, тоа е еден континуитет којшто ВМРО-ДПМНЕ го има преземено и тој континуитет треба да се почитува.

Христијан Мицкоски одговара на новинарското прашање зошто се залага за затворање на клубот „Цар Борис“, а не го прави истото за клубот „Ванчо Михајлов“; Канал 5, 10.11.22.

нема
11.11 2022
Ислам Абази е близок до Али Ахмети?

Главниот лик кој сега треба да ја предводи борбата со корупцијата и организираниот криминал во оваа земја што галопира кон Брисел се сомничи дека е близок со ДУИ и со својот соселанец Ахмети.

Обвинувања за блиски политички релации на еден ваков профил на функционер се нешто на кое ниеден професионалец не би останал нем. Но, како што пишува „А1он“, Ислам Абази одбил да одговори на овие прашања, одбил да се соочи со своите противкандидати, избегнал дебата, а не кревал телефон и не одговарал на пораки и на другите медиуми.

Нема никаков имот во неговиот анкетен лист. Нема достапна биографија. И нема програма.

Боже, боже! А едно време мислевме дека не може полош старт од несоодветна чипка.

Македонија испадна земја на големи можности - нема што не може.

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 09.11.22.

нема
09.11 2022
Ме изненадува ако е ова редовна пракса и вообичаен начин на објавување вести во медиумите во Македонија!

Мојата вчерашна ФБ објава со информацијата дека Македонија е 36-та најбезбедна држава во светот ја (пре)објавиле 14 медиуми. Барем толку јас најдов. И сите ја објавиле точно онака како што ја имав напишано (copy-paste). Освен што го исфрлиле првиот параграф, од разбирливи причини.

Ми падна во очи дека единствено Frontline напишале дека текстот е мој. И, освен Frontline, уште само CivilMedia и Нова ТВ побараа дозвола од мене пред да го објават текстот. Ниту еден друг медиум.

Не патам од суети и лично немам проблем да се споделуваат мои ФБ објави, твитови и ставови, но сепак ме изненадува ако е ова редовна пракса и вообичаен начин на објавување вести во медиумите во Македонија!

Ацо Лукарски, Фејсбук, 07.11.22.

нема
07.11 2022
Точак

Епа не може бе другари и другарки точакот да го викате „велосипед“, а коа ќе ви се расипе (искриви бандашот) да викате ќе идам на „точкар“. Или, „кај има точкар у близина?“

Значи, коа сте у мука го викате по правото име, а коа сè ви е у реду глумите литературен јазик.

Ако веќе го викате „велосипед“ да си измислите и име за „точкар“.

Александар Цезар Коневски, Фејсбук, 05.11.22.

нема
05.11 2022
Кога ќе видам кого сѐ канат по медиуми

Кога ќе видам кого сѐ канат по медиуми, од сегашноста, а богами и од минатото, кој сѐ се дрзнува да анализира и кажува како било, како е и - пострашно - како треба, чија активност по социјални мрежи и секој можен статус од дијаспора ревносно се следи, кого сѐ амнестирала оваа пуста држава што апла, што на подзамижано, да ви кажам, ич не ме чуди кај сме.

Кога оние кои во една демократија и во една макар пристојна правна држава припаѓаат на маргините вие ги топорите на врвот на општеството - што ви останува тогаш и од врвот и од општеството?

Катарина Синадоновска, Фејсбук, 04.11.22.

нема
04.11 2022
Тие се „бореха“

Иако изгледа како претерување, но од сѐ што говорат изминативе пострежимски години, произлегува дека единствено би биле задоволни ако за учеството во Шарената им се обезбеди обилна боречка пензија, медали, почести и привилегии. Па и некаква власт и моќ. Се разбира, без учество во политиката и во демократските процеси. Нели, тие се „бореха“. Сега треба само да седнат во првата кафеана, а државата треба да дојде и да ги замоли да им даде привилегии за нивната „славна борба“. Не мора ни самите да знаат точно што треба да направи државата за нив. Тоа е обврска на државата!

Џабир Дерала, Слободен печат, 02.11.22.

нема
02.11 2022
Владата воопшто не доставува информации за избрани и именувани лица

Претседателката на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, вели дека Владата воопшто не доставува
информации за избрани и именувани лица за да може да се полни Регистарот преку кој ДКСК треба да ги следи имотните состојби на функционерите:

„Владата воопшто не доставува. Зошто? Не знам, можеби има свои причини. Не знам. Неколку пати е покренато прашањето пред сите генерални секретари што сме ги затекнале, пред вицепремиерката сега што е, пред премиерот поранешен и сегашен...", вели Ивановска.

И самата не знам какви можат да бидат „своите причини“ на Владата, ама ова „воопшто не доставува“ е таков крупен скандал што во нормална држава уште ноќва би летале оставки.

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 29.10.22.

нема
29.10 2022
Филозофија, православие и ментално здравје

Родовите идеолози, оние вистинските мистификатори и полицијаци на реалноста, поддржувачите на розевото гето, премолченото насилство и параноидните фалуси организираат дебата во Струмица, а во училиште делат флаери со помош на кадарот.

Се разбира, говорник им е децениски извиканиот хомофоб богомолец универзитетски професор и философ Ристо Солунчев, чиешто фаличко портфолио ни е доволно познато.

Само се прашувам, како уште некои го гледаат и соработуваат со него како со субкултурна (рап) фигура, и како сè уште се чудиме зошто немаат студенти на ФФ, и како тоа филозофијата во Македонија е општествено тотално нерелевантна дејност при ваков кадар на Филозофија.

Она што загрижува е и учеството на трибината, на чело со Викарен епископ г. Јаков Стобински, на д-р Биљана Аризанкоска Ефтимова, замислете, Раководителка на Завод за ментално здравје за деца и младинци!

Со која доверба утре да се обратат млади девојки и момчиња, а особено ЛГБТИ млади, во таа институција?!

Славчо Димитров, Фејсбук, 26.10.22.

нема
26.10 2022
Честитки за Данела Арсовска

Честитки за Данела Арсовска, најдобрата менаџерка на сите времиња и сите светови, што после само пет месеци успеа да спроведе јавна набавка за принтери и тонери во нејзината институција.

Честитки и за вработените во Град Скопје што за рекордно време им се овозможи да имаат основни канцелариски материјали и опрема. Ова е историски најкраткиот прекин во снабдувањето со принтери во една јавна институција!

Честитки и за граѓаните, организациите и бизнисите во Скопје! Сега ќе можете да добивате документи со потпис, печат, со сите салтанати... како во старите добри времиња!

Никола Наумоски, Фејсбук, 19.10.22.

нема
25.10 2022
Речникот на еден бугарски европратеник

Ако добро се сеќавам, Ковачевски ги носеше кафињата додека траеја средбите на бившите премиери Бојко Борисов и Зоран Заев. Носеше папки, работеше некои бирократски работи, нешто како машка секретарка. Тоа е задачата на сите исполнувачи на туѓа волја. Тој е само фасада, тој ја исполнува волјата на Белград и на Кремљ.

Ангел Џамбаски, бугарски европратеник; Плус инфо, 17.10.22.

нема
18.10 2022
Достоинствено да го изедначиме фашизмот со антифашизмот

(...) Или, пак, поголема навреда е дволичноста на ЕУ со онаа расштимана политика на 27 страни, преточена на терен преку изјавите на некои службеници дека „сега само уште Уставот да го смените“ и после сѐ ќе зависи од вас. Како бре, сѐ зависи од нас, кога една земја-членка на ЕУ не нѐ признава ни дека постоиме како Македонци што зборуваат македонски јазик, а вие тоа им го прифативте со писмен документ заверен во Брисел? Промената на Уставот е услов само за да ги почнеме преговорите. Но, не дадовте никаква гаранција дека Бугарија нема да го закочи нашиот прием во ЕУ повикувајќи се баш на таа изјава дека не постои македонски јазик. Па и овие провокации ги прават баш за да се искомплицира нашето влегување во ЕУ, промената на Уставот да биде уште потешка за проголтување. Еве до кај нѐ доведе тоа европско толерирање на бугарското негирање на македонскиот јазик и народ – таа земја сега на терен изедначува фашизам со антифашизам, а останатите 26 земји-членки си ги мијат рацете – не знаеме ние таа работа, решете си го билатералниот спор сами.

Горан Михајловски, СДК, 07.10.22.

нема
13.10 2022
Национален срам!

Централната прослава на 11 Октомври ќе биде кај Спомен костурницата на антифашистичките борци во Куманово - што се распаѓа. Оштетена бакарна релјефна плоча, напукнати ѕидови, откорната мермерна плоча со имињата на загинатите борци, скршени скали и жардиниери... Никој не го одржува паметникот кој сведочи дека тука лежат коските на над 300 борци од кумановско, кои загинаа за слободна Македонија!

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 10.10.22.

нема
11.10 2022
„Јосип Броз Тито“ е многу поголем проблем

Ако името на клубот „Цар Борис Трети“ е проблем, тогаш гимназијата во Скопје што го носи името „Јосип Броз Тито“ е многу поголем проблем.

Николај Милков, бугарски тминистер за надворешни работи; 360stepeni.mk, 05.10.22.

нема
10.10 2022

Препорачуваме

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

Во потрага по изгубеното Скопје во Скопје

Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.

Истанбулското утро – кошмарот на Ердоган

Се олабавува рамката во која Турција живееше 22 години.

ОкоБоли главаВицФото