Боли глава

Политичките елити да ги прекинат врските со „порталчињата“

Воведувањето на медиумската писменост во образованието е основниот чекор во создавење критичко граѓанство, но тоа не е брзо решение на проблемот со дезинформациите. Еден од побрзите „лекови“ во Македонија е политичките и партиските елити да се оддалечат и да ги прекинат врските со порталите и квази-медиумите кои немаат сопственик, немаат новинари, немаат импресум, едноставно, не се медиуми. Не може да имаме заложби од сите страни за борба против дезинформации, а политичките елити да си ги негуваат овие порталчиња во нивните дворови, оти тие се на нивна страна и ги користат по потреба за да остварат одредена партиска мини победа и да пуштат одреден став или полувистина кој ќе создаде хаос во медиумскиот јавен простор.

Жанета Трајкоска, Дојче Веле, 25.07.19.

нема
01.08 16:42
За што, по ѓаволите, служи македонскиот парламент?!

За неработа им даваме гласови, за неработа трошат тешки милиони евра, што ги грабаат од скромните трпези на граѓанките и граѓаните, за да организираат избори кога ќе им прдне на умот. За неработа! И криминал! И да изигруваат величини, демек, претставници на граѓанките и граѓаните. На што личи ова, бре?!

Џабир Дерала, Медиа Цивил, 30.07.19.

нема
31.07 16:57
Нема дно лицемерието во оваа држава

Веројатно тоа што највеќе ме згрозува од вчерашниот напад на професорот Илjаз Илjази од страна на силеџијата на ДУИ Усеини (инаку ова му е трет напад врз човек годинава) е што речиси целата демократско провладина јавност молчи за случајот.

Нападнат е 60-годишен човек, колку што можам да видам почитуван професор и експерт за животна средина, од страна на партиска бараба која гради дивоградби во Охрид и крајбрежјето, и никој не му може ништо.

Па гледате ли до кој степен сме обединети во трпењето на партиското насилие?!

Албанците 17 години го трпат ДУИ, ние 11 години трпевме невидени насилници и благодарение и на Албанците се ослободивме од едно зло, но каква правда е ако вакво криминално здружение владее над сите со вакви силеџии, додека борците за правда станаа дел од криминалот и криминалната коалиција против која декларативно се бореа.

Во едни други времиња ова ќе беше скандал, сега е само игнорирање и „остајте институциите да се погрижат“.
Е па институциите година дена не мрдаат со мал прст, и институциите на партиите создаваат вакви насилници.
Да ви се плукнам во демократите за едно годишно време.
Нема дно лицемерието во оваа држава, затоа и пропаѓаме толку длабоко.

Ивор Мицковски, Фејсбук, 30.07.19.

нема
30.07 17:09
Најголемите дезинформации излегуваат од влада која лошо комуницира или која ги изневерила ветувањата

Акциониот план освен што кажува дека имате намера да ловите вештерки, нема никакви детали или прецизности, барем обид да се биде внимателен кога се зборува за регулирање или контролирање на вести или информации.

Лажни вести имало и ќе има, тие подобро се победуваат на ниво на свест, со добро работење, отколку со некакви владини тела кои ќе следат и ќе одлучуваат што е вистина, а што не.

Премногу пати сте фатени во лага, па стратегијата ви е и мислењата и критиките да ги сместувате во фејк њуз, па потоа да водите ботовски хајки.

Понатаму, најголемите дезинформации излегуваат од влада која лошо комуницира, или која ги изневерила ветувањата за правда и праведност.

Така што, вие не средивте многу поважни работи, правите самите утки во информирање, имате огромни скандали на глава, се покажавте колку сте објективни и транспарентни со еден рекетарски медиум, и на се тоа, гледате решение во лов на вештерки.

Сѐ ова личи на еден голем дефокус, средете сѐ вие ако можете, па ќе регулирате и ќе кажувате што е реално, а што не.

Ивор Мицковски, Фејсбук, 25.07.19.

нема
29.07 11:18
Северџан е сакана душа

Тие што го употребуваат зборот сeверџан(и) за да означат предавници на татковината кои го сменија името на државата и идентитетот на народот библиски, најверојатно никогаш не би го употребиле тој збор доколку знаат што значи. Северџан е турско име составено од два збора север (сака) и џан (душа), што според најблиско толкување би значело сакана душа. Во наездата да се зборува и пишува сè и сешто, во златната ера на простаклакот и лагата, северџан, „сакана душа“, стана синоним на велепредавство оти на некој голем патриот и јунак обдарен со малку знаење, а со многу емоции му експлодирал умот при секоја употреба на една од географските страни на планетата земја. Тој излив на крвта во мозокот, а изустиш „север“, стана заразен и кај некои учени и недоучени луѓе, па лелекаат и тагуваат во директен пренос чиниш од погребот на Македонија, како оние професионални тажалки кои треба да ги расплачат и најтврдокорните да пуштат солзи. Тоа е содржината од директниот пренос на македонското реалити шоу кога билмезите ја качуваат температурата повеќе од глобалното затоплување.

Ерол Ризаов, Независен весник, 26.07.19.

нема
26.07 10:30
Физичкото насилство врз жена не е просто нарушување на јавен ред и мир

Со тоа што полицијата тврди дека и двете лица учествувале во нарушувањето на јавниот ред и мир таа значајно придонесува за нормализирање на насилството врз жените во земјава. Физичкото насилство не завршува само на тоа. Сè додека насилниците поминуваат неказнето, не само насилството, ами и бројот на фемициди, односно убиства на жени (само зашто се жени) ќе продолжи да расте.

Оваа влада дојде на власт под мотото дека земјава треба да биде место каде сите ќе бидат еднакви и ќе уживаат исти права. Согласно тоа, се поставува прашањето колку се жените во можност да ги остварат сопствените права кога, меѓу другото, државата ниту го препознава насилството врз нив ниту презема мерки во врска со тоа?

Насилството врз жените и родово базираното насилство прво мора да се наречат тоа што се, а не да се прикриваат зад искази како „нарушување на јавен ред и мир“; и второ, мора да се адресираат на стратешки и детален начин од страна на различни институции, вклучително и Министерството за внатрешни работи кое во случајов поседува снимка на која јасно се гледа физичкото насилство врз една жена.

Биљана Гинова, Фејсбук, 25.07.19.

нема
25.07 18:09
Нит жалам нит се срамам за тоа за што сум се борела

Нит жалам нит се срамам за тоа за што сум се борела, зашто знам дека сум се борела за добри работи. Единствено, тажно и фрустрирачки е што до поарно не се доаѓа преку ноќ. Ама не ми е проблем да продужам да се борам за она во што верувам, без разлика до кого стојам. За мене, сè дури нема правда, нема мир. А другите нека си прават како сакаат по сопствено убедување.

Јана Јакимовска, Фејсбук, 16.07.19.

нема
24.07 14:19
Ме вџашува што скудно ја познавате историјата и ги навредувате Македонците

Господине Заев, знаете ли нација на глобусов која не присвојувала? Најголемите нации најмногу присвоиле. И територија и историја. Она што не можеле да го асимилираат, го набркале или го истребиле. Ме вџашува леснотијата со која демонстрирате скудно познавање на историјата и ги навредувате Македонците кои паметат или знаат колку и кои војски газеле овде и што оставиле зад себе.

Владимир Милчин, Фејсбук, 21.07.19.

нема
23.07 17:38
Проветрување во судството

Јас лично проветрувањето би го започнала со тест на општа интелигенција. Мислам дека така ќе проветриме околу 70% од судиите.

Потоа со тест на знаење.

И би завршила со проверка на потеклото на имотот.

Не ни требаат ни глупи ни незналици ни корумпирани.
Било кој од овие елементи треба да биде прва брана на несодветното судство.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 22.07.19.

нема
22.07 09:44
Скопје е

Скопје е кога на сред Партизанска застанала запрежна кола на која жена го чека мажот кој избира од алиштата фрлени до еден контејнер, а баба што го шета внучето застанува крај сцената и му вика на внучето: покажи кај е коњот, како прави коњот...

Ивана Смилевска, Фејсбук, 19.07.19.

нема
19.07 18:34
Ни треба војна со мафијата

Борбата со мафијата може да ја води само некој кој верува во правото, кој го спроведува правото и кој е спремен да се спротистави на искушението на неправото.

Сè друго само ѝ оди на рака на мафијата која на крај ќе се извлече.

Не ни треба помирување со мафијата. Ни треба војна со мафијата.

Не ни требаат преговори со мафијата. Ни треба сосекување до корен на мафијата.

Не ни требаат реформи. Ни треба длабок рез со кој ќе се исчисти гнојот насобран со години.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 14.07.19.

нема
18.07 17:21
Сакам држава, а не сојуз на племиња

Секоја лидерска средба внатре во државата е негирање на институциите, величање на партиите и отфрлање на демократијата.

Секоја лидерска средба внатре во државата значи замена на владеењето на правото со пазарење.

Секоја лидерска средба внатре во државата води кон изигрување на потребите и интересите на граѓаните.

Секоја лидерска средба внатре во државата отвора врата на нетранспарентноста, на неконтролата, на отсуството на влијание на граѓаните и на некој облик на диктатура.

Јас лично не гласав за партијата на власт да држи лидерски средби туку да го воспостави владеењето на правото, да овозможи функционирање на демократските институции и да направи системска промена.

Не, не сакам четворица-петмина да седнат и да се договорат.

Сакам да работат Собранието и министерствата и Владата и правосудниот систем и општините. Сакам држава, а не сојуз на племиња.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 16.07.19.

нема
17.07 11:02
Сега ќе дознаеме?

Добро, а сега ќе дознаеме кој го пушти Груевски да побегне и за колку пари?

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 15.07.19.

нема
16.07 11:43
И ние сме биле хистерични

Додека Жерновски, Адеми и тоj мртвиот коњ од градоначалник си го шетаат газот до Баку, каде инаку презентираат лажен закон, функционер на нивниот коалиционен партнер си дига дивоградба/пицерија во центарот на Охрид.

Дивоградбата со огномет, балончиња и сечење лента, му ја отвара градоначалникот на Струга, криминалец кој додека централните власти донираат 50 мил. евра за општините, тој си купува Ауди од 70 илјади евра.

Си гори трска, си присвојува имот и плажи, и никому ништо.
На сè тоа нашиот сакан и храбар премиер им ветува на сопственици на дивоградби/хотели дека ќе се погрижел да се легализира еко чудовиштето.

Во Кочани Швајцарија со донација од 21 мил. франци ни отвара пречистителна станица.

Охрид затвора плажи заради премногу фекалии во езерото.

И некој си гомнар од министер без ресор, преварант пар екселанс, ќе ни кажува дека дивоградбите во Охрид се броеле на прсти, а јавноста била хистерична.

Притоа ветуваа промени, наместо метла, уште една епска превара.

Министерот што не се бавеше со граѓаните, и што за загадувањето ни кажуваше дека не сме ние Швајцарија, си доби ново министерство, Министерство за ДУИ, ни помалку, ни повеќе.

И ние сме биле хистерични.

Ивор Мицковски, Фејсбук, 14.07.19.

нема
15.07 10:12

Препорачуваме

Не сфаќам што сакам да кажеш

Извини што упаднав во твојата претстава за мене.

ЕУ река (72): Жестока интелектуална дебата во добата на коронавирусот

Во Германија и другде во Европа околу новиот вирус се судрија мислењата на некои од највлијателните светски мислители.

„Алостатското оптоварување“ е причината заради која сте анксиозни и под стрес за време на епидемијата

Ние сме како животни кои се дел од стадо, и кога одиме во изолација, се чувствуваме осамено.

Врвци од црвци, и уште четири други песни

Лајош и цветот, Пајакот сеирџија, Туфнест молк, Меден кошмар и Врвци од црвци.

ОкоБоли главаВицФото