Боли глава

„Јосип Броз Тито“ е многу поголем проблем

Ако името на клубот „Цар Борис Трети“ е проблем, тогаш гимназијата во Скопје што го носи името „Јосип Броз Тито“ е многу поголем проблем.

Николај Милков, бугарски тминистер за надворешни работи; 360stepeni.mk, 05.10.22.

нема
10.10 2022
11 Октомври

11 Октомври треба да се прослави со активности кои ќе го репродуцираат нападот на Участокот.

Во чест на денот треба да се обноват сите обележја за загинатите за време на бугарската окупација.

Како што ми порача мојот татко на умирање: не смее да се заборави. За да не се повтори.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 03.10.22.

нема
05.10 2022
Центар на Скопје - студени станови, црни темници

Центар на Скопје, студени станови, црни темници, смрдливи влезови и соблазни паркинзи, одвратни програми, вести, дебати, емисии и серии,.. бесрамни политичари, трговци - воени профитери, лаги и флоскули ни татнат и нѐ центрифугираат низ домовите дури и кога ќе ги исклучиме телевизорите и машините... Добредојде, иднино!

Оливера Ќорвезироска, Фејсбук, 03.10.22.

нема
04.10 2022
Собранискиот канал е лицето на ужасот на македонската политичка елита

Собранискиот канал е лицето на ужасот на македонската политичка елита. Таму нема идеологија, нема дебата, нема размена на искуства и идеи. Таму има само трка кој ќе биде погнасен од другиот. При што, мора да се признае дека ВМРО-ДПМНЕ има извесна предност пред останатите. Сега истуреното лице е пратеникот Драган Ковачки. Си викам, бирајќи меѓу вувузелите на неговите сопратијци и неговите лични навреди кон премиерот Димитар Ковачевски, можеби е подобро да има бучава за да не се слушаат гнасотилаците што излегуваат од уста на пратеник.

Откако ќе го истурат сиот отров од устите ќе заминат да се сликаат в црква, ќе се причестуваат, ќе целиваат рака на владиците, ќе палат свеќи и ќе морализираат за христијански вредности.

Горан Михајловски, СДК, 30.09.22.

нема
03.10 2022
Овие 269 вработени не ми е јасно што прават

Ј.П. Градски паркинг Скопје, под чие управување е паркингот пред зграда, решава дека граѓаните кои имаат возила треба да си ги ажирурираат податоците. Прават ревизија на сите договори за паркинг услуги што значи дека се сомневаат во сопствената работа, односно дека претходно се издавале дозволи на луѓе кои не треба. Супер.

Претпријатието има 269 вработени, плус директор, надзорни, управни одбори....и сите тие имаат плата благодарејќи на скопјани кои го полнат градскиот буџет и на граѓаните кои ги плаќаат нивните паркинг услуги,
И во 21 век, опцијата која ти ја нудат е една- само лично, кај нив во канцеларија, до 16 часот, кога вообичаено луѓето се на работа да отидеш , да ги ажурираш податоците за ревизијата која ја почнале во мај.

Нема опција преку мејл, нема опција ниту да се симнеш во куќарката на паркингот, во која 24 часа има нивни вработен човек и него да му ги оставиш податоците. На шалтерче, кај службеник, да си излезеш од работа, да им ја најдеш канцеларијата и да си ги ажурираш сам податоците, а овие 269 вработени плус десетици во управни и надзорни одбори, еве уште не ми е јасно што прават.

Фросина Димеска, Фејсбук, 30.09.22.

нема
30.09 2022
Аман, што сакате повеќе од Водно!?

Таман ќе си помисли човек дека НАЈглупостите веќе ги видел и чул, кад оно, еве, нова КОСМИЧКА глупост: диви свињи СЕ ПОЈАВИЛЕ на Водно! И тоа имало НАЕЗДА (ау), ни мање ни више.

Аман, бе, Центар за управување со кризи, Водно е ПЛАНИНА, има своја флора и ФАУНА, па што да прават животните што живеат таму, ДА СЕ САМОУБИЈАТ зашто градежната мафија решила да ја качува градежната зона на Скопје ПОГОРЕ И ПОГОРЕ, накај КРСТОТ?!

Дај, ако не, па, да организираме конвој и да ги ОТСЕЛИМЕ? Или можеби сакате да го ЛЕГИТИМИЗИРАТЕ нивното убивање, па ова е начинот?!

Не се тие СИМНАТИ низ скопските населби, СКОПЈЕ им е дојдено на нив ДОМА!

Аман, што сакате повеќе од Водно! Дај цело да го иселиме од атарот на Град Скопје топтан сосе дивите свињи и лисиците (и тие исто сметаа, памтам) и на негово место да изградиме ДЕСЕТКАТНИЦИ?!

Југослава Дуковска, Фејсбук, 28.09.22.

нема
28.09 2022
Македонските граѓани се, всушност, посветени Европејци

Македонските граѓани се, всушност, посветени Европејци кои го разбираат моментот на војната и мирот, неправдата и страдањата, империјалната агресија и заграбувањето на туѓи територии. Заедно со податокот од едно друго прашање од истражувањето – „Според вас, која држава е најголем сојузник на Северна Македонија“ – оваа руска шашма се растура во парампарчиња.

Само 1,2 отсто од испитаниците одговориле дека најголем македонски сојузник е Русија. За САД се изјасниле 19,8, а за Србија 37,4 проценти.

А во прашањето за тоа кој е најголем непријател на Македонија, Русија е во самиот врв – прва е Бугарија со 44 отсто, па немаат одговор 29,3 отсто и трета на листата е Русија со 12,1 процент. Озлогласената Франција е на дното на листата – со само 0,9 проценти.

Љупчо Поповски, Дојче веле, 24.09.22.

нема
26.09 2022
Прав македонски патриот навива Путин да почне да рока атомски бомби

Прав македонски патриот навива Путин да почне да рока атомски бомби.

Ваљда зашто се доживува себеси ко бубашваба?

А можда и стварно е!

Кирил Арсов, Фејсбук, 23.09.22.

нема
23.09 2022
Има ли некој?

Има ли некој во Македонија што ќе побара Бугарија да го смени Ангел Димитров од историската комисија во интерес на добрососедските односи?

Има ли некој што ќе ѝ предочи на бугарската страна дека тој систематски шири лаги и користи говор на омраза кон членовите на македонскиот дел од комисијата и кон Македонија и Македонците?

Има ли некој да им јави дека тој човек не заслужува елементарно почитување а не пак да се разговара со него за историски прашања?

Има ли медиуми што ќе престанат да ги објавуваат неговите навреди и обвинувања кон Македонија и кои ќе остават глупостите и омразата да си ги користи само за домашна употреба и за јавност која сака да биде отруена од неговиот говор на омраза и шовинизам?

Ако нема, тогаш не ни се пишува добро. Еднаш мора да им се каже вистината в лице, колку и таа да не им се допаѓа.
Со таков расипан преговарач нема никогаш да се постигне било каков договор.

А можеби и не сакаат. Ако не го сменат, тоа им е целта. И тоа треба да го знаеме.


Ѓорѓи Спасов, Фејсбук, 20.09.22.

нема
20.09 2022
Победниците на натпреварот во јадење лути пиперки

Слободанчо Василев од Кавадарци беше најдобар во вечерашниот меѓународен натпревар во јадење лути пиперки во Кавадарци и освои лцд телевизор. Росоманката Весна Јаневска беше втора, таа доби сом од десет килограми. Бобан Милошевски од Скопје го зазеде третото место, наградата е ваучер од 1.500 денари во гостилница и еден крап.

Доказ.мк, 09.09.22.

нема
19.09 2022
Знаеш ли во која школка се формира бисерот?

Талентот не може да биде роден во среќа. Среќата си е доволна за себе, празна, полна со себе, еби ја. Луѓето мислат дека секоја морска школка содржи бисер. А знаеш ли во која школка се формира бисерот? Така ли е, дека не може да биде во секоја? Се формира во онаа школка која во раната фаза на својот развој доживеала механички удар. И тука останува рана. Школката таа рана ја санира така што лачи супстанца која, откако ќе ја санира раната, се стврднува и станува бисер. На тој начин јас ја сфатив својата даровитост - од рана роден бисер. Можеби комплетната светска книжевност произлегла од солзите на едно дете.

Абдулах Сидран, Недељник, 14.09.22.

нема
17.09 2022
Власта во Скопје е циркус. И станува сè полошо.

Каков циркус е оваа власт во Скопје, луѓе мои!

Да успееш во првата година од мандатот да си се покажеш ем промовираш себеси во еден врвен и невиден политички дебакл, па тоа треба да влезе во историја и да се изучува од учебници.

И станува само полошо и полошо... целосна бурлеска!

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 12.09.22.

нема
14.09 2022
Спас од сите нив треба да се бара

За Илинден сите во Крушево, Христијан Мицкоски во Ташмаруништа. За 8 Септември сите во Скопје, тој избега во Смилево. Што ќе прави кога ќе стане премиер на држава во која стана нормално опозицијата да си прави посебни прослави за најголемите државни празници? Секој со својата банда на плоштадите во освоените општини. Две музики нека се свират. Две знамиња нека се вејат. Нека се мразат луѓето меѓусебно. Инсистирањето на продлабочување на поделбите нема никаква логика за некој што сака да стане премиер, освен ако Мицкоски не е убеден дека колку повеќе луѓето се мразат, толку повеќе него ќе го засакаат.

Така што, ако алтернативата за неспособноста на СДСМ и самоволието на ДУИ е ова ВМРО-ДПМНЕ засилено со Левица, тогаш црно ни се пишува. Спас од сите нив треба да се бара.

Горан Михајловски, СДК, 09.09.22.

нема
12.09 2022
Во Македонија се краде струја во износ од 5% од вкупната потрошувачка на електрична енергија

 Пред една недела прочитав официјален податок, објавен од ЕВН, дека во Македонија се краде струја во износ од 5% од вкупната потрошувачка на електрична енергија. И толку. Помина „послабо“ од вест за разголена фотка на Карлеуша. Потоа малку се позанимававме со арачиновци и нивното неплаќање на струја, па некако се доби впечаток дека Арачиново и уште две-три села ја крадат струјата во земјата.

Но, она што изостана е клучното прашање - колку се 5% од вкупната потрошувачка на електрична енергија? Одговорот е околу 320 гигават часови годишно. Во пари, тоа пред неколку години изнесуваше „скромни“ 10-15 милиони евра годишно. Денес тоа се околу 100 милиони евра.

Никола Тодоров, Дојче веле, 05.09.22.

 

нема
08.09 2022

Препорачуваме

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

Во потрага по изгубеното Скопје во Скопје

Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.

ОкоБоли главаВицФото