Боли глава

Тоа што е потребно е Час по филм

Танц и ора е нов предмет на децата во Осмо.

Не ми е јасно како е можно да се толку некреативни. Не викам дека не треба и ова да го научат, ама може на час по музичко, можат и за џез и рок да учат.

Тоа што е потребно е Час по филм. Нека почне и со игра на пантомима, учениците да погодуваат наслови.

Во моментов најмалку 50 наслови ми паднаа на памет. Од нив децата, со мала анализа, ќе научат за секој предмет по нешто, ќе научат и социологија и антропологија, за болестите на денешно време како булинг, мобинг и депресија.

Веќе ги осмислив часовите со филм и сигурна сум дека многу посилно и поедукативно децата ќе ги примат од општо прифатено дрдорење на полуписмени психолози, педагози и дефектолози партиски испопикани по школите.

Потребно е радикално и кретивно менување на образовниот систем. Тоа секако не му одговара на ниту едно дефектно општество!

Учете филм ќе биде новата кампања. Ја почнувам денеска! 

Ана Василевска, Фејсбук, 05.09.22.

нема
07.09 2022
Остана ли некој сериозен и одговорен во земјава?

Порталите пишуваат „вести” за самоубиство на средношколец, а веста ја презеле од фејсбук статус. Зарем вака се третира тема од овој тип во медиуми? Па не пишувате за есенски стајлинзи, аман! Постојат купишта достапни совети како се известува за самоубиство, ама ниеден од нив не вика искористете вест од рандом фб профил и шибајте со кликови. Остана ли некој сериозен и одговорен во земјава?

Ирена Цветковиќ, Фејсбук, 02.09.22.

05.09 2022
Општина Центар, Горан Герасимовски, а бе не ви е срам!?

Општина Центар, Горан Герасимовски, а бе не ви е срам и малку страв од арам што ќе ве стигне, од тоа што се случува на влезот на Стара чаршија?! Од диво поставените тераси и тезги, шут, искршени плочки, на платото пред стоковна куќа Мост?!

Барем, тоа, бе, малечки човеци (како оние на Вилхелм Рајх), средете го, во пет дена може да биде готово! Ем ќе си ја затскриете немарноста за длабоко вредните точки на општината (како Стара чаршија, до таму до каде имате надлежност), ем бегајќи од плоштадот на Ники Грозни ќе имате каде да си ги однесете странците гости, ем колку толку ќе одглумите едно општество за сите, и бришење на насилната граница од онаа и оваа страна на Вардар.

Вики Младенова, Фејсбук, 31.08.22.

нема
02.09 2022
Се сомневам дека Данела воопшто има формирано градски кризен штаб

Да, точно е дека атмосферската канализација не може да го прими секој дожд, ама кризен штаб треба да антиципира невремиња, да ги провери шахтите и да ги предупреди граѓаните. Така се правело порано и во мандатот на Шилегов немаше ниту поплави со поголеми штети, ниту нерасчистен снег во зима.

Се сомневам дека Данела воопшто има формирано градски кризен штаб, а не пак тој да е во постојано заседавање. Нема ни служби во Водовод кои ќе ги проверуваат шахтите пред секое невреме... Џабе постои Центарот за Управување и Контрола на Сообраќајот (ЦУКС) на Улици и Патишта, ако не информира што се случува со сообраќајниците во градот, а и џабе се и профилите на градот на социјалните мрежи, ако не информираат за вакви работи.

Никола Наумоски, Фејсбук, 30.08.22.

нема
31.08 2022
Во Албанија никогаш немало Бугари

Во Албанија никогаш немало Бугари. Станува збор за побугарени Македонци и тоа за пари и за други интереси. Тие кои се декларираат како Бугари во Голо Брдо и Гора знаат дека се Македонци, но тоа се лица кои поради материјални интереси сега шират антимакедонска пропаганда. Сето оваа е поврзано и со состојбите помеѓу Македонија и Бугарија и притисоците на Софија за бугаризирање на Македонците.

Никола Ѓурѓај, политички аналитичар и главен уредник на весникот „Илинден“од Тирана; Слободен печат, 30.08.22.

нема
30.08 2022
Дали е легитимно да се даваат одобренија по противзаконски ДУП?

Во моментов има важечки но противзаконски Детален урбанистички план. Поради тоа се поставува прашањето дали е легитимно да се даваат одобренија по еден ваков противзаконски ДУП.

Билјана Ивановска, претседателката на антикорупциската комисија; Дојче веле, 25.08.22.

нема
25.08 2022
Сите знаеле што се случува ама никој ништо не презел

Шемата функционирала така што одредена банка идентификувала компании коишто ги отстапувале своите деловни сметки, на кои банката им исплаќала одредена сума на пари врз основа на фиктивни договори за кредит, а потоа истите компании формално им ги позајмувале тие пари на други компании, исклучиво по избор на банката. Сите знаеле што се случува ама никој ништо не презел.

Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“; 24 вести, 22.08.22.

нема
22.08 2022
Во Македонијава најтешко е парк да се направи

Стварно ми е фасцинантно како во Македонијава најтешката работа е парк да напраиш, или во најмала рака да го остаиш да си вирее. Толку е килава целата работа, чиниш се работи за бурџ калифа кула од 160 ката, а не за зелен простор за којшто ќе се потепаме уште малце. Кулата, се разбира, досега веќе ќе беше изградена.

Aјде малку и за ова да пораснеме конечно.

Грација Атанасовска, Фејсбук, 19.08.22.

нема
20.08 2022
Не знаеме од што попрво да се срамиме и запрепастуваме

Ова што Охридскиот пливачки маратон нема да се одржи поради блокирана сметка на пливачката федерација е толку голема брука што во нормални држави ќе беше во топ скандалите на годината.

Кај нас, срамот нешто го снемува, а додуша и конкуренцијата на бруки е преголема.

Не знаеме од што попрво да се срамиме и запрепастуваме.

Дневно, а камоли годишно.

Катерина Синадиновска, Фејсбук, 18.08.22.

нема
18.08 2022
Фина мерка за штедење се отказни решенија за илјадници паразити вработени по партиска линија

Една од мерките за штедење е да се принтаат само неопходни документи. Говори на премиери, претседатели и слично се опходни или неопходни документи? Еден тон од ракав истресени соопштенија и функционерски лаги се опходни или неопходни документи? 10 страници текст со бирократска стилизација за неплатен данок од 2 денари е опходен или неопходен документ?

Фина мерка за штедење се отказни решенија за илјадници паразити вработени по партиска линија што никогаш не се појавиле на работа, кратење на непотребни функционерски привилегии и така натаму и така натаму, а не варење јајце на евтина струја или туширање со тенок млаз вода.

Владимир Лукаш, Фејсбук, 17.08.22.

нема
17.08 2022
Напуштените кучиња сѐ повеќе ги загрозуваат дивите предели

Од чувано куче, за кое некој се грижел, тоа одеднаш е оставено само во природа. Постојано е под стрес бидејќи се наоѓа во непозната средина. Може да загине, да се разболи или да го нападнат други животни.

Тие се парат со волците и прават хибридизација. Може да предизвика промена на изгледот и на морфологијата на волкот, а со тоа и да го загрози видот.

Неколку причини се посочуваат како клучни за зголемувањето на популацијата на кучиња во природните средини, и сите се поврзани со луѓето. Домашните миленици треба да бидат чипирани, за службите за заловување да може да го најдат сопственикот чие животно се загубило или кој намерно се ослободил од него на јавен простор. Но, такви служби нема доволно.

Диме Меловски, истражувач на рисовите и на други големи диви цицачи; ПРИЗМА, 10.08.22.

нема
13.08 2022
Со вадење пиштоли на маса се изнудуваат најблагоугодни привилегии

Со вадење пиштоли на маса, со разни видови закани за одмазда, се изнудуваат најблагоугодни привилегии – чиниш ја живееме добата на најбруталната и најпримитивната првобитна акумулација од историјата на човештвото. Нашиот Левијатан е сосема издишан. Веќе не се знае што е фукција на највисоката држава, што на локалната власт, што е јавен домен, што приватен.

Судовите сé помалку се место на раздавање на правото и правдата. Се претворија во кванташки пазар, каде сѐ зависи од случај до случај, од понудената откупнина за злоделото, каде со пари и позиција може да се добие сѐ, освен да се стигне до правдата. Монополот на примена на сила сѐ повеќе се истргнува од рацете на државата, се пренесува или узурпира од разни поединци и групи од другата страна на законот.

Петар Гошев, Дојче веле, 10.09.22.

нема
10.08 2022
Јасна е паниката да се пополнат дупки

Ова за прекаријатните хонорарци не ми е баш најјасно.
Ако се уплаќаат придонеси, дали хонорарецот ќе има пристап, и ќе може да го остварува правото на пензиско и здравствено осигурување?

Како? Кога? Во која мера?

Што ако хонорарецот е пензионер?

Што ако има само една хонорарна исплата во годината?

Што ако има 10 хонорарни исплати во месецот од 10 различни нарачатели? Кои, рецимо, би надминале 6000 евра. Годишна плата. Има лимити за пензиско и здравствено. Ако во еден месец хонорарецот, или за него, има уплати колку што редовно вработен, или за него, има за цела година, дали хонорарецот ќе остварува право за целата година, или само за месецот во кој му се уплатени придонесите?

Јасна е паниката да се пополнат дупки, и намерата да се злоупотребат инструментите на репресија, ама немојте. Ќе згрешите.

За права станува збор.

Ќе ви дојде улицата у салите за состаноци, у кабинетите.

Лазар Попов, Фејсбук, 09.08.22.

нема
09.08 2022
Да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката

Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро.

Бисера Костадиновска-Стојчевска, Министерка за култура; VOA, 04.08.22.

нема
05.08 2022

Препорачуваме

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

Во потрага по изгубеното Скопје во Скопје

Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.

ОкоБоли главаВицФото