Боли глава

Не честитам Илинден на народ кој се храни од национализам

Не честитам Илинден на народ кој се храни од национализам, кому не му пречат корупција и крадење, кој ја загадува секојдневно земјата што ја величи и божем ја сака, кој полни концерти на Цеци анд ко., кој слави мртви повеќе одошто цени и сака живи луѓе. Ништо од ова нема врска со патриотизам. Спротивно, сето значи лични его, фрустрации, неукост и лековерност спакувани во македонска мелодраматичност од која ми е смачено. На сите други, честит празник!

Герман Филков, Фејсбук, 02.08.22.

нема
03.08 2022
Црешово топче сладолед

Црешово топче сладолед

и

честит Илинден Македонци!

Трајко Џиков, 02.08.22.

нема
02.08 2022
МАНУ лета без навигација

МАНУ троши огромни пари за симболични резултати. Таа не само што ја храни државата со празна лажичка, туку живее со евтин популизам. Нејзиниот статус треба да се смени. Во развиените земји такви структури веќе се демоде. Обично постојат институции кои нудат можности со проекти, па никој не добива никаков паушал, туку заслужени пари од реализирани проекти. Да добиете над 1000 евра во оваа криза, плус пензија или плата, плус хонорари, е ептен претерано. Затоа сериозно треба да се види како се работи низ нормалниот свет. Вака „во име на науката до џебот на граѓаните“. Таа институција се испостави дека претпочита колонизаторски статус кон народот. И сега нашите академици земаат многу повисоки паушали од хрватските академици, а просечната плата таму е над 1000 евра. Но, вашата академија продолжува да лета без навигациски систем!

Мерсел Биљали, Плус инфо, 31.07.22.

нема
01.08 2022
Нашата зима и нашата стратегија за греење

Не е решение само да се набави скапа струја со земени скапи кредити.

Не е решение ни да се опустоши сиот дрвен фонд во земјата и да настанат дополнителни климатски штети кои нема да можат да се надокнадат со децении.

Стратегија е нешто сосем поразлично.

За почеток можеби треба, сите што можат, да работат од дома.

Тоа ќе ја намали потрошувачката за греење и ќе помогне неопходната потрошувачка во училишта, болници и производни капацитети да не биде доведена во прашање.

Верувам постојат уште многу начини како да се намали потрошувачката на греење и струја, но некој треба да ги мисли работите, а не само тендерите.

Софија Куновска, Фејсбук, 22.07.22.

нема
29.07 2022
За каква „заедничка историја“ зборува Лавров и за каква „заедничка религија“?

Русија ја нема ослободено Македонија од отоманскиот јарем (како што ја има „ослободено“ – и окупирано – Бугарија). Русија ја нема создадено македонската држава (како Кнежеството Бугарија). Руски трупи немаат учествувано ни во ослободување на Македонија од фашизмот (делумно учествуваат бугарски трупи, согласно договорот од Крајова помеѓу Тито и Терпешев). Македонија никогаш не била дел ни од Советскиот „лагер“, како што беше Бугарија. За каква „заедничка религија“ зборува Лавров, кога Руската православна црква со децении не ни помислуваше да ја признае МПЦ?

Жарко Трајаноски, Слободна Македонија, 23.07.22.

27.07 2022
Глупав и криминален план на Данела Арсовска

За потсетување: Данела Арсовска одби да го потпише изборот на 20 пожарникари и конкурсот пропадна. Одбива и да го преземе работењето на скопска топлификација. Греењето и пожарникарството и се законски надлежности (обврски).

Сега, наводно за да заштеди некое евро, ќе формира агенција за обезбедување со цел вработување на партиски бодигарди (високи, стројни мажи), и тоа доживотно, за да имаат чувари зградите на градот.

Поглупо криминален план за создавање на мускул на сметка на цел град - не сум слушнал, ни видел.

Никола Наумоски, Фејсбук, 21.07.22.

нема
25.07 2022
Антикорупциска молитва

О боже, дај ѝ на владата сила да одолее на внатрешни и надворешни притисоци за корупција на ист начин како што одолеа на сите критики и јавно мислење против францускиот предлог. Обедини ги политичарите со иста решителност да прередуваат дупови, маркички и стекнати права за да се удостои и бетонира чист јавен интерес. Со иста сила да кажат не на концесии за деца на партиски другари и да ги задржат билатералното натигодајмение надвор од рамката на владение. Нека застанат на патот на договори во четири очи како оној со бехтел енка или оние за итни набавки на елем. Нека има сила да не потпишува партиски назначувања на оние на јавна служба. Дај им глас и храброст на ботовите онлајн, онака како што ловеа вештерки сега, да им се чуе гласчето во борба против корупција отсега.

Миша Поповиќ, Фејсбук, 18.07.22.

нема
20.07 2022
Бугаризација

Mинатиот век бевме два пати под бугарска власт, вклучувајќи ги тука севкупниот политички, административен, културен и образовен живот, па не се „бугаризиравме“.

Ѕвездан Георгиевски, Призма, 18.07.22.

нема
18.07 2022
Робеспјер од Али Експрес и неговата Али Експрес „Левица“ - извадиле Али Експрес гилотина

Нашиот Робеспјер од Али Експрес и неговата Али Експрес „Левица“ - извадиле Али Експрес гилотина пред македонското Собрание.

Не знам дали припадниците на оваа линч толпа ја допрочитале историјата и дали дознале дека токму тие што владееле со гилотина - самите завршиле на гилотина.

Во меѓувреме, како и секогаш кога Али Експрес Робеспјерчето од Велес е во „акција“, голем дел од критичката јавност - молчи. Дали од неверување, или во знак на одобрување - сеедно. Молчат и институциите.

А можеби сите катарзично чекаат - да им дојде редот. Историјата е полна со примери што им се случувало на тие што молчеле и чекале да им дојде редот.

Така е тоа. Историјата се повторува. Најчесто како фарса. А во македонскиот случај, како урнебесна трагикомедија - од Али Експрес.

Петрит Сарачини, Фејсбук, 15.07.22.

нема
15.07 2022
Треба да се издржи за целиот простаклук на опозицијата да излезе на површина

Во британскиот парламент постои список на зборови кои пратеникот не смее да ги употреби под закана од казна.

Кај нас таков список и такви забрани не постојат и затоа некој си пратеник Ковачки се умислил дека може своите колеги пратеници да го нарекува изроди, отпадок, национални предавници, пиони, и да им се заканува со затвори и одмазда кога тој и неговата партија ќе дошле на власт.

Тоа се простаци и силеџии кои станале пратеници и кои со клевети, навреди, пцости и закани провоцираат некој со сличен тон и „храброст“ да им одговори.

Има едно правило кое секогаш треба да се има на ум. „Не се карај со будала бидејќи ќе те симне на негово ниво и таму ќе те тепа со искуство.“

Треба да се издржи за целиот простаклук на опозицијата да излезе на површина. Нека го гледа тоа народот и сам нека суди.

Ѓорѓи Спасов, Фејсбук, 14.07.22.

нема
14.07 2022
Не е компромис доминацијата на една перцепција

Како безусловно ќе ги почитуваме јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ како елементи за кои не се преговара ако се откажеме од сите дејци на минатото, ако се откажеме од литературата, ако се откажеме од борбата за самобитност, од Миладиновци, од Гоце и партизаните и...
Што ќе остане?

Единствен компромис кој го прифаќам е дека постојат две различни перцепции. Рамноправни.

И тие треба да се презентираат.

Меѓутоа, никако не смее да се нарече компромис доминацијата на една перцепција.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 12.07.22.

нема
12.07 2022
На протестите против БУГАРИЗАЦИЈА излегол и Мартин Треневски

 Ова веќе не е смешно, ова станува страшно!

На протестите против БУГАРИЗАЦИЈА излегол и Мартин Треневски, човекот кому највисок идеолошки дострел му била организација на Изложба за формирање и делување на МПО во Крушево. Тридневен симпозиум на кој Мартин Треневски објаснувал дека весникот на МПО „Македонска трибуна” се печати на БУГАРСКИ ЈАЗИК зашто „токму тој јазик е ВИСТИНСКИОТ македонски јазик“.

За Мартин Треневски своевремено реагираше и Стејт Департментот, за неговата кандидатура за Амбасадор на НАТО:

„Стејт департментот во Вашингтон со изненадување ја прочита платформата на Мартин Треневски што тој ја презентираше пред собраниската Комисија за надворешна политика, која е во спротивност со реафирмираната стратегиска цел на Македонија“.

Вакви луѓе ќе ја спасуваат Македонија од бугаризација?!

Па уште порачувал да не се седи дома пред телевизор и го повикувал народот на улица!?

Ацо Лукароски, Фејсбук, 11.07.22.

нема
11.07 2022
Нема демократија без критика, другари

Овие напади на луѓе кои аргументирано го критикуваат ЕУ предлогот се продукт на бришаниот простор кој се јавува како резултат на декади бинарно размислување. Триесет години јавната дискусија ни се сведува на тоа - или ЕУ, или национализам и насилство. Како да не постои ништо друго помеѓу тие две крајности. Со тоа секоја критика на ЕУ (а причини за тоа има многу, и без францускиот предлог) магично станува „потпалување на националистичкиот огин“ и слични небулози кои ги читав утрово што едначат критика со насилство.

И кога на ова ќе се додаде историјата на делегитимирање експерти, усовршена во време на ДПМНЕ и Груевски, а од некоја причина продолжена од тековната Влада деновиве, добиваме одличен коктел за едноумие и стишување секаква критика.

Нема демократија без критика, другари.

Елена Б. Ставревска, Фејсбук, 06.07.22.

нема
08.07 2022
Заедно против „бугаризација“

На протестите против „бугаризација“ протестирале и тие од бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“!

Протестираат ЗАЕДНО со Ламбе којшто им го запали клубот!

А против „бугаризација“ протестираат и оние бугарски организации што се борат за правата на Бугарите во Македонија!

Ацо Лукарски, Фејсбук, 06.07.22.

нема
06.07 2022

Препорачуваме

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

Во потрага по изгубеното Скопје во Скопје

Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.

ОкоБоли главаВицФото