Боли глава

Ако некој требаше да биде позитивно дискриминиран, тоа не треба да бидат функционерите!

Како носител на јавна функција, оваа 'позитивна дискриминација' би требало да ми годи, бидејќи ме става во поповластена состојба од останатите 'обични работници', од чии хонорари ќе се одземат дополнителни проценти. Но, јас сум бил и останувам човек кој хонорарите ги обезбедува од своето перо, преку професионалниот ангажман како долгогодишен новинар, колумнист, публицист и автор на многу литературни дела. Затоа, попрво би го поддржал творештвото, интелектуалниот ангажман и творечкиот труд. Сметам дека со дополнителни зафати не смее да се загрози трудот на творците, но и на останатите категории кои во разни форми добиваат хонорари, а кои се непостојани и мали за наши прилики. За разлика од нив, носителите на јавните функции по разни основи ем се подобро материјално наградени, ем имаат постојан ангажман со врменска рамка преку своите мандати. Ако некој требаше да биде позитивно дискриминиран, тоа не треба да бидат функционерите, туку другите категории граѓани.
Даут Даути; Дојче Веле, 05.11.14.

нема
05.11 2014
Подобро е помалку да работам и да земам 9000, отколку да се скршам од работа и да земам 10000 денари за кои треба да платам 4000 казна, што тие ја викаат данок

Мојот омилен уличен продавач на весници ме замоли ако може да ургирам кај раководството на компанијата да му се намалат месечните приходи. Вели, од 1 јануари треба да плаќам 35 до 40 отсто данок на секој заработен денар. Досега оваа давачка беше 10 отсто. Ако ми го намалите приходот од десет на девет илјади денари месечно, нема да плаќам ни денар. Сега за десет илјади денари плата треба да продадам месечно 10.000 весници. Подобро ми е помалку да продадам, помалку да работам и да земам девет илјади, отколку да се скршам од работа и да земам 10.000 денари за кои треба да платам четири илјади денари казна, што тие го викаат данок. Нема подобро објаснување за најновиот изум на Владата да воведе на мала врата нови даноци. Колпортерот со својот здрав резон ја растури волунтаристичката политика во даночниот рај кој се претвора во пекол.
Ерол Ризаов; Утрински весник, 02.11,14.

нема
03.11 2014
Организирано и контролирано стрелање

На сите ни е јасно дека хаотичното стрелање врз владата на Република Македонија испраќа многу лоши сигнали за безбедносната ситуација во нашата држава!
Темата е разгледувана на највисоко ниво при што се расправало околу неколку варијанти за организирано и контролирано стрелање проследено со богата забавна програма.
Веќе од ноември натаму секој заинтересиран граѓанин на Република Македонија ќе може за цена од три до десет евра да добие три регистрирани проектили со кои ќе може да стрела во Владата на Република Македонија при што ќе се делат различни награди: куќа со двор од 500 метри квадратни за погоден министер и куќа со дворно место од 5.000 квадрати, ѕид во Музејот на смртта и концерт на Цеца Ражњатовиќ, за човекот што ќе го погоди премиерот!
Предноста на овој проект на Владата на Република Македонија е во тоа што веднаш би се знаело кој пука, од кај пука, со што и со каква цел пука и за каква награда конкурира!
Плус зголемувањето на буџетските приходи за секој погоден (прај)министер!
Играта е пресликана од древните македонски панаѓури во кои Македонците со три волнени топки уривале кула од седум-осум празни конзерви и добивале награди во форма на карамелизирани јаболка.
Бранко Тричковски, Фејсбук / Либертас, 20.10.14.

нема
30.10 2014
Македонците се првите староседелци на Балканот

Се обидувам во оваа книга да го фатам континуитетот на она што значи постојано живеење на еден народ на оваа почва. Оваа книга во суштина покажува дека Македонците никогаш не се отселиле, туку се првите староседелци на овој полуостров. Првите населби, првите куќи во Европа, се подигнати овде и тој континуитет на изразот кој е направен во неолитот, во смисла на архитектонско творештво, во смисла на урбано-просторно планирање, се случува токму овде. Ние сме само корисници на таа древна култура и цивилизација.
Вангел Божиновски; Вечер, 24.10.14.

нема
29.10 2014
Фала му на провидението за Скопје 2014!

Да се вратиме на патеката по која тргнавме во правецот на велелепниот и новопретставен Археолошки музеј на Македонија, кој е уште едно, најново чудо што се појави во контекстот на најамбициозниот, најмонументален и најшокантен културен и градителски проект, не само во историјата на Република Македонија, туку и во општата историја на македонскиот народ, од изградбата на незаборавната Александрија, поставена на делтата на Нил во времето на Александар Трети Македонски, наречен – Велики, па сè до ден денес. И ова не е никакво претерување, доколку гледате со непоматена свест, ослободени од снобовската инерцијалност на суетните бездарници, раззлобени од сопствената инфериорност и завист. Овој воспев и апологија се безусловно поттикнати од стварноста на овој, речиси неверојатен подвиг, остварен со огромен самопрегор и верба од страна на сите инволвирани субјекти во овој цивилизациски македонски сон, од создателите и инспираторите на големата преродба.

(...)

Ако на времето, кога се појавија рекламните спотови за проектот „Скопје 2014“ и бев донекаде скептичен (пред сè, поради огромната магнитуда на содржини и речиси нестварната амбициозност на инволвираните творци), денес, кога овој проект е речиси довршен, конечно ја осознавам моќната визија, верба и доблест на таа благословена група фантазери и подвижници, што со целата своја душа и љубов влегоа во овој, по сè, застрашувачки ризик. И за ова Господ да ги благослови и да им даде сила за уште поголеми и посјајни работни победи.

(...)

Фала му на провидението за ваквиот развој на случувањата и нека големиот архитект на вселената и животот им даде сила за уште многу големи и фасцинантни победи. А сега, да продолжиме кон восхитувачките зданија, од кои најновото е тоа на Археолошкиот музеј на Македонија, ве уверувам, нема да зажалите, без оглед од каде и да доаѓате.
Ацо Станковски, сликар и колумнист, вознесен од архитектонско-уметничките дострели на преродбениците, Република, 24.10.2014.

нема
27.10 2014
Утре може ќе нападнат некое место затоа што внатре има Албанци или Македонци или...

Вечерва го нападнале Дамар затоа што внатре имало хомосексуалци и лезбејки. Утре може ќе нападнат некое место затоа што внатре има Албанци, или Македонци, или Срби, или православни, или муслимани, или атеисти, комунисти, социјалдемократи, синдикалисти, самохрани мајки, дијабетичари...Утре можеби и тебе ќе те нападнат затоа што не си како нив и ги нервираш. А, сигурно ќе те нападнат ако ќутиш!

Васко Лазаревски, активист; Плусинфо, 25.10.14.

нема
25.10 2014
На сите на челото да ни се стави по еден жиг на Александар со буквата А - пак ќе бидеме Словени!

Утре може да се направат уште 50 споменици на Александар Македонски, на сите на челото да ни се стави по еден жиг на Александар со буквата А, но пак ќе бидеме Словени зашто таков ни е говорот, со такво потекло, структура, азбука, гласови, такви ни се верувањата и фолклорот. Можеме да се претставуваме како сакаме, да се преправаме во тоа што не сме, но тоа ќе остане во круг од 200 километри наша територија. Но, во пошироки светски рамки не можеме да се претставуваме така. Не заради Грците, туку затоа што тоа не е точно.
Слободан Унковски; Фокус, 24.10.14.

нема
24.10 2014
Проститутката што го сакаше својот Џек!

Фрлив еден поглед врз шареното деснолево-па-во-центар друштво што беше дошло да ги продаде своите букети за малку престиж и пари, тука пред споменикот на основачите на вмро и пред младите луѓе кои со помош на бронза во паштетите или на некој курс на “Конрад Аденауер” се претвораат во безживотни гардисти што не може да ги возбуди ниту Гордана Јанкуловска ако реши да им се прошета во најпредизвикувачката комбинација на ” Викторија сикрет” и стигнав, од казанот на таа глупава церемонија, да црпнам троа цврсти основи за мојата основна импресија на Денот на револуционерна борба на македонскиот народ за неслобода: Македонија е проститутка која не престанува да си го сака својот Џек Трбосек дури и по 121 убод!
Па ми текна да ги извадам парите со кои на времето ме корумпираа Црвенковски и Колемишевски и да ги вложам тие дваесетина милиони евра во еден филмски проект кој би можел да се вика ” Проститутката што го сакаше својот Џек”! Филмот во жанрот гомно би го режирал конзорциумот Манчевски- Попов-Митриќевски, а Љубиша Георгиевски би бил надрежисерот кој со својата режисерска палка би го чепкал говното пред секоја проекција!

Бранко Тричковски; Фејсбук статус, 23.10.14.

нема
23.10 2014
Градот речиси преку ноќ стана најгротескната европска метропола

Кои се демократските слободи оставени на граѓаните на Скопје, на пример? Градот речиси преку ноќ стана најгротескната европска метропола, пример за тоа што се можат полудените државни татковци и архитекти кога ќе им се присака малку да го „архаизираат“ градот.

Скопје е денес европски Дизниленд, град каде што има повеќе јавни скулптури на славни Македонци отколку Македонци; повеќе владини палати изградени од пластика и гипс од станови; и повеќе бесмислени тони бетон, бронза и цемент од било каде во светот.

Очајната скопска интелигенција ги искористи сите демократски форми на протест, и ништо не помогна: целиот град го населиле аматерските бронзени скулптури на приучена скулпторка...
Дубравка Угрешиќ; Пешчаник, 20.10.14.

нема
21.10 2014
Слободен печат против Политико?!

Сакам да ја известам јавноста дека во моментов уредникот на Слободен Печат, Бранко Геровски прави се што може за да го уништи новиот весник Политико. Па така, дистрибуцијата која го разнесува Слободен Печат одби да го разнесува и Политико иако го разнесува и Вечер?! Со тоа тие се откажаа од неколку илјади евра месечно што ќе ги заработеа од дистрибуирањето на весникот без никакви дополнителни вложувања, нивните комбиња и онака возат до сите трафики па ова ќе им беше само плус заработка!

Но овде не престануваат сопките на Бранко Геровски. Замислете тој им забранил и на локалните дистрибутери во градовите низ Македонија да не смеат да го дистрибуираат весникот инаку Слободен Печат нема да им се дава за дистрибуција, а бидејќи тој е сега етаблиран весник нормално е дека локалните дистрибутери ќе подлегнат на уцената и затоа ние сега не се дистрибуираме низ неколку градови во Македонија. Но ќе го решиме и тој проблем набргу, за се има решение само не за даноците и смртта.
Саше Ивановски; Мактел, 18.10.14.

нема
20.10 2014
Поддржувачите на СДСМ по аферата Актор нема да смеат да минуваат по коридорот 10?!

Ме чуди дека во интервју во кое се зборува за слободна пазарна економија, прослава на јубилеј на странска компанија се смета за „приватно-политичка забава„. Но уште поважно: изгледа дека „најголем дел„ од луѓето кои ги цитирате не ни ги прочитале официјалните партиски програми од неколку последни циклуси.

Ставот на СДСМ е кристално јасен и непроменет: Скопје 2014 година е проект на безумно трошење и неверојатна корупција. Уште во 2011, во програмата го напишавме тоа и појаснивме: „Некои од објектите кои имаат функционална и општествена оправданост ќе ги доизградиме и пуштиме во употреба (објектот на Македонската филхармонија и Стариот театар)„. Како што гледате, ниту еден наш став не сме промениле, па дури ни со посета на јубилеј на една странска фирма.

Не знам зошто тогаш тоа било оправдано, а сега е „давање легитимитет„. Зарем мислите дека е логично тогаш да кажеме дека ќе ги „доизградиме и пуштиме во употреба“, за да потоа веќе во нив не влегуваме? Или дека поддржувачите СДСМ по аферата Актор нема да смеат да минуваат по коридорот 10?

Нашата задача како идна власт во оваа држава не е да кружиме во лак околу криминалните зделки на оваа власт, туку кривично да ги гониме оние кои искрадоа речиси пола милијарда евра криејќи се зад Скопје 2014.
Радмила Шекеринска; Фактор, 19.10.14.

нема
19.10 2014
Времето работи за Путин

Временските, климатските промени кои се предвидливи и мерливи, покажуваат дека во воздухот се создава голема влажност. Последиците од тоа се големи океански бранови кои од просечните неколку метри, сега се издигаат со просек над десетина метри, и наскоро дваесетметарските бранови ќе бидат редовна појава во океанските бури. Со ова, трговијата со бродови преку океаните станува ризична и скапа. А САД, без трговија преку море, се сериозно загрозена економија.

Најголемата воена предност на САД е нивната морнарица. Дали е потребно да се спомнува колку нејзината мобилност е ограничена со новите климатски промени... Тие ќе мора да бараат нови, големи поморски воени бази, во далеку поголем број од сега, а тоа се нови пари кои САД веќе ги нема. Па, ако не може со пари, ќе мора со сила. А тоа се нови војни и нови дестабилизации на влади и држави кои ќе бидат цел на тие намери.
Драган Павловиќ Латас; Вечер, 12.10.14.

нема
17.10 2014
Дес­ни­ца­та соз­дава, а ле­ви­ца­та троши

Јас­но е де­ка сум дес­ни­чар­ски оп­ре­де­лен. Сме­там де­ка дес­ни­ца­та соз­дава, а ле­ви­ца­та троши. Еве, во по­след­ни­от пе­ри­од се соз­да­ва­ат ра­боти, ник­наа згради. Иде­о­ло­ги­ја­та на дес­ни­ца­та е иде­о­ло­ги­ја на ште­де­ње и соз­да­ва­ње ви­шок, кој ле­ви­ца­та тре­ба да го пот­ро­ши.
Милош Лин­дро, поет и до­бит­ни­к на држав­на­та наг­ра­да 23 Ок­том­ври, објаснува како режимот што потроши триесетина милијарди евра (од кои барем пет милијарди евра во кредити) всушност создава „вишок“; Плусинфо, 15.10.14.

нема
15.10 2014
Во декември ќе се апси Дедо Мраз

Среќа што овогодинешниот Извештај на ЕУ не ни го презентираа во декември - бидејќи тогаш за да ја дефокусира јавноста власта ќе мораше да го апси и Дедо Мраз. Вака ќе мора да се задоволиме со борба против еболата.
Васко Ефтов; Фејсбук / Мактел, 12.10.14.

нема
13.10 2014

Препорачуваме

23 начини на кои феминизмот ги подобри животите на мажите

Феминизмот сè уште често се смета за грд збор, а ретко се спомнуваат неговите позитивни учиноци, во корист и на мажите.

Деликатниот ромор на исраните овчи брбушки

Историскиот миг во кој се наоѓаме е повторување на малоумната атмосфера во изборната година 2006.

Петнаесет години Окно

Насловна на Окно од 13 март 2009.

ОкоБоли главаВицФото