Боли глава

ДПМНЕ и ДУИ - илегалци во темница

Тој наследен рефлекс на вмровско-интегристичката политичка школа на илегала ги диктира нивните светогледи, ја гризе нивната совест и принудува на параноична убеденост дека и другите сакаат да ги добиваат работите на ист начин како и тие. Накратко, станува збор карактерно-ментален склоп на антидемократи со длабоко всаден политички Едипов комплекс кој подразбира навраќање кон утешителната темница на илегалата, токму поради константната фобија од кастрација на стекнатата моќ. За разлика од отвореноста која ги заробува, затвореноста им дава неприкосновена, неотчетна слобода. Светлината на сцената ја подвлекува нивната темна природа, додека пак темницата - ах, таа мајка темница - им нуди спас преку митоманско прикривање на асасинскиот кукавичлук.
Арсим Зеколи; Утрински весник, 15.09.14.

нема
16.09 2014
Па добро, Столе, јеботе црвени тепих!

Столе Попов веќе покажа дека е жива контроверза. Од една страна, човекот пати по црвениот тепих, а од друга страна, вели дека отворањето на „Браќа Манаки“ било една „селска манифестација“?! Па добро, Столе, јеботе црвени тепих, ако тоа таму во Битола навистина било селска манифестација, што бараш ти таму? Зошто кукаш што не си бил пречекан? И ти ли си сељак?
Бранко Героски; Плусинфо, 15.09.14.

нема
15.09 2014
Го отворам Солунскиот конгрес...

Груевски го оствари во негов стил, да не речам пародично, ветувањето на Љубчо дека ќе одржат конгрес во Солун. И тоа свечено и празнично... го отвори Солунскиот конгрес... новата катна гаража!
Јадранка Костова; Фокус, 12.09.14.

нема
14.09 2014
„Братислав Димитров по јавното дудлање си доби државна награда од пола милион денари!“

Каква е само тоа беда и перверзија! Брацо напишал драма и од 50 кандидати добил прва награда во театарот во Велес и за тоа добил парична награда од фантастични пола милион денари!!!
Сега е јасно неговото лигавење и фалење на политиките на Груевски. Тој во Миленко Шоу лани се отепа од лигавење а на премиерот му постави прашање зошто младите не си легнувале порано туку скитале по кафиќи. Од сите можни проблеми во државата, Брацо се фати како климактерична тетка за младите зошто се забавувале до доцна во ноќта. Тоа е интелектуалац, јебеш му матер...
Саше Ивановски; Мактел, 12.09.14.

нема
12.09 2014
Нема помирување, Трајко!

Додека го одглавував копчето на далечинскиот управувач, бев принуден да слушнам две-три реченици од Трајкота Вељановски: да се помириме оти Македонија била нашата единствена партија, плус нешто околу квалитетната, така ми се чу, политичка понуда, рече!
Уф, јеботе драги бог да те јебо, си реков, па човеков зборува како да не е еден од шефовите на Организацијата која според темелното преуредување на општествениот простор најмногу потсетува на Боко Харам и на ИСИС! Неговиот апел е апел на еболата да се помири со човекот, на атомската бомба да се помири со Хирошима и со Нагасаки, на Брејвик да се помири со родителите на младинците што ги испотепа на Утоја!
Нема помирување, диар Трајко! Без да платите за сите апокалиптични културни и материјални разорувања на Македонија и за душевните болки на милиони луѓе! А и потоа! Никогаш нема да се помириме со вашата одвратност! И немојте да се лигавите со Македонија, немојте да не’ уценувате нас и светот со Македонија: ако се случи Македонија да пропадне зашто не може да поднесе една ваква непомирливост со група чипирани идиоти и бандити, една, значи, длабока катарза - тогаш и треба да пропадне!
Бранко Тричковски; Фејсбук статус, 08.09.14.

нема
11.09 2014
И тоа е премногу добро

Поставувањето споменици и спомен-обележја во Скопје (како главен град на државата), но и во другите градови, градењето историски музеи, создавањето голем број квалитетни документарни филмови со историска тематика, печатењето значајни историски наслови, често кај нас предизвикува емоција и покренува чуство на гордост и чуство на припадност кон овој народ, држава и нација и тоа е премногу добро.
Илија Димовски; Дневник, 08.09.14.

нема
10.09 2014
Секој објект има еднакво право да се менува, или да не се менува

 

Кај многу високообразувани лица, го гледам противењето да се прифати демократскиот концепт дека – секој објект има еднакво право да се менува, или да не се менува.
Жарко Чаушевски, помошник-архитект на СК014 (се знае кој е главниот архитект); Фактор, 05.09.14.

нема
08.09 2014
Го правам СК014 бидејќи современата наука го разби атеизмот

Зарем во други сфери на животот традицијата не ја истисна современоста? Брзата храна се напушти, современата наука го разби атеизмот, материјализмот стана прибежиште на неучените…
Жарко Чаушевски, архитект на СК014; Фактор, 05.09.14.

нема
06.09 2014
За понатаму - знаат само Господ и Груевски

По судскиот процес на премиерот Груевски против лидерот на опозицијата Заев и сето она што се случуваше со аферата околу продажбата на Македонска банка е тажна и гротескна сликата на вкупните дострели на државата која за неколку дена ќе одбележи 23 години самостојност, а веќе прокнижи и 70 години државност. Премиерот си побара 50.000 евра за душевната болка и си ги доби. Да бараше 500.000, ќе си добиеше толку. Колку бара, толку добива. Какво милосрдие и судиско понижување. Живееме во ерата на груевизмот, што се' уште ќе видиме, знаат само Господ и Груевски.
Ерол Ризаов; Утрински весник, 03.09.14.

нема
05.09 2014
Газда Нини внесе нова светлина

Изјавата на сведокот Нини несомнено дава една нова светлина на она што до вчера претставуваше голема скандалозна и корупциска афера што беше обелоденета од СДСМ, како и една нова светлина за тоа како правните аргументи и силата на правото можат да надвладеат во однос на политиката. Недвосмислено силата на изјавата на сведокот е засилена и поради тоа што ја дава под заклетва.
Тања Каракамишева; Канал 5 / Слободен печат; 03.09.14.

нема
03.09 2014
Поголема плачипичкетина од Грујо не се родила во македонската политика!

Ја мислам дека поголема плачипичкетина од Грујо не се родила во македонската политика! Уствари, ако во нешто е Грујо добар тоа е во плачипичење! Тој уствари целата своја политичка кариера плаче и кука и стенка и кенка и тоа го прави 24/7!

Сите нешто му се криви, се нешто бара оправданија, те кризи, те Грци, те Албанци, те Соросоиди, те опозиција, се нешто бара правданија за сите своите неостварени ветувања кон македонскиот народ!

Но врв на неговото плачипичење е грозната диктаторска навика да тужи политички противници и новинари за клевета! Тоа е врв, тоа е невиден преседан, тоа е една карактеристика на еден нарцис, еден недозреан разгален мамин син кој уште од детство веројатно кенкал за секоја неправда која му била направена у маало и еве и денеска како 44 годишен маж наместо машки да ги издржи политичките критики и обвинувања, тој се крие зад судиите како пичкетина, зад обвинителите, ги влече и ги мкљачи политичките опоненти по судови се со цел заштита на неговата слика пред народот која е тотална фикција и измама!

Саше Ивановски; Мактел, 02.09.14.

нема
02.09 2014
Бате Саше е океј, Грујо е сатрапот?

Според мои информации добиени од блиски соработници на Груевски, поранешни и сегашни, Мијалков бил сосема подреден и кооперативен со Груевски, многу поразличен од она што ни се сервира од двете страни, дека тој е оној кој ги влече сите конци. Мое мислење е дека вистинскиот сатрап и аждер и деспот е докму Груевски и тој треба да ги добие сите заслуги за сите апсења, сите матни зделки, сите криминали, сите наместени тендери, сите реваншизми, затворање на медиуми, сите ујдурми и мајмунарии кои ни се случија овие неколку години. Да не се залажуваме, Груевски е едно опасно човече, треба да престанеме со негово амнестирање и разблажување на неговиот прљав безмилосен карактер. Само негова смена, само негова оставка и заминување на ДПМНЕ во долга неколку децениска опозиција ќе значи крај на овој хорор кој ни се случува и тргање кон права насока на оваа земја и на овој народ.
Саше Ивановски; Мактел, 30.08.14.

нема
31.08 2014
За Велија, Чом, А1 и за „мудоњите што се палат на Чом“ (на пример, Саше Политико)

Трето, кои се новинарите од Перо Наков кои лично го кодошеа сопственикот на А1 телевизија кај Груевски, кај другите вмровски асови, но и во тајната полиција? Кои новинари учествуваа во предењето на пајажината во која власта ги заплетка и Велија и целото негово семејство?

Четврто, кој е човекот кој го убеди Велија Рамковски да излезе на сопствената телевизија и јавно да "посведочи" дека примил кеш (мито) од Никола Груевски? Како што знаат и врапците, таа изјава на Рамковски беше пресудна за одлуката да биде фрлен во зандана. Кој му го смести тоа?

Петто, кој е човекот што го организираше "интервјуто" на Груевски со Младен Чадиковски и Борјан Јовановски во импровизираното студио на А1 пред владата? Како се случи тоа? Што беше идејата?

И шесто, бездруго важно за да се запознае моралниот лик на вистинските џелати на Велија и на А1 телевизија - кои се новинарите кои од него добија најмногу привилегии (станови, коли, високи примања, работа за нивните деца итн), а потоа му го свртеа грбот кога му беше најтешко?
Бранко Героски; Плусинфо, 28.08.14.

нема
28.08 2014
И Тито се потпишувал на старомакедонски со букви од богот Ѕе

Писателот и истражувач Бранко Сотировски во својата книга „Зета Македонија“ вели дека за него три факти се непобитни: првиот е дека боговите Македонци биле присутни на планетата Земја на сите континенти. Вториот е дека за Македонците, сонцето е единствено божество, а целата материја во макро и микрокосмосот е божја, исполнета со божјиот дух Македон. Космосот претставува божји пат низ сите делови на божествeниот поглед Ѕе во вселената.
Третиот и најбитен момент во книгата се однесува на потписот на Ј.Б. Тито за кој се вели: „Поради неговото место и улога во револуционерната борба на сите балкански народи, поставен од комунистичката партија, а можеби и од западните сили, се однесувал како наредбодавец со изреката „ТИ ТО“ во смисла ‘Ти тоа и тоа направи’, така добивајќи го прекарот ‘ТИТО’. Потписот Тито е напишан со македонски „цутни букви“ - кирилица, со една линија на бесконечноста во времето и просторот, симболизирајќи го доживотното владеење со државата како култна личност“.
Бранко Сотировски, според „Слободен печат“, 26.08.14.

нема
26.08 2014

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото