Боли глава

Зошто полицијата на Груевски на ист начин не постапи и со демонстрантите во Ѓорче Петров?

Не оправудвам насилно однесување во ниту еден момент. Но полицијата на Груевски со тоа што го направи во петокот уште еднаш демонстрира сила над нејзините граѓани со цел да ги уплаши и да продолжи да сее страв. Оваа држава покажува по којзнае кој пат дек нема капацитет да негува демократско и мултиетничко општество. За едни сеуште е мајка, за други маќеа. Јас после тоа што се случи во петокот поставив само едно реторичко прашање: зошто полицијата на Груевски на ист начин не постапи и со демонстрантите во Ѓорче Петров првиот ден кога гледаа сеир како се палат имотите на своите сограѓани Албанци? ...А за куклите на ДУИ, во инстиитуциите исто не сакам да трошам зборови многу. На нивните функционери доволно им е да имаат една службена кола и една добра секретарка и толку.
Мухамед Зекири, главен уредник на Алсат-М телевизија; Либертас, 07.07.14.

нема
07.07 2014
Протестите беа многу поненасилни од начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА ја срушија парламентарната демократија на 24 Декември

 За поплаките дека протестите биле насилни:
- Протестите беа многу поненасилни од начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА ја срушија парламентарната демократија на 24 Декември. И добија тапкање по грб од оние кои вчера цинично мудруваа за “протести да, ама насилство не”.
Арсим Зеколи; Либертас, 05.07.14.

нема
05.07 2014
На ВМРО-ДПМНЕ имотот ѝ го нудам со дискаунт, преку банка

Што се однесува на мојот имот, тој очигледно има емотивно и политичко значење за ВМРО-ДПМНЕ, па затоа сум подготвен да им ги понудам со одреден дискаунт, но плаќањето мора да се изврши преку банка, поради данокот. Инаку, имотот се наоѓа во близина на место каде што нивни високи членови од партијата поседуваат значителен имот.
Сашо Ордановски од „Транспарентност Македонија“ одговара на обвинението на ДПМНЕ дека го поминал животот заработувајќи на плукање на секој чекор на оваа партија; Плусинфо, 03.07.14.

нема
04.07 2014
Сорос е битен, а небитни се милијардите од нашите пари?!

Абе да попиздиш сто пути од прва. Еј луѓе, мамичето мамино ни го е..а, не’ ошурија до гола кожа, секој ден ни ја празнат касата од нашите даноци, склапаат милионски тендерчиња разноразни нижеразредни владини новинарчиња и новинарки, стотици милиони евра дрпаат телевизии и приватни компании на годишно ниво за мочани маркетиншки услуги од нашите пари, секојдневно од нас прават идиотски будали замајувајќи не’ од нивните криминали и влегувајќи да спорат една транспарентно потрошена, јавно објавена завршна сметка на фондација, замислете, од туѓи пари!? Битно е да се знае каде, зошто и во кого се вложиле пет, шест или десет милиони евра на Сорос, а небитни се стотиците милиони евра, милијардите од нашите пари. Море мрш у п…у материну…!!!
Боки Бургија, Фејсбук статус / Либертас, 28.06.14.

нема
01.07 2014
Грчка реторика

Целата реторика дека Македонија не е демократска земја и дека не ги исполнува критериумите за членство во ЕУ е грчка реторика.
Ивица Боцевски; Слободен печат, 28.06.14.

нема
29.06 2014
Курвински потег на јавното обвинителство

ААААААА мамицата ваша мрсна да ви ја наебаааам!!! Цццццц, СТОКААААААААААААААА!!!!!!!!!!!!

У петок на пладне донесуваат одлука дека Грујо е невин! Кога сите се пакуваа за викенд, некои тргаа на одмори, сите се беа разбегале од Скопје...

И кога јавноста ќе се соземе во понеделник, шокот ќе помине, работите веќе ќе бидат легнати на брашното, Грујче ќе се спаси од негодување...

АААААА мамицата скапана ваша хоштаплерска измамничка проклетаааа!!! Добро бе дечки, да ве прашам, јавното обвинителство што е, јавна институција или локален комитет на ДПМНЕ?! Па нели има институции у оваа држава бре мамицата гнила платеничка курвинска да ви ја ебам?!!!!

И после овој циркуз, Грујо ќе излезе пак со изјава, ако има некој некаква замерка да го пријави тоа пред институциите на државата. КОИ ЕБЕНИ ИНСТИТУЦИИ БРЕ МАМЛАЗ?!

НИШТО нема во оваа држава а што личи на институција! И да има, тоа не е државно туку е НВО или приватна компанија! Се’ што беше допрено од долгата рака на ДПМНЕ скапа и се исуши и се претвори во квазимодо - франкештајн - чарли чаплин креатура која е и смешна и трагична!
Саше Ивановски; Мактел, 28.06.14.

нема
28.06 2014
Позади секоја успешна жена стојат по две баби

Позади секоја успешна жена стојат по две баби што ѝ го чуваат детето.
Миле Паника; Слободен печат, 27.06.14.

нема
27.06 2014
E Бонке мории, се гледа дека одамна не си на чушки и френки...

Луѓе мои ја видовте ли Силвана Бонева на фотката сликана вчера од фотографот на Слободен Печат?! Ебаааа мамата еј! Абе Џенифер Лопез не и е рамна, абре една става па брендирана дизајнерска облека па ѓердани па ташни па чуда и врагови па еден мобилен циглетина од пола кубик папапапа...

А од друга страна пак се сеќавам на фотката што Бонева ја објави пред некој ден како изгледала во 1990-та. Јадно, јадно брате, сиротиња... Очигледна е разликата дечки, се гледа дека Бонето одамна не е на чушки, френки, леб, ајвар и шпагети, туку по се изгледа си каснува Бонето ракчиња, лосос, телешко и јунешко, егзотични салатички и овојше, а богами изгледа редовно посетува и сауни, фитнес, аеробик а изгледа и редовно си плива по мориња и езера и базени, можно е и да плива во двор по вили по нашите планини, нема да ме зачуди ако Бонето успеало да скрпи некое виличе по нашата мила Македонија... Еве може синовите, тоа програмерето со јаките плати со кои купија станови од 380 000 евра и помогнале да си направи и виличка за да Бонето плива и да ја одржува таа вита става...

Што ти е власт бре, што ти е моќ, каква е само ова промена во 100 чекори. Од едно џгољаво женче за жалење, грдото пајче се трансформирало во еден ДПМНЕ-вски лебед кој лови по собранието веќе една деценија и богами ефектите се спектакуларни!
Саше Ивановски; Мактел, 22.06.14.

нема
26.06 2014
Се надевам дека најпосле сфатиле дека еврократите не ги интересира ни слободата ни правдата

Се надевам дека опозицијата не ја заборавила ланската „тоалетна хартија“.

А се надевам дека најпосле сфатиле дека еврократите не ги интересира ни слободата ни правдата.

Нема белки да потклекнат во името на евроатланските интеграции кога Груевски само глуми дека му е до ЕУ и НАТО? Нему му е само до власта неограничена од ништо и никого. Еврократите можат да се прават недоветни, но опозицијата нема право на недоветност. Дотолку повеќе што бившиот им партнер Ахмети се прави недоветен, па ги обвинува нив дека ги опструирале (?!) евроатланските перспективи на Македонија. Па Али и Грујо имаат доволно големо мнозинство, а можат да сметаат и на Мендух, за да најдат решение за влезот во НАТО и ЕУ. И онака опозицијата, партиската и непартиската, е составена од „предавници“. Што ќе им се „предавници“ во преговорите со Грција? Сами, Грујо и Али ќе бидат посилни и ќе извојуваат поповолен резултат. Или планот е тие да ќарат, а на опозицијата да и викаат „Уа предавници“?

Владимир Милчин, Фејсбук статус; 24.06.14.

нема
24.06 2014
„Фабрика“ е жива смешка споредена со Комбинатот „Шител“

Бучковски во 2006 падна најмногу заради „мега-скандалот“ „Бачило“ (720.000 евра) и наводниот скандал со владина корупција на новинари - „Фабрика“. Колку изгледаат смешно овие „мега-скандали“ денес, кога ќе се потсетиме на дубарите во врска со „Скопје 2014“ и милиончето евра потрошено само за авио-билети до Фиренца. „Фабрика“ е жива смешка споредена со Комбинатот „Шител“ на „Градски стадион б.б.“ А колку други пропагандни комбинати во моментов работат со полна пареа на буџетски маркетинг?
Жарко Трајаноски; Фејсбук / Мактел, 21.06.14.

нема
21.06 2014
Ермира, шо говориш бе женска?!

Ајдеее, слушате ли, читатели што зборува Ермира Мехмети?! СДСМ го загрозувал угледот на државата?! Па дали је то могуче?! Што им е бе на луѓево од ДУИ?!

(...)

Лепотице, ти мора да се зезаш! Не ја брука СДСМ Македонија, туку вие со ДПМНЕ и ебавте мамата на Македонија. ТИ ја брукаш Македонија со молчењето и соучесништвото во она што ни се случува како држава. Па ти самата како пратеничка беше на платен список на министерството за одбрана што е само по себе неверојатен скандал! Твојот брат е член на регулаторното тело за медиуми?!

(..)

И после толку години власт со ДПМНЕ и после тонење на сите рејтинзи за слободи и транспарентност и после скандалите на Груевски со Макеоднска Банка и Актор каде во прашање се милиони евра што во кеш штво на сметки, после една милијарда лупната за Скопје 2014-та за кои вие молчите, после сето тоа вие сега зборувате дека СДСМ го руши рејтингот на Македонија?!
(...)

Ермира, шо говориш бе женска?!
Саше Ивановски, Мактел, 18.06.2014

нема
20.06 2014
Македонизмот е триумф на ништо

Македонизмот е триумф на ништо. Доказите, самите македонисти ги изградија во центрот на Скопје. Тоа е состојбата во која се наоѓаме сега. И тука нема разлика помеѓу власта и опозицијата. Тие, кои раскажуваат, дека по нивна заслуга и победа се формирала Македонија во Федерална Југославија заради внатрешните фабриччи грешки на инженерот Сталин и Тито, сега самите тие ја уништуваат државата. И на често цитираната изрека на Мисирков “Шчо напраифме?”, одговорот е: “Е тоа го напраифте!”
Младен Србиновски, писател; Труд / Либертас, 17.06.14.

нема
18.06 2014
Последното измеќарче на глупоста

И се загрижи на крај шапшалчево некој да не му ги чепне омилените му „институции“: музеи (кои бре црни музеи, оној на хоророт?), театри (кој, оној позлатенион „Александар I Караѓорѓевиќ“?), филхармонија (која, онаа нова руина што сакаат да ја сокријат со новата колонада?)… кои се тие институции за кои се загрижи Сарајлија? А поминал ли скоро во „Мала станица“, во „Чифте амам“, да види што и како оставија неговите директор(к)и; сѐ уште ли го смета и МСУ за институција, замандалена ко зандана и упропастена со онаква поставка од типот „тревките на Баба Рада“; видел ли на што личи Музејот на Македонија во последно време, откако го разнесоа неговите директори и гаулајтери; за кои и какви институции во внатрешноста говори оваа будала? За какви културни политики тртља кога тој и неговите браќа по оружје не оставија ни „к“ од култура, ни „у“ од уметност? 
Златко Теодосиевски; Окно, 13.06.2014.

нема
16.06 2014
Замислете да немаше диктатура

Замислете да немаше диктатура, замислете. Замислете што ли ќе возеше Заев да немаше диктатура, вселенски брод, директно од Струмица, на Месечината. Па тек Рада кога ќе го земеше авионот, од држава во држава, Европа да ја среди, батали ти Македонија, од еден на друг тениски турнир, демократски, а не вака диктатура. Во што ли ќе живееше Шекеринска да не беше диктатурата и колку ли кирија ќе добиваше за станот во кој живее. Не би го издала она под 10 илјадарки, да не беше оваа диктатура.
Никола Груевски; Плусинфо, 14.06.14.

нема
14.06 2014

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото