Боли глава

Секој ден со поголем стап

Абе луѓе како поминува времето, овие бандитиве од ДПМНЕ се повеќе и повеќе не ебат со се поголем стап да не речам патлак. Значи од ден на ден си дозволуваат се повеќе и повеќе... Замислете сега оваа работа: во општина Центар каде на власт е Андреј Жерновски, Коце му трекнало на онаквото уствари му наредиле од кабинетот на Грујо да гради плоштад од 1,3 милиона евра пред новото седиште на ДПМНЕ?! Абе имате ли вие сраб бе луѓе? Алоо? СРАМ ИМАТЕ ЛИ?!

(...)

Абе ја не знам до каде ќе терате вака, овој хорор не губи на интезитет, терате бре со педалата за гас до даска, со пуна пареа напред у тоа шумата, има да се раскажува за вас со години, тоа седиште кое го градите долги години има да биде пранзо и језиво жив човек нема да припарува таму затоа што на луѓето ќе им биде срам да стапнат во таа партија кога ќе паднете од власт, пу јазк срам ве било бре апашишта манипулативни клептомански!
Саше Ивановски, Мактел, 12.06.2014.

нема
12.06 2014
Тито е реинкарнација на Александар Македонски

Всушност, земајќи ја предвид тибетанската концепција на есхатологијата и метапсихозата, недвојбено би посочил, дека Јосип Броз Тито е реинкарнација на Александар Македонски. Има безброј индиции што го сугерираат ова. Од неговиот класичен лик, до неговата неспоредлива интелигенција. И двете инкарнации се чеда на Балканот, и двата карактера ја користеа својата стратешка генијалност во интегративни цели. И двајцата ја сакаа мултикултурата, за која сметаа дека збогатува. И двајцата имаа дар на луда храброст, но и невиден талент низ симулирана деструктивност да постигнат големи воени или идеолошки победи (сетете се на Гордиевиот јазол, чие деструирање, всушност, беше отстранување на пречката на евроазиското поврзување или, пак, на рушењето на мостот на Неретва, при кое Тито ја доби најдоблесната битка во историјата на војувањето – битката за ранетите).
Ацо Станковски, Република, 02.06.2014.

нема
10.06 2014
Примордијална интерпункција

Со овие три интерпункциски книги (во смисла на насловите) – Извичник, Прашалник и Точка, запирка кои и преку самите наслови се дури и премногу сугестивни, не дека сакав многу да извикнувам, не дека сакав многу да се прашувам или не дека сакав да ставам некаква си точка во мојот творечки пат или пак некаква си запирка која што би требала да биде некој мал прекин или премостување, туку сакав да укажам дека интерпункциските знаци иако се секогаш присутни во текстот, помеѓу зборовите ние често како да ги забораваме; забораваме на нив, на нивната функција и на нивното значење, на нивната улога. Јас еве на овој начин сакав да им се оддолжам, бидејќи примордијално е значењето на интерпункциските знаци.
Христо Петрески, примордијален македонски писател, примордијално зборува за новата (примордијална?) книга „Точка запирка“; пред тоа ја објавил „Извичник“, а во подготовка е „Прашалник“; МРТ, 02.06.2014

нема
09.06 2014
Ова е јазик на деспотите во средниот век

Еве што кажа конкретно премиерот Груевски што денес не може да си го дозволи ниту еден европски премиер, претседател, а уште помалку неколкуте европски монарси, цареви, кралеви и кнезови, кои се само бренд на традицијата и славното историско минато со строго одредени протоколарни должности. Премиерот Груевски ја издаде јавно следната наредба: „По поднесените оставки на опозицијата Собранието нема да има друг избор освен на следната седница да ги верификува и да распише нови избори за ослободените 34 места во парламентот. Таа седница не може да е подоцна од 18 јуни или 19 јуни, кога треба да биде изборот на новата влада. До тогаш имаат можност да ги повлечат оставките...“ Ваков јазик на јавно обраќање до Парламентот, до јавноста и до опозицијата тешко ќе најдете во европските авторитарни општества од крајот на 20 и почетокот на 21 век. Ова е јазик на деспотите во средниот век.
Ерол Ризаов; Утрински весник, 04.06.14.

нема
07.06 2014
Бранко е официр и џентлмен за Боксерот!

Еј Пајо, пола миљон евра бе брат за душевна болка у која апла се гледа и се слуша дека овој е криминалец? Ама кога си ја имаш мувата на капата, кога си високо искомплексиран од ниски вредности, и кога го имаш судството у руки, ондак реагираш ко да ти опсуле жена, ти текнуе? И да те прашам нешто на крај мој Пајо: Можеш ли бе друже да замислиш колку миљони требаше да побара Бранко од Боксерот и читава његова дружина за сите оние гнасни клевети кои ги праќаа до читаво МКД пучанство преку сите можни медиуми, без никакви докази? Молим? Па миљарди евра бе Пајо, ама Бранко си ја нема мувата на капата ко овој искомплексираниов ајван што се понаша ко жена да си му опсул у сред Лименка. Бранко е официр и џентлмен за Боксерот, бе Пајо...!!!
Боки Бургија, Плусинфо, 01.06.14.

нема
05.06 2014
Сител како руски хрт

Бесмислена медиумска ароганција, хушкачко аутсајдерство што создава магли и дополнителни проблеми. Владиката Тимотеј вели „Вие знаете во каква состојба се наоѓа МПЦ, значи, во нерегуларен однос со останатите православни цркви и немаме право да се лутиме ниту на домаќините, ниту на другите што не не поканиле...“

Ама медиумските мегафони како кучињата од расата руски хрт* продолжуваат да создаваат магла и да потпалуваат без никаква основа и повторуваат како папагали: „На осветувањето на храмот со кое чиноначалствуваше Вселенскиот патријарх Вартоломеј, присутни беа поглаварите на скоро сите православни цркви. Изоставен беше само македонскиот архиепископ.“

*кучињата руски хрт се познати по тоа што кога јурат во лов во руските шуми, од преголема брзина удираат со глава во дрво и паѓаат во бесознание едно две-три секунди. Потоа стануваат и како ништо да не било, јурнуваат повторно по пленот. До следното дрво!!!“
Зоран Бојаровски; Фејсбук? / Мактел, 04.06.14.

нема
04.06 2014
Груевски ќе прави две влади?!

Гледам со години зборат дека ќе формирале влада во сенка. Абер немаат. Ако вака продолжат со одолговлекување, незвисно дали ќе бидат надвор од Парламентот или внатре во него, ќе размислиме ние, ВМРО-ДПМНЕ, да направиме влада во сенка што би било многу невообичаено, но со вакви опозиционери, можеби и тоа ќе биде потребно.
Никола Груевски; МИА / Плусинфо; 03.06.14.

нема
03.06 2014
Ама Дарко му е баџана на Трендо...

Како само Груевски ги замолчува критичарите. Ќе им лупне дебела пара у уста и овие потоа ќутат како пичкетини. Колумнистот и режисер Дарко Митревски кој со години ги анализираше состојбите во Македонија во своите колумни во македонските весници, откако доби помош од владата за својот филм Трето Полувреме, буквално замолче и ќути како путе под јорган, и пипува само за светски теми, историски теми, будизам, астрологија, филм, нуклеарна физика...

И конечно по долго време пак напиша колумна за Македонија и тоа по повод поплавите до Србија и Босна. Добро е, нема ваљда да чекаме земјотрес за пак да напише нешто за нашата мила вукојебина.. Ама Дарко му е баџана на Трендо, па се разбираат, ист им е принципот на понашање, строго на безбедно и на сигурно без да се брца на мечката у пичка...
Саше Ивановски; Мактел, 01.06.14.

нема
02.06 2014
Сите лажат, само он е праведен

Груевски е среќен човек – му се посреќува секогаш, и кога е власт, а и кога беше опозиција. Му поминаа становите на мама, иако сепак живее во два од нив, Националната платежна картичка му помина онака глат, со Окта го доби Фрчко а со името Тито. Ич немам дилема дека ќе го добие и Заев, само е прашање колку ќе профитира и од неговиот џеб.

Така е, драги мои, кога сите ЛАЖАТ, само он е праведен, македонска безгрешна и пречесна МАДОНА. Му се може на човекот, и то… какви ленти за Македонска банка, какви анекси за Окта, какви изјави дека во Букурешт прифатил ново име – Република Македонија (Скопје). Секој што зуцна такво нешто си го ОКРКА.

Па нормално, ние никогаш почесен и попосветен на народот, ниту сме имале, ниту ќе имаме. Едноставно, човекот е ПАТРИОТ у душа, и како таков е НЕПОГРЕШЛИВ а и НЕДОПИРЛИВ. Кој ќе му го спомене името во контекст што не му паше на неговиот имиџ, одма заработува тужба, оти чистите души се КРЕВКИ, НЕОТПОРНИ, едноставно таквите изјави или тврдења му нанесуваат ВОЗНЕМИР.
Ацо Кабранов; Либертас, 30.05.14.

нема
31.05 2014
Што пастир ќе беше ова кога една искубана овчичка од Струмица го врти околу прст ко’ мрсул во џеб!

Интересна логика на Премиерот Груевски за губењето на кандидатскиот статус добиен во времето на СДСМ и изгубен во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Според него и неговите зборови, испаѓа дека СДСМ и од позиција на власт и од позиција на опозиција има повеќе и моќ и влијание (и внатре и надвор) од семоќната Револуционерна Организација сосе љигавите им чиниолижачи од ДУИ и 70.000 лавици од ДПА.

Што пастир ќе беше ова кога една искубана овчичка од Струмица го врти околу прст ко’ мрсул во џеб! А за рипањето на Заев… белким тоа така изгледа гледано од погребателна перспектива на гробар додека копа. Па кога гледа нагоре се’ му изгледа високо. И посреќно.
Арсим Зеколи; Мактел / Фејсбук, 29.05.14.

нема
29.05 2014
Дур државата прави златни огради на мостови

Македонија е држава во која училиштата ги реновира УСАИД, а државата прави златни огради на мостови...
Ванчо Ордановски; Твитер, 28.05.14.

нема
28.05 2014
Генерација на индустриски прасиња за товење

Станува збор за генерации на млади, израснати во општества со девалвирани или спинувани морални вредности, во кои белегот на чесноста не се стекнува низ години и животни премрежија,туку врз основа на внимателни изучувања и промоции преку кореографирани претстави, аранжирани од страна на медиумите и индустријата на политички маркетинг. Ова е генерација на млади луѓе чии познавања од сеопштата култура, теоретско образование, информираност и лингвистички способности се, споредбено, несомнено супериорни со постарите генерации на иста возраст. Но исто така, ова се генерации чија емоционална интелигенција, искуство на животна мудрост и способност за интелектуална емпатија и сочуство се на рамниште на петата генерација индустриски прасиња за товење. Нивните патетично молебливи очи наликуваат човечно, нивните тенки и стиснати усти се полни со зборови кои звучат нормално, но значењето е сосема извештачено. Во нивниот вокабулар милоста е нешто што се прима – но не се дава, љубовта е конвертибилна, надежта е егоистична, а Бог е небески цар за земска сила.
Арсим Зеколи; Утрински весник, 26.05.14.

нема
26.05 2014
Сега седам, пребирам по чувствата и ги преслушувам носталгиите кои навираат неправедно на ваков прекрасен ден

Во дневната ја извадив од обвивка Травијата, опера која никогаш не сум ја слушал освен во сегменти, а камо ли да и се посветам онака, аудиофилски...
Ја ставив плочата на грамофонот, го уклучив засилувачот и го преклопив на директен звук, без никакви додатоци и мешања, потполно чист ...

Ја ислушав Травијата и скоро ме насолзи, небаре сум некој мафијашки кум потресен од операта како нивно највозвишено духовност во културата, но стварно беше прекрасно а нема што носталгично да ме врзе со тоа ... едноставно – убавина. Мојот запоставен музички систем преку две децении со импресивен хај фај звук ме стопи како медуза на сонце... Потоа Оксижен на Жан Мишел Жар, Камелеонот на Херби Хенкок со Хедхантерс... и ги одложив, морав да ги одложам сите обврски ... ова не можев да го пропуштам

Сега седам .. пребирам по чувствата и ги преслушувам носталгиите кои навираат неправедно на ваков прекрасен ден. Децата се на школо, они го живеат својот квадрил а јас уживам во звуците и сликите на градот од мојот балкон, над обалкот на Анамската Рака кои ми се мешаат со ехото од музиката која ми се повторува во главата, ариите, мелодиите ... Толку е спокојно се наоколу, кога се некако доаѓа на место, особено во главата па оди долу ... до плексусот...

Ако веќе можам да бирам денес ми е убав ден да заминам, засекогаш, вака, во еквилибриум со се и со секој ... спокој во кој тонеш и лебдиш, со мисла и молитва, со звуци и бои ...

...при тебе Господи.
Јанко Илковски; Jadiburek.com, 23.05.14.

нема
24.05 2014
Манијаци

Секогаш има новинарски мудросерковци кои опоменуваат заштитнички да не се спушта нивото во расправите со Миленко. Ги прашувам на кое ниво мислат. На тоа што го спуштија до дно тие што одат секоја вечер кај Миленко. Значи претседателот на државата, премиерот, министрите, сјајните интелектуалци на власта го креваат нивото кога се одушевуват од мудростите на Миленко, а го спуштаат тие што избербатени ќе речат доста е измамнику.

Е, бидејќи немаше ниту вакви прашања ниту вакви текстови, ниту јавна осуда на Миленко му се може. Тој како награда доби и своја дополнителна радиоемисија на партиското радио „Слободна Македонија“ каде со истомислениците ја бранат 24/7 слободата на режимот која ги огрева само симпатизерите на ВМРО - ДПМНЕ и пејачите на оди на власта.

И сега кажете ми зошто би било недолично Миленко и Јанко да водат ТВ дебата во „Јади бурек“ на Сител дали е поправилно да се каже дека холандската амбасадорка во Македонија е ебозовна, или ебоповикателна. Манијаци.
Ерол Ризаов; Утрински весник, 21.05.14.

нема
23.05 2014

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото