Боли глава

Македонија личи на Белорусија?!

Се надевам дека е ова само уште една провокација, а не и сериозен предлог.

Во текстот се оди до таму со манипулациите и навредите, што разочараноста од отсуството на напредок во евроинтеграциите се прикажува како спротивставување на ЕУ идејата. Во текстот Македонија се изедначува со Белорусија.

Да не е толку безобразно опасно за иднината на државата ова би било навистина смешно.

Мислам, држава како Бугарија, перципирана како еден од најголемите поданици/пријатели на Русија и која ја направи европската перспектива далечна иднина за Македонија, да те обвини за проруско настороение е на ниво на драма на апсурд на Ежен Јонеску.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 031.05.22.

нема
01.06 2022
„Менталитетот на соседниот народ со доволен буџет може да се смени“

Кога Бугарија ќе изгради универзитет во Скопје, универзитети во Битола и уште три други града, да отвориме неколку гимназии и неколку основни училишта. Тоа чини пари. Ете ви буџет. Ако треба една милијарда, ако толку ни е важна таа Македонија, да извадиме една милијарда и да платиме за тие училиште. Да одиме со бугарски учебници во овие училишта и да престанеме да им бараме на Македонци да си ги сменат своите учебници затоа што не ни се допаѓаат. Ќе кажеме дека доаѓаме ние, со бугарски учебници, тие деца ќе учат според нашите учебници. Следствено, тие деца што ќе учат по наши учебници, сосем природно ќе посакаат да станат државјани на Бугарија и сосем природно ќе се идентификуваат со бугарската свест и култура. Ова е нешто што може дасе постигне за не повеќе од 10 години. Менталитетот на соседниот народ со доволен буџет може да се смени.

Соломон Паси, поранешен бугарски министер за надворешни работи; Македонски весник, 22.05.22.

нема
30.05 2022
Сите земји членки на ЕУ ја оправдувале уцената на Бугарија?

Изненадува изјавата на премиерот Ковачевски кој вели дека сите земји членки на ЕУ ја оправдувале уцената на Бугарија со историјата.

Прво, тоа воопшто не е точно. Од каде му е тој впечаток на премиерот!?

Јас постојано сум низ земјите членки во последните години, и од позиција на министер, ама и сега и ниту гледав ниту гледам разбирање за анахроните антиевропски бугарски позиции. Впрочем, поплаките во Софија дека нема доволно солидарност кон нив и дека не се разбрани, се јавна тема кај комшиите веќе подолго време.

А на истата линија беа и обвинувањата кон мене директно од Софија, оти практично им ги разобличував тезите обезбедувајќи да бидат осамени во небулозите.

Изјавата на Ковачевски е во најмала рака невнимателна.
Но, исто така може да биде и опасна и лесно да биде злоупотребена како притисок токму врз македонските позиции.

Никола Димитров, Фејсбук, 19.05.22.

нема
27.05 2022
„Сите земји од Европската Унија гледам дека го оправдуваат“

Нашата европска интеграција, зборувам за Северна Македонија и за Албанија, е заложник на Бугарија. Таа наша европска интеграција е сведена на зборување за историја, што практично сите земји од Европската Унија гледам дека го оправдуваат.

Димитар Ковачевски на самитот „Македонија 2025“, 18.05.22.

нема
25.05 2022
Не знаеш кој е поненормален

Не знаеш кој е поненормален. Дали Бугарите што бараат од Македонците да им докажат дека постојат, или Македонците што влегуваат во процес на докажување дека постојат.

Горан Михајловски, СДК, 20.05.22.

нема
23.05 2022
Кога приватниот интерес станува јавна политика

Случајот кој го открива ИРЛ за влијанието на Кабинетот на Анѓушев врз решение на физибилити студија која потоа станува одлука на Влада мора сериозно да се разгледа и од ДКСК и од Јавно обвинителство. Уште еднаш на виделина излегува колку е мала грижата за интегритетот во процесот на носење одлуки и колку лесно приватниот интерес си го наоѓа своето место и станува јавна политика.

Миша Поповиќ, Фејсбук, 18.05.22.

нема
19.05 2022
Не треба да дозволуваме легитимација на македонизмот

Не треба да дозволуваме легитимација на македонизмот, на идеологии од поранешна Југославија и Коминтерната, да си најдат место во ЕУ.

Румен Радев, претседател на Р. Бугарија; Дојче веле, 17.05.22.

нема
17.05 2022
Член 24

Кога веќе толку се возбудивте:

Член 24

Знамето не смее да се употребува:

- како драперија, завеса или прекривка;

- свиткано во форма на венец или набрано и

- како украс на перници, марамчиња, салвети, кутии од хартија, долна облека или предмети кои веднаш по употребата се фрлаат.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 10.05.22.

нема
14.05 2022
ВМРО и Левица - бугарски сојузници

Дали познавате некој од ВМРО или Левица што би сакал за Македонија до јуни да се договори почеток за официјални преговори за членство во ЕУ?

Јас не познавам таков. Не само во раководствата на овие партии, туку и кај нивните членови и симпатизери.

Нема дилеми дека Бугарите во моментов немаат други сојузници и поддржувачи за ветото, освен кај македонските партии ВМРО и Левица. И плус кај некои разочарани „неутралци“!

Освен од лажните патриоти, инаку, поддршка имаме од цел свет.

Ацо Лукароски, Фејсбук, 10.05.22.

нема
10.05 2022
Македонија на ЕУ-соседите може да им држи лекции за развој на медиумски слободи

Македонија е на 57 место на Индексот на слобода на печатот на Репортери без граници. Зад нас е Италија, зад нас се и сите соседни земји: Косово (62), Србија (79), Бугарија (91), Албанија (103), Грција (108).

Голема срамота за нашите соседи кои се членки на ЕУ.
Наместо Бугарија и Грција да служат како примери за медиумски слободни земји, сега Македонија може да им држи лекции за развој на медиумски слободи.

Жарко Трајаноски, 04.05.17.

06.05 2022
Кого ние славиме и кого треба да славиме?

На едниот крај од Скопје е населбата Ѓорче Петров, што го носи името на еден од идеолозите на македонското револуционерно движење во која на кружниот тек е подигнат споменик во негова чест.

На другиот крај на Скопје во населбата Кисела Вода е подигнат споменик на Тодор Александров, војвода и водач на тогашното ВМРО, за кого се верува дека го нарачал убиството на Ѓорче Петров.

Кого ние славиме и кого треба да славиме? Ѓорче Петров, најблискиот соработник на Гоце Делчев или нарачателот на неговото убиство Тодор Александров?

Како е можно да ги изедначиме жртвите со наредбодавачите? Прогресивните ликвидирани дејци со нарачателите на нивните убиства. Како е можно и двајцата да ги славиме и да им подигаме споменици? Зошто дозволуваме да се случува тоа? Каква историја учат и треба да учат нашите деца?

Аце Коцевски, 30.04.17.

нема
04.05 2022
Ако богатството е резултат на многу работа, секоја жена во Африка ќе беше милионер

За Втори мај, да се потсетиме на муабетот дека ако доволно и многу се трудиш и работиш, успехот и парите се загарантирани. Што всушност подразбира дека ако си неуспешен или сиромашен, тоа е зашто си мрзлив и истото е само твоја одговорност. Секако не одговорност на системот управуван од предатори и/ли наследници на богатство кои напредуваат единствено поради привилегиите и врските, а не поради квалитетите.

Среќа, се освестуваме дека ваквите измишљотини се само начин сиромашните сами себе да се држат во ропство, да се осеќаат (тотално неосновано) виновни и за речиси никаков надомест да ги продаваат своите способности.

Впрочем: „Ако богатството е резултат на многу работа и посветеност , тогаш секоја жена во Африка ќе беше милионер.“ (George Monbiot)

Инес Ефремова, Фејсбук, 02.05.22.

нема
02.05 2022
Фала ти Стевче што пак морам да се шетам со импровизирани оружја во џеб

Ова страшно ги загрозува девојките и жените. И онака нѐ напаѓаат по улици – сега во Карпош демначите го имаат луксузот на комплетниот мрак на Стевче. Прашање на време е кога ќе почнеме да слушаме за напади на девојки и жени.

Секако, идејата на градоначалникот меѓу другото е и дека нема што да бараме надвор после полноќ. Тоа е културата на морализаторскиот неандерталец.

Фала ти Стевче што пак морам да се шетам со импровизирани оружја во џеб.

И фала им на сите од мојата улица што го гласаа.

Румена Бужаровска, Фејсбук, 30.04.22.

нема
30.04 2022
Не видов солидарност од администрацијата за време на здравствената криза

Не видов таква солидарност од никој во администрацијата за време на здравствената криза кон угостителскиот, туристичкиот сектор, уметниците и многу други. Потсетувам дека многу правни субјекти згаснаа, а со тоа и многу семејства останаа без работа и заработка. Потсетувам и ПОТЕНЦИРАМ дека од истите се полни буџетот и се обезбедува платата за администрацијата.

Владо Караев, Окно, 28.04.22.

нема
29.04 2022

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото