Боли глава

Дали сте сепак тоа вие двајцата и фамилијата?

Дали на овој начин, преку оф шор фирми ги влечат парите од македонското стопанство и македонските граѓани? И дали тие пари завршуваат за нивни бизниси надвор од Македонија. Сега одговорете, премиере Никола Груевски и директоре на УБК, Сашо Мијалков. Чешка, Панама, Лугано, Македонија, Чешка – дали сте сепак тоа вие двајцата и фамилијата, која според повеќе проценки, има извлечено надвор од Македонија милијарда евра пари на граѓаните на Република Македонија.
Петар Шилегов, портпарол на СДСМ; Плусинфо, 19.03.14.

нема
19.03 2014
Глиста која тврди дека септичката јама не само што не смрди туку дека мириса на пролетното будење на природата

Мислам дека Панде Колемишевски има доживеано мозочен удар, или наутро не си ги плакне забите туку го голта колгејтот, или по бричење се мачка со крем што е збогатен со осиромашен ураниум. Тој не беше нормален во однос на времето ниту во „Нова Македонија“, но за да се „онормали“ во оваа време на ненормалната ненормалност, мора да му се случило нешто страшно! Но, кога таа лична драма се пренесува во јавна дебата за општите работи, тогаш тој се јавува во улогата на глиста која тврди дека септичката јама не само што не смрди туку дека мириса на пролетното будење на природата од парфемите на „Хермес“!
Бранко Тричковски, Мактел, 18.03.2014

нема
18.03 2014
Заболениот од Капграс синдром и неговиот паразит-имитатор

Груевски е антитеза, спротивност на македонството како идеја, идентитет и самобитност. (...) Опседнат од патолошки деформиран политички Капграсов синдром, Груевски се обидува да наметне партиски антибиотик за зачувување на низ векови спонтано стекнат идентитетски имунитет. Притоа создавајќи нездрава зависност од лабораториски политички стероиди, наместо јакнење на природната резистентност преку прифаќање на природата на промените. Кои се сепак незапирлива константа. Пример за тоа е дебаклот на „Ти си Македонија“ милитантниот прст на Груевски, кој наместо воодушевување, поттикна егзодус на десетици илјади умови во бегство од својата заробена глава.

Али Ахмети, пак, е негација на смислата на албанството, атавистички задоцнет паразит-имитатор на манипулативен банал-патриотизам како раисон д’етре кој не умее да создаде и креира, па затоа мора да опстои преку рециклирање на исти ликови и ширење магла и забуна. Во која тој пред своите „чипирани идиоти“ (Тричко копирајт) може да ги сокрие својата рурална аутистичност, неприспособливост и страв од динамиката на современиот албански културолошки позитивен преврат. (...) Пилотот Ахмети „летајќи не’ кон Брисел“, не' врати во отоманска зафрленост на зајашки легенди и лични фрустрации.

Арсим Секоли; Утрински весник, 17.03.14.

нема
17.03 2014
Не е ебачот туку е ВМРО

Мислев дека Тијана Дапчевиќ се препичува пред некој ебач молејќи го не да ја свирне или да ја запише на факултет, да и’ купи бунда или да и’ сними спот, да ја викне на линитонија, да подигнат заедно еден милион евра од Стопанска банка во Неготино, да ја зачлени во вемерето или да ја носи на концерт на Лени Кравиц, туку да ја врател во времето, таму кај спомените, таму кај што почнало се’, таму кај што припаѓала, но носталгично-преродбеничката ритмика на "Т'га за југ" ми беше премногу нападна за една современа песна така што кога дојдов до стиховите "ни сонцето веќе не ме смирува, душата ништо не ја радува, само минатото ме лекува, кога јас во тебе силно верував", јас сфатив дека тука не станува збор за никаков ебач туку за миладиновска патетика кон родната грутка во која, не така успешно, се крие програмската декларација и политичката реализација на ВМРО!
Бранко Тричковски; Глобус, 11.03.14.

нема
15.03 2014
А Груевски фаќате ли го?

А Груевски фаќате ли го? Алооо! Не се заебавам, ќе го свртам вака листот.
Орце Цветковски, градоначалник на Лозово, не сака новинарите да го снимаат без да се гледа портретот на Никола Груевски во неговиот кабинет и се заканува дека ќе го сврти наопаку ваучерот од 30.000 денари за првиот лозовски „стар ерген“ кој се оженил; Мактел, 13.03.2014.

нема
13.03 2014
Средба

Груевски во Даблин се сретна со Поповски, Ѓорчев, Протуѓер и шефот на обезбедувањето. Јебовасбог, можевте и тука у Наџак да се сретнете.
Саша Павловиќ, Фејсбук, 8 март 2014.

нема
12.03 2014
Екстериторијален АПСТРАКТЕН АНТИМАКЕДОНСКИ НИХИЛИЗАМ

Потонати во мрачни изгубени (идеолошки) илузии, тие континуирано го палат фенот божем да спасат што може да се спаси и онака полни со сомнеж, недостоинство и омраза за сопствениот народ и држава протажираат и хранат особен вид екстериторијален АПСТРАКТЕН АНТИМАКЕДОНСКИ НИХИЛИЗАМ. Нека им служи на чест.
Аљоша Симјановски, откривач на предавници и верен поданик на груевизмот; Утрински весник, 09.03.14.

нема
11.03 2014
Македонецот како зелка

Зошто ова мобилизирање на Македонците на основа на омраза, со ДПМНЕ е нужно и неодминливо? Зошто ДПМНЕ не може друго да прави освен да потикнува омраза и од неа да се храни? Затоа што ДПМНЕ политички организира една посебна историска меморија за идентитетот на Македонците. Тоа е меморијата, архетипот на македонецот (со мало м) како распнат разделен субјект, како субјект кој само малтретиран, мразен, несакан и газен – издржувајќи го сето тоа – крикнува (урби ет орби): гледајте, јас постојам! Само такво постоење овој модел на Македонец разбира и само низ него смета дека е суштествено свој, имено, Македонец. Заклучно во овој ум, суштината на Македонецот е да страда и можеби да исчезне како климакс на страдањето. Тој само под закана од друг и заканувајќи се, мразејќи – може да се согледа како свој. Тој е како зелка која само под штици и камења ферментира во каца.

Љубомир Д. Фрчкоски; Либертас, 05.03.14.

нема
09.03 2014
А мори, несреќо наша!

Погледнете каков патолошки лажов манипулант измамник е овој човек! Осум години не’ ебеше у здрав мозок дека автопатите не биле битни за странски инвестиции и парите ги лупаше во Скопје 2014-та и си правеше фонтани - гомноскоци у Вардар, бродови, фасади, стотици споменици низ цела држава, за на крај сега по осум години мртов ладен да не’ убедува дека автопатите биле клучни за странските инвестиции??!?! ПА ЗА КОЈ КУР НЕ ВЛОЖУВАШЕ ВО ПАТИШТА, БЕ СУРТУК?!?! АМОРИ НЕСРЕЌО НАША!?!
Саше Ивановски; Мактел, 04.03.14.

нема
06.03 2014
Глигоров гние на Бутел, набргу друштво ќе му прави и Црвенковски

Киро Глигоров денес гние на Бутел, набргу друштво ќе му прави и Бранко Црвенковски. После ова харакири врз Македонија, што доби државата, што добија Македонците во својата држава Македонија од владеењето на овие двајца паразити кои ја упропастија државата чии претседатели беа?
Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес; А1 он, 04.03.14.

нема
05.03 2014
Вакво нешто здрав човек не може да изрежира

Бламот во Универзална ќе остане, бил или не, избран Хорхе, да дреме уште 5 години… Ќе минат години, овие расклештениве денеска во Универзална, бидете сигурни дека ке дојде ден кога ќе се СРАМАТ од самите себе. Ако не тие, тогаш нивните ДЕЦА. Се’ си има крај, и нели, секому според заслугата. Не жалам што тие што ќе дојдат после нив, кои и да се, верувам нема да бидат вака БОЛНИ и да се клештат на скеч, да речеме за Грујо. Не ќе можат, оти вакво нешто здрав човек не може да ИЗРЕЖИРА. Другото да го оставиме да го опсервираат психијатрите…
Ацо Кабранов; Либертас, 02.03.14.

нема
03.03 2014
За суштината на бермудскиот триангл ДПМНЕ-ДУИ-ДПА

Верзиите за мотивите за послушност поради тоа што ДПМНЕ ги уценува ДУИ и ДПА се веќе со одминат рок на траење, иако се потполно веродостојни. Но всушност послушноста на Али Ахмети и Мендух Тачи кон Мијалков е рефлекс на стравот на ДУИ и ДПА од падот на режимот, кој со себе ќе повлече голем број на политичари, новинари и академски интелектуалци кои ќе мораат да одговараат за потеклото на своите имоти, што ќе биде клучен услов за какво-такво приближување кон ЕУ.

Тоа е суштината на бермудскиот триангл ДПМНЕ-ДУИ-ДПА кој се појави на 24 декември и кулминира со бојкот-не-бојкот-неважни-халими играрија чија единствена цел (во недостаток на идеолошка потка) е да се спречи појавување на било каков фактор кој е надвор од сферата на уцени по полициска или финансиска матрица. Токму затоа, суштината на односот на ДУИ и ДПА кон ДПМНЕ е да се спречи факторизирање на нови ликови на политичката сцена, кои би можеле да послужат како нов и спротиставен пол кој може да ја загрози и доминацијата на самата ВМРО. Како против-услуга. ДПМНЕ го гарантира статус-квото на севкупната политичка сцена и доминација на ДУИ и ДПА.
Арсим Зеколи, Фејсбук / Плусинфо, 01.03.14.

нема
02.03 2014
По изборите ќе биде удрено и нешто што се римува со мур

Џабе се пењави пуста Мирка. Планот е направен. Предбрачниот договор е потпишан. Удрен е мур. По изборите ќе биде удрено и нешто што се римува со мур. Уште долго време Мирка ќе сведочи за непоматената љубов меѓу Груевски и Ахмети. И по секоја изборна свадба ќе го фаќа бидермаерот.
Бранко Героски, Слободен печат, 01.03.14.

нема
01.03 2014
Оваа зграда има премногу злоба во себе за да биде институција

А сега повторно на проблемот со објектот на Владата, како музеј. Сетете се дека оваа зграда беше епицентарот и инкубаторот на комунистичката партија на Македонија. Оваа зграда има премногу злоба во себе за да биде институција од која се креираат современите политики на Република Македонија.
Ацо Станковски, дворски уметник и идеолог на антиквизацијата; Утрински весник, 28.01.14.

нема
27.02 2014

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото