Боли глава

Три у едно: и луд и збунет и нетачен

Имаше ли бе Пајо за тебе веќи оргазам од затварањето на А1 телевизија? Е тука признаам, немаше, и нема да има. Чекај сеа, идеме даље, не брзај. Имаше ли за тебе веќи оргазам од апсењата на Велија и на „сестра“ Љубе? Ќутиш а? Не ќутам бе бато Боки, само размислуам кој од овие што ми ги редиш бил веќи, а кој мањи оргазам. Свршуеше ли бе Пајо баш овде, еве овде у сред лименкино свеучилиште кога ги лустрираа Фрчко, Милчин и Ѓунер, кога твоине лудаци на клоци истераа опозиционо пратеничко и новинарско пучанство од Скупштина, за да изгласаат буџет? Свршуев. Се лигавевте ли со Миле трупон за тоа дека рикнал отпорот, дека сме свиткале кичма пред Фуле, па сме излегле на локални кај што не’ рокнавте ко беба звечка? Е како да не се лигавиш и да не свршуеш бе бато Боки у такви моменти кога таков пораз нема да има у читава светла будуќност на савремена Македонија? А се подмочуеше ли у гаќи ко новородечне кога Бранко си отиде од Бихаќка? Па тоа беше доживљај бе Боки на кој се работеше турбо инџекш’н седум и више години, дај не заебаај. И ако сопреме тука, пошто има многу вакви оргазми, ондак следуе сасвим едноставно прашање кое гласи вака...:

Ако оргазам е едини финални производ у сексулни акт, ондак, у која класна раса се сместуеш ти бе друже Пајо после толку оргазми? У лудите ил у збунетите? Кој у твојов случај е дупачот, а кој дупениот? Ќутиш а? Па ќе ќутиш бе торко, пошто си три у едно, и луд и збунет и нетачен.
Боки Бургија; Плусинфо, 04.01.14.

нема
05.01 2014
Од боксер до премиер

Дете, биди прво боксер, па фудбалер, па премиер!
Никола Груевски, во емисијата „Опуштено“ на МТВ; Мактел, 03.01.14.

нема
03.01 2014
Добар знак за годината - прво па машко

Ова е добар знак за годината, прво па машко. Сметам дека цврсто ќе газиме на реализација на проектите кои ни се предвидени за 2014 година. Се надевам дека оваа година ќе ни биде успешна и бериќетна.

Коце Трајановски, градоначалник; Сител, 01.01.14.

нема
02.01 2014
Емоција - спрема зандана или избори?

Изборите ќе се случат кога Вучиќ ќе го обеземе некоја емоција - во еден момент тоа е спрема занданата, во друг спрема изборите.
Зоран Живковиќ, поранешен премиер на Србија; Блиц, 02.01.14.

нема
02.01 2014
Миленко, те предизвикувам на ТВ дуел од кој ти и твоите шефови имате уплав!

Миленко, кога си веќе толку ладен и самоуверен, те предизвикувам на дуел. Не на било каков дуел! Те предизвикувам на ТВ дуел! Вид на дуел од кој и ти, и твоите шефови, имате уплав. ТВ дуел на било која телевизија, во било која емисија, во било кој термин... Ти бирај Миленко. Може кај тебе, кај Латас, кај Јанко... Прифаќам однапред. На невидено...
Стојанче Ангелов, претседател на „Достоинство“; Мактел, 29.12.13.

нема
31.12 2013
Пуро-пушачи и к...пушачи

Симптоматика на таа онтолошка инфериорност на ДПМНЕ и обид за историски фалсификат е употреба во нападите врз опозицијата на интелектуални, идеолошки и морални новинарски ТРУПЛА – во распаѓање, како Панде Колемишевски и Мирка Велиновска. Значи, приказната на гусларите е следна: транзицијата ја извеле крадци и хохштаплери, а вистинскиот Македонец се појавил дваесет години подоцна – во ликот на пастирот-Грујо и ДПМНЕ. Неговите скриени инсталации, претскажувачи, гатачи, профети (во овој случај новинари), глумеле слуги и мачиња миленичиња на политичарите од левицата за да преживееат и да ја соопштат веста за доаѓање на „спасителот–пастирот“. За разлика од нас што сме биле пуро-пушачи, несвесни за историскиот тек, тие биле вистинските к…пушачи кои знаеле што неумитно историски следи.
Љубомир Д. Фрчкоски; Слободен печат / Либертас, 28.12.13.

нема
28.12 2013
Мобинг кон Јанко, Миленко и Латас

Зборувате за 24 декември. Па вие тогаш сакавте да ја „запалите“ Македонија и да нема буџет. Вчера Игор Ивановски со апсење му се закани на претседателот на Собранието. Секој ден вршите мобинг, кои сè не работи не ги кажувате тука. И немало демократија? Ако ви беше паметна таа тактика од 24 декември, што не ја повторите оваа година? Туку не можете, зашто видовте дека граѓаните ви рекоа дека тоа не чини. Не ја повторувате таа тактика зашто е деструктивна. Секој ден слушаме мобинг на тројца новинари тука од вас кон Јанко, Миленко и Латас. Секој ден има и текстови и колумни на луѓе од СДСМ.
Влатко Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во собраниска расправа; Либертас, 25.12.13.

нема
28.12 2013
Па така и Скопје ми заличе на гробница

Вчера имав можност да се прошетам низ центарот на Скопје. Го видов огромниот споменик на Александар Велики и се прашував дали за 100 години ќе имаме и ние таков, големиот Путин на коњ? Па, си реков, можеби и нема да има. Во Москва има гробишта со скулптури направени од бронза. Па, така и Скопје ми заличе на гробница. Но, во позитивна смисла.

Виктор Ерофеев, писател; Нова тв; 26.12.13.

нема
26.12 2013
СК014 е многу полошо од кич

Читав доста за тоа и бев наизглед подготвен на целиот тој гломазен Ужас на Празнината, но ништо не може навистина да ве подготви на жива средба со Александар и Филип Македонски, сосе бројната им фамилија, со цар Самуил, со Прометеј во гаќи (бил прво гол, па го облекле за да не ги скандализира невините жени) и со сите други, не им се знае бројката. Да се нарече тоа само “кич” е смешно, бидејќи ова е многу полошо; да се нарече тоа триумф на дегенерираната фашистичка естетика со елементи на соцреализам е точно но слабо, недоволно пластично. Ова е отворен, циничен, бајат триумф на Ништото, то ест на “идентитетската” и секаква друга политика без содржина, смисла и правец, засрамувачки банална утеха за сите неуспеси.
Теофил Панчиќ, новинар; Време (Белград) / Окно, 20.12.13.

нема
25.12 2013
Каков монструм си ти?

Никогаш како тебе Латасе не сум се продал за пари, никогаш не сум зарил никому нож во грб или па да го ритам додека е паднат, никогаш не сум го лажел мојот народ, никому не сум земал пари од мојот народ за да му наштетам, секогаш сум бил искрен кога сум го гледал у очи преку камерата. А ти Латасе, што имаш да кажеш за тоа? Која е твојата биографија, кое е твоето образование и која е твојата совест? Колку прљави пари имаш заработено, колку за тие пари си направил штета или си помогнал да се направи штета, можеш ли мирно да спиеш човеку и ако можеш, каков монструм си ти?
Саше Ивановски; Мактел, 20.12.13.

нема
24.12 2013
Седум парка се уништени само во Скопје, луѓе умираат, министре Адеми, а вие се смеете

Ниту еден објект кој го гради Владата не е заштитен со заштитна мрежа, а прашина и чад летаат на секаде. Зошто е тоа така? Па за да не страда бизнисот. Според парите што ги одвојува, Владата има најмалку одвоено за заштита на животната средина. Тоа е доказ дека Владата нема намера да се занимава со оваа намера. Министерот Абдулаќим Адеми пред владината седница обвинуваше дека фабриките загадуваат. Сега, откако се договорија за претседателските избори, тој вели дека само возилата и дрвата за греење загадувале. Седум парка се уништени само во Скопје, а луѓе умираат, министре Адеми, а вие се смеете. Кажете ни што е толку смешно? Кажете ни и ние да се насмееме. Едно исечено дрво во светот е кривично дело, а за да го замените, ви требаат 2.500 нови, велат експертите. Кој е одговорот на владата? Одговор е „Македонски шуми“ да купи камион. Повторно бизнис договор. Каде тие дрвја ќе бидат засадени, пред МЕПСО? Владата требаше да ги пушти децата порано на зимски одмор, да забрани сеча на парк-шумата Водно, да не сообраќаат камиони низ градовите. За жал, Владата остана нема.
Јани Макрадули, на собраниска седница; Плусинфо, 23.12.13.

нема
23.12 2013
Седум илјади грешки во една книга

Нема да велат "во времето на Мијалков, туку во времето на Груевски се издаваа книги што не влегоа во книжарниците". Особено затоа што многу од тие изданија се нестручно преведени и неквалитетно уредени и произведени. На пример, англиското издание на мојот роман "Уткини соседи" (Neighboring The Owl) содржи околу седум илјади јазични и технички грешки. (...) Не знам дали не е предоцна за премиерот да побара отчет каде пропаднаа тие големи пари? На пример, за едицијата условно наречена "Бисери на македонската книжевност" на англиски јазик. Бројката во тендерот вели дека се исплатени 2 милиони и 800 илјади евра, но за авторизација, превод и печатење се потрошени помалку од 800 илјади евра. Кој е тој среќник што инкасирал два милиони евра чиста добивка, што е невозможно да ја оствари дури ни џиновскиот "Пингвин", кога би тргнал во кампања со Ден Браун.
Божин Павловски; Плусинфо / Окно, 21.12.13.

нема
23.12 2013
Педесет милиони евра за неговите книги

Тој сега изгледа како да јава на Букефал кога се појавува како иницијатор, селектор, издавач и промотор на серија капитални издавачки проекти, од Бисерите на македонската книжевност, Нобеловците, Илјадата врвни научни дела, до Sвездите на светската книжевност. Си ги прави тие фешти по секои десет или петнаесет изданија, си обезбедува групни фотографии со некои од соработниците, како и најмалку седум телевизиски камери за јавен публицитет, меѓутоа, треба да знае дека на овој начин книги не се издаваат никаде во светот. Според објавените тендери, без анексите, на овие проекти се потрошија околу педесет милиони евра, пари од банкарски кредити што ќе треба да ги платат даночните обврзници.
Божин Павловски; Плусинфо / Окно, 21.12.13.

нема
22.12 2013
Груевизмот да се извини во име на комунизмот?!

Мојот предлог до сегашнава македонска влада е да се извини за комунистичкиот криминал направен во името на тоталитарната комунистичка влада.
Јасна Котеска, професорка и теоретичарка; Фокус, 13.12.13.

нема
21.12 2013

Препорачуваме

23 начини на кои феминизмот ги подобри животите на мажите

Феминизмот сè уште често се смета за грд збор, а ретко се спомнуваат неговите позитивни учиноци, во корист и на мажите.

Деликатниот ромор на исраните овчи брбушки

Историскиот миг во кој се наоѓаме е повторување на малоумната атмосфера во изборната година 2006.

Петнаесет години Окно

Насловна на Окно од 13 март 2009.

ОкоБоли главаВицФото