Боли глава

Путин, Лукашенко, Ердоган, Орбан...

Не ми беше јасно зошто ниту претседателот Иванов ниту премиерот Груевски, кои не пропуштаат дома разни празијади и питијади, не беа на погребот на Нелсон Мандела. Потоа видов дека „оправдано отсатни“ биле и Путин, Лукашенко, Ердоган и Орбан, и веќе немав недоумици!
Јадранка Костова; Фокус, 13.12.13.

нема
16.12 2013
Па до кога бе со тие финти, алоооооо?

Па до кога бе со тие финти, алоооооо? Не гледаш ли Грујо што ни прави? Наместо и ти да ја шпарташ тоа Јужна Африка или Америка, јебем ли га што е, ти бе на 95 години се брукаш и глумиш овде лудило, а ние, независниве новинари, јебо те, работиме за 150 евра и дома немаме млеко да однесеме и со жените се караме, у пичку матер, за слободата твоја и моја. Ова е невероватно трошење интернет ресурси. Има ли некој да му каже на овој Мандела да не не’ заебава и да не ни ја упропастува опозицијата? Има да се построи бре на фронтот и да паламуди. Со вакви шалабајзери и елитисти никад нема да ги победиме талибанциве.

Фан клубот на Боки Бургија; Плусинфо, 15.12.13.

нема
16.12 2013
Латас - дводецениска флека

Ништо ти не си друже освен бедна новинарска курва на рангот на оние жални жени кои се мотаат на бензиската пумпа до зградата на МТВ, ти си беда на нашата професија, ти си дводецениско дно, дводецениска флека која ни стои на завесата у дневна, сите ја гледаме и се чудиме кога ќе дојде времето некој да те откачи и да те прати на перење, или пак во подрум, доста беше твојата ера, ќе ти дојде и тебе крајот скоту беден и одвратен!!!
Саше Ивановски; Мактел, 13.12.13.

нема
13.12 2013
Обвинителство стокмено за потребите на партијата

После 20 години градење на јавното обвинителство во самостојна Македонија, конечно добивме јавно обвинителство кое е апсолутно послушно на политичката партија која во моментот се наоѓа на власт. Не постои ниту еден случај (апсолутно ниту еден) во кој јавното обвинителство презело активност која е спротивна на волјата, интересите или потребите на владејачката политичка партија. Под чадорот на заштита секако се туткаат и сите владини медиуми, владини јадачи на бурек и гурабии како и сите можни хохштаплери, криминалци, прекршители на законот и нивните блиски, а кои на некаков начин се поврзани со владејачката партија.
Мирјана Најчевска; Квадратура на кругот / Окно, 06.12.13.

нема
12.12 2013
Комунистите не граделе канализации

Знаете ли зошто се садени липите во Скопје? Според нашиот драматург Брацо Димитров, „за да се неутрализира реата од ќенефите со миризбите на липите, зашто комунистите не граделе канализации“.
Бранко Героски / Брацо Димитров; Слободен печат / Окно, 10.12.13.

нема
11.12 2013
кој прави мајмуни од нас

Замислете, се поставува споменик од два тона на централна локација, нарачан изработен и платен и никој не знае кој го сторил тоа, ниту владата, ниту министерствата, ниту Град Скопје. И сега ние треба да се расправаме за глупости кој бил цар Душан пред 1000 години, а не кој прави мајмуни од нас денес во 2013 година.
Софија Куновска; Плусинфо, 06.12.13.

нема
09.12 2013
Да бидеме сериозни, Геро ме мрази

Да бидеме сериозни, Геро ме мрази крвно и сака да ме нема и работи на случајот 24/7. Јас сум му опсесија, ноќна мора. Тој ми посветува колумни во Слободен Печат, статуси на фб, хара по фб групи на интернет со статуси за мене, колумни на Плусинфо, по негова наредба по мене распалија и Љупче Златев, Ивор Мицковски, Фрчко и Милчин. Штета што е скаран со останатите портали инаку и тие ќе запукаа по мене.
Саше Ивановски; Мактел, 09.12.13.

нема
09.12 2013
Кој дига тензии?

Не поттикнува тензии тој кој гради споменици спротивно на законите, не поттикнуваат тензии тие кои кришум ставаат споменици во ноќните часови, не поттикнуваат тензии тие кои ги трошат парите на споменици наместо на подобрување на животот на сите граѓани во државата, туку поттикнуваат тензии тие кои бараат примена на правото, одговорна и отчетна власт и казнување на прекршителите на законите. И ќе почнам со приватни тужби за навреда на секој медиум кој ќе ме нарече поддржувач на опозицијата. Јас сум поддржувач на правото, глуперди недоквакани.
Мирјана Најчевска на Фејсбук им одговара на режимските медиуми кои ја обвинуваат дека „поттикнувала тензии“; 06.12.13.

нема
08.12 2013
Мува категорија во тешки гомна

Кога државата ќе тргне по боксер-аматер од мува категорија, апсолутно дека ќе заглави во тешки гомна.
Редакциски коментар во „Слободен печат“; 04.12.13.

нема
07.12 2013
Геро е изгледа у право за Борјан

Геро е изгледа у право за Борјан, тоа навистина е еден колосален новинанарски неспособњаковиќ. Му доаѓа Бубо Каров од укинатата К-15 на интервју и тоа на интервју во една шупа, значи К-15 укината поради диктатурата на актуелната власт, Борјан у шупа како последица на диктатурата на оваа власт, и Борјан фаќа да го води разговорот во насока колку бил Бубо Каров крив, колку бил самиот Борјан крив и колку биле пазете ова, ПОЛИТИЧКИТЕ ЕЛИТИ КРИВИ за ова дереџе накое дојдоа медиумите во мк?! (...) Што е следно, ќе ги викнеш Љубе Бошковски, Душко Млекарот, Кежо и останатите жртви на режимот и ќе анализираш пак колку се они самите криви и колку се криви политичките елити за нивната судбина?! Ебати бре колосалниот неспособен кретен заебант... 
Саше Ивановски; Мактел, 04.12.13.

нема
06.12 2013
Безмалку анимални личности во залудно борба против власта, т.е. вистината

Вистината не може да биде терапевт за болниот егоизам, уште помалку идеализиран швајцарски санаториум за разочараните индивидуи со скршени сништа. Можеби првата сеанса која би им ја препорачал на овие побеснети личности од константните и веќе неиздржливи конфликти со вистината, е да се откажат од својот навивачки самоинаугуриран инстинкт. (...) Но, нашите фрустрирани сонувачи за влијание што значи „пристоен“ живот, се просто изгубени во самореферентноста и секако, во манијакалниот порив, по што е можно поголем комфор на нивните, безмалку анимални личности.
Александар Станковски, режимски војник - антиквизатор-преродбеник, сликар и колумнист; Утрински весник, 03.12.13.

нема
04.12 2013
Така беше. Кој ќе каже дека не било?

Додека си беше Македонија асли рурална и заостаната, некаде до ослободувањето 1945 година, луѓето немаа потреба од дополнителни физички активности. Си живееја, главно, во селата и си работеа по бавчите, нивите и ливадите, си шетаа по кориите и планините и немаа проблем ни со холестерол, ни со дебелина, ни со циркулација, ни со притисок, ни со други такви и слични работи. Значи, додека знаеја да работат со копач, мотика, вила, срп, секира... додека сееја и жнееја... и одеа на дрва... и во потта на својот труд си го заработуваа лебот - здравјето им беше поарно. Така беше. Кој ќе каже дека не било?
Тихомир Јанчовски, професор, колумнист и поет; Утрински весник, 30.11.13.

нема
03.12 2013
Грците го опљачкале музејот за да ни го сотрат идентитетот?!

Третата најконтроверзна причина за кражбата на артефактите е нарачка од некои политички центри на моќ кои имаат политички причини Македонија да нема артефакти од периодот на таканаречената рана антика како што во историјата се нарекува периодот од 500 до 168 - ма година пред нашата ера. Се работи за период во кој функционирало и кралството на античките Македонци чиишто владетели биле познатите Филип Втори и негоиот син Александар Трети Македонски. Се разбира не е тајна дека токму овој период кој историјата го именува како класичен период е најинтересен за нашите јужни соседи.
Горан Момировски, новинар; Република, 29.11.13.

нема
02.12 2013
Памет или идентитет

Никогаш немa да ни дојде памет зашто така ќе го загубиме националниот идентитет.
Димитар Поповски; Твитер / колумна на Бранко Тричковски во „Слободен печат“, 30.11.13.

нема
01.12 2013

Препорачуваме

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

Во потрага по изгубеното Скопје во Скопје

Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.

ОкоБоли главаВицФото