Боли глава

Стевчо Муња и Зики Блумберг ќе оделе на избори! Уууу јеботе!

У целата оваа општа фрка и папазјанија, у целиот овој покољ од лудило и шизофренија, шлаг на тортата се вестите дека Стевчо Муња и Зики Блумберг ќе оделе на избори! Уууу јеботе! Е сега ми олесна у пичку матер значи! Е дури сега идам на кеј да џогирам, земјава е у сигурни раце, Стевчо Муња и Зики Блумберг ќе ја чуваат земјава додека ја топам дел од салото од летниве сладоледи, лубеници и ќебапи... Која е ова само политичка шабанерија човече. Грујо излегува на тв и дава катастофални предлози, кажува такви небулози од кои те боли глава аутоматски т.е секундарно шо би рекле некои, целата разврска за 24-ти декември финишира НЕДОЗВОЛИВО КАТАСТРОФАЛНО, а овие црепоите Зики и Муња изјавуваат дека они ќе иделе на избори иако се формираа како идеја за партија пред три недели и немаат ни собранија напраено ни се имаат регистрирано ни бутур, ко ударнички бригади се бре, ко аматерски извиднички здруженија се и они ќе иделе на избори?!
Саше Ивановски; Мактел, 26.08.13.

нема
27.08 2013
Извештајот е хартија - палома

За нас овој извештај е хартија - палома со која СДСМ може да продолжи со орото пред нивниот штаб. Да се работи со СДСМ е како да се работи со мало дете во продавница за играчки кое не знае што сака.
Илија Димовски, пратеник, сликовито го објаснува односот на власта кон потпишаните документи; Утрински весник, 26.08.13.

нема
26.08 2013
Со Милчин, копилиња, ме изрезиливте!

Ич не ви се плашам. Сечете и делкајте! Иако знам оти може да ви се стори ујгун да ме расчеречите, како што му го сторивте тоа на Владета Милчин. Го пизмев, верувајте, повеќе од сите вас топтан и најмногу сакав да биде лустриран со сите нишани, особено што знам оти во кариерата напредувал и благодарение на партиските функции што ги имал во комунизмот. За тоа веќе и пишував. Арно ама, што направивте, бре, неранимајковци, што комад му замесивте бре пустинчиња? Она досие што го прикажавте за него е толку бедно, бледо и тенко, што ми е срам што сум Македонец и антикомунист и што воопшто ви верував дека правите некакво арно. Вие го жигосавте јавно дека бил докажан полициски кодош, а полицаецот во неговото досие вели оти треба да го следи и натаму за да види дали може да го ангажира за соработник!? Кому да му верувам сега, на полицаецот или на вашата сабја?! Ме изрезиливте, копилиња!
Зоран Димитровски, глодур на Нова Македонија; 24.08.13.

нема
26.08 2013
Дејгиди, луди млади години!

Почитувани џелати, суратот не ви е ниту за јота почист од оној на вашите душмани и немате право да плукате и да поганите, да ја бербатите дури и сопствената куќа, само затоа што сега се чувствувате моќно, седнати високо небаре од минаре и давате-земате, виете со јатаганите божем некој ќе ви се стресе. Барајте, христијански барајте прво прошка за своите гревови, а потоа на друг попувајте му.

Море, не туку кукурикајте како петли на буниште и не правете се божем факмани, зашто паметењето уште нѐ држи. Живо се сеќаваме на вашиот дворски шутерај, не сме заборавиле кога го ковавте во ѕвезди Црвенковски, а сега го плукате и под бришете со него, за кула да му изградите на Груевски. Не сме сметнале од умот ниту кога Георгиевски го испраќавте во Бардовци, а потоа му слетавте на дворот како бели галаби. Дејгиди, луди млади години!

Зоран Димитровски, глодур на Нова Македонијаполемизира со сопствениот колумнист, Мирка Велиновска; 24.08.13.

нема
24.08 2013
Знам дека си татко и затоа му го пушиш на пастирот

Немој Трендо не ги буни и лажи младите дечки што те читаат и сеуште неоправдано те ценат како што јас те ценев до пред некоја година. Ти свесно ја сопираш револуцијата со тоа што ги лажеш илјадниците млади твои обожаватели и посетители на офф.нет. Револуциите почнуваат со младите на улиците а ти токму нив ги пасивизираш. Правиш големо зло друже, големо зло, од ова нема да можеш да се испереш цел живот! Знам ја дека си татко и мораш да мислиш на децата и затоа пушиш курац на пастирот, но брат и нив им правиш зло со тоа што дозволуваш Македонија да прерасне во ваква зандана каква што станува. Засрами се и освести се друже!
Саше Ивановски, Мактел, 23.08.13.

нема
23.08 2013
Ќе играат секири и суроици

Како граѓанин, мислам дека дното е блиску, а потоа – куд кои мили мои, вели една поговорка. Ќе играат секири и суроици. Но, актуелната неписмена и крајно популистичка политика во култура ќе остави катастрофални последици на долг рок. Дури непоправливи, зашто сега ја вратија културата 50-тина години назад. Сите тие конкурси, сите тие процедури се играчки за мали деца. Во културата имаш само еден Бог и тој Бог е партијата на власт! Такво нешто немало ни во 1945 година. Односно, имало, ама творците не се потресувале премногу од партиските директиви. За разлика од денес. Ако ништо повеќе, имало дијалог, имало жестоки полемики, имало за и против. Денес сите се „за“. А не знаат каде тоа „за“ ги води. Не гледат подалеку од своето книжуле спремно за издавање, од своето изложбиче подготвено да се обеси на некој ѕид, од некое бедно претставиче коешто ќе им донесе 1.000 евра… А ваму им пречел „Букурешкиот договор“!? Грозоморно проституирање на творецот спонзорирано со пари директно од буџетот. Ваквата културна (не)политика континуирано создава лажни вредности, восочни стандарди, критериуми од мраз топливи на секакви температури и притисоци. А тоа веќе не е култура, не е уметност, не е творештво … Тоа е токму Бродот на будалите, ама жртвите се – идните поколенија!
Златко Теодосиевски; Интервјуа, 21.08.13.

нема
22.08 2013
Дијалог Груевски - Шекеринска

Груевски: - А знаеш ли дали татко ти не е кодош?
Шекеринска: - Да знам дека татко ми не бил кодош, но знам и дека твојот вујко Мијалков бил.
Мактел, 20.08.13.

нема
21.08 2013
Бранко Црвенковски и јас - класична лоботомија

Ако го минеш некако и тој „лустрациски“ филтер и ако сѐ уште имаш мислење различно од владејачкото, а глумиш некаков патриот, зад кривината ќе те начека Бранко Црвенковски. Или ќе ти речат оти Црвенковски стои зад тебе, или ќе те набедат дека мислиш исто како него. Што да направам Црвенковски веќе ништо да не мисли, се прашуваш. Ти доаѓа да му организираш атентат или да му речеш да се самоубие за да немате исто мислење! Класична лоботомија.
Зоран Димитровски, глодур на „Нова Македонија“, 17.08.13.

нема
20.08 2013
„Музеј земја“ – последен проект на владата на РМ

Станавме земја без критериуми, затоа не’ нема подалеку од сопствените граници – немаме со што да конкурираме. Под многу нивоа сме на државен план, а алтернативата, која носи слободна мисла , се чува во затвор, под контрола од самата држава. Некомпетентни луѓе одлучуваат за нашата судбина, а народот ги прима нивните одлуки здраво за готово. Незнаењето и простотилукот во комбинација со партиската послушност се синоним за успех. Ентузијазамот е со одамна изминат рок. Тие што сеуште имаат сила и надеж – емигрираат. На останатите им збогтиса од лажги и си го прифатија камшикот на ДПМНЕ како судбина. Останаа поединци да бараат парче слобода и надеж. Дел од нив, со време, веројатно ќе замине. Полека стануваме „музеј земја“ – последен проект на владата на РМ.
Синоличка Трпкова;Фејсбук / Либертас, 12.08.13.

нема
19.08 2013
Мирке, нема потреба да кинеш мадиња!

Би сакал да полемизирам ама за жал нивото е такво па се што имам да кажам доволен е ФБ. Еве на пример Мирка ја читам сакала да кине мадиња. Нема потреба Мирке, промена на пол сега се врши брзо во клиники во блиско соседство..Белград на пример. Е сега дали тоа ќе ти помогне за да имаш посилен глас во застапувањето на хомофобијата и останатите фобии не знам...ама ете пробај наместо да бркаш новинари на кои би им кинела мадиња како што самата кажуваш!
Борјан Јовановски, новинар; Фејсбук / Мактел, 17.08.13.

нема
17.08 2013
Емигрантите ги однеле парите!

Дали сите млади, средовечни и стари што ја напуштија осиромашента земја, отидоа во белиот свет по парче леб или некои отидоа со парите што „ги спечалија“ во матната транзиција. А ние овде ќе си ги вадиме очите, ќе се мразиме ќе си „пуштаме крв“. Тоа се важни прашања кои заслужуваат барем да се отворат ако ништо друго. Каде отидоа, исчезнаа парите.
Аљоша Симјановски, колумнист и режисер; Утрински весник, 12.08.13.

нема
16.08 2013
Водачи или тешки медицински случаи

Комисијата на општина Центар за „Скопје 2014“ вели дека констатирала „пропусти“ во реализацијата на овај проект. Мислам дека грешат или имаат јазично-етимолошки проблеми. Таму не се работи за пропусти, туку за тешки дубиози, за големи кратери и за силни ерупции, од кои два милиона луѓе тешко страдаа. Времето ќе покаже дека нешто слично или повеќе од тоа се имаат случено и во сите други области. Оваа фаза од осум години владеење веројатно ќе остане запаметено во историјата на државата како тешка човечка катаклизма, каде што се газело по се’ што е човечко. Идните аналитичари ќе имаат сериозен проблем да ги дефинираат сегашните водачи – дали тие воопшто биле водачи или тешки медицински случаи…
Мерсел Билали на Фејсбук; 13.08.13.

нема
15.08 2013
Меѓу образованата и шлакнатиот

Според тоа, меѓу еден ординерен шутрак (се мисли на Саше Ивановски, уредник на Мактел - заб. Окно) кој се увлекуе у дупе таму каде што бара пари и една разгоропадена Мирка, јас без размислување би ја избрал Мирка. И не само тоа. Еве, дури и во својство на обичен човек, новинар кој има не повеќе од пристојно образование и 1.200 грама здрав мозок во главата, без оглед и наспроти сите политички околности, симпатии и антипатии, без оглед на сите мои полемики со неа, јас за свој собеседник и омилен „непријател“, секогаш би ја избрал интелигентната и начитана Мирка, а никако оној непоисмењаковиќ кој се однесува ко шлакнат со цигла у глава. Тоа, едноставно, е прашање на ментална хигиена!
Бранко Героски на Фејсбук; 13.08.13.

нема
14.08 2013
„Бристол“ - мавање заушки и борба за ред и поредок

Еден од оние полицајци што првин велеле дека не сакаат да се таму, а потоа мавале полна заушка. Онака од срце. Не поради дрвјата, не поради ВМРО или Груевски, туку поради редот во државата, кој вели дека не можете во град да бидете петленце од буниште. И не можете да повикувате на ред и на поредок, а во исто време да го нарушите тој поредок.
Дарко Јаневски, главен уредник на „Дневник“; Дневник, 09.08.13.

нема
14.08 2013

Препорачуваме

23 начини на кои феминизмот ги подобри животите на мажите

Феминизмот сè уште често се смета за грд збор, а ретко се спомнуваат неговите позитивни учиноци, во корист и на мажите.

Деликатниот ромор на исраните овчи брбушки

Историскиот миг во кој се наоѓаме е повторување на малоумната атмосфера во изборната година 2006.

Петнаесет години Окно

Насловна на Окно од 13 март 2009.

ОкоБоли главаВицФото