Боли глава

Процентот на лешпери више не е заебанција

Види друже, твоиве тачно имат дијагностицирано дефекти у МКД пучанство, па наместо да ги отстрануат, ги зајакнуат, ги одржават у кондиција и цепат ли цепат, без око да им трепне. Мислиш, колку поише споменици поставуат, толку поише лешпери произведуат. Колку поише за национални непријатели ги прогласуат комуњарине од Бихачка, а бе мислиш дупло поише у исти моменат се испилуат психотропни субинституционални патриоти на мирноморонски протести за кои поим немат по кој повод се одржаваат. А њихова девиза, ако тргнеме денар, долар и еуро на страна, е баш овој психолошки моменат у споствено пучанство друже мој, дека, у држаава треба стално да се зголемуе проценат на глупандери и лешпери, која ќе поставуе муволофки кај што ќе се лепат само дресирани муви, да би можела боксерска влас да функционира ко што функционира. И функционира бе братучед, а задњи дешафки укажуат дека проценат на лешпери и муви више не е заебанција, достигнуе максимум левел на што мора да се приступи со адекватни и примена на ефикасни мерки...
Боки Бургија, Плусинфо, 08.06.13.

нема
17.06 2013
Логика?

Го гушкаат #ГТЦ против "барокот и режимот", а обожаваат викенд шопинг во барокниот и демократски Солун!
Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ, на Твитер, 14.06.13.

нема
15.06 2013
Херкул во студиото Чинечита

(...) Втората работа е отсуството на сериозни граѓански напластувања и структурирања, како во социјалната, така и во вредносната стратификација. Тоа, се разбира, е поврзано со отсуството на историја. Тоа многу убаво се гледа на Малиот ринг: саде револвераши, терористи и авантуристи, ебиветри и шалабајзери, нема доктори и научници, уметници, поети и истражувачи, трговци, министри и професори, спортисти и новинари. Нема жени, нема ништо, само една надуена, патетична лага пред потемкиновите кулиси (херкуловски, односно чинечитански, според други) од левата страна на Вардар. Тој граѓански дефицит се покажа фатален кога антимакедонските лаборатории решија да ја ангажираат како материјална сила на контрареволуцијата сета наталожена и нескротлива примитивност.
Бранко Тричковски, „Глобус“, 11.06.13.

нема
14.06 2013
Следат сè, засекогаш

Во суштина се обидуваме да собереме сè и да го задржиме засекогаш. Навистина сме многу блиску до тоа да ја забележиме на компјутер секоја информација генерирана од човек. Технологијата во светот се развива побрзо отколку што владата или законот може да ја следи.
Гас Хант, главен технолошки офицер на ЦИА; Spiegel /
Окно, 12.06.13.

нема
13.06 2013
Пратеникот Димовски - координатор на МПЦ

На Илија не му се допаѓале моите ставови:-) И ако еден ден истиот не е на власт како ќе се раководиме ние МПЦ, кој ќе нè координира?!:-)

Владиката Пимен, на Фејсбук; 11.06.13.

нема
12.06 2013
А кога #БЦ и #ЗЗ газеа полицајци, а?

Ќе беше интересно Жерновски да бара интервенции на МВР кога #БЦ и #ЗЗ газеа полицајци...
Твит на Илија Димовски, пратеник; 08.07.13.

нема
11.06 2013
Жерновски полош и од Хитлер

Само мрачните сили на деструкцијата се креваат против Бога, црквата и културата. Г-дине Жерновски, зарем денес и Вие треба да бидете олицетворение на тие мрачни и деструктивни сили? Дури ни Хитлер не се дрзна во екот на Втората светска војна да ги уништува духовните храмови на народите. Зарем Вие ќе се ставите над неговата улога?
Од соопштението на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи; Либертас, 07.06.13.

нема
09.06 2013
Таксим во Центар, според „Курир“

„Таксим“ во Центар, на Жерновски му се случува народ
Наслов на порталот „Курир“, 07.06.13.

нема
07.06 2013
Мрш за имагинацијата на хеленизмот!

Нашите домови и згради нè колнат, нè молат, нè преколнуваат, аман доста, аман до кога, ние сме ви куќи, згради, не ни требаат силиконски барокни гради, антички затегања на задникот, бродарски липосукции и мостови од ботокс. Ние сме вашите згради и домови, варосајте нè, исчистете нè, служиме 40 години, можеме најмалку уште толку, оставете нè да комуницираме меѓу нас, подземно, оставете ни ги дрвата и калдрмите да си шепотиме ноќе кришум, оставете ги костените и јаворите... оставете ја природата во градот. Ако толку сакате урбани силикони одете во силиконската долина, таму карши мајчина ви во сончев град, таму зад Водно правете силиконска долина на барокот, таму ѝ е местото, таму градете ги градовите од имагинацијата на хеленизмот.
Никола Писарев, Окно, 07.06.13.

нема
07.06 2013
Јахта за Хорхе

Имав јахта која во Охридско Езеро пловеше под италијанско знаме, па морав на секои 6 месеци со дигалка да ја вадам од езерото, да ја носам до Албанија и пак потоа да влезам во земјава. Еднаш задоцнив и полицијата по итна постапка ми ја зема јахтата, без право на жалба. Им реков: Што не ми рековте дека ви треба, па јас ќе ви ја подарев. (...) Во меѓувреме стана јахта на претседателот на државата. Јас ја купив јахтата, а сега тој на неа ги поминува своите годишни одмори.
Трифун Костовски, Пословни дневник / Плус инфо

нема
05.06 2013
Да видиме од што леш се изцрвиле црвите

Све живо се искурназило и отвара четири за све. А бе нит рибине под Камени не зинуат поише на изџвакано интегрално лепче од Жито Лукс, за дудинка ич муабет да не праиме, а ако им закачиш бел црв, си ибале мајката, братучед. Прво ги намирисуат ко џукели отворена паштета покрај дпмнеовски контејнер, за да проверат датум производње, да видат од што леш се изцрвиле црвиве, па тек ондак, врло евентуално да отворат уста и да залапаат мамац, иначе, ц’к. Рибарине, мислам на Скопскиве рибари, од давна ги фрлија трските. Мрежи друже мој, струкои и малку динамит собран од новогодошњи петарди, бум – трес, зашеметуеш осиромашено рибно богаство, и собираш мрежа. Види братучед, само у Скопјево добијаш генерален утисак дека и у држаава све ти е стаено у стање на тешка превара од една страна, па на опасно високо ниво на наивност од друга страна, и максимален левел на обазривост од треќа страна...
Боки Бургија, Плусинфо, 24.05.13.

нема
04.06 2013
Среќна театарска земја

Македонија денеска се препознава како среќна театарска земја.
Елизабета Kанческа-Милевска, министерка за култура; „Дневник“, 31,05.13.

нема
03.06 2013
Се самоубила поради немање деца

Мерилин Монро заради кариерата како актерка не сакала да раѓа деца и дури побарала да и извршат кастрација, односно хируршки зафат за да не може да забремени. Но, отпосле, кога и се јавиле чувството и желбата за мајчинство, не можела да го направи тоа бидејќи грешката била сторена, па утеха не можела да најде во никој случај освен со одземање на животот, со самоубиство.
Владиката Петар, на прес конференција; „Дневник“, 31.05.13.

нема
01.06 2013
Гром, Кукавица и Цеца

Значи народе, чекајте позитивна политичка плима, после долга осека со неспособната и раскарана опозициска СДС доаѓаат убави денови, и за власта и за нас, трета опција, ви реков ГРОМ КУКАВИЦА и се разбира ЦЕЦА. Предвидувам дека со нив и Грујо и ние ќе РАСЦВЕТАМЕ, а Али и Тачи ќе гледаат, и ќе им течат лиги. Ќе нема уцена за тендери, провизии, коруптивни зделки, оти чинам дури тогаш се ќе завршува во новата зграда која јас еве ја крстив ТРИ ВО ЕДНО, односно и власт и опозиција под исти кров во хотелот на ЦЕЦА. Дотогаш, до тоа благостање, да се стрпиме, остана уште малку, кај и да е овие раскараниве ќе го изберат новиот БЦ, кукавицата ќе пропее, а Стевчо ќе продолжи со нему омилената НИКО НАМ НИШТА НЕМОЖЕ, ЈАЧИ СМО ОД СУДБИНЕ. Таа него му го топли срцето, оваа ГРОМОТ чинам е повеќе за уметнички дојам на идната коалиција ТРИ ВО ЕДНО или поедноставно широк социјалистички фронт на чело со ВОЖДОТ спонзориран од ЦЕЦА.
Ацо Кабранов, Либертас, 31.05.13.

нема
31.05 2013

Препорачуваме

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

Во потрага по изгубеното Скопје во Скопје

Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.

ОкоБоли главаВицФото