Боли глава

Шкопени крокодили пред дворецот на лудиот крал

Имам некое чудно претчувство кое ми вели дека кога на Бихаќка ќе се сетат да направат нешто паметно, сите нас ќе не боли курот. Тие се во таа напредната фаза на општествената десубјективизација и на политичката нерелеванција. Бранко енд ко. Треба да го сменат името ако веќе не сакаат да го сменат лидерот. И себе си. Да престанат да бидат канали со шкопени крокодили пред дворецот на лудиот крал.
Бранко Тричковски, „Глобус“, 03.04.13.

нема
10.04 2013
Мажи во Скопје нема

Немам момче и подобро ми е вака. Мажи во Скопје нема. Или се гејчиња или женкари.
Ива Стојковска, ракометарка, најубавата спортистка во Македонија; „Либертас“, 07.04.13.

нема
08.04 2013
СК014 - Триумф на лузерите

Ниту една слика, ниту видео не може да ви ја долови глетката кога прв пат ќе го видите тоа ново историско Скопје. Тој топол ден стоев во центарот на градот кој несомнено добро го познавав поинаков. Јас познавав друг град кој беше изграден по земјотресот ’63. Тоа порано беше убав град, топол, со убави згради, елегантна геометрија, концертни сали и трговски центри. Тоа попладне пред мене беше друг град, некоја мешавина од Лас Вегас и Пјонгјанг, со примеси на Халикарнас и Ашхабад. Тој град е полуд од најлудите идеи на туркменскиот диктатор Сапамурат Нијазов. Тоа е триумф на лузерите, волшебно место на коешто со маѓепсно стапче петпарачките антиталенти може да станат Мештровиќ, Алберт Шпер и Ваубан, државни скулптори и државни архитекти. Го гледам тоа ново и полудено Скопје и си мислам: Оној којшто го смислил и го реализирал ова би требало да го испратат на психијатриско вештачење.
Јурица Павичиќ, „Јутарњи лист“, 06.04.13.

нема
07.04 2013
Чичко Митко, Гоца, Кондарко, Фабрика...

Што ќе речеше чичко Митко за “најуспешната“ полицајка во поновата Македонска историја, фаталната Гоци. Како ли ќе го разбереше нејзиното според мене цинично писмо во стилот “чујем ал не хајем“ како одговор на Андреј Жерновски фантомите гласачи од Пустец да ги бара кај Кондарко, а не кај неа. Па кој ма Гоци ги штанца биометриските лични карти,твоето министерство или ДИК. Со кој ум ти или оној твојон практикантот од фабриката на Бучко кој сака медиумите да не го викаат портпарол туку заменик министер, го нашкрабавте тој одговор, кој не е ништо друго туку уште еден партиски памфлет од државна институција напишан веројатно на комјутерот на сопартиецот Илија Димовски од центарот за комуникации.
Ацо Кабранов, „Либертас“, 05.04.13.

нема
05.04 2013
Дали СК014 е уметност?

Иако на дното стои дека авторот е уметник, во статијата никаде не го прочитав зборот уметност. Дали проектот СК2014 е уметнички? Доколку претендира на тоа, се’ додека на плоштадот не видам рингишпил, скапан цигански карусел од подрумите на владеачките интелектуалци како Амди Бајрам, лесковачка скара, дебела и разголена српска певаљка, тезга со одбрани дела на преродбата и слики на автори со прекари на душевна болест, портрети на закоравени г...на кои дождот за сега не може да ги измие (а за кои небесата спремаат посебен порој) за мене СК2014 ќе биде недовршен проект. Дури тогаш ќе добие некаква уметничка димензија и израз. Се’ дотогаш плоштадот ќе предизвикува кај мене различни чувства, од веселост на дете во Дизниленд, кога ќе го погледнеш од кај триумфалната капија, до чувство дека го гледаш Сало на Пасолини кога ќе ги видиш просјаците за корка леб под воинот на коњ. Ама за вкусови не се расправа, магарето секогаш ѓе одбере слама, на дводимензионален створ не можеш да му објасниш трета димензија.
Едвард, коментар под текст на Ацо Станкоски, „Утрински весник“, 02.04.13.

нема
04.04 2013
Пинг-понг со орангутани

„Забеганиот“ проект „Скопје 2014“ на тој начин стана стапица, во која се најдоа сите овие недоветни и невротични критичари во служба на „најелитистичката“ партија во Македонија (...) Нивна среќа е што македонскиот народ е благотрпелив, па уште не ги протерал на клоци од сцената што ја гнасат со своите злобни и немоќни манифестации на неподнослива глупост. Да се полемизира со нив е како да се игра пинг-понг со орангутани.
Алесандар Станкоски, „Утрински весник“, 02.04.13.

нема
03.04 2013
Бабунот на власта

Дојадете, догризете, крв и пот и меса голи… Се сеќавате на овие стихови, драги мои? На нив се потсетив деновиве гледајќи го запенетиот БАБУН на власта како ржејќи и вртејќи со црвениот газ – ги ништи, дојадува, догризува, глода од телото на паднатата опозиција, последните парчиња месо - оние неколку победи по општините кои се постигнати наспроти кражбата и насилието на властите врз сопственото граѓанство. Планот е костурот на доглоданиот Мамут на опозицијата да биде изложен потоа во праисторискиот дел на Музејот на Дпмне-то!
Љубомир Данаилов Фрчкоски, „Либертас“, 02.04.13.

нема
02.04 2013
Збудалените браќа Македонци

Србија не се разликува од братските поранешни југословенски републики. Ете, молам: Хрватска се замајува со мост до Пељешац, сосема будалест потфат. Ќе ве потсетам на уште поблесавата идеја за копање тунел од Истра до Трст, под Словенија, пласирана пред десетина години во Глобус. Бандиќ со огромни пари неказнето ги гради своите фонтани пред Националната библиотека - чуму? Нашите браќа Македонци сосема збудалеле: низ Скопје градат нови Акрополи и Партенони, поставуваат еквестриални скулптури на Александар Македонски од 30 метри, поморничави дури и од Керумовите крстови кои му се закануваат на градот Сплит.
Милош Васиќ, новинар, ја коментира идејата за канал Морава-Солун; „Данас“, 30.03.13.

нема
01.04 2013
Никој нас нема да ни ги презема општините

Нам не ни требаат преваранти да ни ги преземаат општините и да манипулираат со луѓето.
Никола Груевски јавно им се заканува со затвор на опозициски кандидати за градоначалници; „Плусинфо“, 31.03.13.

нема
31.03 2013
Тинекс кон Фокус - сељачки и расипан маневар

Да не зборуваме за срамната, лигава, ниска, подла одлука на менаџментот на Тинекс кој користејќи го своевидниот монопол во малопродажбата и вкрстувајќи го тоа со политичкиот интерес донесе одлука да забрани да се продаваат весниците Фокус во неговите маркети. Од една страна тоа е легитимен потег на сопственик на еден маркет кој смета дека еден продукт не треба да се продава кај него, но сепак погледнато од одредена перспектива се работи за сељачки и малодушен и расипан маневар кој покажува еден беден демократски карактер и поведение на сопствениците на Тинекс...
Саше Ивановски, „Мактел“/„Окно“, 28.03.13.

нема
29.03 2013
Косово и општина Центар

Во Косово изборите завршија после само два часа, а имаше гласање со отворени листи, коешто го усложнува процесот. Таму завршуваат изборите за 2 часа, а во Скопје во Центар, не можат да завршат за три дена.
Андреј Жерновски, „Либертас“, 26.03.13.

нема
28.03 2013
Бордерлајн

Успехот на овој човек не е во тоа што е тотален, тој секако е од аспект на моќ и контрола, туку токму од фактот што е општ, што за простата маса тој не е шизофреничар или човек со гранично (бордерлајн) нарушување, туку е човек без граници, без јасен идентитет, од националист до христијанин, од добар татко до неуморлив работник, од човек на народот до градител на народниот и националниот идентитет. И токму затоа што не го разбираат, тие го разбираат одлично. Ете, всушност, Груевски е бордерлајн националист, бордерлајн христијанин, бордерлајн мафијаш, бордерлајн диктатор, човек толку општ и сеопфатен што си подигрува со способностите на граѓаните да разграничат што е што. Таа нејаснотија е изворот на неговата моќ, затоа што нејаснотијата извира од простотилакот на македонскиот дух и интелект, од неговата незаинтересираност, од неговата способност се’ да изедначи.
Ивор Мицковски, „Плусинфо“, 26.03.13.

нема
27.03 2013
Згаснато светло во крчмата

Контролорите од МОСТ забележале дека по затворањето на гласањето во пет изборни единици во Домот на слепи, во основното училиште "Круме Кепески" и во месната заедница Пржино во општина Кисела Вода, имало прекин на струја точно во моментов на затворање на гласачките места, како и во текот на броењето на гласовите. Според МОСТ и во две изборни единици во Ѓорче Петров снемало струја, исто така, во текот на броењето на гласачките ливчиња. Ова со згаснатите сијалици е секако само симболичен приказ на начинот на кој се практикува демократијата во "балканската политичка крчма", во која имате една суперефикасна државна машинерија, која не решила ниту еден круцијален проблем во земјата, која постојано не’ води во економски дебакл а која секогаш знае да победи на изборите, односно успева одново да ја најде "разменската вредност" со огромниот лумпен пролетеријат во земјата. Таа супер машина, која има на своја страна се’ што може да се помисли како добра појдовна позиција (медиуми, пари, субвенции, право на распределба на хипербуџет, отворени врати за вработување во администрацијата, батки со бејзбол палки, тендери, документи за државјанство или нови лични карти…) е како Годзила која ќе излезе од морето и на копното на стравот само голта жртви на страната на политичкиот противник, онолку колку што во мигот ќе и’ дозволи инспирацијата.

Љубомир Костовски, „Глобус“, 26.03.13.

нема
26.03 2013
14:0

Јани за Скопје изгуби како оние клубовите од трета англиска лига кога ќе се паднат со Манчестер и купот на Англија, па целите среќни што ќе играат на Олд Трафорд среќни се и со 14:0. Луѓе бре ова е ПОООРАААЗЗЗЗЗ, ало ова е КАТАСТРОФААА!!!! Абе ова не смее веќе да продолжи бидејќи се ствара чувство на второлигаш, се навикнува веќе членството на порази и понатаму ќе се смета за победа и оној пораз кој не бил многу голем. Ова е веќе лузерско поведение и карактер, ова не смее понатаму да продолжи, мора под итно да се мења и тим и постава и се и дури зградата на Бихачка да се префарба и симболи да се мењаат и се што потсеќа на овие срамни порази на Бихачка!
Саше Ивановски, „Мактел“, 25.03.13.

нема
25.03 2013

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото