Боли глава

Папството го дограба како волк, владееше како лав, а ќе умреш како пес

Во единствените два случаи на абдикација постојат некои сличности, но главно разлики: калуѓерот-испосник Пјетро дел Мороне, во август месец 1294 година бил прогласен за папа Целестино V како спасоносно решение, бидејќи закрвените кардинали не можеле да се согласат ни за еден официјален кандидат. Само по четири месеци дотичниот Целестино V и кардиналите и кралот увиделе дека изборот води во катастрофа, па Целестино V поднел оставка мотивирајќи ја со „слабоста на моето тело“ и во тоа е единствената сличност со Бенедикт XVI. И додека сегашниов папа остатокот од животот ќе го помине во резиденцијата Кастел Гандолфо, дотогаш Целестино V морал да бега, оти му се заканувале со убиство, оние на кои им ја поматил сметката со својата оставка. Кога го фатиле и кога го ставиле во затвор ја изговорил славната реченица: „Папството го дограба како волк, владееше како лав, а ќе умреш како пес“. Така и биднало две години подоцна.
Милутин Митровиќ, Prekoramena.com, 12.02.13.

нема
14.02 2013
Кој стварно е предавник?

Како и секогаш кога е најгусто Груевски преку Мартин претпоставувам си го вградува чипот Грција и влегува во stand up фаза. Без разлика дали отвора чешма, неспретно кажува глупи вицеви или промовира корумпирани градоначалници, Груевски си има ист текст, текст во кој за се што се случува има дежурни виновници, Грција и Бранко. Човекот кој се расфрлува со грчки ликови од историјата, прв во плурална Македонија директно преговара со грчките премиери за газењето на Уставот и демократијата во Македонија, за неговиот начин на диктаторско владеење си наоѓа оправдување во опозицијата и Грција. Само, за жал, премиерот никако да ни каже дали во директните средби со Самарас и Папандреу ги дал предлозите за ордени, херои или прашува за јахтите на неговата бизнис фамилија која броди по Егејското море? За да ја збогати медиумската понуда нека прати Мартин една снимка од состаноците на народните партии, па да видиме некој говор на Груевски кога во првиот ред е Самарас? Ќе ни прочита некогаш што пишува во писмата кои ги праќа кон Самарас за средба?
Јани Макрадули, „Плусинфо“, 13.02.13.

нема
14.02 2013
Бранко предавник

Бранко треба да биде прогласен за народен херој во Грција!
Никола Груевски, „Плусинфо“, 09.02.13.

нема
13.02 2013
ВМРО-ДПМНЕ како зараза

Крахот на плановите ги става во уште понепријатна ситуација и трите политички партии на Албанците, кои својата поддршка на г. Груевски досега некако ја оправдуваа со спорот со името и евроинтеграциите. Кусокот пари и уште поголемиот кусок гласови (според анкетите повеќе од 60% од Албанците не и' веруваат на ниту една од трите албански партии) ги прави зависни од милоста, волјата - и пред се' - парите на ВМРО-ДПМНЕ. (...) Но, сепак, хистеричното врескање против Црвенковски наспроти речиси потполната глувонемост кога станува збор за политиките и односот на сегашниот премиер кон Албанците, фрлаат поинакво светло врз водствата на ДУИ и ДПА и нивниот став кон Груевски, кој се' повеќе наликува на односот на Рамзан Кадиров кон Путин. Однос кој не' тера да се запрашаме дали станува за некаква заразна психосоматска болест добиена од дружењето со ВМРО-ДПМНЕ или пак станува збор за лични квиско - дилеми за личноста Б.Ц. како (а) поранешен премиер, (б) поранешен претседател или (в) како непријатен сведок?
Арсим Зеколи, „Утрински весник“, 11.02.13.

нема
12.02 2013
Дишење низ газот

Хаосот со пожарите и пљачките на таканаречениот црковен имот треба под итно да се замени со национална стратегија во која точно ќе биде одредено кој манастир кога ќе биде запален. И прецизно да се знае кога и кои икони ќе исчезнат. Само на тој начин можеме да ги обезбедиме трајните задоволства на Темниот синод во солзите и донациите на возљубените чеда во Господа, а на драгата Бети да и ја исполниме желбата да изгради уште постари стари манастири и да му го крене на пастирот кога на овој не му се крева поради преголемата грижа или поради други проблеми, нема везе, рејтингот. Фасцинирани од маѓионичарските трикови на власта луѓето пропуштија да забележат дека деновиве и годиниве не гореа само Трескавец и Бигорски туку дека во еден забрзан слоу моушн гори стиропорот во нивното усрано македонско диско, односно дека искрите од фасцинантните огномети на Нико Лае и неговата група "Фамилија" одамна ја запалија целата зграда и дека стампедото кое полека почнува да поминува врз нив ќе кулминира кога димот од таа политичка музика подлабоко ќе им се напика во газот преку кој, во меѓувреме, се определија да дишат. 
Бранко Тричковски, „Глобус“, 04.02.13.

нема
11.02 2013
Духовен татко - Коце

Коце Трајановски е духовен татко на Скопје.
Владо Јовановски, актер; „Плусинфо“, 07.02.13.

нема
08.02 2013
Приморска држава

Ако светот ни дозволи да се развиваме, место да нè попречува во нашиот економски развој, уценувајќи нè со неможното, со она што не можеме да го им дадеме, доволно е само да не нè попречува, со сопствени сили ќе изградиме сопствени железници, ќе изградиме модерни автопатишта, преку кои за час, или малку повеќе, ќе стигнуваме до сите четири мориња, на сите четири страни, меридијани. Така што, не морето да дојде во Скопје, туку ние инфраструктурно со овој тим ќе бидеме приморски град, а Македонија ќе стане приморска држава.
Владо Јовановски, актер; „Плусинфо“, 07.02.13.

нема
07.02 2013
Чуму, бе, Чом?!

Еве сега го прашувам Чом. Зошто бе старо ти не се качи на ладата? Каде беше ти? Нели ти беше тој што ги гасеше светлата во А1? Тогаш глумеше ли? Тогаш одработуваше или сега? Па ситуацијата сега е далеку полоша од тогаш бе старо. Сега и МПМ отиде, и Алфа отиде, еве вчера и Ден отиде, Фокус се држи едвај, овие денови и К-15 најавува крах, сега се случи и Мартин Нешковски, и атакот врз Љубе Бошковски, а особено се случи и 24 декември. Па сега ситуацијата е скроз отидена у пичу мајчину бе Чом, а ти релативизираш и се бламираш. Зашто бе Чом? Чуму бе Чом? Како да го разбереме твојот молк? За тебе прифатливо ли е прекршувањето на деловникот, бркањето на целата опозиција, вадењето на фронтот пред опозицијата, падот на Македонија на листата на „Репортери без граници“, пресијата врз огласувачите во медиумите, злоупотребата на судството, чудните прогледувања низ прсти на аферите „Кеш во шише“, Телеком, дупката од 3 милиона евра во кампањата на ДПМНЕ, 10-те милиона евра народни пари кои владата ги фрла во медиумите за да ги поткупи а притоа не им дава пари на медиумите кои се критички кон неа, ти сето тоа не го гледаш Чом? Па ти со овој твој молк и релативизирање се посра на се што си се обидувал да бидеш сиве овие години, сите безброј снимени емисии, дебати, сите прилози за Дојче Веле... Се избрука бе старо, се избербати. Вредеше ли бе старо?
Саше Ивановски, „Мактел.мк“, 02.02.13.

нема
05.02 2013
И фашистите биле отстранувани од парламент

Немаше насилство врз пратениците. Тие беа насилниците. Такви инциденти има и во модерните европски демократии. И фашистите биле отстранувани од парламент.
Ивица Боцевски, „Нова.тв“, 01.02.13.

нема
03.02 2013
Духовна продуховеност

Ако нема духовна продуховеност, луѓето се разделуваат.
Јагнула Куновска; „Јадибурек“, 30.01.13.

нема
02.02 2013
Петгодишник патриот

Во една од градските кафеани пред некоја вечер едно петгодишно дете стана и на премногу шармантен начин побара од музичарите да му испејат неколку партиотски песни. Буквално целата кафена беше импресионирана од љубовта на ова момче кон сопствената земја, меѓу кои и јас. Но, подоцна се запрашав дали е во ред едно пет годишно дете да порача песна за клетите Турци, место да пее песна за рибарот Климе. Ги запрашав родителите од каде му е чувството и дали некој влијае на неговиот избор за музика. Ми кажаа дека ја следел само телевизиската програма .Покрај другото ми кажаа дека ова петгодишно дете се чувствувало како припадник на некоја партија и дека често го бакнувало телевизот кога ќе видело некој од функционерите.
Дејан Блажевски; А1он.мк, 31.01.13.

нема
31.01 2013
Буле у зандана

Што да се каже за Буле наш, да не си му у кожа. Од премиер, лидер на владејачка партија, да паднеш на нивото на еден беден “одработувач” за интересите на оваа бедна гарнитура на ВМРО ДПМНЕ, да паднеш на нивото на Миленко и Амди Бајрам, сето тоа за да не ти заврши газето у зандана, е тоа бре брате е бедно до јаја. (...) Ме интересира само, во оваа игра на се или ништо на Буле, свесен ли е што ќе се случи со него доколку опозицијата некако успее, а засега добро им оди, да се докопа до кормилото? Па во тој бес, има бре да одговара не за тенковските делови, не за Телеком, има да одговара и за калоричноста на нафтата у тенковите и за нутриционистичките квалитети на паштетите што ги мачкале војниците у 2001-ва... Не сум поборник на никакви местенки и одмаздољубивост преку кршење закони, но праведна одмазда е сепак фина работа.
Саше Ивановски, „Мактел“, 30.01.13.

нема
30.01 2013
Џоковиќ?! Не памтам руски имиња

Мислам дека Енди не победи бидејќи ќе „вриштеа“ сите медиуми во Британија. Веројатно е во прашање Федерер, а за овој третиот никогаш не сум слушнала. (...) Да, да, сега се сеќавам како изгледа, висок и црн, зарем не? Но, не памтам имиња, особено не оние тешките, руски имиња.

Викторија Бекам; „Плусинфо“, 30.01.13.

нема
30.01 2013
Омекшивач со прстот врз лајк

За да биде онака европски Филе го вклучи и Хорхе иако знае дека пустиот претседател ниту има капацитет ниту авторитет за Олеснувач мегу Грујо и БЦ. За жал тој може да биде највише само Омекшивач. Пустиот дремејќи во резиденцијата на Водно од што нема што да прави си лајкува на веб страната на премиерот за да го потсети дека го сака и му е верен во битката против БЦ и комуњарите. Кутар Борис колку се фрустрираше од овие денешниве новинари од фалангата на Грујо кои го исмеваа дека е фикус во претседателскиот кабинет. Не му беше јасно зошто му се исмеваат а тој навистина работеше…Значи Омекшивач е Бриселската задача за Хорхе во планот ПРИТИСОК врз БЦ докрај, простор за ГРУЈО до бескрај.
Ацо Кабранов, „Либертас.мк“, 25.01.13.

нема
28.01 2013

Препорачуваме

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

Во потрага по изгубеното Скопје во Скопје

Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.

ОкоБоли главаВицФото