Боли глава

Пастирот е повеќе од соодветна народна уметност

И самата власт е еден тип естетика, би забележале суптилните аналитичари, но таа се освојува на избори, а народот кој гласа и дистрибуира политичка моќ со овој чин е сосема задоволен од дизајнот на проектот, кој со својот класичен епски реализам е повеќе од соодветен на очекувањата и естетскиот вкус на тој ист народ.
Александар Станкоски, „Утрински весник“, 08.01.13.

нема
13.01 2013
Болшевици, штурмфирери и талибани - здружено против уметноста на пастирот

...Сите оние таканаречени интелектуалци од опозициската провиниенција, кои добија аура на болшевички комесари, нацистички штурмфирери или што е најдеградирачки – талибански востаници, обременети со патолошките страсти да се урнат и уништат спомениците и градбите од проектот „Скопје 2014“.
Александар Станкоски, „Утрински весник“, 08.01.13.

нема
11.01 2013
Кукла, на конец

Туку малку ме зачуди нејзината изјава во стилот БЦ ме мрази а со тоа ја мрази или не ја сака па дури и дека без неа не и мисли добро и на државата. Малку ме уплаши – Гоци влегла во филм дека државата, тоа ти била она. А Грујо или оној вистинскиот бате Саше, кои се и што се во тој филм, ма мила министерке? Можеби ти е наредено да мислиш и да зборуваш така, ама јас одамна мислам дека ти си само кукла, од оние де, што се на конец, а него го мрда не твоето другарче севишниот Грујо ни Мартинчо, туку вистинскиот газда на државата, семоќниот Саше.
Ацо Кабранов, „Либертас“, 11.01.13.

нема
11.01 2013
Сообраќајка на патот Штип-Велес

Кажано со аналогија, да се биде политички неутрален во овие црни и застрашувачки времиња е како да се наиде на тешка сообраќајна незгода на сред пат, еве да речеме регионалниот пат Штип-Велес, и на патот да има разлетано раткапни, тркала, стакло, седишта, нафта, повредени луѓе, бебиња крвои... и ти фино лепо да фатиш преку травата и да си продужиш кај шо си тргнал.

А, пак, да си на страната на владата во моментов е ко да поминеш преку жртвите, да ги згазиш и ти под изговор дека не си ги видел или пак од чиста забава и злоба.

А, пак, ако продолжиме со аналогијава, тогаш да се биде дел од петорката на медиумски трубадури е исто како да откако ќе се згазат повредните, да се застане, да се извади пумпарица од гепек и да се упукаат повредените у глава.
Саше Ивановски, „Плусинфо“, 09.01.13.

нема
09.01 2013
Путин е голем

Јас го сакам вашиот претседател Владимир Путин, а чувствата се взаемни. Русија е голема демократија, и тоа не е земја во која премиерот некој граѓанин ќе го нарече „патетичен“. Во олку голема земја човек никогаш не е осамен, бидејќи во секое дрво, во секој крајолик, лежи надежта. Во Русите нема пакост, не, само големи чувства.
Жерар Депардие, новопечениот граѓанин на Русија, француски актер, згаден поради данокот за богаташите во татковината, им напиша писмо на Русите; HollywoodReporter, 04.01.13.

нема
08.01 2013
Мантање во глава

Антихристијанската антропологија зема замав, таа зад себе ја има целата таа информатичка револуција и детронизација на Бога која Америка ја извршува низ релативизација на улогата на религијата и низ остварување на масонска контрола врз светот. Дотолку е убаво, возвишено и добро што целите на христијанството се наследени од античка Грција. Јас постам веќе шест години и обично спојувам два поста. Тој полуиспоснички рецепт е важен не само за здравјето туку и за идејата дека, кога поради долгиот пост, одрекувањето, малку ти се манта во главата, подобро си врзан за тие повисоки сфери. Рокенролот не е дојден од исламот или будизмот, тој пристигна како една фаза, додуша антихристијанска, но дојде од христијанството, како и други добри работи.
Емир Кустурица, белградски „Курир“, 06.01.13.

нема
07.01 2013
Антонијо, Влатко, Илија, Талат...

Деновиве се изнаслушавме дека треба да сме се врателе во парламентот, само не кажуваат како, односно чекам да видам некој спот од Република или Контра банда (ако не е тоа исто) како тоа треба да изгледа. На пример, како би личела салата? До секој платеник од ДПМНЕ ќе има по 3 специјалци? До прегрнатиот дует Талат-Бонева 10? Околу Трајко борбени коли? На местата за опозицијата бодликава жица и минско поле? Спремни платеници од власта да онанираат на параполициски акции? Сам или во друштво Антонијо ги гледаш клиповите? Во становите во Брадовци со украдени пари што ги направи ги гледаш снимките? Влатко цврсто им ја стегна раката на тие што клоцаа твои колешки пратеници? Илија, пардон, во Велес познат како фута, зошто не спиеш веќе во станот во Скопје? Талат уште мислиш дека на нас од СДСМ ни треба спас? Мислите дека некој не оперирал во мозокот и ништо не се сеќаваме? Мислите дека сме Ви простиле?
Јани Макрадули, „Плусинфо“, 03.01.13.

нема
03.01 2013
Марионетата прогласена за мртовец!

Една година од смртта на претседателот Иванов.

Каирон на ТВ Алфа; 02.01.13. „А1он.мк

нема
03.01 2013
Груевски држи говор во градинка

Од вчера парламентот усвои закон, на предлог на владата, според кој оној ден кога ќе станете возрасни и ќе ви треба работа, државата обезбедува вработување со посебна постапка за сите вас. Тоа вчера го усвои парламентот.

Никола Груевски им држи говор на деца од три до пет години; „Телма“, 29.12.12.

нема
30.12 2012
Согласно Уставот и законите

Државните безбедносни сили коректно, професионално, одговорно и успешно ја завршија својата работа и овозможија парламентот да продолжи со работа согласно Уставот и законите.
Никола Груевски, обраќање на 24.12.12., денот кога опозицијата насилно беше отстранета од Собранието; „Фокус“, 28.12.12.

нема
29.12 2012
Шмекерот Нино

Ве бендисува, а?
Никола Тодоров, министер за здравство, одговара на новинарско прашање, колку чини рекламата за плаќање по учинок; „Либертас“, 22.12.12.

нема
29.12 2012
Тепање со камери

Ги избркаа новинарите за да не фрли некој со камера да нè отепа.
Благородна Дулиќ, пратеничка на ВМРО ДПМНЕ; „Бриф“, 28.12.12.

нема
28.12 2012
Кој направи државен удар?

Кој направи државен удар. Опозицијата или власта. Бранко Црвенковски или Никола Груевски. Како се вика човекот под чија контрола е Владата, парламентот, претседателот, гувернерот, судството, новинарството, Црквата, полицијата, Армијата... Кога со сите овие институции на државата раководи еден човек кој единствено го има и клучот од државната каса, тој се вика диктатор, а системот - диктатура.
Ерол Ризаов, „Утрински весник“, 26.12.12.

нема
26.12 2012
Аутизам, Грујо, аутизам!

Бранко Црвенковски продолжува во стилот на Гадафи. Продолжува да живее во еден свој свет со сериозна доза на алтруизам, живеење во еден свој свет каде што верува дека целиот народ е со него, дека сите го поддржуваат и дека треба на сила да се заземе власта.
Никола Груевски; „Дневник“, 25.12.12.

нема
26.12 2012

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото