Боли глава

Шеќер и вода за Коце

Еве еден најсвеж пример за ЕУ која само што не се распаднала како што милуваат да кажат некои наши патриоти: градоначалничката на Софија Јорданка Фандакова му кажа на својот скопски колега Коце Трајановски дека досега од ЕУ обезбедиле милијарда евра само за 70 инфраструктурни проекти во Софија. Велат, кога ова го чул наш Коце побарал шеќер и вода.
Ерол Ризаов, „Утрински весник“, 29.11.12.

нема
01.12 2012
Restless

Сите нации го имаат ова, но македонската е епифеномен, показен пример за овој децентриран идентитет, овој пост-модерен идентитетски парадокс! Обидот на оние кои НЕ ЗНААТ да го дефинираат идентитетот на Македонците сам за себе и од себе – завршува во македонскиот несмирен (restless), растроен, самодеструктивен национализам! Национализам кој не може, како секој либерален национализам, да ја развие нацијата и да и го најде местото во светот на нациите, туку ја удира од секој ѕид на кој ќе наиде, од секој друг кој ни е собеседник – се’ додека не ја раздроби на ситни парчиња, се’ додека не ја парчоса!
Љубомир Данаилов Фрчкоски, „Либертас“, 28.11.12.

нема
30.11 2012
Во Македонија има помалку овци а повеќе говеда

Бројот на овци во Македонија последните шест години е намален за 200 илјади, а бројот на говеда е зголемен за 20.000 објави „Вест“.
„Плусинфо“, 28.11.12.

нема
29.11 2012
Ако треба и лично

Цел на секој граѓанин, и моја, е стапување во брак и создавање семејство. Тоа е максималното нешто кое некој може да го оствари во животот. Со личен пример ќе придонесам за зголемување на наталитетот.
Панче Кралев, министер за образование и наука; „Махим“, 25.11.12.

нема
28.11 2012
Делфинот на Груевски

Најпогоден прв да биде изеден ми изгледа токму најголемиот и најважниот млад талент на Груевски и Мијалков, популарниот Нино Тодоров, наследникот, делфинот на Груевски.
Ивор Мицковски, „Плусинфо“, 27.11.12.

нема
27.11 2012
Тоалетни шампиони

Газејќи по калта пред очи ми се појавува сликата од претставата наречена Седница на Влада. На седницата со 120 точки која почна со 45-минутно задоцнување немаше точки за вакви примери како во Ѓорче. Немаше дури ни наместени прашања за барем еден проблем во Македонија. А најчеста реченица што се повторуваше беше: „Дали некој бара збор?“ Не! Овој текст ја красеше секоја точка, замислете 120 точки и 20-тина министри немаат ниту еден коментар за ниту една точка за која не се известители, односно читачи на готовиот текст. Би сакал и да потенцирам дека малку се разочарав кога премиерот Груевски отсуствуваше 1 час, а јас мислев може да издржи 15 часа без да оди во тоалет, ништо од македонскиот Чак Норис.
Јани Макрадули, „Плусинфо“, 21.11.12.

нема
26.11 2012
Погрешив, но не обвинувам никого

Една од најголемите грешки ми беше тоа што во 2004 се кандидирав за претседател. Тогаш проценив дека секогаш има крај на сè, па и на моето претседателствување со СДСМ и донесов одлука да се повлечам, сметајќи дека има екипа која може да ја води партијата. Бучковски беше меѓу тие луѓе. Погрешив, но не обвинувам никого.
Бранко Црвенковски; „Плусинфо“, 23.11.12.

нема
24.11 2012
Организацијата и македонскиот дух

Мислата дека треба да се напише нешто за револуционерната организација ми го облива срцето со крв. Да се пишува за една организација, која за резултат го има упропастувањето на Македонија, макар тоа не е само организација, туку Софија, со својот цар, со своите министри и генерали со својата државна, а не националистичка политика, ја погреба Македонија и и' причини огромни жртви од луѓе и материјални блага. Јас, пак, се чувствувам како виновен за сите тие злосреќи дека јас и моите другари станавме причина за револуционизирањето и како последица на тоа - погубувањето на Македонија и на Македонците. И јас му се чудам на македонскиот дух, како тие луѓе не не' убија со камења откако го согледаа грозниот и жалниот излез на нашата револуционерна иницијатива. Цела Македонија, како еден човек, со трогнувачка еднодушност тргна зад нас, ни ја даде сета своја поддршка и своја морална доверба да го водиме кон ослободување, а излезе дека сме го воделе кон упропастување и кон ново, уште потешко ропство и при такви дијаметрално противположни резултати пак да не не' обвинува, да не не' навредува, да не мрмори против нас - создавачите на револуционерната организација и водачите, туку молчаливо и со полна покорност на својата судба да си го преземе тешкиот голготски крст - тоа предизвикува во мене адмирација и велам: Македонци, вие не сте само херои, туку светци. За вас сите жртви се заслужни.
Иван Хаџи Николов, еден од основачите на ВМРО 1893; Ерол Ризаов цитира фрагмент од неговите Спомени; „Утрински весник“, 22.11.12.

нема
23.11 2012
Сексуален чин во здрав мозок

Не знаев дека здраво семејство се формира со експлицитен сексуален чин директно во здрав мозок.
Ѕвездан Георгиевски, „Глобус“, 20.11.12.

нема
22.11 2012
Кражба на градежни материјали

 Престанете со кражбите на градежни материјали од бугарскиот двор за вашата чудна државна конструкција. Јасно е дека ви недостасуваат основни елементи од историски и културен карактер, но не можете да ги присвојувате постојано во името на некаков ексклузивен многувековен и монолитен идентитет.

Станимир Илчев, европратеник, во колумна во софискиот „Труд“ им се обраќа на македонските власти; „Фокус“, 16.11.12.

нема
21.11 2012
Бездетни и многудетни

Осведочените предавници, душмани, платеници и непријатели на овој народ антички и оваа земја библиска, Бранко Героски, Љубомир Фрчкоски, Роберто Беличанец, Жарко Трајаноски и Сашо Орданоски (да споменам само некои), имаат сите повеќе од две деца (некои од нив имаат и четири, па и пет), додека во редовите на актуелната ни влада, на размножувањето на супериорните ариевски гени на македонскиот натчовек, се чини не се посветува баш многу внимание. Дури и апелите од светите владици на МПЦ не помагаат министрите на Груевски да побрзаат со правење деца. Но впрочем, зошто и некој би ги слушал што зборат владиците, кога самите тие, заедно со нивните монаси и монахињи, сите здрави и прави, решиле да не создаваат потомци. По кој критериум, пак, тие се релевантни да повикуваат други луѓе да прават деца кога самите ем можат, ем нејќат да прават свои деца?!
Нено Богдан, колумнист; „Фокус“, 16.11.12.

нема
19.11 2012
Хашки таги и дружби

Додека Љубе се дружеше со Милошевиќ, Јохан тагуваше.
Слободан Чашуле, поранешен амбасадор и министер; „Либертас.мк“, 16.11.12.

нема
16.11 2012
Стигма

Има некаква первертна кохеренција во општата папазјанија на невкус, несразмер и наметливост до отворено насилие во проектот СК014, со што во иднина сите ние треба да живееме. Тоа насилство во него, од него ќе зрачи кон нас и ќе нè следи како сексуално злоупотребено дете долж неговото созревање. Ќе ни треба многу терапија, многу соочување со нас самите за да можеме такво насилство врз нашите институции и, впрочем, врз себеси да го консумираме и да го преживееме, а да останеме здрави! Опозицијата нема став околу сево ова, не била талибанска! Добро, но ние ќе живееме со таа лузна на лицето како константинополските проститутки (и веројатно ќе си велиме имаме поважни работи сега, не сме како нив и Лас Вегас е кич, па што!).

Љубомир Д. Фрчкоски; „Либертас.мк“, 14.11.12.

нема
15.11 2012
Повик за сериозност

Ги повикуваме сите земји од ЕУ и од светот сериозно да ја сфатат Србија.
Ивица Дачиќ, премиер на Србија; „Време“, 09.11.12.

нема
14.11 2012

Препорачуваме

23 начини на кои феминизмот ги подобри животите на мажите

Феминизмот сè уште често се смета за грд збор, а ретко се спомнуваат неговите позитивни учиноци, во корист и на мажите.

Деликатниот ромор на исраните овчи брбушки

Историскиот миг во кој се наоѓаме е повторување на малоумната атмосфера во изборната година 2006.

Петнаесет години Окно

Насловна на Окно од 13 март 2009.

ОкоБоли главаВицФото