Боли глава

Конзервативна идеологија?

Не може да докажете дека ова со Скопје е отслик на некаква конзервативна идеологија. Кај е таа конзервативна идеологија? Во главите на некои, напишана е во некоја зелена или црвена книга? Второ, и да е конзервативна идеологија. Што значи тоа? Нешто лошо? Тогаш, тоа е веќе етикета. И таквото етикетирање е отслик на комунистичката идеологија.
Бранислав Саркањац, универзитетски професор, во интервју за „Граѓански“, 27.10.12.

нема
28.10 2012
Хабермас - јок

Мојот став е дека еден Јирген Хабермас нема што да зборува за Македонија. И не сакам она што морам да го кажам - дека сум Македонец - да биде дериват на некој европски теоретичар.
Бранислав Саркањац, универзитетски професор, во интервју за „Граѓански“, 27.10.12.

нема
27.10 2012
На државата ѝ снемува народ

Водиме дебати за искривени вредности, за еднополови бракови, па уште и посвојување деца во тие еднополови бракови, за некакви права на жените, па на мажите, кој од нив е позастапен во политиката или во бизнисот, а додека се трошиме на тие теми нам како држава ни снемува народ.
Никола Груевски, обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба во „Македонската опера и балет“; „Либертас.мк“, 23.10.12.

нема
24.10 2012
Код на македонскиот народ

ВМРО со времето прераснала во историски препознатлив код на македонскиот народ. Нејзиниот од по тешките балкански крстосници е нераскинлив дел од нашата судбина.

Никола Груевски; „Либертас.мк“, 23.10.12.

нема
23.10 2012
Владата функционира

Премиерот вели: „Ќе донесеме закон за бранителите и нема да прифатиме ниту еден амандман од коалицискиот партнер во владата ДУИ“. Коалицискиот партнер ДУИ вели: „Закон за бранителите нема да биде донесен, но Владата функционира“. Врховниот командант на Армијата вели: „Ќе биде спроведена истрага за злоупотреба на униформите на армијата во случајот ’Слупчане’ и одговорните ќе бидат казнети“. Министерот за одбрана вели: „Нема да биде спроведена истрага и никој нема да биде казнет, но Владата функционира“. Премиерот вели: „Свирењето на албанската химна за почеток на работа на државен универзитет ги провоцира Македонците“. ДУИ вели: „Албанската химна ќе се свири, но Владата функционира“. Министерот за образование вели: „Не смее градоначалникот на Чаир самоволно да ги менува имињата на основните училишта“. Од коалицискиот партнер велат: „Сметајте ги за веќе променети и дека Владата функционира“. Началникот на Генералштабот вели:„Не може стратегискиот документ за одбрана на земјата да биде објавен на албански јазик и министерот да им се обраќа на војниците и на албански“. А министерот за одбрана вели: „Може, и Владата функционира“.
Ѓорги Спасов, „Утрински весник“, 19.10.12.

нема
21.10 2012
Пред олтарот на славната македонска историја

Во име на надминување на агонијата во која живееме, на скорешните (предвремени) парламентарни избори Македонците треба и мора да дадат 62 пратеника на онаа партија што ќе се обврзе со завет (пред олтарот на славната македонска историја) дека ќе ги реши клучните проблеми кои секојдневно и на различни начини оневозможуваат процут на креативноста, енергијата и надежта кај мнозинството граѓани. Време е, крајно време е да се каже за навек – Македонците нема никогаш да го сменат своето свето име! Македонците ќе се вратат кон светско-етаблираните принципи во структурирањето на државата!
Тони Науновски, „„Дневник“, 16.10.12.

нема
19.10 2012
Дечкото од Дебарца

Фуере пазареше на Буњаковец. И токму деновиве слушам пазарџиски муабети (пазарот и тезгаџиите се доста информиран и многу интелигентен свет, кој одлично ги конта работите од големата политика), дека човеков овде си имал дечко. Дечко му бил „случајно“ од некое село во Дебарца, а ги сврзал во партнерај некој политичар-опозиционер од тој крај. Браво за опозиционерот. Нашол начин како ефектно да го врзе за својата „политика“ европскиот претставник. Е да, мора тоа да била врската поради која од 2006 година до моментот кога тој си замина, човеков во Брисел немаше испратено еден убав збор и затоа земјава јадеше само шлаканици од Брисел.
Мирка Велиновска, „Нова Македонија“, 12.10.12.

нема
17.10 2012
Вистинска метропола

Kога шетам низ проширените нови булевари, кога ги гледам новите паркови, новите објекти, административни згради, новите работи што Скопје го направија многу поубав и вистинска метропола, сфаќам зошто СДСМ толку време не може да избере кандидат за градоначалник на Скопје.
Никола Груевски; „Дневник“, 15.10.12.

нема
16.10 2012
Паско зад петиците на Аце

Со големо олеснување ние Македонците ја примивме веста дека Паско Кузман е зад петиците на Александар (гробот на кралот македонски). Бидејќи се носеа гласови дека Паско е зад газ…. на истиот или најмалку под опашката на Букефал и сите не’ тресеше треска што ќе се случеше ако Александар или Букефал направеа цурик - чекор назад! Ќе требаше Центарот за кризи да го вади Паскота од тие недолични задни места за нашата етничка гордост. Вака од зад петици, ако се случи цурик, само ќе „крцне“ пусти Паско за славата на Македонија!
Љубомир Данаилов Фрчкоски, „Фокус“, 09.10.12.

 

нема
15.10 2012
Ѕвер, т.е. дете на нокшир

Никола Груевски е како дете што те гледа во очи додека седи на нокшир. Ти се смее, и двајцата знаете што е тоа што мириса, но немаш срце да го прекинеш.
Никола Наумовски, активист; „Либертас.мк“, 08.10.12.

нема
13.10 2012
Дете на нокшир
нема
13.10 2012
Кадрирање и голови

 Љубовните сцени се одлично кадрирани, а тоа остава простор за ликот на Сашко Коцев да постигне повеќе голови на повеќе натпревари, во и надвор од фудбалскиот терен.
Златко Ѓелески, филмски критичар; „Граѓански“, 06.10.12.

нема
12.10 2012
Човек што обединува

За Град Скопје треба да биде човек кој знае да обединува. Човек кој знае да соработува со сите оние кои можат да придонесат за реализација на проекти на Град Скопје и за подобро Скопје. И плод на таа соработка и на таквата работа се сигурно вака големиот број реализирани проекти во Град Скопје.

Коце Трајановски, го опишува профилот на идеалниот скопски градоначалник.

09.10 2012
Контрапродуктивно и непријателски

Вие инсистирате на промовирање контрапродуктивна и непријателска реторика насочена кон Грција, која го прави решението за проблемот уште потешко.

Андонис Самарас му пишува на Никола Груевски; „Плусинфо“, 05.10.12.

 

нема
06.10 2012

Препорачуваме

23 начини на кои феминизмот ги подобри животите на мажите

Феминизмот сè уште често се смета за грд збор, а ретко се спомнуваат неговите позитивни учиноци, во корист и на мажите.

Деликатниот ромор на исраните овчи брбушки

Историскиот миг во кој се наоѓаме е повторување на малоумната атмосфера во изборната година 2006.

Петнаесет години Окно

Насловна на Окно од 13 март 2009.

ОкоБоли главаВицФото