1013 hPa
23 %
35 °C
Скопје - Сре, 19.08.2026 15:59
На 8 септември 2026 самостојна Македонија ќе наполни 35 години, и кога помислувам на тоа ме отепува чувството дека 35 години сме ко у филмот Groundhog Day, секој ден е одново истиот, името, името, знамето, знамето, јазикот, јазикот, идентитетот, идентитетот. Никаков помак во колективната саморефлексија и себеперцепција, длабоко вкопани во талогот на делузијата од комплекс на грандиозност и страв од ништожност.
Чуден е тој дух на Македонецот, што не знае да се израдува на себеси и на другиот, што мана наоѓа секому, а себеси никако, што суди, пизми и исмева, што се плаши од неуспех, а од успех уште повеќе. Така било и пред 35 години, така е и сега, исто е, само повеќе го гледаме оти социјалните мрежи овозможуваат да се отфрли секаква инхибиција што можеби ја имало во непосредниот контакт лице в лице, ја легитимираат и нормализираат корупцијата на духот, злобата и лошотијата.
Ме отепува сознанието дека во Македонија може да си колос ко Блаже Конески, да си го кодифицирал современиот македонски јазик, а да си создал оружје - на истиот тој јазик да не биде срамно минлив министер/пратеник да те нарече „џуџето од Небрегово“ и на истиот тој јазик за тоа да му викаат браво.
Јазикот на Македонецот не е чудна ами незаситна, алава ѕверка.
Марина Костова, 23.04.26.
Исус даде толку многу лекции преку својата смрт, погреб и воскресение. Ни покажа големо водство — големата трансформација бара голема жртва. И, господине претседателе, никој не ја платил цената како што ја плативте вие. Тоа речиси ве чинеше живот. Ве предадоа, ве уапсија и лажно ве обвинија. Тоа е познат образец што ни го покажа нашиот Господ и Спасител. Но тука работата не заврши за него, ниту заврши за вас.
Пола Вајт-Кејн, духовна советничка на Доналд Трамп; 01.04.26.
Не знам како денешната војска гледа на тоа, но можам да ви кажам дека во 1980-тите, Хегсет би бил избркан од Вашингтон. Ако изведете таков трик со некое лажно христијанско позирање, тој не би го преживеал тоа. Луѓето би станале. Генералите би му пристапиле и би му рекле: ’Слезете од бината, господине. Нè понижувате.‘ Претседателот би добил телефонски повик и би го отпуштил на место.
Самата идеја Хегсет да се претставува како некаков христијански крстоносец... тоа не е она што го правиме во војската. Тоа не е ставот што го заземаме. Имаше еден генерал Бојкин, поранешен командант на ’Делта форс‘, кој по 11 септември изјави дека сме крстоносци кои одат против муслиманските терористи, и тој беше укорен бидејќи тоа не е она што го правиме. Ние сме аполитични. Ние ги одвојуваме црквата и државата.
А тука го имаме Хегсет како позира како современ крстоносец. Ова е антитеза на сè за што треба да се залагаме во војската. Дополнително го поевтинуваат христијанството — всушност, тоа не е ни христијанство, тоа е Стариот завет — но сакам да кажам, Квентин Тарантино напиша брилијантно сценарио и тој пасус од Семјуел Л. Џексон ќе остане во филмската историја како еден од најдобрите моменти. Но, Хегсет се обиде тоа да го претвори во реалност, припишувајќи му го на пилот... ова е нешто што деградира. Ова е нешто поради кое Хегсет треба веднаш да биде избркан од функцијата, веднаш отпуштен. Наместо тоа, како што рече Лари, целата оваа администрација е полна со ликови од цртани филмови, а Хегсет само се вклопува меѓу нив.
Скот Ритер, воен аналитичар, 20.04.26.
Носителите на функции и моќ постојано се прикажуваат како да се нападнати од нас, критиката ја доживуваат како агресија, очекувањата за одговорност како суровост. А за неуспесите директно поврзани со нивниот мандат, тука е претходната гарнитура. Власта во Македонија се однесува како напуштен љубовник, кој бара љубов, лојалност и пожртвуваност по секоја цена.
Ирена Цветковиќ, Призма, 24.02.26.
И во случајот со Ивана главниот дефект доаѓа од патријархатот. Другото е цел ланец на последици. Од таткото на Стојанче кој ја тепал мајка му, преку културата на потчинетост (молчи и трпи) на жената, до лишување од наследство на женското дете, до 39 полицајци со недостатоци во делувањето, до трансгенерациските трауми на мајки и баби и научениот мазохизам...
Ништо добро нема во патријархат, традициите и религијата. Ама десницата, црквата и насилните битанги мора да ја штитат патријархалната култура за да можат полесно да владеат и да ги потчинуваат другите.
Томислав Каранфиловски, Фејсбук, 02.04.26.
Штом во оглас за работа пишува „динамично опкружување“ значи дека ќе работиш со будали.
Одеднаш, наместо да се прашуваме што направиле или не направиле институциите, јавноста почнува да прашува каква била мајката Ивана, што правела, со кого била, дали „имало причина“ за тепањето. Сериозно?
Во обид оваа трагедија, од која здивот застанува, некако да ја направиме поподнослива за себе, почнуваме да копаме по нивните животи, во потрага по олеснување на сопствената совест.
Секој детаљ го третираме како важен: секоја изјава, секое сведоштво, секој интимен фрагмент од нивните животи. Се лажеме дека така изразуваме сочувство, а всушност ѝ овозможуваме на јавноста да склопи пресуда што ќе ѝ помогне да воспостави дистанца и полесно да заборави. Како што ги заборави и сите претходни жртви на фемицид.
Тамара Чаусидис, Призма, 02.04.26.
МНР го почитува правото на самоодбрана, но не и за Иран. Ние во принцип ги поддржуваме сите правила што важат во меѓународното право, меѓутоа и правото на водење војни кои, сепак, сѐ уште постојат како меѓународни практики.
Елена Кузмановска, државна секретар на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија; Слободен печат, 26.03.26.
После Холокаустот рековме „никогаш повеќе“.
Човештвото веројатно никогаш не си кажало поголема лага.
Толку се ужасни хорорите што ги гледаме во Газа, што лекарите мораа да создадат нови термини за да го опишат она што се случува; како на пример WCNSF — „повредено дете без преживеано семејство“ (Wounded Child No Surviving Family).
Газа е гробиштето врз кое почина нашата колективна човечност.
Humza Yousaf, во говор во парламентот на Шкотска, 03.09.25.
После широка јавна расправа во која Министерството за здравство вклучи експерти од науката, здравството, кафеанџии, стопански комори и фејсбук заедницата на граѓаните, Владата одлучи забраната за пушење во затворен простор да ја спроведе со Закон за правење промаја во дивоградби. Министерот за здравство Азир Алиу беше голем ентузијаст мислејќи си дека веќе од 1 март Законот за заштита од пушење ќе биде на сила, ама не се имаше соочено со моќта на кафеанџиите поддржани од производителите и дистрибутерите на цигари. Па сега ни раскажува дека дошле до заклучок „и од научната фела и од експертите во здравството дека со две отворени страни просторот, значи терасите, можат да се дозволат да се пуши, заради тоа што воздухот цури“.
Горан Михајловски, СКД, 20.03.26.
Какво лицемерие! Кога жолтиот само навестува дека ќе нападне ледена земја со 50.000 жители, Европејците стануваат на нозе, се спротивставуваат, огорчени се, плукаат по него, ги испраќаат своите војници за одбрана... А кога тој напаѓа земја во пустина со 92.000.000 луѓе, тие се согласуваат, го поддржуваат, некои дури и го тапкаат по грбот...
Бранко Ѓуриќ Ѓуро, 01.03.26.
Четири дена откако Русија ја започна војната во Украина, FIFA и UEFA ја суспендираа Русија. Сега сме 700+ денови во она што Amnesty International го нарече геноцид, а сепак на Израел сè уште му е дозволено да учествува.
Зошто?! Зошто постојат двојни стандарди? FIFA и UEFA мораат да го суспендираат Израел. Клубовите насекаде мораат да одбијат да играат против израелски тимови. Сегашните играчи ширум светот мораат да одбијат да играат против израелски тимови.
Сите се сеќаваме на апартхејдот во Јужна Африка. Спортскиот бојкот беше клучен за негово завршување. Ние имаме моќ. Вие имате моќ. И фудбалските навивачи ширум светот имаат моќ.
Ерик Кантона, поранешен фудбалер, еден од ретките спортски борци против геноцидот, во говор во Лондон, 19.09.25.
Живеам во Еквадор за да се вратам еден ден во Македонија, но не ме сакаат овде... Како да има меѓу мене и Македонија и Скопје некоја невидлива бодликава жица за повторно силно и страствено да се прегрнеме, само како што ние знаеме... Во време на ВМРО ДПМНЕ си заминав од Македонија, во време на СДСМ иако бев повикан да се вратам, не ми се овозможија услови да останам овде... Шест месеци сум тука, никој не ми тропна на врата за да почнам со работа во театарот. Ме излажаа.
Кирил Поп-Христов, Канал 5, „Само вистина“ 11.04.18.
Канцеларијата на UN Women Skopje организираат панел во партнерство со Правниот факултет на УКИМ, по повод 8ми март, чијашто цел била да разговараат за родовата еднаквост, за Истанбулската конвенција, нејзината имплементација, во контект на евроинтеграциите. И на таа дебата, агенцијата се сложила со Факултетот главна панелистка да им биде проф. Тања Каракамишева.
Онаа која, на страна историјата на хомофобија и националистичко труење, учествува како „интелектуален“ глас на настаните на анти-родовите анти-демократски про-фашистички движења, јавно давајќи им совети како да ја укинат Истанбулската конвенција во Македонија.
На истиот тој „авторитет“ му дале дополнителна платформа, од таа позиција да ги труе и студентите кои ќе ја слушаат, и да ги осакатува сите долгогодишни напори против родовото насилство и за родовата еднаквост.
Па јас разбирам дека се заглавени во бирократија и празен легализам, ама дајте бре малку осет! Ај што со децении тотално деполитизирано квазифеминистичко делување ги создадовте условите за антиродовите актери, ама дека и на маса ги седнувате денес, е тоа стварно е брука од епски размери.
Славчо Димитров, Фејсбук, 06.03.26.
Неуспешна претстава..., Рака и Ламба, Arcana, Безразборна лабораторија.
Португалецот кој со својата сестра живее во Британија е еден од најинтересните современи маргинални уметници.
Загадочна е неангажираноста, фалсификувачкиот стремеж кон некаква замислена неутралност.