Боли глава

Средба - не

Овие средби не доведоа до позитивен резултат поради недостигот од политичка волја од ваша страна да се постигне вистински напредок за спорот за името. Ќе се согласите со мене дека средбите не се цел сами по себе и не треба да се одржуваат со единствена цел да се креираат лажни - како што беше случај во минатото - впечатоци дома и во странство.

Андонис Самарас, премиер на Грција, му пишува на Никола Груевски; „Утрински весник“, 24.09.12.

 

нема
24.09 2012
Најдобро кино во Европа

Ги имаме најдобриот сервер, најдобриот кинопроектор, најдоброто платно, најдобрата аудиоопрема, а воедно најдоброто значи и најскапото. Истовремено ја имаме и најрепрезентативната сала воопшто во Европа, со капацитет од 510 седишта. 

Златко Стевковски, директор на Младинскиот културен центар; „Дневник“, 19.09.12.

 

 

нема
20.09 2012
Кој е овде глуп?

Видете, не треба да си многу паметен за да крстиш филм за фудбал „Трето полувреме“.

Дарко Митревски, Нова Македонија 09.20.2012

20.09 2012
Продолжување на молкот

Ако ме прекинете, ќе го продолжам молкот уште еден час од таму каде што ме прекинавте.

Талат Џафери, пратеник; „Утрински весник“, 15.09.12.

18.09 2012
Монти Пајтон

Ќе се побунат професорите, ќе им направат професорско здружение против професорите. Ќе се побунат студентите, ќе им направат студенстко здружение против студентите. Ќе се побунат против покачување на цената на струјата, ќе им направат здружение што ќе бара покачување на струјата. Ќе се побунат стечајците, ќе им направат здружение на стечајци против стечајците.

Секој ден Монти Пајтон на вести. Како во нивниот филм "Брајановото житие". Во него Народниот фронт на Јудеја се тепа со Фронтот на Народна Јудеја. И така, тепајќи се едни со други, филмот заврши. Додека се тепаа меѓу себе, заборавија дека целта на нивното постоење е да се тепаат против Римјаните.

Горан Михајловски, „Вест“, 15.09.12.

17.09 2012
Пимплачи

Никола Груевски нема што да го прашувам, ами ќе го потсетам, бидејќи тој ја промовираше онаа „една слика - илјада збора“. Значи, да го потсетам: Борис Трајковски, по неговите славни ултиматуми, никој не го рецкаше. Потсетувањето на оваа секвенца има за цел да му укаже на Никола Груевски дека почнува да пимпла како Трајковски.

Мирка Велиновска, „Нова Македонија“, 14.09.12.

17.09 2012
Македонскиот Брејвик

Се сеќавате ли кога во средината на 80-тите години се појавија првите кафулиња во Скопје, па загрижените мајки нè опоменуваа: „Синко, пази кога искачаш по това кафиќите, се зборуе по комшии дека тураат дрога во кока-колата“? Јас оттогаш сум бил во стотици скопски кафулиња, но не сум налетал на тоа место во кое ставаат дрога. Арно ама, македонскиот Брејвик, Никола Гелевски, се чини го има најдено. На таквите случаи не им помага дискусија, туку итна хоспитализација!

Дарко Митревски одговара на критиката на Никола Гелевски; „Република“, 14.09.12.

15.09 2012
Бичиклиски - волеи во мозок

Штом овој отвори уста да го праша Црвенковски нешто многу важно, малите деца почнуваат да плачат од уплав. Предлагам телевизиите пред да го пуштат Бичиклиски во етер, да стават знак дека е забрането за деца под 16 години, дури ни во присуство на родители. Толку е сугестивен баритонот на ВМРО-ДПМНЕ, поточно на госп. Бичиклиски, што дури и некој повозрасни луѓе штом го чујат, ја покриваат главата со чаршаф. Обично тоа се граѓани со образ кои ги јаде туѓиот срам.

Ерол Ризаов, „Утрински весник“, 11.09.12.

нема
15.09 2012
Француски клуч

А потоа, ааа потоа! Ќе ни остане една концептуална уметничка акција, сите со француските клучеви и растурај тоа спомениците!

Љубомир Д. Фрчкоски, „Фокус“, 11.09.12.

14.09 2012
Бранко да се заложи за зборот човек

6. СДСМ, да превземе чекори, во нивна надлежност, за да се заштити дигнитетот на професијата новинар и на зборот човек.

Владо Ѓорчев, главен и одговорен уредник на Либертас.мк, 13.09.12.

нема
13.09 2012
Атавистичка сила за излезни решенија

Сепак, ако пронајдат атавистичка сила, нова колективна енергија, Македонците најпрво треба да формираат консензус за излезните решенија. Тие би можеле да бидат, на пример – давање државјанство по род на сите генерации Македонци во светот и нивно попишување (тогаш ние Македонците би биле над 95 проценти во Македонија) односно физичко враќање на иселениците Македонци, етапно легално поништување на „рамковниот договор“ (со аргумент дека е донесен под воена закана од терористи односно дека никој никогаш според тогашниот Устав не може да потпише капитулација), и стратегиски сојуз со Србија, Русија, можеби и Бугарија, а особено воено-полициски договор за заедничка (и внатрешна и надворешна) одбранбена политика.

Тони Науновски, „Дневник“, 11.09.12.

11.09 2012
Прашања до Македонија

Денес, кога Македонија слави, сакам да ѝ поставам неколку „обични прашања. Кога би била смртно суштество како нас, дали би била маж или жена? Вработена или невработена? Членува ли во управен одбор? Чека ли во ред во клиника? Дали знае дека ќе се докапитализира ЕЛЕМ? Дали знае што друго е на (рас)продажба? Има ли партиска книшка? Сака ли трето субвенционирано дете, ако ги занемариме овие два и кусур милиони што ги крепи на своите плеќи? Каде живее? На што се грее? Го исклучи ли парното? Колку поскапи зајтинот во нејзиното маало? Кога последен пат наточила гориво? Протестира ли со АМАН? Се чувствува ли слободна? И како (не) издржува сите овие години... Како???

Катарина Блажевска, „Граѓански“, 08.09.12.

нема
09.09 2012
Пет свеќи на торта

И за сето тоа време премиерот престојува по луксузни хотели, се релаксира на Флорида, наплаќа по 100 долари да го слушаат. Единствен напор му е што аплаудира на конвенции, како кај републиканците, така и кај демократите. А да дуваше и свеќи за роденден, петти. Чудно? Ќерка ми кога полнеше две години имаше две свеќички на тортата, хм?

Јани Макрадули, „Плусинфо“, 05.09.12.

 

нема
06.09 2012
Добар СРД нива чува

За честитки е сето она што го постигна Советот за радио дифузија, за медиумскиот простор да функционира како што бараат европските стандарди.

Ѓорге Иванов, „Фокус“, 04.09.12.

нема
05.09 2012

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото