Боли глава

Министрите во Владата, претседателот на државата никогаш, вака како што е уредено, не можат да допрат до граѓаните што не го разбираат течно македонскиот јазик, а тоа се 80 отсто од Албанците. Замислете каков хендикеп е тоа, прво за граѓаните што не разбираат што зборува нивниот премиер, а хендикеп е и за премиерот или претседателот, кои не успеваат своите политички ставови да ги кажат директно до граѓаните.

Имер Селмани, Дневник, 04.09.2009

05.08 10:00
1
Чак Норис и џамијата

Ние не веруваме дека нешто такво може да се случи. Значи тоа е просто невозможно или, речено по скопски, ни Чак Норис не може да го изведе тоа, да ја изгради црквата а да не даде за џамијата.

Рамадан Рамадани, член на координативен одбор за изградба на Бурмали џамија на скопскиот плоштад

04.08 10:24

Зошто да дебатираме за рецесија, за името и за ММФ кога е подобро да го срушиме Дарвин, да го викнеме Александар Македонски на помош, кој веќе има роднини во Скопје. Сето тоа ќе се докаже само за неколку месеци кога со целиот свој сјај ќе излезат на виделина спомениците на Градскиот плоштад, кога ќе почнат да рикаат лавовите пред мостот Гоце Делчев, новите згради на стариот театар, музеите на восочни фигури, на жртвите од комунизмот, новата арена „Филип Втори“. Сето тоа ќе биде најграндиозниот споменик на македонскиот примитивизам во првата декада од 21 век.

(...)
Уште неколку децении сиромаштија е цената на македонската антиквизација што ќе мора да ја платиме сите. Толку чинат два-три мандати на оваа власт.

Ерол Ризаов, во колумна во „Утрински весник“, 31.07.09

31.07 14:33
1
Соочување со власта

Иванов во својата биографија ќе наведе дека „пред дваесет години имал храброст да се соочи со тогашната власт“, но прашањето сега е дали има храброст да се соочи со сегашната власт во која нема место за друга ѕвезда освен за Груевски.

Соња Крамарска, новинар на Утрински весник, во текст од 22 јули

30.07 12:49

Кога Грција се прошири на север, државата почна да прави националистички реформи и почнаа да зборуваат дека и античките Македонци се дел од тој грчки свет. Според таа логика, Александар и Филип биле промотори на грчката култура. Тоа е веќе аксиома во Грција. Тие не учат како настанувале современите нации, како се формирале јазиците, новите колективитети по пропаста на феудализмот како што прават образовни системи во други држави.

Павле Васкопулос, во „Дневник“, 27. 04. 09

29.07 10:50
1
Скопје и Париз

Ако сме­та­те де­ка гра­дот тре­ба да ос­та­не ва­ков ка­ков што е се­га, то­гаш ќе ги ос­та­ви­ме си­те тра­фи­ки и бут­ки и ни­ко­гаш не­ма да би­де­ме ни­ту мал­ку блис­ку до Па­риз. Јас ни­ка­де, ко­га ше­тав низ Па­риз, не ви­дов тра­фи­ки и бут­ки.

Коце Трајановски, градоначалник на Скопје

28.07 09:40
Париз и Скопје

И на­ши­от гла­вен град и фран­цус­ка­та мет­ро­по­ла има­ат мно­гу за­ед­нич­ки ра­бо­ти. На при­мер, во Па­риз те­че ре­ка­та Се­на, а во Скоп­је Вар­дар.

Коце Тра­ја­нов­ски, гра­до­на­чал­ни­к на Скопје

27.07 14:39
Кревет

Во оној кревет од Путин? Ах, фино, единствено тој има завеси.
Патрициjа Дадарио, ескорт-девојката му одговара на италијанскиот премиер Силвио Берлускони на прашањето дали ќе го чека в кревет

23.07 14:49
И тоа е

Сите стари дрвја на Илинденска, околу триесетина, се исечени и тоа е.

Мичо Поповски, потпретседател на комитетот за урбанизам на град Скопје

нема
22.07 11:20

Не одговарам на такви прашања. Како ќе предложат стручните служби така ќе биде. Јас сум политичко лице.

градоначалникот Коце Трајановски одговара на новинарско прашање: „А вие би сакале од влезот од вашиот дом да се симнувате директно на булевар?“

21.07 11:31
Заложници

Нема да бидат заложници 500.000 граѓани на Скопје заради некои таму што сакаат или не сакаат.

Коце Трајановски, градоначалник на Скопје, по повод сечењето дрвја на Илинденска.

20.07 10:49
Настраност

"За љубов се потребни двајца, освен ако едниот од партнерите не е настран во сексот."

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благородна Дулиќ, ја обвини опозицијата за неконструктивност.

нема
17.07 15:45
Убавиот тропрст свет

Фала ви, фала на сите, зашто дојдовте од сите пет континенти, од четирите страни на светот, со подигнати три прста!

Срѓан Среќковиќ, српски министер за дијспора, на конференцијата на младите лидери од дијаспората во Белград, 9 јули 2009

16.07 13:01
Персирање

Прашање што не е само прашање, туку повеќе коментар и парафраза на разговорот меѓу вас и господин Томиќ...

Слободан Томиќ,

авторот на ТВ- емисијата „Гласот на народот“си персира себеси и се самопарафразира во интервјуто со поранешниот генерален секретар на НАТО, лордот Џорџ Робертсон

15.07 11:59

Препорачуваме

Балада за Когобил

Имало некој пргав тип, пргав тип, со опасен чип. Кој и да му дошол под бесните шаки веднаш станувал корисник на штаки.

Северна Македонија – именка и придавка

Провокацијата на Борисов, кој Пендаровски го нарече северномакедонски претседател, не помине незабележано.

Вован и Лексус - шрафови на темниот агитпроп на Москва

Како да се одговори на ваквото однесување на Москва? Пентагон предлага подадена рака за интересите што зближуваат.

Не знам во кој момент се променија вредностите

Во кој момент стана престиж да бидеш глуп, неук, примитивен, насилен?

ОкоБоли главаВицФото