Боли глава

Колекционер на брендови

Новинарот: Велите Македонија е рај за инвестиции, ниски даноци, договори со сите земји на европскиот континент, што тогаш Канада може да ви понуди вам?
Груевски: Имаме големи инвеститори, познати брендови од Германија, Америка, Британија, Русија…. но немаме од Канада. Затоа сме тука.

Никола Груевски, интервју за канадската BNN; 30.08.12.

нема
31.08 2012
Гордиот Еским

Горд сум што припаѓам на културната традиција на народ чијашто историја не бележи пример за насилно уништување на нешто што создавале припадниците на други народи.

Александар Вулин, директор на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, предлага Србите да заборават на уништувањето на Дубровник, Вуковар, на палењето на сараевската библиотека, рушењето на џамии и на слични културни акции; „Е-новине“, 27 август

нема
30.08 2012
Заев од ДПМНЕ

Зна­ев дека половина од СДСМ-овците се на привремена работа во ВМРО-ДПМНЕ. Ама се от­кри дека барем еден ВМРО-вец е на привремена работа во СДСМ. Се вика Зоран За­ев. Гради цркви и плаќа српски турбофолкерки.

Горан Михајловски, „Вест“, 25.08.12.

нема
27.08 2012

И што е најбитно, пропушта воздух. Тоа е најклучно за душек - да диши. Да, еднонасочно. Пошто мушама ако стаиш - ги поти, а ова треба да биде еднонасочно - да пропушта воздух, а да не впива течности... Технологија, технологија!

Никола Тодоров, министер за здравство; „Фокус“, 24.08.12.

нема
25.08 2012
2
Тројца седат на фонтана

Во златна Македонија Александар по 2.500 години го направи најуспешниот поход. Ги помири мајка му Олимпија и татко му Филип кои биле закрвени до смрт. Ене ги сите тројца, фатени за раце, седат на Фонтана.
Горан МИХАЈЛОВСКИ, „Вест“, 18.08.12.

нема
24.08 2012

Kако никогаш порано, националната гордост и колективниот дух на Македонците се спушти на најниско можно ниво, на работ од мигот (времето/просторот) кога потполното уништување веќе започнува да се случува. Ова време е време на најголемата беда на Македонците – беда на нивното достоинство, гордост и идентитет; беда на нивната држава. Спуштањето во амбисот каде што владее бесмислата, депримирачката празнина и колективниот очај, денес е секојдневие на народот (...) Времето во кое живееме е најголема агонија на Македонците, без трошка надеж и парадигми кои ќе го концентрираат и возвишат колективниот хабитус на македонскиот народ.
Тони Науновски, „Дневник“, 21.08.12.

нема
23.08 2012
1
Македонец за ручек

Појдете во Свети Николе или во Струга ако сакате во живо да се уверите дека таму кај што минува преродбата - Македонецот исчезнува како екваторски пеликан во нафтна дамка. Декадентната атмосфера што ја шири нискокорумпираната проста маса, фасцинирана од скопските кафулиња и ресторани и од шансата да го отвора денот со гел на косата и жолто на гаќите, таа, значи, маса од стотина илјади корисници на идиотскиот систем на вемеровското вработување со помош на нискиот мозочен притисок, тоа е многу важен знак за постепеното но сигурно исчезнување на Македонецот од светската зоолошка картографија: принципите на еволуцијата покажуваат дека охридската пастрмка поскоро ќе добие Македонец за ручек во Трпеица, отколку обратно.

Бранко Тричковски, „Глобус“, 22.08.12.

нема
22.08 2012
Слободно време?!

Големиот патриот Груевски се обиде да ни објасни дека министрите тоа го направиле како приватни лица и во нивното слободно време. Какво слободно време, Никола, па нели работите 24 часа, седум дена во неделата?
Бранко Црвенковски, на митинг во Крушево; „Утрински весник“, 21.08.12.

нема
21.08 2012
Антонио и Лукашенко

Кога за време на војната во Босна беше објавено дека рускиот националист Владимир Жириновски ќе го посети лидерот на босанските Срби Радован Караџиќ, британскиот весник „Гардијан“ таа вест ја објави на насловнaта страницa на следниот начин: „Има една добра и една лоша вест. Добрата вест е што Жириновски, конечно, решил да се јави на психијатар. А лошата вест е што психијатарот се вика Радован Караџиќ“. Се сетив на овој англиски цинизам кога прочитав деновиве дека Антонио Милошоски од партијата ВМРО-ДПМНЕ од Македонија, позната по одржувањето „фер“ избори, ќе биде шеф на мисијата на ОБСЕ-ОДИХР за набљудување на парламентарните избори кај Александар Лукашенко во Белорусија, што ќе се одржат на 23 септември оваа година.
Ѓорѓи Спасов, „Утрински весник“, 18.08.12.

нема
20.08 2012
Ќе биде - за 15 години

А по 10 до 15 години, кога ќе се затвори целиот овој процес, ќе мора да се направи рехабилитација на жртвите бидејќи со гледањето на овие досиеја дојдовме до фрапантни податоци што им се случувало на одредени семејства, на одредени личности поради работењето на соработниците и на тие служби.
Томе Аџиев, претседател со одамна истечен рок на Комисијата за лустрација, советува уште неколку децении да причекаме со рехабилитација на жртвите на комунизмот; „Мкд.мк“, 09.08.12.


нема
19.08 2012
Службите против договорот

Она што помалку се знае во Македонија е фактот што Охридскиот договор не им пречи само на домашните екстреми и милитанти, туку е трн во окото на целиот Балкански Полуостров, бидејќи по својата демократска поставеност е недостижен за сите балкански земји, а по некои компетентни согледувања и во повеќе европски земји. Компромитацијата на Охридскиот договор е цел и на повеќе разузнавачки служби. Досега на тој план со домашна поддршка имаат постиганото делумен успех.

Ерол Ризаов, „Утрински весник“, 17.08.12.

нема
17.08 2012
Живи и мртви

Како тоа, со живите од УЧК (ОНА) јадат и пијат заедно, а од мртвите УЧК се оградуваат?

Седат Шабани, дневен „Фокус“, 16.08.12.

 

нема
16.08 2012
Љубчо и Грујо - Троцки и Сталин

Затоа кога Љупчо Георгиевски вели дека Никола Груевски ја издал и изобличил каузата на ВМРО, потсетува на Троцки во 30-тите години кога пишува дека Сталин ја догматизирал комунистичката идеја.
Нано Ружин, „Утрински весник“, 09.08.12.

нема
14.08 2012
Имаме ние двесте милиони!

Министерот за здравство Никола Тодоров се пофали дека Кралството Холандија ни подари 8 милиони евра за да ни помогне да се намали бројот на умрени новороденечиња и мајки при породување. Оти процентот е поголем од европскиот просек. Ќе се реновираат сите родилишта и ќе останат пари и за 75 патронажни коли. Не дека ние немавме 8 милиони. Имавме ние и 12 милиони, и сто милиони и двесте милиони. Ама ни требаа за попаметни работи. И уште ни требаат. Холанѓаните видоа, не видоа, си рекоа што се виновни децата што имаат родители што гласаат за споменици, огради и барокни кулиси и прежалија 8 милиони. Исто како што прежалија милиони за помош и Американците кои ни ги реновираат вецињата и прозорците по школите, Јапонците што ни купуваат коли за брза помош, Норвежаните и Швајцарците што ни ги заштитуваат планините и езерата, Швеѓаните што ни го чистат ѓубрето... А ние нашите пари си ги потрошивме за Луна парк во центарот на Скопје.
Горан Михајловски, „Вест“, 11.08.12.

нема
13.08 2012

Препорачуваме

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

Во потрага по изгубеното Скопје во Скопје

Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.

Истанбулското утро – кошмарот на Ердоган

Се олабавува рамката во која Турција живееше 22 години.

ОкоБоли главаВицФото