Боли глава

Муда и газ

Како што е познато, газот е важна метафора на ропската природа на нашиот менталитет, од која сите сакаме да се ослободиме. Така, кога другите народи сакаат некого да пофалат дека е храбар, велат дека поседува некој од органите за пенетрација, па обично се воспева фалусот и фалусните симболи, а во српскиот јазик и тестисите. Па така, нели, за оној што е храбар во српскиот јазик се вели дека има муда. За разлика од тоа, во нашиот јазик за храбриот се вели дека има - газ?!
Бранко Героски, „Фокус“, 27.07.12.

нема
03.08 2012
Авиони, бродови, возови...

Нема да ги повторувам мудростите на премиерот дека не градевме автопатишта оти само еден отсто од населението се вози по автостради. Конечно ми стана јасно зошто немаме наши авиони. Па чуму ни се кога над 90 отсто Македонци никогаш не се качиле на авион. Па и со воз веќе никој не патува, затоа и ги укинуваме. Зошто ни се бродови ако немаме море. Што ќе ни' е автопат за еден отсто. Нема автостради, нема авиони, нема бродови, нема возови. Нема движење. Се' си стои на свое место.

Ерол Ризаов, „Утрински весник“, 01.08.12.

нема
01.08 2012
Маленко гарантира

За меѓусебните препукувањето кое се случуваат деновиве помеѓу Љубчо Георгиевски и Тодор Петров, Маленко рече дека имал прилика медиумски да го следи. Тој изјавува дека одговорно тврди дека Тодор Петров никогаш не бил гол во присуство на сопругата на Георгиевски.

Александар Маленко, пливач, во интерпретација на „Либертас.мк“, 31.07.12.

нема
31.07 2012
Златен падобран

И затоа повторно ги слушаме приказните за добриот Мијалков, кој бил за договор со Атина, наспроти лошиот му братучед, кој не сакал да слушне за такво нешто. Се работи за купување време, зашто на обајцата им е бездруго јасно дека одамна помина возот за крупно пазарење. И, секако, за глумење добар и лош полицаец, кои дење глумат кавга, а ноќе братски наздравуваат. Тие се двајца, а „златниот падобран“ може да биде само еден, со тенденција да не биде ниту падобран, а камоли златен!

Никола Младенов, „Фокус“, 27.07.12.

нема
29.07 2012

Проблемот почна кога на тие консултации тој почна да ме дочекува гол како Прометеј, со само една крпа на појасот, со образложение дека штотуку се истуширал. Тоа се случи едно три пати. Мислам дека уште тогаш на Тодор Петров му дадов јасно на значење кои се разликите меѓу Александар Македонски и Тодор Александров.

Љубчо Георгиевски, „Фокус“, 27.07.12.

нема
27.07 2012
1
Дехристијанизација

Можат ли да разберат владиците од МПЦ дека антиквизацијата е всушност и дехристијанизација на Македонија?
Љубчо Георгиевски, во отворено писмо до јавноста; „Утрински весник“, 20.07.12.

нема
26.07 2012
Чорба во главите

Додека самите, без научна основа и надвор од сите правила на цивилизираниот однос кон историјата кројат историски фабули - од Александрово до денешно доба - тие ја обвинуваат „комунистичката историографија“ за фалсификување на македонската приказна. Чорба им се главите!
Бранко Героски, дневен „фокус“, 23.07.12.

нема
25.07 2012
Нема да вратам никогаш

Груевски има воспоставено правило кон оние на кои им должи. Тој има кажано - ако уште еднаш ме прашате кога ќе ви ги вратам парите, да знаете дека нема да ви ги вратам никогаш. И затоа никој веќе не смее да праша дури и да гладува или фирмата да му пропаѓа.
Ѓорѓи Спасов, „Утрински весник“, 21.07.12.

нема
24.07 2012
Господин господин Никола

Дали владиците сами го составиле катил ферманот или само рекле Амин и тоа отишло во јавноста. Што ако пак е точна информацијата дека еден од релативно помладите владици, другарче на Мартин и можеби духовен отец на Груевски вечерта пред седницата на Синодот бил виден во зградата на Илинденска број 2. Е сега ако бил, дали го пишувале со Мартин, па отишле на чаша џус од портокали кај премиерот и на редактирање на соопштението знаат најдобро тие. Дали и сите владици знаеле дека аминуваат писание добиено одозгора или пак онака покорно заради путерот на главата рекле амин и не прашале кој го составил. Ако е така ние и над поглаварот господин господин Стефан имаме надреден, господин господин господин Никола.
Ацо Кабранов, „libertas.mk“, 21.07.12.

нема
23.07 2012
Љубчо и Стефан

Што ги натера владиците да застанат зад едно такво срамно клеветничко соопштение, па макар било тоа и за Љубчо предавникот, кому на времето истите тие му бацуваа рака и трчкаа по него и неговата Снешка, а сега му фрлаат предавничка анатема. Што си имаат да си кажат е нивна работа, но сепак, мене, да бидам искрен ми се збурбати од дедо Стефан и камарилата околу него. Дедото е световно чедо на Љубчо и Доста, тие со притисок и лобирање го устоличија. Тој седна на тронот и чинам одма ги почна бизнисите. Владиците седнаа во скапи џипови, а еден од нив дури и се возеше со калашников во автомобилот.
Ацо Кабранов, „libertas.mk“, 21.07.12.

нема
22.07 2012
Од Крушево до Месечината

До пред 5 години, Илија Димовски мислеше дека Љубчо Георгиевски го кренал Крушевското востание, а сега мисли дека Никола Груевски е првиот човек кој стапнал на месечината. Ова е ВМРО-криминална. Заштитениот сведок за Љубе Бошкоски често е во Комитетот на ВМРО и е Грк.
Игор Ивановски, пратеник, на парламентарната дебата за СК014; „Плусинфо“, 19.07.12.

нема
21.07 2012
Еден-два

Можеби претеравме со еден-два споменика.
Илија Димовски, пратеник, на парламентарната дебата за СК014; „Утрински весник“, 20.07.12.

нема
20.07 2012
Фалусна инсуфицијенција

Големината на спомениците на Александар и Филип зборува за фалусната инсуфицијенција, најпрвин на лидерот, но и на оние околу него.

Гордан Георгиев, во парламентарна расправа за СК014; 19.07.12.

нема
19.07 2012
Срамота е

Срамота е, професоре, да плукаш на улица, да ја фаќаш Благородна Дулиќ за газето додека излегува на собраниската говорница, да се воодушевуваш од изјавите на Хорхе Иванов, да служиш на дворот на Николае, да минуваш низ центарот на Скопје а да не ти е срам, да се лекуваш во јавното здравсто и да не умреш, да заработуваш повеќе од лепење на партиски плакати отколку од орање на десет хектари земја, да гледаш македонска телевизија, да читаш македонски весници, да судиш или да си суден во македонското правосудство, да имаш чипиран идиот за премиер, да си дел од народот кој сето тоа го дозволува, да гледаш како тој народ дополнително се глупира односно го глупираат на некаков пивофест, да веруваш во ист господ како и шефовите на Македонската комерцијална црква, да студираш или да имаш диплома од таканаречените универзитети во Македонија, да си нормален е срамота.

Бранко Тричковски ја коментира изјавата на Владо Поповски дека е „срамота да ја загубиме државата“; „Глобус“, 17.07.12.

нема
18.07 2012

Препорачуваме

23 начини на кои феминизмот ги подобри животите на мажите

Феминизмот сè уште често се смета за грд збор, а ретко се спомнуваат неговите позитивни учиноци, во корист и на мажите.

Деликатниот ромор на исраните овчи брбушки

Историскиот миг во кој се наоѓаме е повторување на малоумната атмосфера во изборната година 2006.

Петнаесет години Окно

Насловна на Окно од 13 март 2009.

ОкоБоли главаВицФото