Боли глава

Имаме ние двесте милиони!

Министерот за здравство Никола Тодоров се пофали дека Кралството Холандија ни подари 8 милиони евра за да ни помогне да се намали бројот на умрени новороденечиња и мајки при породување. Оти процентот е поголем од европскиот просек. Ќе се реновираат сите родилишта и ќе останат пари и за 75 патронажни коли. Не дека ние немавме 8 милиони. Имавме ние и 12 милиони, и сто милиони и двесте милиони. Ама ни требаа за попаметни работи. И уште ни требаат. Холанѓаните видоа, не видоа, си рекоа што се виновни децата што имаат родители што гласаат за споменици, огради и барокни кулиси и прежалија 8 милиони. Исто како што прежалија милиони за помош и Американците кои ни ги реновираат вецињата и прозорците по школите, Јапонците што ни купуваат коли за брза помош, Норвежаните и Швајцарците што ни ги заштитуваат планините и езерата, Швеѓаните што ни го чистат ѓубрето... А ние нашите пари си ги потрошивме за Луна парк во центарот на Скопје.
Горан Михајловски, „Вест“, 11.08.12.

нема
13.08 2012
Прдеж в гаќи 2013. За греење на Скопје 2014.

Затоа следната година, Груевски да внимава кога ќе го планира одморот секако да биде во близина кога ќе се вари гравот. Колку да се појави. Па и да задоцни, барем нема да го пропушти последователниот ефект од изедениот грав. Што би можело да резултира со прдеж за Гинис.
А Владата, како што остварува, веднаш ќе основа нова манифестација. Со која ќе промовира алтернативен извор на енергија. Прдеж в гаќи 2013. За греење на Скопје 2014. Само цевководот да се приклучи кон Јужниот тек на Ставрески. Добро да дихтува и да се насочи кон престолнината.

Горан Михајловски, „Вест“, 11.08.12.

нема
11.08 2012
НЛО-ВМРО лустрација

Откривме дека во Штип точно пред 65 години во 02 часот и 15 минути во сабота во една темна уличка кај спитaлето 18-годишниот Коста Балабанов му шепнал на својот најдобар другар дека никогаш нема да им ја вратат куќата и земјата што им ја зеле комунистите и оти од богато и угледно семејство сега теглат длабока сиромаштија. Агентот зад капиџикот уредно запишал дека буржоазијата повторно крева глава и бара да се вратат ванчомихаловистите, само притоа заборавил да каже дека воопшто не го видел Коста, кој сиромав во истото тоа време лежел во Љубљана во болница болен од туберколоза. Веројатно со НЛО истата вечер слетал во Штип и се вратил во Љубљана. Денес тоа е доволно да биде прогласен за кодош. Патем куќата на Балабанови и ден денес ја конфискува и ја користи МПЦ без срам и перде.
Ерол Ризаов, „Утрински весник“, 08.08.12.

нема
10.08 2012
Во Бугарија нема малцинства

Има ли македонско малцинство во Бугарија?

- „Не, не, не, не, се разбира дека нема, колку пати сакате тоа да ви го кажам. Во Бугарија нема такво малцинство. Во Бугарија нема малцинства“.

Андреј Ковачев, бугарски европратеник, одговара на прашање од ТВ „Канал 5“

нема
07.08 2012

Јас ви тврдам дека ако СДСМ предложи закон за Никола Груевски да биде доживотен премиер, тие ќе го одбијат само затоа што е предложен од СДСМ. До толку е отидена работата.
Гордан Георгиев, „Плусинфо“, 03.08.12.

нема
06.08 2012
1

А што се однесува до Бранко и Мендух, сосе Љупчо, момците си се самолегитимираа и овој пат. Тие по сопствен избор се најобични камењарки во политиката. Ништо повеќе. „Дању и ноќу сањаат“ странска сила да ги доведе на власт. Самите не можат ништо. Ни поединечно, а па ни на купче. Тие немаат намера да му слугуваат на народот што гласа. Ама ќе му се напупат на секој странец за нешто пари, за малку шверц, за власт или моќ.
Мирка Велиновска, „Нова Македонија“, 03.08.12.

нема
04.08 2012
1
Муда и газ

Како што е познато, газот е важна метафора на ропската природа на нашиот менталитет, од која сите сакаме да се ослободиме. Така, кога другите народи сакаат некого да пофалат дека е храбар, велат дека поседува некој од органите за пенетрација, па обично се воспева фалусот и фалусните симболи, а во српскиот јазик и тестисите. Па така, нели, за оној што е храбар во српскиот јазик се вели дека има муда. За разлика од тоа, во нашиот јазик за храбриот се вели дека има - газ?!
Бранко Героски, „Фокус“, 27.07.12.

нема
03.08 2012
Авиони, бродови, возови...

Нема да ги повторувам мудростите на премиерот дека не градевме автопатишта оти само еден отсто од населението се вози по автостради. Конечно ми стана јасно зошто немаме наши авиони. Па чуму ни се кога над 90 отсто Македонци никогаш не се качиле на авион. Па и со воз веќе никој не патува, затоа и ги укинуваме. Зошто ни се бродови ако немаме море. Што ќе ни' е автопат за еден отсто. Нема автостради, нема авиони, нема бродови, нема возови. Нема движење. Се' си стои на свое место.

Ерол Ризаов, „Утрински весник“, 01.08.12.

нема
01.08 2012
Маленко гарантира

За меѓусебните препукувањето кое се случуваат деновиве помеѓу Љубчо Георгиевски и Тодор Петров, Маленко рече дека имал прилика медиумски да го следи. Тој изјавува дека одговорно тврди дека Тодор Петров никогаш не бил гол во присуство на сопругата на Георгиевски.

Александар Маленко, пливач, во интерпретација на „Либертас.мк“, 31.07.12.

нема
31.07 2012
Златен падобран

И затоа повторно ги слушаме приказните за добриот Мијалков, кој бил за договор со Атина, наспроти лошиот му братучед, кој не сакал да слушне за такво нешто. Се работи за купување време, зашто на обајцата им е бездруго јасно дека одамна помина возот за крупно пазарење. И, секако, за глумење добар и лош полицаец, кои дење глумат кавга, а ноќе братски наздравуваат. Тие се двајца, а „златниот падобран“ може да биде само еден, со тенденција да не биде ниту падобран, а камоли златен!

Никола Младенов, „Фокус“, 27.07.12.

нема
29.07 2012

Проблемот почна кога на тие консултации тој почна да ме дочекува гол како Прометеј, со само една крпа на појасот, со образложение дека штотуку се истуширал. Тоа се случи едно три пати. Мислам дека уште тогаш на Тодор Петров му дадов јасно на значење кои се разликите меѓу Александар Македонски и Тодор Александров.

Љубчо Георгиевски, „Фокус“, 27.07.12.

нема
27.07 2012
1
Дехристијанизација

Можат ли да разберат владиците од МПЦ дека антиквизацијата е всушност и дехристијанизација на Македонија?
Љубчо Георгиевски, во отворено писмо до јавноста; „Утрински весник“, 20.07.12.

нема
26.07 2012
Чорба во главите

Додека самите, без научна основа и надвор од сите правила на цивилизираниот однос кон историјата кројат историски фабули - од Александрово до денешно доба - тие ја обвинуваат „комунистичката историографија“ за фалсификување на македонската приказна. Чорба им се главите!
Бранко Героски, дневен „фокус“, 23.07.12.

нема
25.07 2012
Нема да вратам никогаш

Груевски има воспоставено правило кон оние на кои им должи. Тој има кажано - ако уште еднаш ме прашате кога ќе ви ги вратам парите, да знаете дека нема да ви ги вратам никогаш. И затоа никој веќе не смее да праша дури и да гладува или фирмата да му пропаѓа.
Ѓорѓи Спасов, „Утрински весник“, 21.07.12.

нема
24.07 2012

Препорачуваме

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

Во потрага по изгубеното Скопје во Скопје

Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.

ОкоБоли главаВицФото