Боли глава

Мечка страв, мене нестрав!

Слушам дека патриотиве што не сакаат за Втори август да одат на Мечкин камен, туку во Грција, на море, се храбрат меѓу себе со поздравот - мечка страв, мене нестрав!

Бранко Героски, неделен „Фокус“, 13.07.12.

нема
17.07 2012
Лустрација на главата

Колишевски почина во длабока старост од природна смрт, а човек од врвот на југословенската номенклатура си избравме за претседател на републиката. Затоа нема потреба ниту од општа амнестија ниту од ритуали со кодошки курбан. Нам ни треба, имено, лустрација на главата.

Димитар Димитров, „Граѓански“, 14.07.12.

нема
15.07 2012
Сефот со себе

Оттука натаму приказната се сведува на констатацијата на еден пријател од Бугарија со кого, кога се обидовме да реконструираме кои се пријателите на Груевски од бугарската политичка елита, со потсмев констатира: „Е, кога тие луѓе паднаа од власт во Бугарија, не оставија празен државен сеф зад себе  - туку сефот го понесоа со себе!“

Сашо Орданоски, „Граѓански“, 14.07.12.

нема
14.07 2012
Последиците од сервилноста

И мене ме болат последиците произлезени од сопствената егзистенцијална и духовна сервилност.

Влатко Галевски, филмски критичар, му пишува на Небојша Вилиќ, историчар на уметност; „Фокус“, 13.07.12.

нема
13.07 2012
Тоа беше време...

Тоа беше време, Ставрески секоја недела беше на Фармер, а во пауза од две читања од подготвените материјали од Ленче, се занимаваше, пардон вежбаше енергетика. Груевски со каубојски шешир ветуваше бум во одгледување на говеда со гостинот од Флорида. За Канал5 СДСМ не беше предавничка партија, а Груевски пола влада и четврт фамилија ја упиша на ФОН кај Фиат (...) ветувајќи: Хотел Хилтон во Охрид, вардарска силиконска долина, заедничка фирма на Сименс и ЕМО, Сончев град, фабриката за монитори на Хер и Тривју, три педесеткатници на паркингот спроти Холидеј Ин и што уште не. Тогаш ДУИ беа терористи од планина а сега се омилени тендербегови од наше маало, Милошески во Интервју за Обсервер најавуваше почеток на преговори во 2007, а Ставрески го започна серијалот: гасификација од идниот месец и такa едно десет пати досега.
Јани Макрадули, „Плусинфо“, 11.07.12.

нема
12.07 2012
Резултатот е...

Без срам дпмнеовците од владата ја проаѓаат границата и патарината покрај луѓе кои ги апсеа и држеа за 5 евра со години, а организираат седенки со човекот кој испрати 750.000 евра во шише. Денес Груевски сними спот како езерски келнер доцни 30 минути, а тој секој месец доцни по 43 минути во парламентот, снима спот како некој пушта гласна музика, а музиката во кафичите на Аминта 3-ти зависи каде е лоциран неговиот братучед, а и работното време, секако и спроведувањето на законот за пушење. Снимаат спот како некој таксист наплаќа повеќе, а дпмне ни ја покраде цела држава. Потрошија стотици и стотици илјади евра за спотовите: “Знаењето е сила, знаењето е моќ”, а резултатот е еден доктор Латас, еден магистар Урко и еден бруцош Бонева.
Јани Макрадули, „Плусинфо“, 11.07.12.

нема
11.07 2012
Проекти

Нема пруги, ама се штанцаат проекти.

Наслов во „Фокус“, 10.07.12.
(Насловот добро го разоткрива манипулантскиот начин на владеење.) 

нема
11.07 2012
Власта на еден човек

Власта е во рацете само на еден човек, кој е и премиер и претседател, и врховен командант на вооружените сили, и градски архитект, но и главен уредник на речиси половина од медиумите.

Бранко Црвенковски, на митинг во Крива Паланка;

Плусинфо“, 09.07.12.

10.07 2012
Опција за живот

Ако локални избори уште сега им се прашање на живот или смрт, што ли ќе биде на парламентарните избори? Нема да има опција за живот?

Горан Михајловски, Вест“, 07.07.12.

09.07 2012
Помножени со нула

Иако ВМРО-ДПМНЕ најавуваше жестоки и бурни реакции по повод опозициското приближување, нивните реакции се покажаа како неинвентивни или поинаку кажано, како дежа-ви. Прогласи ги сите свои поранешни соработници за предавници, смести ги тука и противниците, извади ги од нафталин ситните души какви што се Чашуле, Латас, Петровски, Донев и Додевски, па нека ни зборуваат за лузери и за истрошени политичари. Груевски ни порача дека сакал купчиња. Е па, поголемо купче од овие испукани морални дијаболи не можеше ни да најде. И кој ќе ѝ верува на оваа продадена и преплатена банда?! Нивниот кредибилитет можеме слободно да му го дадеме на Миленко, за да го помножи со нула.

Ивор Мицковски, „Плусинфо“, 03.07.12.

05.07 2012
Крај на транзицијата

Пред неколку дена почна крајот на транзицијата. Не заради тоа што ѝ дојде време да заврши (а сакавме одамна да беше завршена) или заради тоа што е веќе доцна. Не заради тоа што некој донесе одлука да запре или дека се исцрпија сите општествени процеси, туку заради тоа што сега ѝ го знаеме целото лице. Сега знаеме кои се луѓето што ни ја спакуваа транзицијата. Сега нема непознати и прикриени вистини.

Илија Димовски, „Дневник“, 02.07.12.

04.07 2012
Си знае кој е Хитлер

Бранко Црвенковски првин да каже кој меѓу нив е Черчил, а кој Сталин, па дури потоа ќе дадам коментар.

Никола Груевски одговара на новинарско прашање, што мисли за коментарот на Црвенковски дека двајцата светски лидери се здружиле да го соборат Хитлер; „Утрински весник“, 02.07.12.

03.07 2012
Ѕинго - Аминта Трети

Кај ти е Никола крајот. Кој ти е следен кандидат за предавник. Да не е Борис Стојменов, Павле Трајанов. Можеби Стојменов те намести на интервјуто на Канал 5. Да не е Лилјана Поповска. Едно знам, Ѕинго сигурно не е. Тој нема никаква врска ни со транзиција, ни со приватизација. Тој има директни корени, не со Александар, туку со Аминта трети. И во Амди Бајрам можеш да бидеш сигурен, со него сте целосно истомисленици.

Бранко Црвенковски, на протестен собир во Прилеп; „Либертас“, 01.07.12.

02.07 2012
Предавници

Со Андов беше во коалиција, кога почна да ти ги разобличува политиките ти текна дека е транзиционен лидер. Со Тито Петковски во 2006 година направи влада. Кога почна да ти ја критикува политиката и него го шутна. Брат Љубе беше твој херој, во Хаг го посетуваше, на аеродром го пречекуваше. Кога почна да ти ја критикува политиката, го уапси во монтиран судски процес. Љубчо Георгиевски ти беше икона, сликата и на маса и на ѕид ја чуваше и секоја вечер пред него по три пати се крстеше. Кога со Љубчо ќе се поздравеше, три дена рацете не ги миеше.

Бранко Црвенковски му се обраќа на Груевски, на протестен собир во Прилеп; „Либертас“, 01.07.12.

01.07 2012

Препорачуваме

23 начини на кои феминизмот ги подобри животите на мажите

Феминизмот сè уште често се смета за грд збор, а ретко се спомнуваат неговите позитивни учиноци, во корист и на мажите.

Деликатниот ромор на исраните овчи брбушки

Историскиот миг во кој се наоѓаме е повторување на малоумната атмосфера во изборната година 2006.

Петнаесет години Окно

Насловна на Окно од 13 март 2009.

ОкоБоли главаВицФото