1003 hPa
76 %
8 °C
Скопје - Сре, 17.04.2024 22:59
Што ги натера владиците да застанат зад едно такво срамно клеветничко соопштение, па макар било тоа и за Љубчо предавникот, кому на времето истите тие му бацуваа рака и трчкаа по него и неговата Снешка, а сега му фрлаат предавничка анатема. Што си имаат да си кажат е нивна работа, но сепак, мене, да бидам искрен ми се збурбати од дедо Стефан и камарилата околу него. Дедото е световно чедо на Љубчо и Доста, тие со притисок и лобирање го устоличија. Тој седна на тронот и чинам одма ги почна бизнисите. Владиците седнаа во скапи џипови, а еден од нив дури и се возеше со калашников во автомобилот.
Ацо Кабранов, „libertas.mk“, 21.07.12.
До пред 5 години, Илија Димовски мислеше дека Љубчо Георгиевски го кренал Крушевското востание, а сега мисли дека Никола Груевски е првиот човек кој стапнал на месечината. Ова е ВМРО-криминална. Заштитениот сведок за Љубе Бошкоски често е во Комитетот на ВМРО и е Грк.
Игор Ивановски, пратеник, на парламентарната дебата за СК014; „Плусинфо“, 19.07.12.
Можеби претеравме со еден-два споменика.
Илија Димовски, пратеник, на парламентарната дебата за СК014; „Утрински весник“, 20.07.12.
Големината на спомениците на Александар и Филип зборува за фалусната инсуфицијенција, најпрвин на лидерот, но и на оние околу него.
Гордан Георгиев, во парламентарна расправа за СК014; 19.07.12.
Срамота е, професоре, да плукаш на улица, да ја фаќаш Благородна Дулиќ за газето додека излегува на собраниската говорница, да се воодушевуваш од изјавите на Хорхе Иванов, да служиш на дворот на Николае, да минуваш низ центарот на Скопје а да не ти е срам, да се лекуваш во јавното здравсто и да не умреш, да заработуваш повеќе од лепење на партиски плакати отколку од орање на десет хектари земја, да гледаш македонска телевизија, да читаш македонски весници, да судиш или да си суден во македонското правосудство, да имаш чипиран идиот за премиер, да си дел од народот кој сето тоа го дозволува, да гледаш како тој народ дополнително се глупира односно го глупираат на некаков пивофест, да веруваш во ист господ како и шефовите на Македонската комерцијална црква, да студираш или да имаш диплома од таканаречените универзитети во Македонија, да си нормален е срамота.
Бранко Тричковски ја коментира изјавата на Владо Поповски дека е „срамота да ја загубиме државата“; „Глобус“, 17.07.12.
Слушам дека патриотиве што не сакаат за Втори август да одат на Мечкин камен, туку во Грција, на море, се храбрат меѓу себе со поздравот - мечка страв, мене нестрав!
Бранко Героски, неделен „Фокус“, 13.07.12.
Колишевски почина во длабока старост од природна смрт, а човек од врвот на југословенската номенклатура си избравме за претседател на републиката. Затоа нема потреба ниту од општа амнестија ниту од ритуали со кодошки курбан. Нам ни треба, имено, лустрација на главата.
Димитар Димитров, „Граѓански“, 14.07.12.
Оттука натаму приказната се сведува на констатацијата на еден пријател од Бугарија со кого, кога се обидовме да реконструираме кои се пријателите на Груевски од бугарската политичка елита, со потсмев констатира: „Е, кога тие луѓе паднаа од власт во Бугарија, не оставија празен државен сеф зад себе - туку сефот го понесоа со себе!“
Сашо Орданоски, „Граѓански“, 14.07.12.
И мене ме болат последиците произлезени од сопствената егзистенцијална и духовна сервилност.
Влатко Галевски, филмски критичар, му пишува на Небојша Вилиќ, историчар на уметност; „Фокус“, 13.07.12.
Тоа беше време, Ставрески секоја недела беше на Фармер, а во пауза од две читања од подготвените материјали од Ленче, се занимаваше, пардон вежбаше енергетика. Груевски со каубојски шешир ветуваше бум во одгледување на говеда со гостинот од Флорида. За Канал5 СДСМ не беше предавничка партија, а Груевски пола влада и четврт фамилија ја упиша на ФОН кај Фиат (...) ветувајќи: Хотел Хилтон во Охрид, вардарска силиконска долина, заедничка фирма на Сименс и ЕМО, Сончев град, фабриката за монитори на Хер и Тривју, три педесеткатници на паркингот спроти Холидеј Ин и што уште не. Тогаш ДУИ беа терористи од планина а сега се омилени тендербегови од наше маало, Милошески во Интервју за Обсервер најавуваше почеток на преговори во 2007, а Ставрески го започна серијалот: гасификација од идниот месец и такa едно десет пати досега.
Јани Макрадули, „Плусинфо“, 11.07.12.
Без срам дпмнеовците од владата ја проаѓаат границата и патарината покрај луѓе кои ги апсеа и држеа за 5 евра со години, а организираат седенки со човекот кој испрати 750.000 евра во шише. Денес Груевски сними спот како езерски келнер доцни 30 минути, а тој секој месец доцни по 43 минути во парламентот, снима спот како некој пушта гласна музика, а музиката во кафичите на Аминта 3-ти зависи каде е лоциран неговиот братучед, а и работното време, секако и спроведувањето на законот за пушење. Снимаат спот како некој таксист наплаќа повеќе, а дпмне ни ја покраде цела држава. Потрошија стотици и стотици илјади евра за спотовите: “Знаењето е сила, знаењето е моќ”, а резултатот е еден доктор Латас, еден магистар Урко и еден бруцош Бонева.
Јани Макрадули, „Плусинфо“, 11.07.12.
Нема пруги, ама се штанцаат проекти.
Наслов во „Фокус“, 10.07.12.
(Насловот добро го разоткрива манипулантскиот начин на владеење.)
Власта е во рацете само на еден човек, кој е и премиер и претседател, и врховен командант на вооружените сили, и градски архитект, но и главен уредник на речиси половина од медиумите.
Бранко Црвенковски, на митинг во Крива Паланка;
„Плусинфо“, 09.07.12.
Ако локални избори уште сега им се прашање на живот или смрт, што ли ќе биде на парламентарните избори? Нема да има опција за живот?
Горан Михајловски, „Вест“, 07.07.12.
OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.
Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.
Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.