Боли глава

Една слика илјада зборови

Јас би рекол, една слика илјада зборови. Јас утрово погледнав една слика во еден дневен весник каде што се сликале заедно, очигледно била специјална фото сесија во којашто гледаме едно поразвеселено лице и еден тажен човек. Кај развеселениот има некоја надеж дека ова ќе го врати во политиката бидејќи е исфрлен пред повеќе години. Тажниот мислам дека на некој начин е свесен дека ова нема да му помогне да не ја заврши катастрофално својата кариера.

Никола Груевски ја коментира средбата меѓу Црвенковски и Георгиевски; „Либертас“, 29.06.12.

30.06 2012

Секако ми иде на ум мисла дека штом некој напнува, оптоварува и инсистира на некоја тема, без за тоа здраворазумски да разговара, сигурно има нешто да скрие, прикрие, пренасочи внимание, да исчисти некој дел од својата совест или да избега од реалноста. Милион дилеми кои се и веројатни и реални и очекувани да бидат поставени. Секако, во моите размислувања тргнувам од сигурноста во апсолутната точност на прокламираната политика и реалните активности на Владата и претседателот на Република Македонија.

Илија Димовски, „Дневник“, 26.06.12.

29.06 2012
1
Фалсификатори

Македонците се најголеми фалсификатори на балканската историја и ќе си го проколнат мајчиното млеко што се откажаа од Свети Климент и Свети Наум.

Љубчо Георгиевски, во својата автобиографска книга; „Утрински весник“, 26.06.12.

28.06 2012
Математиката на Груевски

363 милиони и 208 милиони, се приближно 700 милиони евра.

Никола Груевски,  во емисијата Х/О на Роберт Поповски; „Плусинфо“, 26.06.12.

27.06 2012
Филип за МНР

Тоа што е ставена улица на Филип Втори Македонски на тоа место можеби ве загрижува, вие си знаете зошто имате против баш на местото каде ќе биде новото Министерство за надворешни работи да биде Филип Втори Македонски...

Никола Груевски му одговара на пратеникот Андреј Петров; „Плусинфо“, 25.06.12.

27.06 2012
Со еден потпис...

Сиромашкиот (Фрчкоски), ми личи на Андонис Самарас. И напуваниот ’грклан’ си мисли дека тежи колку вчера. Ќе ја уценувал Македонија. Ќе ѝ поставувал услови. Е па, ќе види набрзо. Впрочем, како и Бојко Борисов. Толку напори, напрегања за заобиколување на Македонија со нафтоводите и гасоводите, со еден потпис паднаа во вода. Со две-три реализирани азиски зделки, кај и да е, ќе доаѓаат Грци и Бугари да работат сезонски во Македонија.

Мирка Велиновска, „Нова Македонија“, 22.06.12.

26.06 2012
Лепенки и синуси

Море ако треба лепенки и на чело нека ни ставаат, ние упорно ќе им одиме. Не дека не сме патриоти. Не дека дека ги сакаме, ич не ги сакаме. Ама мали ни се децата и имаат синуси. Блиску е и можеш да однесеш домати од дома, без да ти се расипат. А и Грците разбираат српски.

Горан Михајловски, „Вест“, 22.06.12.

25.06 2012
Тоа ли е херој?!

Што направил бе па тој Стив Наумов за оваа држава? Колку врби среде Вардар засадил? Колку тендери за коалициони партнери, чии воени злосторства ги амнестирал претходно, наместил? Колку свои роднини поставил на високи позиции во власта, и колку рекламни кампањи финансирал со буџетски пари? Тоа ли е јунак, тоа ли е херој, тоа ли е човек од кого треба инспирација да црпат идните генерации?

Нено Богдан, „Фокус“, 21.06.12.

23.06 2012
Најдалечната соба

Со статистичка шминка не се решаваат големите македонски проблеми. Владата наликува на родител на кого детето му плаче бидејќи е гладно, а тој, за да не го слуша детето како плаче, не му дава да јаде туку го затвара во најдалечната соба.

Радмила Шеќеринска, „Преспа скај“, 21.06.12.

22.06 2012

Доживеав клиничка смрт во странство и имав визуелни слики, кои повеќето беа поврзани со гробот на Александар Македонски. Тоа место во тие визии јас добро го видов и сѐ е опишано во книгата.

Ниче Димовски, автор на книгата „Отварање на гробницата на Александар Македонски“; „Плусинфо“, 20.06.12.

21.06 2012
1

ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори во источниот регион ќе помине како Хитлер на источниот фронт, а Штип ќе биде неговата прва линија.

Бранко Црвенковски, на митинг на СДСМ во Штип; „Утрински весник“, 19.06.12.

20.06 2012
2
Пари примил од сите

Насер Селмани, претседателот на ЗНМ, е платеник на Европската унија и зема провизија од рестораните за ручеците на кои ги носи уредниците и новинарите. На платен список бил и на ДУИ. Договорил ако го протурка Законот за клеветата, Владата да му даде амбасадорско место. Тоа ќе му го средела вицепремиерката Теута Арифи со Аиво Орав, првиот човек на ЕУ во Македонија. Пари примил од сите, а плата од весникот во кој е постојано вработен. Овие приходи не му се пријавени во УЈП, затаил данок, има и вонбрачно дете за кое не плаќа алиментација.

Зоран Андоновски, „Дневник“, 15.06.12.

19.06 2012
Давеник треба да се удави!

На давеник не треба да му се помогне. До кога ќе го толерираме овој радиодифузер. Тој веќе се дави и треба да го оставиме.

Борис Арсов, член на Совет за радиодифузија; „Либертас“, 14.06.12.

18.06 2012

„Grujos premierus“, се одликува со криење од јавност, бегање од дуели и редовно доцнење на сите настани. (...) Снима спотови за келнери кои доцнат, а тој доцни најмалку 30 минути на секоја средба. На ист човек, ем прием за освоена награда му прави, ем по весници го млати. Стопанствениците ги цеди до последниот денар, а како антикризна мерка ги лустрира. Заборава колку време бил на власт, не се сеќава на фабриките и компаниите што ги приватизирал. Не потпишал ниту една контроверзна одлука, а кога се дебатира за клучни теми, или доцни, или е отсутен. Од најмала возраст сака да е статист, и затоа успеа од Македонија да направи статист во евроатланските интеграции, а желбата да се биде боксер направи од многу граѓани боксерска вреќа.

Јани Макрадули, „Плусинфо“, 13.06.12.

16.06 2012
1

Препорачуваме

23 начини на кои феминизмот ги подобри животите на мажите

Феминизмот сè уште често се смета за грд збор, а ретко се спомнуваат неговите позитивни учиноци, во корист и на мажите.

Деликатниот ромор на исраните овчи брбушки

Историскиот миг во кој се наоѓаме е повторување на малоумната атмосфера во изборната година 2006.

Петнаесет години Окно

Насловна на Окно од 13 март 2009.

ОкоБоли главаВицФото