Боли глава

Доживеав клиничка смрт во странство и имав визуелни слики, кои повеќето беа поврзани со гробот на Александар Македонски. Тоа место во тие визии јас добро го видов и сѐ е опишано во книгата.

Ниче Димовски, автор на книгата „Отварање на гробницата на Александар Македонски“; „Плусинфо“, 20.06.12.

21.06 2012
1

ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори во источниот регион ќе помине како Хитлер на источниот фронт, а Штип ќе биде неговата прва линија.

Бранко Црвенковски, на митинг на СДСМ во Штип; „Утрински весник“, 19.06.12.

20.06 2012
2
Пари примил од сите

Насер Селмани, претседателот на ЗНМ, е платеник на Европската унија и зема провизија од рестораните за ручеците на кои ги носи уредниците и новинарите. На платен список бил и на ДУИ. Договорил ако го протурка Законот за клеветата, Владата да му даде амбасадорско место. Тоа ќе му го средела вицепремиерката Теута Арифи со Аиво Орав, првиот човек на ЕУ во Македонија. Пари примил од сите, а плата од весникот во кој е постојано вработен. Овие приходи не му се пријавени во УЈП, затаил данок, има и вонбрачно дете за кое не плаќа алиментација.

Зоран Андоновски, „Дневник“, 15.06.12.

19.06 2012
Давеник треба да се удави!

На давеник не треба да му се помогне. До кога ќе го толерираме овој радиодифузер. Тој веќе се дави и треба да го оставиме.

Борис Арсов, член на Совет за радиодифузија; „Либертас“, 14.06.12.

18.06 2012

„Grujos premierus“, се одликува со криење од јавност, бегање од дуели и редовно доцнење на сите настани. (...) Снима спотови за келнери кои доцнат, а тој доцни најмалку 30 минути на секоја средба. На ист човек, ем прием за освоена награда му прави, ем по весници го млати. Стопанствениците ги цеди до последниот денар, а како антикризна мерка ги лустрира. Заборава колку време бил на власт, не се сеќава на фабриките и компаниите што ги приватизирал. Не потпишал ниту една контроверзна одлука, а кога се дебатира за клучни теми, или доцни, или е отсутен. Од најмала возраст сака да е статист, и затоа успеа од Македонија да направи статист во евроатланските интеграции, а желбата да се биде боксер направи од многу граѓани боксерска вреќа.

Јани Макрадули, „Плусинфо“, 13.06.12.

16.06 2012
1

Ајде да им го простам коњот, што тешко ми оди, иако кај нас се простуваат и воени злосторства, а не, пак, коњи. Како да им го простам тоа што мене ме третираат, не како коњ, туку како млад мајмун што шета по керамиди.

Ѕвездан Георгиевски, „Глобус“, 12.06.12.

15.06 2012
1
Кеса со гомна

Претставниците на власта, која фактички му објави војна на својот народ, мораат да бидат изложени на жестока опструкција на сите места на кои се среќаваат со тој народ. Ниту во ресторан, ниту во театар, ниту на одмор, тие повеќе никаде не смеат да бидат опуштени. Доволно е пред нив да застанете и во лице гласно да им го кажете тоа што за нив навистина го мислите. Кој сака може и да плукне, но тоа е веќе работа на вкусот - такаречи, факултативна мерка. Ако пак решите нешто врз нив да фрлите - фрлете кеса со гомна, не бомба.

Бранко Тричковски, „Глобус“, 12.06.12.

14.06 2012
Брада, цицки, опрости и благослови

Поп без брада е како жена без цицки.

Наслов објавен во „Вест“ на 31.05.12. По реакцијата на МПЦ, „Вест“ на 13.06.12. се извинува:

„За евентуалната непријатност на МПЦ го молиме надлежниот владика архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан да има милост и сили за простување. Со други зборови, оче, извини, владико, опрости и благослови!“

13.06 2012
Стар џган

Новиот бран се сведе на стар џган!

Ивор Мицковски, „Плусинфо“, 12.06.12.

12.06 2012
Филип без коњ

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Жарко Трајаноски, на Фејсбук

11.06 2012
Бранител на Бранко

Оние кои работат со мене, или се дел од мојата работа, знаат дека сум против апсење на Бранко Црвенковски поради аферата Надеж, како и неколку други слични и помалку јавно афирмирани случаи.

Драган Павловиќ Латас; „Вечер“, 04.06.12.

09.06 2012
Култура, која ја нема

Оваа антиквизација е всушност потсвесна желба на една култура (македонската) да го компензира културниот израз, кој го нема... Без оглед на анахроноста на процесот на антиквизацијата, таа станува актуелна со правото на глас на граѓаните.

Александар Станковски, во текстот „Психоанализа на антиквизацијата“, „Глас“ на ВМРО-ДПМНЕ, 31.05.12.

08.06 2012

За жал, и во последните години, под влијание на нереализирани политички личности со сомнително минато, успеавме да влеземе во нов вител со поделбата по основа на набрзина скованата граница помеѓу т.н. антички и словенски Македонци. Kатастрофа. Полоша и поштетна политичка пропаганда во овие дваесетина години не се појавила.

Илија Димовски, „Дневник“, 05.06.12.

07.06 2012
1
Распетието на средношколската (не)писменост

Македонскиот народ ја имал несреќата да се наоѓа и да живее на распетието на оваа најжестока почва во Европа.
(...) Секогаш сум се спротивставувал на незаинтересираноста и на индиферентноста кон нашето наследство.
(...) Историјата не почнува денес, но и не завршува денес.
(...) Македонската приказна е богата со поуки.
(...) Некако се навикнавме вештачки да се отуѓуваме. Итн. Итн.

Илија Димовски, „Дневник“, 05.06.12.

06.06 2012

Препорачуваме

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

Во потрага по изгубеното Скопје во Скопје

Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.

Истанбулското утро – кошмарот на Ердоган

Се олабавува рамката во која Турција живееше 22 години.

ОкоБоли главаВицФото