Боли глава

Ебење на Грција

Врз хумусот на традицијата преродбата произведе културен модел во кој е многу паметно, општествено и политички опортуно, човекот да се се враќа во статусот на свиња. Спремен сум да се обложам дека министерот не би стрелал во голиот газ на кумот ако кумот или жена му под него најдат начин да му соопштат дека тие не се ебат, дека не го ебат ниту него, туку дека ја ебат Грција.

Бранко Тричковски, „Глобус“, 22.05.12.

25.05 2012
Ние кажуваме директно

И оттука, некои реакции на моето интервју за МИА дека било емотивно се нелогични и се критика без јасна цел, која доаѓа од луѓе кои не знаат да разликуваат вистина од емоција. Во таа смисла, да, нашата реакција е емотивна. Нашата реакција е логична и реална! Што треба да правиме? Да се радуваме? Да ја криеме реалноста и да забошотуваме и замајуваме сопствениот народ? Да бидеме политиканти од профилот на еден политичар кој ни се промовира на македонската сцена цели 20 години? (...) Ние не сакаме и не знаеме да бидеме лицемерни... Не. Ние кажуваме директно. Јасно и прецизно. Искрено и чесно. Никогаш не очекувајте дека ќе лажеме.

Никола Груевски, во писмото до пратениците на СДСМ; „Курир“, 22.05.12.

23.05 2012
Кинески ѕид

Конечно, кинеските искуства можат да бидат и тоа како корисни за нас. На пример, да нè научат како се гради Кинески ѕид. Таква една инвестиција ем ќе обезбеди работа за сите овдешни невработени во наредните два века, ем политички ќе ги изолираме и Европа и НАТО, со што ќе им зададеме конечен удар на овие преживеани политички форми.

Ѕвездан Георгиевски, „Глобус“, 22.05.12.

23.05 2012
Барок без темели

Бирото за јавни набавки објавило известување за склучен нов договор помеѓу „Водовод“ и австриската фирма „Алпине“ заради непредвидени и дополнителни работи настанати при изградбата на новата управна зграда, во износ од 12,5 милиони денари или околу 203.000 евра. Верувале или не, анексот е склучен за темелите за новата барокна зграда на скопски „Водовод“. Скандалозно, го предвиделе барокот, ама ги заборавиле темелите. За луѓе домаќини правилото е дека куќа се гради од темел. За ДПМНЕ и Коце Трајановски куќата почнува со фасада, по можност барокна, а темелот го ставаат на крај.

Александар Наумоски, заменик-координатор на советничката група на СДСМ во Град Скопје; „Плусинфо“, 20.05.12.

22.05 2012
Нато Малтретажа

НАТО крајно непринципиелно ја искористува нашата земја кога има потреба од неа и ја малтретира со години.

Никола Груевски, во интервју за МИА; „Плусинфо“, 20.05.12.

21.05 2012
Сунет на пастирот

Деновиве разбрав една чудесна приказна за нашиот Пастир. Легендата вели дека тој, по повод најавите дека дел од екипата на укинатата А1 телевизија ќе формира информативна програма на А2 телевизија, во кругот на своите најблиски соработници, изјавил: „Попрво јас ќе направам сунет, одошто А2 да проработи“. Некој лош и малициозен човек би помислил дека Пастирот се заканува и дека најавува уште една пресметка, со грст луѓе кои сакаат да го вратат духот на А1 телевизија во етерот. Но, јас сум длабоко убеден дека некој погрешно го разбрал и погрешно го пренел кажаното. Имено, верувам дека во духот на неговото возобновено пријателство со Брисел, кога го спомнал сунетот, човекот мислел да го одбележи проработувањето на А2 телевизија (наследничката на „торбешката“ А1 телевизија, како што ја нарекуваше Латас), со чин на обрежување на пенисот, како израз на негова почит кон религиите кои ја поддржуваат оваа практика.

Бранко Героски, „Фокус“, 18.05.12.

19.05 2012
Патриоти со два грама

Има ли во македонскиот парламент независни пратеници, со отворен ум и со два грама разум? Јок! А зошто? Одговорот е многу едноставен. Затоа што тоа не се патриоти.

Агим Јонуз, „Дневник“, 16.05.12

17.05 2012
Тито бил и црнец

Тито бил разни работи за време на животот, а уште повеќе по смртта; ретко богат  возбудлив задгробен живот имал југословенскиот марша-л-улема, променил повеќе клубови одошто Слободан Јанјуш: бил и чешки гроф и полски Евреин, и руски измамник и слободен ѕидар, агент на КГБ и агент на ЦИА, и вонбрачен син на Черчил и вонбрачен син на Франц Фердинанд; Јосип Броз бил разни работи, само сè уште никогаш не бил муслиман. Сега, ете, остана само некој белградски историчар ексклузивно да открие дека Броз всушниост бил црнец, со вистинско име Џозеф Бросе, надничар, женкар и џез пијанист од Њу Орлеанс, и бегајќи од љубоморната жена и нејзината луда мајка, стара вуду врачарка, се пријавил за учество во Првата светска војна.

Борис Дежуловиќ, „Oslobođenje“, 10.05.12.

14.05 2012

После шест години жестока пропаганда (а и пропагандата е работа, мили мои мрзеливци од кафулињата на улицата Македонија), Груевски успеа интелигенцијата на овој народ да ја сведе на интелигенцијата на бројлери: доволно е да им фрлаш по некое зрно пченица, да им викаш пи-пи-пи и да ги колеш кога ќе им дојде времето.

Зошто на некој јабанџија во Брисел или Вашингтон би му било важно во Македонија да има демократија, слободни медиуми и фер избори, ако нам тоа не ни е важно? Со кое право, во крајна линија, некој би се осмелил да го урива Груевски, кога на сите ни е добар? А што, велите дека не ни е добар на сите? Па ако не ни е, камо штрајкови, демонстрации, протести, камо илјадници луѓе на улици, камо храбри новинари кои разоткриваат корупциски скандали, камо храбри уметници кои пишуваат скандалозни романи, снимаат јуначки филмови и песни и го „естетизираат“ отпорот? Камо, бре, отпор?

Бранко Героски, „Фокус“, 11.05.12.

12.05 2012
2
Глобализација

Ако Никола Груевски во владеењето со Македонија навистина се води според идеалите на Александар Македонски, треба да биде глобализатор, а не да ја изолира својата држава. Александар направил голема свадба меѓу Западот и Истокот, односно меѓу десет илјади Македонци и десет илјади Персијки. Затоа Груевски и Ахмети треба да направат свадба меѓу Македонци и Албанки.

Есад Рахиќ, поранешен пратеник, во емисијата „Пресинг“ на ТВ Алфа; според „Фокус“, 11.05.12.

11.05 2012
Сардонична разгледница

Во меѓувреме од кафулињата се слуша „туф-таф“ музика, младоста цути, сите носат темни очила и држат поза како божем по Вардар да тече џин-тоник, а не лајна собрани од Полог наваму. Секоја втора комуникација меѓу пријателите започнува со „слушам бетер ќе биде“. На улица Македонија бујрум да ја видите вистинската слика на еден (да го наречам ли) велеград. Од лево наидува топ-модел кој (да простите) не ебава ништо ни 2 отсто, а од десно доаѓа една „село моје лепше од Париза“. На средина една бабичка влече за ракави минувачи барајќи пари за лекот кој го пишува на рецептот со кој мавта. Во воздухот мириса латентен немир. Насмевката блеска насекаде, а сите свесни дека зад неа стои врисок. Македонија, лето богово две илјади дванаесетто, Ризус Сардоникус!

Агим Јонуз, „Дневник“, 09.05.12.

09.05 2012
Латас Амадеус

Еднаш, во ваква прилика, напишав: секој Моцарт има свој Салиери. За жал, мојот се вика Николче Младенов.

Драган Павловиќ Латас; „Вечер“, 07.05.12.

08.05 2012

Ти не си глупав човек, Латас, ама претеруваш човече... Зошто, друже, не тргнеш како треба – од позицијата дека и ТИ си истрошено дете на транзицијата како и Бранко и Ѕинго... Ајде, кажи го тоа! Родител во средни години си ти... Мислиш ли ти на иднината на своите деца? Па не е сè во кешот, пријателе!

Љупчо Зиков му пишува писмо на Латас; „Капитал“, 02.05.12.

07.05 2012
1

Не правам никаква разлика меѓу Тодор Александров и Михајло Апостолски. И двајцата се од Македонија.

Александар Бичиклиски, советник во Град Скопје; „Алфа“ ТВ, 03.05.12.

04.05 2012
4

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото